TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Српска "Делта" нуди најефтинавиопревоз

Дневник - 26.03.2005

ОД ОВА ЛЕТО Процесот на основање на новата српска авиокомпанија "Делта холдинг", е речиси завршен, а првите авионски летови ќе се остварат летово, јави Макфакс. Според Милка Форцан, потпретседателка на "Делта холдинг", авиокомпанијата ќе нуди ниски цени за авиобилетите за повеќе европски дестинации.

Креативно етничко "виножито"

Вечер Прес - 26.03.2005

БИТОЛА.- "Балканското здружение" од Битола, во рамките на проектот "Боите на виножитото", во Центарот за одржлив развој отвори изложба на народни носии, килими, ракотворби, стари фотографии и други предмети од домаќинството, карактеристични за културите на граѓаните со различна етничка припадност ...

Дунав ги "скара" Бугарите со соседите

Вечер Прес - 26.03.2005

Според тврдењето на бугарски "Стандард", Србите и Романците заработуваат милиони евра на ден од надојдениот Дунав, кој се заканува да го поплави бугарското крајбрежје. Тоа го тврдат бугарските хидрометеоролози, кои додаваат дека "нивните соседи ги празнат своите преполнети канали за наводнување, а ...

Банк Аустрија "мерка" три македонски банки

Вечер Прес - 26.03.2005

"Банк АустријаКредитаншталт" е сериозно заинтересирана за влез во македонскиот банкарски систем. Во моментов оваа реномирана австриска банка води интензивни преговори со три македонски банки, го испитува теренот за евентуален влез во некоја од нив како доминантен сопственик или, пак, за откуп на ...

Копале по реликвии, "откопале" пријави

Вечер Прес - 26.03.2005

Поднесени се кривични пријави против осуммина валандовчани за кривично дело оштетување или уништување на споменици од културно и историско значење. С.Б.(30), БГ.(29), С.П.(28), И.Г.(27), М.Г.(39), З.К.(43) од село Марвинци и З.Б.

"Во мај ќе добиеме светски трговски центар"

Вечер Прес - 26.03.2005

Изградбата на трговскиот центар "Рамстор Македонија" привршува, а свеченото отворање ќе се случи кон крајот на мај. Оваа официјална потврда дојде од еден од првите луѓе на менаџерскиот тим, Озгур Јавуз. Тој потврди дека заинтересираноста за закуп на деловниот простор е голема.

Украден "девизен" несесер

Вечер Прес - 26.03.2005

Непознат сторител во периодот меѓу 1 и 24 овој месец, од куќа на улица "Ѓорѓи Капчев" во Скопје украл несесер полн со девизи. Полицијата во четвртокот направила увид и трага по крадецот. Вкупната материјална штета направена во случајов се проценува на 4.480.000 денари.

Летово ќе полета српска "Делта"

Вечер Прес - 26.03.2005

БЕЛГРАД, 26 МАРТ (МАКФАКС). - Процесот за основање на новата фирма "Делта холдинг", што ќе се занимава со регионален авиосообраќај е при крај, а првите авионски летови ќе се реализираат во текот на претстојното лето, пишува во вчерашниот број весникот "Блиц".

Нов број "Здрава исхрана"

Вечер Прес - 25.03.2005

Новиот број на ревијата "Здрава исхрана", која излезе деновиве, донесува голем број прилози сврзани со правилната и здрава исхрана меѓу кои позначајни се: како да го зајакнете вашиот имунолошки систем; природен лек против - грип, кашлање, затнат нос; потоа како да го исчистите организмот со ...

Најмалку 14 мртви во "Бритиш петрол"

Вечер Прес - 25.03.2005

ТЕКСАС СИТИ, 25 МАРТ (МАКФАКС). - Најмалку 14 луѓе загинаа, а над 100 се повредени при силната експлозија што се случи прексиноќа во најголемата рафинерија на нафтената компанија "Бритиш петрол" во Тексас Сити. Како што пренесуваат медиумите, експлозијата се случила во Одделот за подобрување на ...

Тројката ја "уништи" лигата

Вечер Прес - 25.03.2005

Втората фаза од УФА Медиа Прва супер лига стартуваше без изненадувања. Трите првопласирани екипи од првата фаза Вардар Осигурување, Ф.Работнички и МЗТ Скопје 2000 и во овој дел ја потврдија супериорноста, не дозволија никакви изненадувања, на крајот рутински славеа.

Компјутерска игра "Ден Хаг Салон"

Вечер Прес - 25.03.2005

На интернет страната www.crocafe.net/haag се појавила игра "Ден Хаг Салон„. Јунаците на играта се Карла дел Понте, главната обвинителка на Хашкиот трибунал, Анте Готовина, обвинет од трибуналот по кого се трага, Иво Санадер, премиерот на Хрватска и Стјепан Месиќ, претседателот на Хрватска.

"...Росица" - нем сведок на времето

Вечер Прес - 25.03.2005

Романот на Оливера Николова "Куклите на Росица", вчера, во просториите на Клубот на пратениците, и официјално беше овенчан со наградата "Роман на годината" за 2004 година што веќе по шести пат ја доделува Редакцијата на "Утрински весник".

Во автобус на "Хисар туризам" најдени 10 кг злато и 3,6 кг сребро

Вечер Прес - 25.03.2005

Царински работници од граничниот премин Табановце вчера открија и спречија шверц на 9.994 грама монетарно злато. Десетте златни плочки, тешки по еден килограм, биле пронајдени на влез во државава во автобус на компанијата "Хисар туризам", кој сообраќал на релација Љубљана-Тетово и биле скриени под ...

Грција стана "црна овца"

Вечер Прес - 25.03.2005

Грчкиот премиер Костас Караманлис неодамна престојуваше во Брисел за да се сретне со претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозу. Истиот ден колегиумот на Европската комисија реши да почне законодавни процедури против Грција за четири различни прашања.

"Сонце и Месечина" и носи нови моменти

Вечер Прес - 25.03.2005

Продуцентската куќа М2 деновиве заврши со снимањето на спотот на Александра Пилева за песната "Сонце и Месечина". Автор на музиката и аранжманот е Дарко Димитров, а текстот на песната е на Владо Јаневски. Спотот е снимен на неколку локации меѓу кои и казиното во хотелот "Александар палас" и ...

Сеќавање на "Крпен живот", "Калеш Анѓа..."

Вечер Прес - 25.03.2005

Ракописи, фотографии, документи, писма и предмети на авторот на романите "Крпен живот", "Калеш Анѓа", "Дилбер Стана", "Толе Паша", "Необично дете", расказите за Итар Пејо, не потсетуваат на придонесот на Стале Попов, прозаистот кој воспостави врска меѓу народната и современата раскажувачка ...

Арсовски втор човек на "Еуро линк"

Вечер Прес - 24.03.2005

Драгољуб Арсовски, екс-прв генерален директор на "Комерцијална банка", е новиот заменик-извршен директор во Осигурителната компанија "Еуро линк". Како што дознава "Вечер-спец", Арсовски на оваа функција стапи од вчера откако му истече законскиот отказен рок од три месеци во Комерцијална.

Романците ќе ги "тепаме" со нафрлени топки

Вечер Прес - 24.03.2005

"Ајде бе, Пандев, па јас имам подобар центаршут од тебе!", му дофрли помошникот на селекторот на македонската репрезентација Слободан Сантрач, Мики Ивановиќ на нашиот најдобар фудбалер. "Браво Петров, вистинска 'бомба'!", стигнаа честитките од новиот селектор за голот на членот на бугарски ...

"Или во Хаг, или во пеколот"

Вечер Прес - 24.03.2005

САРАЕВО, 24 МАРТ (МИА). - Властите на Република Српска почнаа кампања, со цел да ја информираат јавноста за обврските на земјата кон Хашкиот трибунал. Кампањата, што се организира под мотото "Тие или ние", има за цел да ги информира граѓаните за неопходноста од соработка со Трибуналот, особено за ...

"Лет..." по идентитетот

Вечер Прес - 24.03.2005

Најновата премиера на Драмски театар, закажана за в петок во 20 часот "Лет во место" од Горан Стефановски, наедно е и прво гостување на режисерот и директор на Народниот театар во Битола, Љупчо Ѓоргиевски. Ова е второ навраќање на текстот од, како што го нарекоа, "драмскиот современ класик", ...

Турски "бофл" ја преплави Хрватска

Вечер Прес - 24.03.2005

Лажен "Луи Витон", патики "Пума" и "Адидас", облека од "Биг стар", "Бос", "Фила" и многу други познати модни имиња ја преплавија Хрватска. Фалц- марките обично се произведуваат во Турција, од каде по шверцерски канали доаѓаат во загрепската улица Коњшчинска.

"... до последната капка крв"!

Вечер Прес - 24.03.2005

"Турската армија е решена да ја брани татковината до последната капка на својата крв", вели главниот командант на Генералштабот на оваа земја. Оваа изјава е одговор на вчерашната провокација на група милитантни Курди кои во Мерсин, го газеа турското знаме.

Џеф К вечерва со свој сет во "Процес"

Вечер Прес - 24.03.2005

"Кока кола фјужн" фестивал вечерва на полноќ продолжува со настапот на Џеф К во Процес. Џеф К, роден е во Париз, но неговата музичка кариера е зачната и инспирирана за време на неговиот престој во Лондон. Од 1992 година тој е пратеник на хаус-музиката како професионален артист, а со неговите груви ...

Владината комисија го поништи изборот на "Сигал"

Вечер Прес - 24.03.2005

Комисијата на Владата за жалби по јавните набавки го поништила изборот на компанијата "Сигал" за осигурување на објектот и опремата во Стоматолошкиот клинички центар, дознава "Вечер" од надлежни владини извори. Целата постапка по јавниот повик на оваа институција е вратена на повторно оценување ...

Грција би сакала "Нова Република Македонија - Скопје"

Вечер Прес - 23.03.2005

Лицитирањето околу името продолжува. Додека Македонија опстојува на двојната формула која што беше усвоена на седница на Владата пред две и пол години, Грција излегува со нови предлози за името. Последниот предлог на Атина е "Нова Република Македонија - Скопје".

"Сонот на невестата" стана реалност

Вечер Прес - 23.03.2005

Ако досега почитувачите на Петар Ренџов го познаваа како извонреден (претежно клупски) музичар и гитарист со композиторски афининети, сега слободно можат да му пружат рака и да му честитаат за инспирацијата што ја внел во својот прв соло албум.

"Алба медика" владее со Стоматолошките клиники

Вечер Прес - 23.03.2005

Во Стоматолошкиот клинички центар продолжува циркусот со набавките, во кои главната ролја ја има директорот д-р Хасан Мехмети и фирмата на неговите роднини "Алба медика". Преку оваа компанија, основана паралелно со именувањето на Мехмети на функцијата, требаше да се набават 12 стоматолошки столови ...

"Македонски блуз самит" - по трет пат

Вечер Прес - 23.03.2005

Третиот македонски блуз самит ќе се одржи во клубот Вега на 30 март (од 21 часот). Програмата годинава ќе ја сочинуваат врвни имиња од македонската музичка сцена: Петар Ренџов бенд, Биг Сити Џем (предводени од Мичо Божиков), Биба Додева Бенд, и Сешн Селекшн.

Не дадовме рекет, затоа ја рушат "Хармонија"

Вечер Прес - 23.03.2005

По информацијата дека во новоградбата наречена "Хармонија" на улицата "Димо Хаџи Димов" број 117, преку оглас се продаваат ексклузивни станови за кои има решение за уривање, вчера во нашата Редакција пристигнаа инвеститорите, кои ја демантираа веста и воедно приложија цела серија документи.Еден од ...

НОВ СПОТ НА "СИНТЕЗИС"

Вечер Прес - 23.03.2005

За време на карневалот во Струмица една екипа "мајстори" го заврши поголемиот дел од една сериозна работа. Имено, "Синтезис" по старите градски улички на Струмица, меѓу староградската архитектура и амбиент ги снимаа сцените за својот нов спот за воведната нумера од најновото ЦД - "Помолила бога ...

"Тиквите" на Мендух Тачи

Вечер Прес - 23.03.2005

ПИШУВА: Предраг ДИМИТРОВСКИ "Кој со ѓаволот сади тикви ќе му се скршат од неговата глава". Оваа народна мудрост требаше потпретседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, да му ја пренесе на премиерот Владо Бучковски на вчерашната лидерска средба во контекст на (не)регуларностите ...

"Танец" во дигиталната ера

Вечер Прес - 23.03.2005

Иако увидот во сегашниот статус, напредокот и перспективите во другите национални институции во Македонија, особено во областа на музичко- сценските дејности е фрагментиран, нецелосен и релативно апроксимативен, сепак може да се претпостави дека во однос на проблемот на дигитализацијата Ансамблот ...

По стапките на "соученикот" Трпчески

Вечер Прес - 23.03.2005

Во рамките на одбележувањето на 60 години од Музичко-балетскиот училиштен центар "Илија Николовски - Луј", завчеравечер во Музејот на град Скопје, се претставија ученици кои биле наградени натпреварите за дувачки инструменти неодамна одржани во Белград и Ваљево (СЦГ).

"Подобро народната музика да ја тргнат од сите програми"

Вечер Прес - 23.03.2005

Иако веќе неколку месеци егзистенцијата си ја вади во својата адвокатска канцеларија, и не му останува многу време за расфрлање по свој ќеф, фолк пејачот Душко Георгиевски реши со песна на Миле Барбаровски да конкурира на претстојните "Цветници" и за сантиметар да и се приближи на својата публика.

2005 година најтопла во "историјата"?

Вечер Прес - 23.03.2005

Летото годинава ќе биде најтопло откако е почнато со мерење на температурите, односно во последните 150 години, а со тоа и 2005 година би можела да биде најтоплата година во историјата на човештвото, предвидуваат научниците на НАСА.

"Прикер" за Томас Мајн

Вечер Прес - 23.03.2005

ЛОС АНЏЕЛЕС, 23 МАРТ (МИА). - Американскиот архитект Томас Мајн (61) е добитник на годинашниот оскар - "Прикер", признание што се смета за Нобелова награда во областа на архитектурата. Мајн, кој е основачот на агенцијата "Морфосис" со седиште во Лос Анџелес, ги комбинира новите технологии и ...

Разбојници го опустошија благајникот на "Зегин"

Вечер Прес - 23.03.2005

Две лица во понеделникот среде бел ден, околу 13,30 часот, на булевар "Партизански одреди" во Скопје го нападнаа и го ограбија П.П. (46) благајник на веледрогеријата "Зегин". Напаѓачите нему му одзеле 5,6 милиони денари и избегале.

2005-та најтопла година во историјата на човештвото

А1 - 22.03.2005

Летото годинава ќе биде најтопло откако е почнато со мерење на температурите, односно во последните 150 години, а со тоа и 2005 година би можела да биде најтоплата година во историјата на човештвото, предвидуваат научниците на НАСА.

Одржан "Час на љубов и толеранција"

Вечер Прес - 22.03.2005

По повод трагичната смрт на белградскиот гимназијалец Никола Ковачевиќ, вчера, во 10 часот, во сите основни и средни училишта во Србија се одржа јавен час под наслов "Час на љубов и толеранција". Министерот за образование Слободан Вуксановиќ, заедно со ректорот на Белградскиот универзитет, Дејан ...

Четкар "Артист на неделата"

Вечер Прес - 22.03.2005

Владимир Василевски - Чектар, кој веќе извесен период живее и работи во САД, за четири недели ќе се најде на њњњ.хитљуартерс.цом, една од најдобрите и најпрофесионални музички страници на интернет. Имено, секоја недела на страницата се избира нов "Артист на неделата", кој потоа ќе биде промовиран ...

Продадени 48 "поршеа" и по некој "ферари"!

Вечер Прес - 22.03.2005

Загрепските автосалони ланската година најмногу ќе ја запаметат по исклучително добрата продажба на луксузни автомобили, чија вкупна вредност, според некоја нивна интерна статистика, надминала дури 12 милиони евра. Гледајќи ја структурата на купените возила, слободно може да се каже дека со таква ...

Со “бесплатни" порно сајтови украле 650 милиони долари

Вечер Прес - 22.03.2005

Шестмина познати криминалци од семејството Гамбино, минатата недела во судот, во Њујорк, изјавија дека се виновни бидејќи преку порно сајтови, кои ги огласувале како бесплатни, ги измамиле корисниците и заработиле повеќе од 650 милиони долари.

Од заседа пукано во "БМВ"

Вечер Прес - 22.03.2005

Ноќта меѓу неделата и понеделникот околу 20-тина минути по полноќ, пукотници ги вознемирија тетовци. Од кај Горна Чаршија се слушнаа рафали од автоматско оружје. Полицијата во Тетово не располага со сознанија за последиците во инцидентов, иако е најден автомобил со траги од крв.

" Хармонија" продава станови за уривање

Вечер Прес - 22.03.2005

Агенцијата за недвижности "Македонска куќа", деновиве преку оглас понуди продажба на ексклузивни станови на Водно за кои има решение за уривање. Надлежните од државниот градежен инспекторат информираат дека станува збор за гарсониера и поткровје трособен стан во новоградба на улицата "Димо Хаџи ...

Колина се согласува за реклама на "ќелавката"

Вечер Прес - 22.03.2005

Најпознатата "ќелавка" во фудбалот се дава под наем, објави британскиот весник "Санди Пипл". Италијанскиот судија Пјерлуиџи Колина чека понуда за реклама на темето од голата глава, зашто му остануваат помалку од 12 месеци во фудбалот.

"Балканика" како круна на сето што досега го сработил

Вечер Прес - 22.03.2005

Александар Сања Илич е еден од легендарните појави на (бившо) југословенското музичко тло, особено како композитор. Тој во април најавува концерт во Скопје, на кој ќе го изведува проектот "Балканика" инспириран од етно-музиката на Балканот.

"Кунстхале" ги отвори вратите за исламот

Вечер Прес - 21.03.2005

"Исламот и феноменот на славата" се зацртани меѓу централните теми на годинашната програмска концепција на реномираниот виенски изложбен простор "Кунстхале". Така, во програмата за книжевност, деновиве беше организирана манифестацијата "Исламот и западниот свет - Извори на западот", каде што ...

Трпчески и Трајанов на "Макфест"!?

Вечер Прес - 21.03.2005

Дирекцијата на фестивалот на музиката "Макфест" се подготвува за јубилејното, 20. издание. Во тие рамки, се водат преговори со познати уметници кои ќе бидат гости, или учесници на годинешниот "Макфест". Според зборовите на директорот Стојан Троицки, веќе има начелна согласност од Симон Трпчески и ...

"Уметноста комуницира ширум светот"

Вечер Прес - 21.03.2005

Младите уметници од Македонија можат да се вклучат во проектот на Германската амбасада, насловен "Уметноста комуницира ширум светот". Станува збор за интернет проект, чија цел е создавање на еден вид виртуелен контакт-простор за германските и за странските уметници.

Во "Тесла и Катарина" оцрнет Едисон

Вечер Прес - 21.03.2005

Британскиот режисер Кен Расел, во јуни, ќе го почне снимањето на својот филм "Тесла и Катерина" кој веќе предизвикува жестоки реакции во американската јавност. Се работи за автобиографски филм на генијалниот научник и за неговата љубовна врска со жена на свој пријател, меѓутоа, контроверзите се ...

Ѓорчепетровки во "големата четворка"

Вечер Прес - 21.03.2005

Македонскиот женски првак Кометал Ѓ.Петров, третпат, во својата историја ќе игра во полуфиналето на Лигата на шампионките. Ѓорчепетровки прикажаа уште една брилијантна игра, против двојниот европски првак и актуелен вицешампион Крим Меркатор и минимално се поразено со 23:21 (8:11), што е рамно на ...

Маја ја напиша "Божји патеки" за Лидија

Вечер Прес - 21.03.2005

Првпат, по долгогодишно пријателство и многу договарања, Лидија Кочовска започна и професионална соработка со текстописецот Маја Павловска. Мелодијата е на композиторот Александар Чекреџи, насловена "Божји патеки". Освен гласот на Лидија, како придружни вокали се слуша и пеење на монаси.