TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ноќеска најжестоки напади во Кабул

А1 - 04.11.2001

Американските авиони во текот на изминатата ноќ извршија досега најжестоки напади врз Авганистан, исфрлувајќи над 100 бомби, врз талибанските позиции североисточно од главниот град Кабул и во околината на градот Мазар-и-Шариф.

Мазар-и- Шариф заземен од Северната Алијанса

А1 - 03.11.2001

Северната Алијанса зазела предградие од градот Мазар-и- Шариф, досегашно упориште на талибанците. Претходно околу 800 борци на талибанската милиција и' се придружиле на опозиционата Северна Алијанса. Меѓутоа, се уште оваа информација не е потврдена од независни извори.

Алтернатива за бомбардирањето врз Авганистан

Дневник - 03.11.2001

Тарик Али - Стратегија Дали имаше алтернатива за бомбардирањето? Ако вистинската намера не беше сурова војна за одмазда, туку сериозно ослабнување и елиминирање на тероризмот и судење на тие што го нарачаа криминалот извршен на 11 септември, тогаш одговорот е "да" Во минатата деценија, секоја војна ...

САД испраќаат уште командоси на теренот, бомбардерите нема да запрат ни за Рамазан

Дневник - 03.11.2001

АМЕРИКАНСКА ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО АВГАНИСТАН Соединетите Американски Држави наскоро ќе испратат уште елитни единици во Авганистан за да извршат десантни напади врз талибански цели, најави секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд. Рамсфелд истакна дека планот за испраќање нови командоси во Авганистан ...

Нападите на Авганистан ќе продолжат и во текот на зимата

Вест - 02.11.2001

ЛОНДОН, 2 ноември - Потпретседателот на британската Влада Џон Прескот вчера изјави дека нападите врз Авганистан ќе продолжат и во текот на зимата. Пред пратенциите во Долниот дом на Парламентот, Прескот изјави дека нападите ќе продолжат се до конечно уништување на талибанскиот режим, чии сили ...

Во Кабул има заробени Американци

Вест - 02.11.2001

Талибански официјални лица ги покажуваат алиштата од деца за кои тврдат дека загинале во воздиушните напади на едно село 80 км северно од Кандахар. Мештаните велат дека околу 50 лица загинале. ИСЛАМАБАД, 2 ноември (Ројтерс) - Талибанскиот амбасадор во Пакистан Мулах Абдул Салам Маиф вчера изјави ...

Талибанците го одбиле првиот координиран напад од САД и опозицијата

Дневник - 02.11.2001

АВГАНИСТАН Tалибанските милиционери тврдат дека уапсиле неколку американски државјани во Авганистан Авганистанското владејачко движење Талибан вчера соопшти дека го одбило првиот координиран воздушно-копнен напад на американските сили и опозициската Северна алијанса, јави Ројтерс.

Бомбардирањето за Рамазан ќе предизвика бес кај муслиманите

А1 - 01.11.2001

Турција објави дека ќе испрати околу 90 елитни војници во Авганистан и ќе стане првата земја со мнозинство муслимански граѓани која ќе испрати војници да учествуваат во офанзивата против владеачкиот талибански режим, а која е водена од страна на САД.

Бомбардерите "простираат килими" до Кабул

Дневник - 01.11.2001

ПОСЛЕДНИ ПОДГОТОВКИ ЗА ГОЛЕМА КОПНЕНА ОФАНЗИВА Авиони "Б-52" испразниле максимален товар бомби врз талибанските позиции северно од главниот авганистански град, а опозициските сили се групираат за офанзива при крајот на неделава, кога теренот ќе биде "исчистен" Американските бомбардери вчера ...

Нови цивилни жртви во нападите врз Авганистан

А1 - 31.10.2001

11 лица загинале изутрината кога бомба погодила амбуланта на Црвената полумесечина во Кандахар кој повторно е мета на американските бомбардери. Според информациите на авганистанската опозицина алијанса Осама бин Ладен се крие во планините во близина на Кандахар.

База на американските војници во северен Авганистан

Вест - 31.10.2001

ЏАБАЛ-УС-САРАЏ, Авганистан, 31 октомври (Ројтерс) - Околу 15 до 20 американски војници направиле мала база во близина на гратчето Дара-и-Суф што е под контрола на опозицијата во северен Авганистан. Тие се опремени со оружје и други материјали и даваат совети и се координираат со антиталибанските ...

Американците ќе ја задржат иницијативата во Авганистан

Дневник - 31.10.2001

ПО ЗАБЕЛЕШКИТЕ ДЕКА ОПЕРАЦИЈАТА Е "МЛИТАВА" Командантот на американските воени акции во Авганистан вчера ги отфрли забелешките дека операцијата е во пат позиција и најави дека силите под негова команда ќе ја задржат иницијативата, јави Ројтерс.

САД ги бомбардира пештерите и тунелите на бин Ладен

Вест - 30.10.2001

Авганистански белалци одат кон северот на земјата КАБУЛ, 30 октомври (Ројтерс) - Американските борбени авиони вчера извршија напади на област со пештери и подземни тунели во источен Авганистан, каде што се верува дека се наоѓа скривалиштето на Осама бин Ладен.

Бомбардирани тунелите на Бин Ладен и базите на Омар

Дневник - 30.10.2001

ВОЈНА ВО АВГАНИСТАН Американските сили вчера го бомбардираа авганистанскиот регион Гора Танги, каде што се смета дека се главните подземни засолништа и тунели на терористичкиот лидер Осама бин Ладен и неговата група Ал каеда, јави Ројтерс.

САД ќе добијат погорчлива лекција од Русите

А1 - 29.10.2001

Најмалку 15 цивили загинаа за време на последните американски напади врз цели во Авганистан кои денеска влегуваат во четвртата недела. Главна мета повторно се градовите-упоришта на талибанците Кандахар, Мазар - и - Шариф и Кабул.

Дванаесет цивили загинаа во новите напади на Кабул

Вест - 29.10.2001

КАБУЛ, 29 октомври (Ројтерс) - Дванаесет цивили загинале вчера изутрина при американските воздушни напади врз една стамбена населба во авганистанската престолнина Кабул од кои осум биле членови на едно ... КАБУЛ, 29 октомври (Ројтерс) - Дванаесет цивили загинале вчера изутрина при американските ...

Најмалку 12 цивили загинаа во американските напади

Дневник - 29.10.2001

НАПАДИ ВРЗ АВГАНИСТАН Американските борбени авиони вчера без престан вршеа воздушни напади врз позициите на талибанското движење северно од главниот град на Авганистан, Кабул, јави Ројтерс. Силината на нападите предизвика смрт на најмалку 12 цивили, од кои една жена била убиена на територија која е ...