TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

МПЦ очекува достоинствено прославување на АСНОМ

А1 - 01.08.2004

Во чест на празникот Илинден и по повод 60-годишниот јубилеј од АСНОМ, поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан го освети возобновениот конак во манастирскиот комплекс Св. Наум кај Охрид.

Одбележување на 60 години од АСНОМ и Илинден

А1 - 01.08.2004

Македонски официјални претставници, денеска и во понеделник, ќе учествуват во серија активности по повод шестдеценискиот јубилеј од Првото заседание на АСНОМ и 101 година Илинден. Македонскиот претседател Бранко Црвенковски, денеска, свечено ќе го открие Споменикот на НОАВМ 1941-1945, во Центарот ...

Свечена собраниска седница по повод 60-годишнината од АСНОМ

А1 - 31.07.2004

Ние не можеме да го митологизираме македонството, да го затвориме и да го ставиме под стаклено ѕвоно пред налетот на новото време, туку обратно, изјави во свечениот говор спикерот Љупчо Јордановски по повод 60-годишнината од Првото заседание на АСНОМ и основањето на современата македонска држава во ...

Честитки на Ширак и Прванов по повод 60 години АСНОМ

А1 - 31.07.2004

Претседателите на Франција и на Бугарија, Жак Ширак и Георги Прванов, во одделни писма до македонскиот претседател Бранко Црвенковски, денеска и го честитаа на Македонија шестдеценискиот јубилеј од Првото заседание на АСНОМ. „Ве уверувам во поддршката на Франција во заокружувањето на ...

Бранко во Битола и Пелинце, Хари во Крушево

Вест - 31.07.2004

ЧЕСТВУВАЊЕ НА ИЛИНДЕН И АСНОМ Чествувањата на АСНОМ ќе почнат со денешната свечена седница во Собранието, на која ќе говори спикерот Љупчо Јордановски, кој е и претседател на Одборот за одбележување на јубилејот 60 години АСНОМ.

Албански пејачи не сакаат да пеат за АСНОМ

Време - 31.07.2004

„ФАКТИ“ Албански групи одбиваат да пеат за АСНОМ затоа што биле излажани дека ќе пеат за Старата чаршија во Скопје, пишува дневниот весник на албански јазик, „Факти“. Според „Факти“, познатиот албански пејач Селами Колоња и рок-групата „Шекули и дреќит“ го откажале учеството на завчерашниот концерт ...

Буш му го честита на Црвенковски АСНОМ

Утрински - 31.07.2004

ПИСМО ?Сите Македонци треба да се гордеат со прогресот што го направивте на патот кон интеграцијата во Европа и трансатлантската заедница. Македонија останува извор на стабилност на Балканот и значаен дел од напорите на меѓународната заедница да промовира мир и демократија во регионот", се вели во ...

Почит кон основачите на македонската држава

Утрински - 31.07.2004

Повеќе свечености по повод 60-годишнината од Првото заседание на АСНОМ во "Св. Прохор Пчињски" Македонија годинава одбележува голем јубилеј, 60 години од Првото заседание на АСНОМ, денот кога беа остварени вековните соништа на македонскиот народ да има своја држава.

Буш ни го честита Илинден со името Македонија

Дневник - 31.07.2004

Сите Македонци треба да се гордеат со напредокот што го направиле на патот кон интеграцијата во Европа и во трансатлантската заедница. Македонија останува извор на стабилност на Балканот и значаен дел од напорите на меѓународната заедница да промовира мир и демократија во регионот.

АСНОМ во Пелинце

Дневник - 31.07.2004

МАКЕДОНИЈА ГИ СЛАВИ ДВАТА ИЛИНДЕНА Македонија задутре, на 2 Август, ќе го слави најголемиот државен празник - Илинден, кој годинава е во знакот на 60-годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ и на 101-годишнината од Илинденското востание.

Немаме традиција да го задржиме она што е добро

Дневник - 31.07.2004

ИНТЕРВЈУ: НОВИЦА ВЕЛЈАНОВСКИ, ИСТОРИЧАР Шестдеценискиот јубилеј на Првото заседание на АСНОМ одново не враќа на периодот во кој се поставени темелите на македонската држава. За секоја држава, посебно за тие што изминале долг и макотрпен пат до своето конституирање, мошне важни се токму темелите врз ...

Имаме илинденска, а не рамковна историја

Дневник - 31.07.2004

Уводник - Тодор Пендаров Ние сме на пат да ја изгубиме својата единствена држава - името наше уставно веќе го изгубивме, достоинството го губиме сега, а сакаат да ја избришат и нашата историја Шеесет години од АСНОМ, 101 година од Крушевската Република.

Горд сум што бев учесник во вториот Илинден

Дневник - 31.07.2004

КИРО ГЛИГОРОВ За македонскиот народ АСНОМ претставува исклучителен настан на кој се поставија темелите и се конституира новата македонска држава, што со векови наназад беше сон на нашите предци и идеал за кој се живеело и се гинело на овие простори.

Документите на АСНОM фасцинираат со својата демократичност

Време - 30.07.2004

Шеесет години по историското заседание Наташа Бунтеска <> Документите донесени на Првото заседание на АСНОМ, шеесет години по одржувањето на историското собрание на кое се поставени темелите на македонската држава, фасцинираат со својата демократичност, едногласни се историчарите.

Собранието ќе одржи свечена седница по повод АСНОМ и Илинден

А1 - 29.07.2004

Според програмата на чествувањето на двата илиндена 60-ет годишнината од АСНОМ и 101 година од Илинденското востание, во македонското Собрание в сабота на 31 јули ќе се одржи свечена седница на Собранието, на која ке се обрати претседателот на Собранието Љупчо Јордановски.

Меморијалниот комплекс во Пелинце делумно завршен

Време - 29.07.2004

ЧЕТИРИ ДЕНА ПРЕД ПРОСЛАВАТА НА АСНОМ Наташа Бунтеска Музејот на АСНОМ, објект со полукружна камена структура, кој е главно здание во Меморијалниот центар во Пелинце, четири дена пред прославата на 60-годишнината на АСНОМ е речиси завршен.

Во Пелинце Црвенковски, во Крушево Костов

Време - 29.07.2004

КАКО ЌЕ ГО СЛАВИМЕ ИЛИНДЕН? Шеесетгодишнината од АСНОМ и 101-та годишнина од Илинденското востание и од Крушевската Република ќе се слават на повеќе места од целата земја, со посета на култните места на македонската историја, со положување венци и цвеќе на гробовите на народните херои и богата ...

Изложба по повод 60 години од АСНОМ

Време - 29.07.2004

МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА Изложба на фотографии, документи, цртежи и на разни предмети (оружје, знамиња и слично) од периодот на Народноослободителната борба, со посебен акцент на Првото заседание на АСНОМ, ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Музејот на Македонија.

Свечен концерт во чест на АСНОМ

Време - 29.07.2004

Свечен концерт по повод 60-годишнината од АСНОМ ќе одржат вечерва солистите и хорот на Операта и Македонската филхармонија. По диригентската палка на Саша Николовски - Ѓумар, во Салонот МНТ, во 21 часот, ќе бидат изведени дела од Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Арам Хачатуријан, Камиј сен санс, ...

Изложба во Музејот на Македонија

Вест - 29.07.2004

ВЕЧЕРВА ПРОСЛАВА НА АСНОМ ВО СКОПЈЕ Вечерва во 19 часот, во Музејот на Македонија се отвора изложба посветена на АСНОМ. Ќе бидат изложени фотографии, оригинални документи од заседанието во "Прохор Пчињски", разни прогласи, брошури, првото издание на весникот "Нова Македонија" отпечатено во ...

Пелинце подготвено за прославата на АСНОМ

Утрински - 29.07.2004

Работите на Меморијалниот центар АСНОМ се при крај КУМАНОВО - Изградбата на Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, каде што треба да се одржи централната прослава на 60-годишнината од формирањето на макеоднската држава е при крај.

АСНОМ 1944 -2004

Утрински - 29.07.2004

ИзлоЖба во Музејот на Македонија по повод 60-годишниот јубилеј Катерина Богоева Во Музејот на Македонија вечерва во 19 часот д-р Елеонора Петрова, пратеник и претседател на Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, ќе ја отвори изложбата "АСНОМ 1944 - 2004", како дел од ...

АСНОМ во Пелинце, ако даде Господ и во "Прохор Пчињски"

Дневник - 29.07.2004

ЧЕСТВУВАЊЕ Екипа на "Дневник" вчера ги посети и манастирот и Меморијалниот центар Се уште е неизвесно дали државна делегација на Илинден ќе може да положи цвеќе во манастирот "Свети Прохор Пчински". Свештениците во манастирот велат дека немаат добиено ниту забрана ниту пак дозвола од Синодот на СПЦ ...

Изложба на документи во библиотеката „Миладиновци“

Време - 28.07.2004

ПО ПОВОД 60 ГОДИНИ ОД АСНОМ Изложбата што му е посветена на јубилејот - 60 години од АСНОМ се одржува во централната библиотека „Другарче“ и во матичната библиотека „Браќа Миладиновци“. На изложбата може да се видат фотокопии на документи од подготовките за АСНОМ до осамостојувањето и приемот на ...

Преку Горно Врановце Македонија чекори кон европска иднина

Време - 28.07.2004

ШЕЕСЕТ ГОДИНИ АСНОМ Во Горно Врановце вчера беше одбележана 60-годишнината од Првото заседание на АСНОМ. - Шеесет години подоцна, Македонија потврдува дека ќе остане на патот почнат со светлите идеи на двата Илиндена - рече Владо Бучковски, министер за одбрана.

Новата златна монета за АСНОМ наскоро во продажба

Време - 28.07.2004

НАРОДНА БАНКА Народната банка в петок ќе ги промовира новите златни ковани монети изработени по повод јубилејот „60 години од одржувањето на првото заседание на АСНОМ“. На монетите ќе има гравури од манастирот „Свети Прохор Пчињски“, местото каде што е одржано собранието на кое се удрени темелите ...

Македонија ќе остане на патот на двата Илиндена

Утрински - 28.07.2004

Вчера одржан свечен собир во Горно Врановци по повод јубилејот од АСНОМ ?Прославувајќи ја 60-годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, славејќи ги шеесетте години од остварувањето на вековниот македонски идеал - државноста, денес се наоѓаме на едно од местата каде што во славната ...

Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе имаме

Дневник - 28.07.2004

БУЧКОВСКИ ВО ГОРНО ВРАНОВЦИ Во овие решителни моменти ние ја изградуваме слободна Македонија. Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе имаме, рече вчера министерот за одбрана Владо Бучковски во Горно Врановци, каде што се одржа свечен собир по повод одбележувањето на 60-годишнината од Првото ...