TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Србија има таен план ако Косово добие независност

Макфакс - 06.11.2005

Белград Србија подготвува посебен план ако Косово добие независност, односно ако и биде одземен тој дел на територијата, изјави за весникот “Глас јавности“ многу близок извор до српскиот преговарачки тим. Изворот не прецизираше детали на планот, но го оцени како најголема државна тајна.

Марти Ахтисари од вечерва во Македонија

Макфакс - 06.11.2005

Скопје Специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ООН во процесот за идниот статус на Косово Марти Ахтисари, вечерва, треба да пристигне во Скопје, каде в недела ќе разговара со македонскиот државен врв, официјално е соопштено.

СПЦ: Независноста на Косово носи белја на Балканот

Вест - 05.11.2005

БЕЛГРАД, 5 ноември (АП) - Влијателната Православна црква на Србија вчера предупреди дека ќе настанат нови тензии на Балканот ако Косово добие независност на претстојните преговори издејствувани од Обединетите нации. Српската црква даде поддршка за владиниот став дека Косово не смее да се отцепи од ...

СПЦ: Парламентот да биде подготвен да прогласи окупација на Косово

Макфакс - 05.11.2005

Белград Српската православна црква(СПЦ) изрази уверување дека решението за идниот статус на Косово ќе биде одредено преку преговори и во рамките на меѓународното право, а во спротивно, очекува од Собранието да прогласи окупација на дел од територијата.

Преговори за Косово

Вечер Прес - 05.11.2005

Финалниот статус (или во превод, како до независност?) на Косово повторно станува топ-тема не само во регионот, туку и на глобалната политичка сцена. Тоа е всушност и разбирливо, со оглед на фактот дека се наближува денот за почнувањето на преговорите.

“Блиц“: Три албански платформи за преговори

Макфакс - 05.11.2005

Белград Косовските Албанци подготвиле три платформи за преговорите со Белград со веќе формиран преговарачки тим, но се уште не се договориле која платформа ќе биде основа во преговорите. Ова го објави весникот “Блиц“, додавајќи дека автори на платформите се координаторот на преговарачкиот тим ...

Тадиќ предлага преговарачка платформа

Макфакс - 05.11.2005

Белград Неопходно е Србија да усвои преговарачка платформа за Косово со јасно дефинирани позиции, оцени денеска српскиот претседател Борис Тадиќ. Според него, “резолуцијата што неодамна ја усвои српскиот парламент не може да биде основа за преговори, бидејќи документот содржи само она што Србија не ...

Шон Меккормак: Косово мора да даде стабилност на Балканот

А1 - 04.11.2005

Членките на Контакт групата за Косово ја потврдија својата подготвеност да помогнат во преговорите за статусот на Косово, при кои централна улога ќе има специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари, соопшти синоќа портпаролот на Стејт департментот, Шон Меккормак.

Контакт групата го поддржа Марти Ахтисари

А1 - 04.11.2005

Меѓународната Контакт група ја потврди решеноста да одигра централна улога во постигнувањето решение за Косово, при што главна улога ќе има специјалниот претставник на Обединетите Нации за преговорите за идниот статус. Ова, денеска го соопшти Стејт Департментот, додавајќи дека „групата му дава ...

Контакт-групата со план за Косово

Време - 04.11.2005

ПРИШТИНСКИ „ЗЕРИ“ Контакт-групата за Косово на средбата во Вашингтон подготвила список од десет најважни принципи за одредување на косовскиот статус, пишува денеска приштинскиот весник „Зери“. Како што пренесува МИА, весникот наведува дека документот потекнува од меѓународни дипломатски кругови и ...

Или независност на Косово до недела или бунт

Утрински - 04.11.2005

Вооружена група преку коминике им се закани на косовските политичари Коминикето е потпишано од група наречена Армија за независност на Косово, која од ОН е опишана како организирана ПРИШТИНА - Вооружената група во Косово на лидерите на етничките Албанци, според коминикето објавено во средата, им ...

Паравоените формации не можат да го загрозат Косово

Утрински - 04.11.2005

УНМИК и КФОР тврдат ПриШтина - Луѓето кои се претставуваат како Армија за независно Косово, не можат да влијаат врз безбедносната ситуација во покраината, соопштија претставници на УНМИК и на КФОР. “КФОР, УНМИК и косовската полиција водат истрага во врска со униформираните лица кои во последно ...

"На Косово има нова војска, ама не е опасна?!"

Дневник - 04.11.2005

УНМИК И КФОР ПРИЗНАВААТ Групата Војска за независност на Косово постои, но не може да влијае врз безбедноста на Косово, соопштија УНМИК и КФОР, јави Макфакс. - КФОР, УНМИК и косовската полиција водат истрага за униформираните лица што се појавија во провинцијата.

Принципите на Контакт-групата

Дневник - 04.11.2005

Контакт-групата за Косово подготви список од десет принципи за одредување на идниот косовскиот статус, пишува приштинскиот весник "Зери", јави МИА. Весникот истакнува дека документот потекнува од меѓународни дипломатски кругови и оти меѓу принципите се отфрлува можноста за територијална поделба, ...

Контакт групата го поддржа Марти Ахтисари

Макфакс - 04.11.2005

Вашингтон Меѓународната Контакт група ја потврди решеноста да одигра централна улога во постигнувањето решение за Косово, при што главна улога ќе има специјалниот претставник на Обединетите нации (ООН) за преговорите за идниот статус.

Косовскиот парламент ќе усвои Резолуција за независност

Макфакс - 04.11.2005

Приштина Собранието на Косово во четврток ќе усвои Резолуција за независно Косово, јавија денеска гласилата во Приштина, повикувајќи се на високи извори во Парламентот. Според истите извори Резолуцијата, предложена од опозиционата Демократска партија на Косово на Хашим Тачи, е подготвена и се ...

Ахтисари денеска во Белград

Макфакс - 04.11.2005

Белград Специјалниот претставник на ООН за Косово Марти Ахтисари денеска треба да допатува во Белград, каде во текот на дводневниот престој ќе разговара со највисоки претставници на Србија и на државната заедница Србија и Црна Гора (СЦГ).

Косовците ќе прогласат независност до 17 ноември?

Време - 03.11.2005

НАЈАВА НА КОСОВСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Претседателството на косовскиот парламент завчера решило најдоцна до 17 ноември да усвои резолуција за независност на Косово од Србија, јави МИА. Резолуцијата беше предложена од страна на Демократската партија на Косово на поранешниот командант на ОВК Хашим Тачи, кој ...

Контакт групата без консензус за процесот на преговори за статусот на Косово

Канал5 - 03.11.2005

Членовите на Контакт групата за Косово на средбата одржана синоќа во Вашингтон, не постигнаа консензус околу модалитетите за преговарачкиот процес за идниот статус на покраината, јави Би-Би-Си. Вашингтон, 3 ноември (МИА) - Членовите на Контакт групата за Косово на средбата одржана синоќа во ...

Можен претставник на НАТО во тимот на Ахтисари

Макфакс - 03.11.2005

Брисел Претставникот на Обединетите нации (ООН) за преговори за статусот на Косово Марти Ахтисари, би можел, освен еден заменик, да има четири помошници или “офицери за врска“, од кои еден од НАТО, бидејќи Алијансата веќе посочи дека нивни претставник би требало да учествува во тимот.

Ахтисари ја завршува првата посета на Косово

Макфакс - 03.11.2005

Приштина Дипломатот Марти Ахтисари денеска се среќава со политичките претставници на српското и другите малцинства на Косово, по што вечерва во Приштина ќе ја одржи првата конференција за новинари откако стапи на функцијата главен преговарач за косовскиот статус.

Марти Ахтисари специјален претставник на ОН во преговорите за Косово

Вест - 02.11.2005

Белград, 2 ноември - Генералниот секретар на ОН Кофи Анан преку писмо официјално упатено до Советот за безбедност го предложи поранешниот фински претседател Марти Ахтисари за специјален претставник на ОН во преговорите за идниот статус на Косово, изјави портпаролот на генералниот секретар Брендон ...

Србите страхуваат од намибиско сценарио на Косово

Дневник - 02.11.2005

МАРТИ АХТИСАРИ ОФИЦИЈАЛНО НОМИнИРАН ЗА ПОСРЕДНИК НА ОН ВО ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ БЕЛГРАД И ПРИшТИНА Генералниот секретар на ОН Кофи Анан во писмо упатено до Советот за безбедност го предложи поранешниот фински претседател Марти Ахтисари за специјален претставник на ОН во преговорите за идниот статус на ...

Џафери во големоалбанска агенда

Дневник - 02.11.2005

Бранко ЃорЃевски Кога во Приштина изјавува дека Косово треба да се обедини, лидерот на ДПА Арбен Џафери барем во едното е принципиелен - во константноста на политичката агенда на која работи. Голема Албанија се два збора, во кои е сконцентрирана агендата за која на Џафери толку многу му се брза што ...

Обединувањето на Косово и Албанија ќе ги спречи кризите

Дневник - 02.11.2005

ЛИДЕРОТ НА ДПА ОБЈАСНУВА Лидерот на ДПА Арбен Џафери вчера за "Дневник" потврди дека во интервјуто за приштинскиот весник "Експрес" изјавил оти независно Косово треба да се обедини со Албанија. - Се повеќе се создаваат економски нерентабилни и нефункционални држави и се повеќе нараснува социјалното ...

Косово не смее да стане големо

Дневник - 02.11.2005

МКГ ЗА СТАТУСОТ НА ПОКРАИНАТА Во претстојните преговори за статусот на Косово мора да се гарантира дека независно Косово нема да стане поголемо Косово или поголема Албанија, а меѓународната заедница има начин да го направи тоа, смета Гарет Еванс, претседател на Меѓународната кризна група и ...

Средба на контакт групата за Косово во Вашингтон

Канал5 - 02.11.2005

Претставниците на земјите-членки на Контакт групата за Косово денеска ќе одржат средба во Вашингтон посветена на главните принципи за преговорите за идниот статус на покраината. Вашингтон, 2 ноември (МИА) - Претставниците на земјите-членки на Контакт групата за Косово денеска ќе одржат средба во ...

УНМИК/КФОР - постои Војска за независност на Косово

Макфакс - 02.11.2005

Приштина Самопрогласената Војска за независност на Косово (ВНК) постои, но не може да влијае врз безбедноста на Косово, соопштија вечерва УНМИК и КФОР во Приштина. Портпаролот на КФОР Пио Сабета на конференција за новинари потврди дека КФОР, УНМИК и Косовската полициска служба (КПС) водат истрага ...

Ахтисари ќе ги води преговорите за Косово

Макфакс - 02.11.2005

Вашингтон Генералниот секретар на Обединетите нации (ООН) Кофи Анан го избра бившиот фински претседател Марти Ахтисаари да ги води преговорите што ќе го решат идниот статус на Косово. “Одличните преговарачки вештини, докажано лидерство, претходно искуство во ООН и познавање на Балканот, го прават ...

Средби на Ахтисари со косовските лидери

Макфакс - 02.11.2005

Приштина Специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) задолжен за преговорите за идниот статус на Косово Марти Ахтисари денеска во Приштина ќе ја започне посредничката мисија. Прелиминарните разговори Марти Ахтисари ќе ги започне со лидерите на косовските Албанци, кои бараат независност на ...

"Зелениот" Џафери на се оди!

Вечер Прес - 02.11.2005

Арбен Џафери повторно се најде на првите страници од весниците. И тоа со "зелена" изјава дека Косово мора да се спои со Албанија. Демек, не може да остане само, зашто има само два милиони жители. Силен аргумент, нема што. Па ако не може само, зошто тогаш Косовците бараат независност? Нека си ...

Парламентарното собрание на НАТО за Косово

Макфакс - 02.11.2005

Копенхаген Идниот статус на Косово ќе биде една од главните теми на седницата на Парламентарното собрание на НАТО, кое започнува денеска во Копенхаген. Покрај за Косово, членовите на Собранието ќе разговараат и за иднината на мировните операции на Алијансата во Авганистан.

Србија не може да ја спречи независноста на Косово

А1 - 01.11.2005

„Србија нема да може да ја спречи независноста на Косово, но може да обезбеди заштита на косовските Срби, кантонизација и децентрализација на покраината, како и заштита на своите верски објекти“, изјави Џон Халсман од вашингтонската фондација „Хертиџ“ за „Гласот на Америка“.

Џафери предлага обединување на Косово и Албанија

Утрински - 01.11.2005

Интервју ПриШтина - Косовскиот весник на албански јазик "Експрес" објави интервју со лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Арбен Џафери, кој порачува дека Косово треба да се обедини со Албанија. Според него, Косово со своите два милиона жители не може да биде функционална држава и ...

Џафери бара Косово да се обедини со Албанија

Дневник - 01.11.2005

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ПРИШТИНСКИ "ЕКСПРЕС" Косово треба да се обедини со Албанија и во иднина да се нарекува Дарданија, порача завчера лидерот на ДПА Арбен Џафери во интервју за косовскиот весник на албански јазик "Експрес". Според него, Косово со своите два милиона жители не може да биде функционална ...

Анан го предложи Ахтисари за специјален претставник на ОН во преговорите за Косово

Канал5 - 01.11.2005

Белград, 31 октомври (МИА) - Генералниот секретар на ОН Кофи Анан преку писмо официјално упатено до Советот за безбедност го предложи поранешниот фински претседател Марти Ахтисари за специјален претставник на ОН во преговорите за идниот статус на Косово, изјави портпаролот на генералниот секретар ...

Ахтисари официјален преговарач на ОН за статусот на Косово

Макфакс - 01.11.2005

Њујорк Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) и официјално го потврди назначувањето на поранешниот фински претседател Марти Ахтисари за специјален пратеник на ОН во преговорите за Косово. Ова денеска го соопшти Министерството за надворешни работи на Финска.

Парламент на Косово - резолуцијата за независност идната недела

Макфакс - 01.11.2005

Приштина Косовскиот парламент на 17 ноември ќе донесе резолуција за независност на Косово, јавуваат денеска гласилата во Приштина. Според истите извори, резолуцијата ќе претставува платформа на преговарачкиот тим на Албанците пред престојните преговори за идниот статус на Косово.

Косово мора да се соедини со Албанија

Вечер Прес - 01.11.2005

"Косово со своите два милиона жители не може да биде функционална држава и поради тоа треба да се обедини со Албанија”. Ова во интервјуто дадено за косовскиот весник на албански јазик "Експрес" го порача лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Арбен Џафери.

Албанија за независност на Косово

Макфакс - 01.11.2005

Тирана Албанските пратеници од власта и опозиција го усогласија ставот дека конечниот статус на Косово треба да биде независност, што е во спротивност со ставот на шефот на дипломатијата Бесник Мустафаи кој се залага за “условна независност“, Ова е исходот од седницата на Комисијата за надворешна ...

Тачи: Целосна независност за Косово,условна имаме од 1999

Макфакс - 01.11.2005

Белград Косово треба да добие целосна независност, бидејќи условна независност има од 11.јуни 1999 година - изјави лидерот на опозиционата Демократска партија на Косово (ДПК) Хашим Тачи во интервју за српскиот весник “Данас“.

Албанското собрание усвои резолуција за независно Косово

Макфакс - 01.11.2005

Тирана Албанското собрание денеска усвои резолуција за независно Косово, јави дописникот на Макфакс. Пратениците од власта и опозицијата во целост се согласија завршниот статус на Косово да биде независност. Во резолуцијата се наведува дека независноста е во интерес на објективното решавање на ...

Марти Ахтисари во Приштина

Макфакс - 01.11.2005

Приштина Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН за преговорите за статусот на Косово Марти Ахтисари денеска ќе допатува во Приштина. Во рамките на повеќедневната посета на регионот Ахтисари ќе ги посети Скопје, Подгорица, Белград и Тирана, за како што изјави да ги слушне ставовите во ...

Сорос за независност на Косово

Макфакс - 01.11.2005

Тирана Американскиот милијардер Џорџ Сорос оценува дека независноста на Косово нема алтернатива, но оти е потребно да се обезбеди иднината и статусот на малцинствата. “Крајно време е да се реши статусот на Косово. Мое мислење е дека нема друга алтернатива освен давање независност на Косово.

Џафери: „Косово треба да се обедини со Албанија“

А1 - 31.10.2005

Косовскиот весник на албански јазик „Експрес“ денеска објавува интервју со лидерот на Демократската партија на Албанците Арбен Џафери, кој порачува дека Косово треба да се обедини со Албанија. Според него, Косово со своите два милиона жители не може да биде функционална држава и поради тоа треба да ...

Медиумска војна меѓу Приштина и Блеград за статусот на Косово

А1 - 31.10.2005

Белград и Приштина веќе се во медиумска војна и пред официјалниот старт на преговорите за идниот статус на Косово. Двете страни сега се на тврдите позиции кои ги застапуваат владеачките политички гарнитури и пред се наменети за домашната јавност.