TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Светски ден на борба против дијабетис

А1 - 16.11.2008

Министерот Бујар Османи го провери нивото на шеќер во крвта промовирајќи ја акцијата за превенција на дијабетесот. По повод светскиот ден за борба против оваа болест Министерството за здравство организираше кампања со бесплатни контроли. Околу 5.000 граѓани ја искористија шансата да заштедат 350 денари колку што редовно чини прегледот. „Се плашев да не имам вишок на шеќер, но немам.

Османи: Мора брзо да се реагира против дијабетесот

Алсат-М - 16.11.2008

Последните податоци на Министерството за здравство по акцијата за бесплатни контроли покажуваат зголемување на бројот на заболените од дијабетес. Министерот за здравство Бујар Османи вели дека треба да се интервенира брзо за спречување на оваа болест.

Разбиен монополот со инсулин

Вест - 15.11.2008

Над 100.000 Македонци имаат шеќерна болест, а уште толку боледуваат, но не знаат. Најмладиот пациент со шеќер е стар само 30 дена. За ширењето на болеста говори податокот и дека секои 10 секунди во светот се случува една смрт поради дијабетес и на уште 10 секунди се јавуваат два нови случи на шеќер во крвта.

Дијабетесот не ја одминува Македонија

Утрински - 15.11.2008

Најмладиот пациент кај нас е стар само 30 дена, а во светот секои 10 секунди умира по еден болен. Јасмина Јовановска. Дијабетичната пандемија не ја одминува ни Македонија. Во земјава се проценува дека има од 80.000 до 100.000 пациенти со дијабетес, заболување кое се' повеќе ги напаѓа младите. Најмладиот пациент со шеќер е стар само 30 дена.

Демне епидемија од шеќерна болест

Дневник - 15.11.2008

Демне епидемија од шеќерна болест. Во Македонија има околу 80.000 регистрирани заболени од дијабетес, а повеќе од 13.400 се од Скопје, предупредија стручњаците по повод Светскиот ден на дијабетесот - 14 Ноември. Според Националната студија за шеќерна болест, од Институтот за јавно здравство, во земјава 800.000 луѓе од 20 до 74 години имаат зголемена телесна тежина, а околу 370.000 се дебели.

Кабинет за дијабетес во Крива Паланка

Дневник - 15.11.2008

Кабинет за дијабетес во Крива Паланка. Кабинет за дијабетес е отворен вчера во Здравствениот дом во Крива Паланка, по повод Светскиот ден на оваа болест. Со кабинетот ќе раководи интернистичката служба, во која ќе се врши постојана едукација на пациентите за проблемите поврзани со оваа болест, нивна контрола и делење инсулинска терапија.

Брзата храна и стресот ги множат дијабетичарите

Н.Македонија - 14.11.2008

Брзата храна, прекумерната телесна тежина, стресот, предолгото време поминато пред телевизор или компјутер се само дел од причините поради кои постојано се зголемува бројот на дијабетичарите. Се претпоставува дека во Македонија има околу 80.000 регистрирани случаи на заболени од шеќерна болест.

Загрижувачки пораст на заболените од дијабетес

Алсат-М - 14.11.2008

Околу 80 000 случаи на заболени од шеќерна болест, се регистрирани во Македонија, а овој број континуирано расте со текот на годините. Ова се наведува во Националната студија за шеќерна болест, што ја изработи Институтот за јавно здравство, по повод Светскиот ден за борба против дијабетесот, што се одбележува денеска.

Светски ден на дијабетес - расте бројот на дијабетичарите во Македонија

Канал5 - 14.11.2008

Расте бројот на дијабетичари во Македонија - годинава се регистрирани 3 илјади пациенти повеќе од лани или вкупно во земјава има од 80 до 100 илјади заболени од шеќерна болест. Тоа е околу 5 проценти од вкупното население. Лекарите апелираат пациентите да посветат поголемо внимание на симптомите.

Загрижувачки пораст на заболени од дијабетес во Македонија

Макфакс - 14.11.2008

- Околу 80.000 случаи на заболени од шеќерна болест се регистрирани во Македонија, а овој број континуирано расте со текот на годините. Ова се наведува во Националната студија за шеќерна болест, што ја изработи Институтот за јавно здравство, по повод Светскиот ден за борба против дијабетесот, што се одбележува денеска.

Институт за јавно здравје: 80.000 заболени од шеќерна болест

Нетпрес - 13.11.2008

Институт за јавно здравје: 80.000 заболени од шеќерна болест Во Македонија има околу 80.000 регистрирани случаи на заболени од шеќерна болест, соопшти Институтот за јавно здравје. Според податоците со кои располага овој Институт, преваленцата на ова заболување во минатите години се движела околу 46 отсто на 100.000 жители за да од година во година се зголемува и во 2006 година се регистрира ...