TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Слаб одзив на Србите на изборите на Косово

А1 - 27.10.2002

Одзивот на гласачите на вторите локални избори што се одржаа вчера на Косово е 60 насто, а според проценките на невладини организации победник е Демократскиот сојуз на Косово на Ибрахим Ругова. Партијата на Ругова, која беше фаворит и според претходните анкети, повторно победи на локалните избори, ...

Локални избори на Косово

А1 - 26.10.2002

Косовските граѓани денеска излегуваат на локални избори за да ги изберат новите општински власти во покраината. Гласањето се одвива без инциденти, со голем одзив на Албанците. Одзивот на Србите, кои најавија делумен бојкот на изборите, е незначителен.

Арбен Џафери и Хашим Тачи се против територијализацијата на Косово

Утрински - 26.10.2002

Разговори Претседателот на Демократската партија на Албанците, Арбен Џафери, имал долг телефонски разговор со претседателот на Демократската партија на Косово (ДПК), Хашим Тачи, околу планот на цивилниот администратор на ОН за Косово, Михаел Штајнер, за децентрализација на покраината.

Штајнер: Избори, па потоа децентрализација на Косово

Утрински - 26.10.2002

Администратор ПриШтина - Шефот на мисијата на Обединетите нации во Косово, Михаел Штајнер, во изјава за приштинскиот весник "Коха диторе" ја повтори цврстата определеност дека до разговори за децентрализација на Косово ќе дојде само во случај Србите да излезат на општински избори.

Џафери и Тачи против територијализација на Косово

А1 - 25.10.2002

Претседателот на ДПА Арбен Џафери имал долг телефонски разговор со лидерот на Демократската партија на Косово Хашим Тачи околу планот на цивилниот администратор на ОН за Косово Михаел Штајнер за децентрализација на покраината.

Македонија ќе се дестабилизира со планот на Штајнер

Утрински - 25.10.2002

Соопштение на ДПА за планот за децентрализација во Косово Скопје - "Со новиот план за децентрализација на Косово изготвен од администраторот на ОН, Михаел Штајнер, ќе има регионални последици, што ќе се одразат, пред сў, дестабилизирачки врз Македонија", оценува Демократската партија на Албанците.

Новите права за косовските Срби може да ја дестабилизираат Македонија

Дневник - 25.10.2002

ДПА ПРЕДУПРЕДУВА Партијата на Џафери оценува дека Албанците во Македонија се откажале од барањата за посебно организирање на териториите каде што тие живеат и бараат само човекови права, а Србите на Косово барале повеќе права за српските општини Демократската партија на Албанците предупредува дека ...

Косовските партии со различен став за планот на Штајнер

А1 - 24.10.2002

Партиите на косовските Албанци се неединствени во оценката на планот за децентрализација на покраината, што неодамна го обелодени шефот на УНМИК, Михаел Штајнер, јавуваат приштинските медиуми. Алијансата за иднина на Косово на Рамуш Харадинај го отфрли планот како неприфатлив, оценувајќи оти тој ќе ...

ДПА предвидува дестабилизација на Македонија со планот на Штајнер

А1 - 24.10.2002

Со новиот план за децентрализација на Косово изготвен од администраторот на ОН Михаел Штајнер ќе има регионални последици, што пред се дестабилизирачки ќе се одразат врз Македонија, оценува Демократската Партија на Албанците.

Косовските Срби ќе гласаат само во безбедните места во покраината

Вест - 23.10.2002

Белград, 23 октомври - Косовските Срби треба да учествуваат на локалните избори во покраината закажани за в недела, особено во местата каде за тоа постојат соодветни безбедносни и институционални услови, заклучија по завчерашната средба во Белград, југословенскиот претседател Воислав Коштуница и ...

Косовските Срби ќе гласаат само на безбедните места

А1 - 22.10.2002

Косовските Срби треба да учествуваат на локалните избори во покраината закажани за в недела, особено во местата каде за тоа постојат соодветни безбедносни и институционални услови, е заклучокот што по синоќешната средба во Белград го постигнаа југословенскиот претседател Воислав Коштуница и ...