Полициски извори во Тетово, вчера соопштија дека пред неколку дена е опожарена плевната на имотот на министерот за економија Бесник Фетаи, во тетовското село Боговиње. Полицијата не прецизира дали пожарот избувнал случајно од неисправна инсталација, или бил подметнат.
Документите од приватната тужба поднесена против министерот Бесник Фетаи за ниски морални побуди, се префрлаат од Основниот суд Скопје 2 во соседниот Скопје 1, откако таква одлука беше донесена на последното рочиште во четвртокот, извести правниот застапник на тужбата Нуман Лимани.