TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Работничката летаргија – страв или неспособност на синдикатите?

Алфа - 15.11.2008

Зборовите на синдикалниот водач ги слушнаа околу 2000 работници, кои излегоа на протест за заштита на нивните права. Иако беше најавуван како голем излив на работничко незадоволство, протестот кој го организира Сојузот на синдикати не успеа да извлече масовно присуство на незадоволните работници.

Синдикатот на генерален штрајк

А1 - 14.11.2008

Сојузот на синдикати на Македонија за денеска најави масовни протести во Скопје против законските измени, за кои обвинуваат дека драстично ги намалуваат правата на работниците. Протестите треба да започнат во 19 часот во центарот на Скопје. ССМ пред една недела одржа предупредувачки протести во неколку македонски градови.

Протести против кршењето на работничките правa

А1 - 14.11.2008

Со свирчиња, транспаренти и знамиња против кршењето на работничките права, неколку илјади синдикалци вечерва на плоштадот Пела во Скопје излегоа на протест. ССМ е против измените во законот за работни односи. Она што синдикалците го бараат од владата е смена на неколку клучни членови од законот за работни односи, како што велат тие, работниот стаж и возраста да се сметаат клучни за пензионирањето.

Работниците во Македонија на протест

BBC - 14.11.2008

Сојузот на синдикатите на Македонија за денеска ја најави кулминацијата на досегашните протести низ државата. Синдикатите бараат промена на владините предлози за олеснето отпуштање вработените, работа во трета смена и скусување на годишниот одмор.

Скопје: Денеска протести на Сојузот на синдикати на Македонија

Р.С.Европа - 14.11.2008

ССМ ќе одржи протести во Скопје. Овој протест кој ќе се одржи на плоштадот Пела следува по протестите кои синдикатот ги одржа низ неколку градови во Македонија, поради новиот закон з аработни односи. Најголемата опозициона партија, СДСМ најави дека ќе го поддржи денешниот ...

Од ССМ остана само зградата

Време - 14.11.2008

Ниту по речиси две децении транзиција, синдикатот во Македонија не успеа да мрдне од мртвата точка. Единствената негова трансформација во изминативе години е „раѓањето“ на Конфедерацијата на слободни синдикати, колку да има кој да се кара со Сојузот на синдикати на Македонија.

Синдикатот денес на протест, го поддржува и опозицијата

Утрински - 14.11.2008

Главните мотиви се лошите измени на ЗРО, минимална плата и нискиот животен стандард на работниците. Под мотото „Да го одбраниме трудот“, денес на плоштадот „Пела“ во Скопје од 19 до 21 часот ќе се одржи генералниот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија против измените на Законот за работни односи, неутврдувањето минимална плата и нискиот животен стандард на работниците.

Неколку илјади работници ги бараа своите права

Телма - 14.11.2008

На плоштадот „Пела“ во Скопје вечерва се одржа протест на Сојузот на синдикатите на Македонија против последните измени на Законот за работни односи, неутврдувањето минимална плата и нискиот животен стандард на работниците. Претседателот на ССМ, Ванчо Муратовски пред неколку илјади работници кои излегоа на протестот рече дека работниците не сакаат да живеат од социјалната помош туку ...

Синдикатите денеска на масовни протести

Алсат-М - 14.11.2008

Сојузот на синдикати на Македонија за денеска најави масовни протести во Скопје против законските измени, за кои обвинуваат дека драстично ги намалуваат правата на работниците. Протестите треба да започнат во 19 часот во центарот на Скопје. ССМ пред една недела одржа предупредувачки протести во неколку македонски градови.

Протест на ССМ во Скопје

Алфа - 14.11.2008

Под мотото „Да го одбраниме трудот“ Сојузот на синдикатите на Македонија вечер на плоштадот „Пела“ ќе се одржи протест против измените на Законот за работни односи, неутврдувањето на минимална плата и нискиот животен стандард на работниците.

Протест против намалувањето на работничките права

Форум - 14.11.2008

Сојузот на синдикати на Македонија со протест ќе се бори против последните измени и дополнувања на Законот за работни односи, со кои, како што обвинуваат од ССМ, се намалуваат работничките права Работниците на плоштадот Пела во Скопје, во 19 часот, ќе побараат да се подобри нивниот животен стандард, покрај старосната граница и работниот стаж да стане услов за пензионирање, со закон да се утврди ...

Работниците си ги побараа назад правата

Алфа - 14.11.2008

Ги сакаме назад правата кои ни ги одзеде Владата, повикаа неколку илјади работници вечерва од плоштадот Пела. Синдикалниот лидер Ванчо Муратовски уште еднаш побара да се заштити животниот стандард на работниците. ССМ бара да се повлечат измените во Законот за работни односи, а Владата да се договори со нив за минимална плата.

ССМ:Сватете не сериозно!

Алсат-М - 14.11.2008

На плоштадот „Пела“ во Скопје вечерва се одржа протест на Сојузот на синдикатите на Македонија. Синдикалците вечерва побараа од владата да се премисли во изгласувањето на Законот за работни односи, да утврди минимална плата, а бараа и итна измена и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Претседателот на ССМ Ванчо Муратоски и испрати порака на владата.

Протест на ССМ во Скопје

Канал5 - 14.11.2008

Скопје, 14 ноември (МИА) - Под мотото „Да го одбраниме трудот“ Сојузот на синдикатите на Македонија вечер на плоштадот „Пела“ ќе се одржи протест против измените на Законот за работни односи, неутврдувањето на минимална плата и нискиот животен стандард на работниците.

Вечерва од 19 часот на плоштадот Пела протест на ССМ

Канал5 - 14.11.2008

Сојузот на синдикатите на Македонија вечерва од 19 часот на плоштадот Пела ќе го одржи најавениот протест под мотото „Да го одбраниме трудот“. Според претседателот Ванчо Муратовски, синдикатот се решил на ваков чекор поради незадоволството од последните измени на Законот за работни односи. Преку денешниот протест тие бараат услов за пензионирање покрај возраста, да биде и работниот стаж.

ССМ на мирен протест на плоштадот пела

Сител - 14.11.2008

Протест во термин за вечерно излегување. Сидикалците со објаснување дека ова време, петок навечер, е одбрано поради тоа што е крај на работната недела и тогаш луѓето се послободни. ССМ наместо на масовен штрајк, како што најавуваше, вечерва излезе на мирен протест. Сите незадоволни од измените и дополнувањата на Законот за работни односи се собраа на протест под мотото “Да го одбраниме трудот”.

Протести за поголеми права на работниците

Макфакс - 14.11.2008

Протестот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) против намалувањето на работничките права започна вечерва во центарот на Скопје. Поворката демонстранти предводени од претседателот на ССМ Ванчо Муратовски пристигнаа од зградата на Синдикатите на плоштадот Пела. Протестот е предвидено да трае до 21 часот.

СДСМ го поддржува утрешниот протест на ССМ

А1 - 13.11.2008

Најголемата опозициска партија ќе го поддржи утрешниот протест на работниците што го организира ССМ. „Правото на достоинствен живот и правото на борбата за своите права е нормално демократско право и заради тоа би било убаво да работниците го дигнат својот глас и јасно и гласно и дадат и на Владата и на целата македониска јавност до знаење дека ќе ги бранат своите демократски и уставни права“, ...

Притисок да не се излезе на протест

Дневник - 13.11.2008

Со генерален протест по улиците на Скопје, што го организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), работниците утре ќе го изразат незадоволството од скратените работнички права, нискиот животен стандард и неутврдената минимална плата. Протестот ќе се одржи на плоштадот Пела од 19 до 21 часот.

Утре генерален протест на ССМ

Алсат-М - 13.11.2008

ССМ утре вечер во Скопје ќе го одржа најавениот протест поради измените во Законот за работни односи. Сметаат дека државата укинала многу работнички права и оти во прв план ги става партиските интереси. Од власта им одговараат дека остануваат на својот став оти тоа не е точно и дека живееме во пазарно општество Измените на Законот за работни односи од ова лето отвори многу полемики и дебати.

Синдикатот на протест ќе го брани СДСМ

Форум - 13.11.2008

СДСМ ќе го поддржи утрешниот протест на ССМ, што ќе се одржи на скопскиот плоштад „Пела". ДПМНЕ, од друга страна, пак, потсетува на неостварените ветувања на власта од 2002 година, кога СДСМ, ја имаше“палката“, како што велат во соопштението до медиумите. В.Д.

Работниците ќе протестираат поради кршењето на правата

Дневник - 13.11.2008

Синдикалците се закануваат со генерален штрајк, ако не им ги исполнат барањата. Работници и стечајци од целата земја денеска ќе протестираат поради кршењето и намалувањето на работничките права, нискиот животен стандард и неутврдената минимална плата. Протестот, што го организира Сојузот на синдикатите на Македонија, ќе почне во 19 часот на скопскиот плоштад Пела.

Протест на ССМ во Скопје

Кирилица - 14.11.2008

бара по итна постапка донесување на закон со кој ќе се укинат последните измени и дополнувања на Законот за работни односи, постоење на повеќе услови за пенизионирање, односно покрај возраста услов за пензионирање да биде и работниот стаж и по итна постапка изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Протест на ССМ во скопје

Сител - 14.11.2008

Под мотото „Да го одбраниме трудот“ Сојузот на синдикатите на Македонија вечер на плоштадот „Пела“ ќе се одржи протест против измените на Законот за работни односи, неутврдувањето на минимална плата и нискиот животен стандард на работниците.

СДСМ го поддржува протестот на ССМ

Кирилица - 13.11.2008

В.д. лидерот на партијата Зоран Заев денеска ги повика членовите на СДСМ да излезат и да дадат поддршка за утрешниот штрајк. Според него, актуелниот Закон за работни односи директно ги крши правата на работниците во Република Македонија и затоа вработените од сите гранки и дејности треба да го поддржат протестот.

Утревечер Сојузот на синдикатите на Македонија излегува на генерален протест

Канал5 - 13.11.2008

Утревечер Сојузот на синдикатите на Македонија излегува на генерален протест. Под мотото „ Да го одбраниме трудот“ – работниците од цела Македонија утревечер ќе протестираат на плоштадот „Пела“. Причини за протестот се незадоволството од Законот за работни односи, немањето Закон за минимална плата, се бараат измени во Законот за пензиско и инвалидско осигурување и закон со кој материјално ќе се ...

ССМ денеска на протест во Скопје

Нетпрес - 14.11.2008

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе одржи јавен протест во Скопје. Генералниот штрајк ќе почне во 19 часот на плоштадот Пела и истиот ќе трае до 21 часот. Од Синдикатот велат дека се одлучиле на ваков чекор поради лошите решенија во последните измени и дополнувања на законот за работните односи, кои се на штета на работниците.

СДСМ со поддршка за утрешниот штрајк на ССМ

Нетпрес - 13.11.2008

В.д. претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев денес изјави дека СДСМ како лево ориентирана партија дава директна поддршка на штрајкот кој што утре ќе биде организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија и ги повика сите членови на СДСМ утре во 19 часот да излезат на плоштадот Пела и јасно и гласно да ја изразат поддршката кон ССМ.

Стечајците пак ќе креваат шатори

Утрински - 12.11.2008

Лицата што не се опфатени со последниот Закон за стечајни работници со поддршка на протестот на ССМ. Стечајците најавуваат дека доколку не се реши нивниот статус, ќе постават шатори пред Собранието и Владата, со што ќе го искажат незадоволството од односот на надлежните спрема нивниот проблем.

Голем број текстилци ќе се најдат на улица

А1 - 11.11.2008

Глобалната криза и проблем во светот со рецесија почнаа да се чувствуваат и во македонската текстилна индустрија и доколку набргу не се преземат мерки, голем број работници ќе се најдат на улица. Ова денеска во Скопје го изјави претседателот на синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија Ангелко Ангелковски.

Протестите го зафатија и судот

Време - 11.11.2008

ССМ ќе ги продолжи протестите против Законот за работни односи в петок во Скопје, а судската администрација на 24 месецов ќе стапи во генерален штрајк, најави Ванчо Муратовски, претседател на синдикатот. Според првиот човек на ССМ, членовите на синдикатот на УПОЗ ќе штрајкуваат се до исполнувањата на нивните барања за промени на Законот за судска служба.

ССМ в петок ќе протестира во Скопје

Утрински - 11.11.2008

ССМ в петок ќе протестира во Скопје. Сојузот на синдикатите на Македонија продолжува со изразот на незадоволството од законските измени. Откако минатиот петок се протестираше во шест града, в петок ќе се одржи протест и во Скопје. ССМ бара од Владата да се укинат последните измени и дополнувања на Законот за работни односи и по итна постапка да се донесат измени на Законот за пензиско и ...

Синдикатот се подготвува за големиот протест

Дневник - 11.11.2008

Синдикатот се подготвува за големиот протест. Сојузот на синдикатите на Македонија е задоволен од протестите што беа организирани во петокот во шест поголеми града во Македонија. Ги оценуваме протестите како мошне успешни затоа што целта беше да се упати првото предупредување до Владата.

ССМ в петок ќе протестира во Скопје

Н.Македонија - 11.11.2008

Сојузот на синдикати на Македонија в петок организира протест во Скопје, пренесе МИА. ССМ бара по итна постапка донесување закон со кој ќе се укинат последните измени и дополнувања на Законот за работни односи и по итна постапка измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Законот за работни односи проблем за вработените во индустријата, сметаат пет синдикати од ССМ

Канал5 - 11.11.2008

Скопје, 11 ноември (МИА) - Измените на Законот за работни односи, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и неутврдувањето на минимална плата се неповолни за вработените од индустријата, трговијата и градежништвото, сметаат гранковите синдикати од индустријата, градежиштвото, трговијата, текстилната, кожарската и чевларската индустрија и од агро синдикатот при ССМ.

Текстилната индустрија погодена од глобалната криза

Макфакс - 11.11.2008

Глобалната криза и проблем во светот со рецесија почнаа да се чувствуваат и во македонската текстилна индустрија и доколку набргу не се преземат мерки, голем број работници ќе се најдат на улица. Ова денеска во Скопје го изјави претседателот на синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија Ангелко Ангелковски.

В петок работнички протести во Скопје

А1 - 10.11.2008

Лидерот на ССМ, Ванчо Муратовски, тврди дека измените и дополнувањата на Законот за работни односи се штетни за вработените од судската администрација, особено одредбите што се однесуваат на прогласувањето технолошки вишок, продолжувањето на договорите на определено време од четири на пет години и годишниот одмор.

Ссм: "тестот беше успешен, одиме на голем митинг"

Телма - 10.11.2008

Сојузот на синдикати на Македонија е задоволен од протестите што беа организирани во петокот во шест поголеми градови во Македонија. - Ги оценуваме протестите како мошне успешни затоа што целта беше да се упати првото предупредување до Владата.

Синдикатите во петок ќе протестира во Скопје

Алсат-М - 10.11.2008

Сојузот на синдикати на Македонија е задоволен од протестите што беа организирани во петокот во шест поголеми градови во Македонија. „Ги оценуваме протестите како мошне успешни затоа што целта беше да се упати првото предупредување до Владата.

Синдикалните сојузи со различен став околу Законот за работни односи

Алсат-М - 10.11.2008

Конфузија со измените на Законот за работни односи. Синдикалните организации со спротивставени ставови дали тие значат влошување или подобрување на правата на работниците. Дебатата ќе продолжи и во следниве денови, но в петок ќе има генерален протест во Скопје.

ССМ в петок ќе протестира во Скопје

Сител - 10.11.2008

- Ги оценуваме протестите како мошне успешни затоа што целта беше да се упати првото предупредување до Владата. Тие беа добро посетени и организирани, иако целта не беше масовноста на протестите, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ССМ Пеце Груевски.

ССМ в петок ќе протестира во Скопје

Канал5 - 10.11.2008

Скопје, 10 ноември (МИА) - Сојузот на синдикати на Македонија е задоволен од протестите што беа организирани во петокот во шест поголеми градови во Македонија. - Ги оценуваме протестите како мошне успешни затоа што целта беше да се упати првото предупредување до Владата.

Во петок протести на ССМ во Скопје

Кирилица - 10.11.2008

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани - УПОЗ и претседател на ССМ, Ванчо Муратовски рече дека измените и дополнувањата на Законот за работни односи се штетни за вработените од судската администрација, особено одредбите што се однесуваат на прогласувањето технолошки вишок, продолжувањето на договорите на определено време од четири на ...

ССМ организира голем протест на 14-ти ноември

Канал5 - 10.11.2008

Излегувањето на протест на повеќе од 10 илјади работници низ 6 поголеми градови низ земјава минатата недела, упатило јасно предупредување до власта за незадоволството на работниците во земјава – оценија денеска од сојузот на синидакитите. ССМ не се откажува од протестот во Скопје закажан за 14-ти ноември.

Генерален штрајк за поголеми работнички права

Вечер Прес - 10.11.2008

Според претседателот на УПОЗ, Ванчо Муратовски работниците се принудени на улица да ги бараат своите права, бидејќи Владата на петочниот состанок со Синдикатот, останала на ставот дека донесениот закон за работни односи е по европски терк и според тоа не треба да се менува. Генерален штрајк за петок - 14 ноември најавува Сојузот на синдикати на Македонија.

ССМ на генерален штрајк во петок

Нетпрес - 10.11.2008

Сојузот на синдикати на Македонија генералниот штрајк во Скопје го закажа за петок, 14 ноември. Работниците се принудени на улица да ги бараат своите права, Владата на петочниот состанок со Синдикатот, останала на ставот дека донесениот закон за работни односи е европски закон, рече претседателот на УПОЗ, Ванчо Муратовски.