TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Синодот на МПЦ ќе подготвува платформа за дијалогот со СПЦ

А1 - 10.10.2004

На седницата, што во вторник ќе ја одржи Синодот на МПЦ, ќе се подготвува платформата за обновување на дијалогот со СПЦ. Ваквата можност ја најави и поглаварот Стефан, денеска во Радовиш. „Разговорите со СПЦ се во подготовка, односно во очекување.

Црвенковски и г.г. Стефан разговарале за преговорите меѓу МПЦ и СПЦ

А1 - 10.10.2004

Според високи црковни извори, на последната средба помеѓу претседателот Бранко Црвенковски и архиепископот Стефан, одржана во четвртокот, меѓу другото, било разговарано за идните преговори меѓу МПЦ и СПЦ. Од страна на Поглаварот на МПЦ, било побарана поголема ангажираност на власта, за спречување ...

Архиепископот Стефан на екскурзија во Рила?

Дневник - 09.10.2004

ОД ПОНЕДЕЛНИК Поглаварот на МПЦ, архиепископот Стефан, в понеделник и вторник со повеќе свештеници ќе ги посети Рилскиот и Роженскиот манастир во Република Бугарија, дознава "Дневник". Извори во Кабинетот на архиепископот Стефан потврдија дека постои таква можност, но дали ќе се реализира зависи од ...

Г.г. Стефан го информира Црвенковски за преговорите со СПЦ?

Утрински - 08.10.2004

СРЕДБА Иако вчера се очекуваше одржување на седницата на Светиот архијерејски синод на МПЦ на која ќе се расправа за стратегијата за идните разговори со Српската црква, поглаварот г.г. Стефан претпладнето имаше средба со претседателот на државата, Бранко Црвенковски.

Црвенковски се сретна со архиепископот Стефан

Дневник - 08.10.2004

ВЧЕРА ВО СКОПЈЕ Претседателот Бранко Црвенковски вчера се сретнал со поглаварот на Македонска православна црква, архиепископот Стефан, дознава "Дневник". Од Кабинетот на Црвенковски велат дека станува збор за "редовни консултации" помеѓу шефот на државата и поглаварот на МПЦ.

МПЦ ќе бара враќање на позициите од договорот во Калишта

А1 - 07.10.2004

Прелиминарните преговори помеѓу МПЦ и СПЦ веројатно ќе започнат до крајот на овој месец. А1 дознава дека Светиод архиерејски синод подготвителна седница треба да одржи во вторник на која ќе се изготви платформата за преговори меѓу двете цркви.

Јован се враќа во МПЦ

Вест - 04.10.2004

ПОГЛАВАРОТ Г.Г. СТЕФАН ПОДГОТВУВА "РАМКОВЕН" ДОГОВОР ЗА СПЦ На делегацијата што за десетина дена ја очекува од Белград, поглаварот ќе и предложи Јован да се врати во МПЦ, но без неговите двајца послушници, за кои не е исклучено да бидат владици на СПЦ во Македонија за српс Црковна српска делегација ...

Г.г. Стефан: Нема тајни во нашето писмо до СПЦ

Утрински - 04.10.2004

Во манастирот "Свети Наум" одбележан Денот на сите македонски светители По повод 1.100-годишнината на манастирот, в година ќе се организира голем научен собир Симон Илиески ОХРИД - "Во писмото упатено до СПЦ нема никакви тајна и во него станува збор за продолжување на разговорите меѓу двете цркви, ...

МПЦ останува на своите ставови

Дневник - 04.10.2004

поглаварот г.г. стефан категориЧен Македонската православна црква во разговорите со Српската православна црква за името и статусот на МПЦ останува на своите познати ставови, изјави вчера поглаварот на МПЦ, архиепископот Стефан.