TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Андов дома се фали, а во странство послушно ветува

Вест - 06.04.2002

ИЗБОРИТЕ, СЕПАК, НЕМА ДА СЕ СОВПАДНАТ СО КОСОВСКИТЕ При неодамнешната посета на Германија, спикерот на Собранието Стојан Андов ги убедувал германските домаќини дека нема да распише избори истовремено со косовските, а кога дојде дома се пофали со датум што с Пратеникот Исмет Рамадани, кој како член ...

За ВМРО-ДПМНЕ идеален термин за избори е 15 септември

Утрински - 06.04.2002

Премиерот Георгиевски во посета на Гевгелија Не гледам ништо лошо во идејата ако нашите избори се поклопат со некои други избори во регионот, изјави премиерот Љупчо Георгиевски за време на престојот во Гевгелија, каде што на 21 семејство од овој регион им ги врачи решенијата за враќање на ...

Андов и натаму тактизира со изборниот тајминг

А1 - 05.04.2002

Спикерот денеска одби да го прецизира датумот за одржување на изборите, иако пред два дена посочи дека според него најдобриот термин е не 15-ти, како што се договорија четворицата лидери, туку 22-ри септември. Конспиративноста на спикерот веројатно ќе потрае се додека меѓународните претставници не ...

Дефинитивниот изборен датум сеуште непознат

А1 - 04.04.2002

Ален ле Роа утрово го посети претседателот на собранието Стоан Андов за да го потсети дека при закажувањето на датумот за претстојните парламентарни избори, треба да има предвид оти изборите треба да бидат набљудувани од меѓународни монитори.

Андов игра со брадестите

Вест - 04.04.2002

МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ГО ОБВИНУВА СПИКЕРОТ НА СОБРАНИЕТО ДЕКА ГИ ОПСТРУИРА ИЗБОРНИТЕ ЗАКОНИ Министерот за правда Иџет Мехмети го обвинува спикерот Стојан Андов дека преку разни тактизирања со процедурата го развлекува донесувањето на изборните закони, а мотивите ги објаснува со негова "игра со б ...

Андов притиска на погрешно копче

Дневник - 04.04.2002

Коментар - Бранко Ѓорѓевски Откако јавноста малку ја подзаборави квалификацијата на Меѓународната кризна група дека Стојан Андов е еден од кочничарите на мировниот процес, тој се потруди да даде нов "импулс" на мирот и стабилноста во земјава.

Ален ле Роа изненаден од новиот предлог на Стојан Андов

Дневник - 04.04.2002

СПОР ЗА ИЗБОРНИОТ ТЕРМИН Опозицијата обвинува: Андов не сака набљудувачи за да му го расчисти патот на Георгиевски за изборни манипулации Претставниците на ОБСЕ и на ЕУ во Македонија се изненадени од размислувањето на Стојан Андов да ги закаже изборите на 22 септември, само еден ден по изборите на ...

Андов размислува за избори на 22 септември

Вест - 03.04.2002

СПИКЕРОТ НА СОБРАНИЕТО ВО СПРЕГА СО ВМРО-ДПМНЕ СПРЕМА НОВА УЈДУРМА Опозицијата во потегот на Андов препознава обид да се избегнат мониторите на ОБСЕ И ЕУ кои на 21 септември ќе ги организираат изборите на Косово, а ДПА се заканува дека ако Андов не распише избори на 15 како што Претседателот на ...

Терминот на Андов прифатлив само за ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 03.04.2002

Партиски реакции за намерите на спикерот изборите да се одржат на 22 септември СДСМ и ПДП сметаат дека спикерот се обидува да спречи засилено присуство на мониторите од меѓународната заедница ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Намерата на парламентарниот спикер Стојан Андов четвртите парламентарни избори во ...

Андов сака избори во ист ден со Косово

Утрински - 03.04.2002

Спикерот се впушти во јавни шпекулации за датумот на гласањето Иако категорично најавуваше молк до 24 мај кога почнува уставниот рок за распишување на изборите, Стојан Андов вчера се премисли и на новинарите им објави оти "размислува изборите да ги закаже за 22 септември".

Со косовскиот спреј ќе се прскаат и македонските избирачи

Дневник - 03.04.2002

СЕ МНОЖАТ ИДЕИТЕ ЗА ИЗБОРИТЕ Претседателот на Собранието, Стојан Андов, вчера изјави дека "сериозно размислува" изборите да се спроведат на 22 септември, еден ден подоцна од изборите на Косово. Тој вели дека изборите ќе ги закаже откако ќе бидат донесени изборните закони.

Андов го преферира 22. септември за изборен термин

А1 - 02.04.2002

За разлика од лидерите на четирите партии потписнички на Рамковниот договор кои се согласија изборите да се одржат на 15-ти септември, претседателот на собранието Стојан Андов денеска процени дека изборите би требало да се одржат на 22-ри септември.

Андов сам ќе распише избори ако партиите не го договорат датумот

Вест - 02.04.2002

СПИКЕРОТ НА СОБРАНИЕТО ПОТСЕТУВА ДЕКА ИЗБОРИ МОРА ДА ИМА Собраниски извори тврдат дела Андов не сака да се впушти во лицитирањето на датумот кога ќе се одржат парламентарни избори, но укажува дека решението за нив треба да се донесе најдоцна во период од 21 август до Претседателот на Собранието на ...

Неизвесно кога ќе се отвори расправа за изборните закони

Утрински - 02.04.2002

Иако се ставени на дневен ред на оваа собраниска седница Спикерот Стојан Андов не може да каже кога македонскиот парламент ќе ја почне расправа за пакетот изборни закони, независно од тоа што законите за избор на пратеници и за избирачки список се на дневен ред на денешната собраниска седница.

Андов нема да го официјализира датумот на избори пред 24 мај

Утрински - 02.04.2002

Шефот на парламентот вели дека не го обврзува "консензусот" на партиите и на Лероа за избори на 15 септември И покрај "консензусот" на партиите и на Лероа за избори на 15 септември, претседателот на парламентот, Стојан Андов, вчера рече дека нема да го објави датумот на парламентарните избори пред ...

Ноќни седници за будење на парламентарците

Дневник - 02.04.2002

СОБРАНИЕТО ВО ЗИМСКИ СОН Еден месец пратениците не работат, иако Андов пред десетина дена вети дека ќе го надоместат изгубеното време За да ги натера пратениците да работат, претседателот Стојан Андов вчера најави дека неделава пак ќе почне да држи ноќни седници.

Кој септември ќе се одржат изборите знае само Андов

А1 - 01.04.2002

Парламентарните избори во Македонија ќе се одржат во септември, но на кој датум точно знае само претседателот на собранието, потврди за А1 токму тој, парламентарниот спикер Стојан Андов, без да прецизира дали ќе ја уважи волјата на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ПДП и ДПА изборите да се одржат на ...

Парламентарните избори на 15 септември?

Утрински - 01.04.2002

Четвртите парламентарни избори во земјава, најверојатно, ќе се одржат на 15 септември, за што лидерската четворка која го парафираше Рамковниот договор, наводно, веќе постигнала договор. Ваквата информација викендов беше лиферувана во политичките кругови и, според неа, челниците на ВМРО-ДПМНЕ, ...

И Албанците сакаат пратенички места по клуч

Дневник - 01.04.2002

ПО БАРАЊАТА НА ПОМАЛИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ Ако Турците добијат еден пратенички мандат по автоматизам, Албанците, по клуч, треба да добијат најмалку пет места во Парламентот, покрај тие што ќе ги освојат на изборите, велат во Демократската партија на Албанците и додаваат дека поддршка за тој став ...