TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вакцината против менингитис се уште ни е во "пелени"

Вечер Прес - 08.10.2005

Вакцината против менингитис е во препорачаниот пакет на СЗО за програмска имунизација, меѓутоа нејзиното воведување во задолжителните програми во Македонија не е ниту во пелени. Во моментов се настојува да се доопремат две лаборатории (во РЗЗЗ и Институт за микробиологија), кои се услов за старт на ...

"Електрани" со барање за нови цени?

Вечер Прес - 08.10.2005

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), претпријатието во кое сега е организирано производството на некогашното "Електростопанство", односно каде што се термоелектраните и хидроцентралите, како што се дознава, веќе поднело барање до Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цените.

Ограбена менувачницата "Желка"

Вечер Прес - 08.10.2005

Четворица вооружени со пушки и пиштоли ги нападнаа и ограбија вработените во менувачницата "Желка", во зградата број 13 на булеварот "Крсте Мисирков" на Бит Пазар во Скопје. Зеле 4.000 евра и избегале. Разбојништвото се случи среде бел ден, околу 13.30 часот, пред мноштво минувачи.

Потврдено доаѓањето на "Енерго Тус" и "Лукоил"

Вечер Прес - 08.10.2005

Градоначалникот на Штип Панде Сарев потврди дека "Енерго Тус" од Словенија и Рускиот нафтен гигант "Лукоил" дефинитивно доаѓа во градот по Исарот. Во текот на идната недела се очекува во Штип да допатуваат претставниците на "Енерго Тус" и да потпишат договор за изградба на трговски центар, за што е ...

"Ова е фудбал" и во креветот на Џаникеда

Вечер Прес - 08.10.2005

Италијанскиот играч од средината на теренот Џулијано Џаникеда по четири години минати во Рим се пресели во Торино, каде настапува за најтрофејниот клуб на Апенинскиот Полуостров - Јувентус. Разделбата со Лацио не му падна тешко, бидејќи поранешниот италијански шампион се наоѓа во сериозна ...

Измамници "одраа" старец

Вечер Прес - 08.10.2005

Кочанчанецот Ј.П. (71) остана покус за 200 евра откако во четвртокот на пладне им влета во шема на двајца измамници. Тие му пришле и му "врзале" приказна дека едниот продава, а другиот купува златна нараквица. Бидејќи не му стигнувале пари, "купувачот" побарал од старецот на заем да му даде 200 ...

Пратениците ќе испитуваат како се "загубија" 30 милиони евра

Вечер Прес - 07.10.2005

Пратениците Слободан Најдовски, од ЛДП, Ангел Димитров и Емилија Костадинова, од СДСМ, Ејуп Рустеми, од ДУИ, Силвана Бонева, од ВМРО-ДПМНЕ, Чедомир Краљевски, од ВМРО-НП, и Аднан Ќахил од групата независни пратеници, се членови на Анкетната комисија што ќе ги испитува причините за стечајот на ...

Маги ја "одлежа" казната

Вечер Прес - 07.10.2005

Магдалена Ризова- Черних на први октомври ја "одлежа" казната што траеше шест месеци и и беше забрането да настапува во матичниот театар Центар. Маги беше "виновна" затоа што во април за време на претставата "Буре барут" настапила на "Глумците пеат" и била фатена на дело од директорот Петрушески.

"Плата" од берење печурки!

Вечер Прес - 07.10.2005

Бербата на печурката врган ги раздвижи собирачите на шумски плодови во Гевгелија. Причината е нејзината добра цена, поради што во овој "бизнис" се вклучија голем број граѓани. По тридневните врнежи од дожд во Гевгелиско, проследени со температури кои одговараат за вегетацијата на врганот, овој вид ...

"Шпедитерите" по првото место

Вечер Прес - 07.10.2005

Од денеска до недела Скопје ќе биде домаќин на Топ Тим купот за одбојкари - група 6, на кој покрај шампион на Македонија, Работнички Ф. ќе играат уште екипите на Неа Саламина (Кипар), Азернефт (Азербејџан) и Тирана (Албанија).

"Алфите" фатија крадец на дело

Вечер Прес - 07.10.2005

Завчераноќ, во скопската населба Железарница, на улицата "Коце Металец", мобилните полицајци на дело фатија крадец, токму во моментот кога се обидувал да провали во продавница. Осомничениот, дваесет и шестгодишен скопјанец Д.Т. не успеа во намерите, продавницата "Солета" остана негибната.

Кедев се "враќа" во јатото на Љубчо?

Вечер Прес - 07.10.2005

Преминува ли пратеникот Сашко Кедев во таборот на старите сопартијци од ВМРО-Народна? Високи партиски извори од "народњаците" за "Вечер спец" потврдуваат дека извонредниот кардиолог, со недефиниран статус во ВМРО-ДПМНЕ, изминатите 15 дена имал две тет а тет средби со лидерот во сенка Љубчо ...

"Процес" и официјално отворен

Вечер Прес - 07.10.2005

По минатонеделната dress code забава по повод презентацијата на новиот "Сеат Леон", со која и неофицијално беше означен стартот на сезоната во клубот "Процес", тој вчера и официјално почна со работа. Журката помина во одлична атмосфера, а со сигурност може да се тврди дека така ќе биде и во текот ...

Илегалци ја "нападнаа" јужната граница

Вечер Прес - 07.10.2005

Тринаесет албански државјани во три одделни случаи, во средата, се приведени во полициите во Гевгелија и Струга. Тие сакале да се префрлат во Грција. Десет се фатени во граничниот појас, на југ, а тројца во Струга, додека се подготвувале да тргнат на пат.

Владата не даде мислење за предлогот на "народњаците"

Вечер Прес - 06.10.2005

Пратениците на ВМРО - Народна поднесоа предлог за измена на неодамна донесениот Закон за употреба на знамињата на заедниците, но Владата не даде мислење за предлогот на "народњаците" поради што собраниската комисија за политички систем вчера не расправаше за нивниот предлог.

"Визија" по третпат

Вечер Прес - 06.10.2005

Денес и утре во хотелот "Александар палас" ќе се одржи, по трет пат, најголемата технолошка конференција во земјава - "Визија" во организација на "Мајкрософт". На овој традиционален собир кој ги обединува IT професионалците, програмерите и менаџерите на едно место, ќе можат да се проследат ...

Стриптиз журка во "Лапидариус"

Вечер Прес - 06.10.2005

Утрешната стриптиз журка во охридски "Лапидариус" е уште една најава за низата слични забави што ќе се случуваат во текот на зимската сезона во овој ноќен клуб. А овојпат гостите, тројца стриптизери од соседна Бугарија, и тоа две девојки и едно момче, чиј настап е најавено да почне после полноќ.

Влезниците за "Продиџи" со тројна заштита

Вечер Прес - 06.10.2005

Влезниците за концертот на Продиџи кои се пуштени во продажба имаат тројна заштита, два печати се видливи со голо око, а третата заштита ќе биде проверувана на влезот со специјални апарати. Поради големиот интерес за концертот и неколку обиди за фалсификување, организаторите "Авалон" продукција ...

Се враќаат ордените "11 Октомври" и "АСНОМ"?!

Вечер Прес - 06.10.2005

Собраниската Комисија за политички систем ќе побара од Владата да го измени Законот за одликувања и да ги врати старите ордени "11 Октомври" и "АСНОМ". За враќање на ордените кои, по 50-годишно постоење, беа укинати во 2002 година, вчера позитивно се изјаснија сите членови на Комисијата, по мала ...

Надежите во "Тешкото"

Вечер Прес - 06.10.2005

-Со евентуалното прогласување на македонското народно оро "Тешкото" за ремек дело на духовното наследство на човештвото од страна на УНЕСКО, ќе дадеме наш придонес во збогатувањето на културните различности во овој вид наследство.

"Бегала" по охридската чаршија

Вечер Прес - 06.10.2005

Машка невеста трчала по чаршијана во Охрид, и штета што немало туристи, оти ак ја виделе ќе останеле уш некој ден. Сите се чуделе што му стана на Саше Брачко што трча по бел невестински фустан, ама после дознале дека Жанко и Диме од "Зш", снимаат спот за "Свршена Спаса побегна", што деновиве ќе се ...

"Пролетер" ќе гори, ама не го даваме

Вечер Прес - 06.10.2005

Екс директорот на "Пролетер", Драги Андоновски, вчера во присуство на извршно лице и полицијата влезе во просториите на "Пролетер", со намера да го преземе управувањето со фирмата. По само половина час и увид во новите судски решенија со кои се поништува неговата сопственост врз управувачкиот ...

"Повеќе витамини" најпродавани дискови

Вечер Прес - 05.10.2005

Најпродаваните македонски CD-а во последно време се дисковите од серијалот "Повеќе витамини", на кои пет македонски диџеи се претставуваат со своите миксови. Станува збор за познатите диџеи Бабура, Дади, Горан Кан, Дарко Марковски и Нита.

ДУИ "бега" од државната ревизија!

Вечер Прес - 05.10.2005

Што сака да сокрие ДУИ? Тоа е црвот кој деновиве ги јаде клучните луѓе на Државниот завод за ревизија, која првпат, по претседателските избори доби шанса да ѕирне во сметките и во финансирањето на четирите најголеми политички партии.

Без "зелено светло" за депонија

Вечер Прес - 05.10.2005

Карбинци е една од многуте општини во Македонија која ќе добие депонија за цврст отпад, што ќе ја користат 13 општини од овој источен регион. Меѓутоа, градоначалникот на Општина Карбинци, Боро Гаврилов, рече дека Советот на Општината нема да даде "зелено светло" се додека не се изгради нов мост на ...

Лиз и Арун "во тавче"?

Вечер Прес - 05.10.2005

Индискиот милионер Арун Назар по десетгодишна "борба" ја измоли сопругата да му даде развод, па англиската актерка Лиз Харли се надева на да заплива во брачните води. Арун и Лиз се во врска од почетокот на 2003 година. Се нагаѓаше дека на индискиот плејбој Лиз ќе му биде само попатна станица, и ...

Наскоро спот за "Барбика"

Вечер Прес - 05.10.2005

Скопјани кои вчера се затекнаа во центарот на градот, на популарната автобуска станица "Рекорд" имаа ретка можност да присуствуваат на снимањето кадри за новиот спот на Маја Гроздановска - Панчева. Како што дознаваме, Маја и екипата на "Томато продукција" работат на снимањето на видеозаписот за ...

Турција и Хрватска "влегоа во возот"

Вечер Прес - 05.10.2005

Шефовите на дипломатиите на Европската унија завчеравечер во Луксембург, по драматична целовечерна дебата и низа прекини на состаноците поради тврдиот став на Австрија, конечно донесоа одлука за почнување асоцијативни преговори со Турција и Хрватска.

"Од кладенецот на Пирин планина" на интернет

Вечер Прес - 05.10.2005

Долгонајавуваниот, патем и долгоподготвуван албум на Стефче Стојковски "Од кладенецот на Пирин планина" прв и втор дел, е готов и се работи на финесите - последното миксање и изработка на обвивката. За да се дигне малку фама, прво ќе биде објавен на интернет, а дури потоа, по Нова година и во ...

Анри го одби новиот договор со "топчиите"

Вечер Прес - 05.10.2005

Францускиот напаѓач Тери Анри ја одби понудата на Арсенал да го продолжи договорот. Тој изјави дека не сака да дискутираа на оваа тема се до завршувањето на сезоната, а во клубот стравуваат дека е можно Анри да си замине без обесштетување. Неговиот договор истекува во јуни 2007 година.

Над 8.000 "непостоечки" деца!

Вечер Прес - 05.10.2005

Властите во БиХ не сториле речиси ништо досега за да ја поправат катастрофалната состојба во областа на детската заштита. На овој голем државен проблем повеќепати предупредуваа институциите за заштита на човековите права и слободи.

Парите за кирија ги "евидентирал" на своја сметка

Вечер Прес - 05.10.2005

Гостиварската "филијала" на МВР поднесе три кривични пријави против И.А. од Чегране, поранешен директор на училиштето во селото. Тој е осомничен дека извршил даночно затајување, фалсификување или уништување деловни книги и злоупотреба на службената положба и овластување.

Кариќевци купуваат "фантом"

Вечер Прес - 04.10.2005

Пребогатиот возен парк на фамилијата Кариќ наскоро може да го добие и својот "крал". Репортери на "Курир" сосема случајно се сретнале со двајцата медиумски најекспонирани членови на најбогатото српско семејство, Југослав и Бојан, како во еден од салоните на хотелот "Хајат риџенси" го меркаат ...

Во "Охис"- паркинг за тешки возила

Вечер Прес - 04.10.2005

Тешките возила кои во моментот се лоцирани на улиците во Општината Кисела Вода, наскоро ќе добијат нова дестинација за паркирање, односно ќе бидат насочени кон големиот паркинг што се наоѓа во хемиската фабрика "Охис". Според надлежните во општината, од менаџерскиот тим на оваа претпријатие е ...

"Штедилница Малешевка" се присоединува кон "Инвестбанка"”

Вечер Прес - 04.10.2005

Комисијата за хартии од вредност, на последната седница донесе решение со кое на "Инвестбанка” АД Скопје и одобри издавање долгорочни хартии од вредност - обични акции од четиринаесетта емисија. Како што се наведува во денешното соопштение од Комисијата, "Инвестбанка" ќе издаде 5.703 обични акции ...

Ќе се преиграат средбите на "местачот" Карваљо

Вечер Прес - 04.10.2005

Спортскиот суд на Бразил нареди да бидат анулирани резултатите од фудбалските средби на кои правдата ја делел судијата Едилсон Переира де Карваљо. Делителот на правдата последните пет дена ги мина во затворот во Сао Паоло, а истиот ден кога беше донесена пресудата за преигрување на натпреаврите, ...

"Вечер" известува неутрално

Вечер Прес - 04.10.2005

Известувањето на "Вечер" најчесто е неутрално, со повремени умерени оценки изразени во насловите или визуелното пакување (на пр. Законот за употреба на симболите на етничките заедници). Во коментарите ретко, но забележливо е негативно вреднување на настаните и субјектите пред да се наведат ...

Со поетиката на Егзипери и суровоста на "...Атињанинот"

Вечер Прес - 04.10.2005

Со претставата "Малиот принц", работена по едно од најубавите дела во светската литература на Антоан де Сент - Егзипери, и актерите Роберто Чули - кој воедно е и режисер и Марија Нојман, се отвора претпоследната вечер на МОТ. Љубителите на театарот во МНТ - Театар Центар (19.30 ч.

Во детска "игра" ранет малолетник

Вечер Прес - 03.10.2005

Скопската полиција, во саботата околу 18, 30 часот, евидентирала тепачка помеѓу пет лица што се случила во Градскиот трговски центар. Во тепачката меѓу две групи малолетници и едно полнолетно лице со повреди од нож се здобил А.Е. (15) од Скопје.

"Рајт Лајвлихуд" за посебни заслуги

Вечер Прес - 03.10.2005

Активисти од Канада и Малезија, еден мексикански уметник и организацијата која ги штити правата на Бушманите од пустината Калахари се добитници на годинашната награда "Рајт Лајвлихуд", која стана позната како "алтернативна Нобелова награда".

"Ауч кауч" на далечен пат...

Вечер Прес - 03.10.2005

Тимот кој што го создаде перформансот "Ауч кауч", во ноември патува за Малме, Шведска, каде ќе има претставување на "Балканско-нордискиот фестивал". Кореографката на делото, истакнатиот солист во Македонската опера и балет, Искра Шукарова, информира дека гостувањето доаѓа како дел од проектот меѓу ...

Моќен театар со "Бернанда Алба"

Вечер Прес - 03.10.2005

Младиот отворен тетар полека но сигурно влегува во својата завршница. Зад нас се веќе 20-тина претстави во кои уште еднаш преку фестивалското мото се манифестираше моќта на театарот. Во оваа смисла вистинското значење на она што е навистина моќен театар го видовме преку извонредната изведба на ...

Легендарниот "Ќиро" ќе светне!

Вечер Прес - 03.10.2005

Легендарното вовче "Ќиро", за месец и половина ќе се најде на својата трајната локација на булеварот "Ослободување" на влезот на Автобуската станица во Кичево. По одобрените средства од 150.000 денари, што ги даде Владата на РМ за ревитализација и дислокација на вовчето, со свои средства од три ...

Општината подари "Субару" за манастирот

Вечер Прес - 03.10.2005

Манастирот "Свети Ѓорѓи" во Кучково доби на подарок половен автомобил "Субару Лигаси" од Општина Ѓорче Петров. Ваква одлука на последната седница донесе Советот на Општината. Според дневниот ред, Советот требаше да донесе одлука за продажба на автомобилот со јавно наддавање, но на предлог на ...

"Карлсберг" ги затвора половината пиварници

Вечер Прес - 03.10.2005

Петтиот по големина производител на пиво во светот, данскиот Карлсберг, најави дека ќе затвори 14 од своите 29 пиварни во Европа во рамките на планот за модернизација на производството. Компанијата, позната по своите брендови "Карлсберг" и "Туборг", се уште не донела одлука кои пиварници ќе бидат ...

Бруцошки хепенинг во "Ла Фабрик"

Вечер Прес - 03.10.2005

Во координација на повеќе студентски сојузи в среда, во дискотеката "Ла фабрик" ќе се случи голем бруцошки хепенинг. Забавата, на која како специјално изненадување ќе се појават неколку сексапилни "увозни" танчарки, ќе го означи почетокот на новата академска година, во која како и досега ќе има ...

Фелер "трча" гола

Вечер Прес - 03.10.2005

Секоја жена се гордее со својот убав изглед, а многу жени не можат да му одолеат на предизвикот да го покажат своето голо тело и на јавноста. Убавата градба, но и големото интересирање на мажите да ја видат како од "мајка родена", придонесе германската атлетичарка Анке Фелер да се соблече пред ...