TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јовчев: Вардар ме мести, зашто ми должи 30.000 евра!

Време - 20.03.2004

ФУДБАЛ - Не е точно дека сум учествувал во расправа во која имало и пукотници - ни соопшти Гого Јовчев, голманот на македонскиот фудбалски шампион Вардар. Ова по завчерашното соопштение на црвено-црните во кое пишуваше дека чуварот на мрежата учестувал во вооружен инцидент во просториите на клубот, ...

Ми должат 30.000 евра, немаше никакво пукање

Вест - 20.03.2004

Гого Јовчев реагира на обвинувањата од ФК Вардар Гого Јовчев вчера реагираше на обвинувањата од ФК Вардар за инцидентот што се случи во клупските простории во средата навечер. Според него, долгот што "црвено-црните" го имаат спрема него ја "прели чашата" на неговото трпение.

Јовчев го демантира Вардар и си ги бара парите

Дневник - 20.03.2004

Голманот на актуелниот шампион Вардар, Гого Јовчев, во изјава за "Дневник" демантира каков било вооружен упад во просториите на клубот, за што беше обвинет од својот клуб ФК Вардар со соопштение објавено завчера. Јовчев не негира дека во средата навечер бил во просториите на клубот, но демантира ...

Гого Јовчев: „Бев сам во Вардар да си ги барам своите права“

А1 - 19.03.2004

Гого Јовчев поодамна далеку од репрезентацијата сега уште подалеку и од Вардар. По инцидентот во клупските простории суспендираниот голман денеска со своја верзија за настанот. Тој за А1 изјавува: „Бев сам и од Даворин Врбањац си ги побарав парите што ми ги должат.

Скандалозен упад на Јовчев во клупските простории на Вардар

Време - 19.03.2004

ФУДБАЛ - СООПШТЕНИЕ НА ФК ВАРДАР Голманот на Вардар Гого Јовчев извршил скандалозен упад во клупските простории на нашиот најтрофеен клуб, завчера вечерта околу 20 часот, објави шампионот во соопштение до медиумите. Според информацијата од Вардар, во упадот еден пријател на македонскиот првак бил ...

Јовчев со пиштол барал правдина

Вест - 19.03.2004

СКАНДАЛ ВО ФК ВАРДАР Голманот Гого Јовчев, заедно со две непознати лица, завчера во вечерните часови извршил упад во просториите на ФК Вардар. Притоа, со закана со огнено оружје бил физички нападнат маркетинг-директорот на "црвено-црните", кој во тој момент се нашол во клупските простории, а наедно ...

Голманот Јовчев пукал во клупските простории

Утрински - 19.03.2004

По упадот во просториите на актуелниот фудбалски шампион Вардар Емил Китановски Еден од двајцата стандардни голмани на Вардар, Гого Јовчев, од вчера е суспендиран од страна на управата на клубот, по завчерашното упаѓање во клупските простории во придружба на две непознати лица.

Голманот Јовчев со пиштолџии го бранел местото во Вардар?!

Дневник - 19.03.2004

ИНЦИДЕНТ Голманот на скопски Вардар, Гого Јовчев, и уште две непознати лица завчера, околу 20, 15 часот, се заканиле со огнено оружје и физички го малтретирале присутните во клупските простории, пишува во соопштението на Вардар, испратено до медиумите.

Скандал во актуелниот фудбалски шампион, Вардар

А1 - 18.03.2004

Спорт или црна хроника. На актуелниот фудбалски шампион, Вардар, радоста по враќањето во игра за одбрана на титулата му ја поматува нов скандал. Голманот Гого Јовчев, во придружба на две непознати лица, синоќа упаднал во клупските простории, соопшти денеска македонскиот првак.

Вардар го скрши Работнички Кометал

Време - 18.03.2004

ФУДБАЛ - ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА, 20. КОЛО Слога Југомагнат и Вардар ја намалија предноста на лидерот Победа, по киксот на прилепчани во Струмица, а Тиквеш, по поразот на Чаир, ги намали шансите за опстанок во Првата лига. Ова го одбележа вчерашното 20.

Црвено-црните го решија натпреварот за само две минути

Утрински - 18.03.2004

Во градското дерби на 20. коло лесна победа на Вардар против Работнички К. (3:0) Емил Китановски Актуелниот шампион, Вардар, забележа убедлива победа во дерби натпреварот на 20-тото коло од фудбалското првенство на Македонија, совладувајќи ја екипата на Работнички Кометал со 3:0.

Работнички - Вардар, дерби на 20 прволигашко коло

А1 - 17.03.2004

Македонските прволигаши попладнево треба да ги одиграат натпреварите од 20.коло, во рамките на кое, дербито се игра на Градскиот стадион во Скопје помеѓу Работнички кометал и Вардар. Работнички во пролетната сезона има три победи, од исто толку натпревари, додека Вардар е неубедлив и разнишан по ...

Јакимовски триумфално дебитираше на тренерската клупа на Вардар

А1 - 17.03.2004

Борбата за шампионската титула во домашното фудбалско првенство повторно се вжештува, по денешниот пораз на водечката Победа во Струмица. Полн погодок остварија нејзините главни ривали, Вардар во градското и соседско дерби со Работнички Кометал, а Слога Југомагнат против атсајдерот Тиквеш.

Јакимовски: Вардар мора да игра со двајца напаѓачи

Утрински - 17.03.2004

Дерби на 20. коло од Првата фудбалска лига на Македонија (Градски, 14,30 ч.) Емил Китановски Новиот в.д. кормилар на црвено-црните Тони Јакимовски по само два дена од преземањето на тренерското место во Вардар, ќе ја предводи оваа екипа во големото градско дерби против забревтаниот тим на ...

Оставка на Стратев, Јакимовски е нов стратег на Вардар

Време - 16.03.2004

ФУДБАЛ - ПО ДЕБАКЛОТ ВО ПРИЛЕП Никола Богојевски Доскорашниот помошник-тренер на македонскиот фудбалски првак Вардар, Тони Јакимовски е в.д. тренер на актуелниот шампион, откако Управата на клубот реши да ја прифати само оставката на досегашниот тренер Зоран Стратев.

Вардар бледа сенка од минатото

Утрински - 16.03.2004

Емил Китановски Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, го тресе резултатска, натпреварувачка, а од вчера и тренерска криза. Најпријатното изненадување во есенскиот дел од натпреварите во Лигата на шампионите, и покрај најавите дека успешно ќе ја започне операцијата одбрана на титулата, оваа ...

Зоран Стратев поднесе оставка, в.д. тренер помошникот Јакимовски

Утрински - 16.03.2004

Лошите резултати на Вардар го сменија успешниот тренер на македонскиот фудбалски шампион Емил Китановски Најуспешниот тренер на црвено-црните Зоран Стратев, со кој овој тим го постигна историскиот успех со пласманот во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, од вчера повеќе не е прв ...

Јакимоски го замени Стратев

Дневник - 16.03.2004

ФУДБАЛ - вардар Тони ќе работи како вршител на должноста, а нов член на Стручниот штаб е Аврамовски Тони Јакимоски, досегашниот прв соработник на Зоран Стратев, е новиот вршител на должноста шеф на стручниот штаб на Вардар, по неделниот катастрофален пораз во Прилеп од директниот конкурент за ...

Зоран Стратев не е повеќе тренер на Вардар

А1 - 15.03.2004

Зоран Стратев од денеска не е тренер на актуелниот фудбалски шампион Вардар. Управниот одбор на петкратниот македонски првак ја прифатил само неговата од заедничката оставка на целиот стручен штаб, по вчерашниот катастрофален пораз од 5:2 од Победа во Прилеп.

Победа го здроби Вардар

Време - 15.03.2004

ФУДБАЛ - ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА, 19. КОЛО Фудбалерите на Победа направија голем чекор напред кон освојување на првата шампионска титула, откако вчера заслужено го здробија шампионот Вардар, со 5-2, во дерби-мечот од 19. коло на Првата македонска лига.

Дебакл на вардарци во Прилеп

Вест - 15.03.2004

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА Лидерот на табелата, Победа, ја нареди својата петта последователна победа и во Прилеп му го нанесе еден од најтешките и најпонижувачки порази на Вардар во самостојна Македонија. Вардар никогаш послаб во Прилеп: конфузен, неорганизиран и недоволно агресивен и се што стори беше ...

Во Прилеп ечеше: шампиони, шампиони...

Дневник - 15.03.2004

ФУДБАЛ - ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА, 19. КОЛО Во дербито на колото Победа го дотолчи Вардар со 5-2 Актуелниот шампион Вардар не можеше да се препознае во дербито против лидерот на табелата Победа во дербито на 19. коло од Првата фудбалска лига на Македонија.