TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Косуми: Преговорите ќе ја потврдат независноста на Косово

А1 - 20.11.2005

Претстојните преговори за статусот на Покраината ќе ја потврдат независноста на Косово, без оглед на противењето на Белград, изјави денеска косовскиот премиер Бајрам Косуми. Според него, Косово веќе шест години е практично независно, а кога станува збор за односите со Србија тоа, како што вели, е ...

Џорџ Сорос: Независноста на Косово нема алтернатива

А1 - 20.11.2005

Американскиот милијардер Џорџ Сорос оценува дека независноста на Косово нема алтернатива, но оти е потребно да се обезбеди иднината и статусот на малцинствата. „Крајно време е да се реши статусот на Косово. Мое мислење е дека нема друга алтернатива освен давање независност на Косово.

ДУИ усвои резолуција за независно Косово

А1 - 20.11.2005

Ахмети на линија со Приштина. Откако косовското Собрание усвои резолуција за независно Косово, и ДУИ доцна синоќа конгресот го заврши со иста таква резолуција. За да биде сликата идилична, интегративците донеле уште една резолуција за македонската интеграција во Европа .

Петерсен против поделба на Косово

А1 - 19.11.2005

Меѓународната заедница се противи на идејата за поделба на Косово, изјави цивилниот администратор на ООН за Косово Сорен Јесен Петерсен, јави Радио Слободна Европа. Претставникот на Светската организација, по средбата со косовскиот премиер Бајрам Косуми, ја отфрлил идејата на претседателот на ...

Западот ја разблажил резолуцијата за независност

Време - 19.11.2005

ПО ОДЛУКАТА НА КОСОВСКИОТ ПАРЛАМЕНТ По одлуката на косовскиот парламент да донесе резолуција со која „ја поддржува политичката волја на народот на Косово за независна и суверена држава“, шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен изјави само дека „ја примил на знаење“ одлуката на парламентот.

Ахтисари од понеделник во шатл дипломатија меѓу Приштина и Белград

Вест - 19.11.2005

Приштина, 19 ноември - Пратеникот на ОН за преговорите за статусот на Косово, Марти Ахтисари в понеделник ќе пристигне во регионот за да го почне преговарачкиот процес со Белград и Приштина, соопшти денеска Мисијата на ОН на Косово (УНМИК).

Приштинска резолуција за независност контра митровичка резолуција за зависност

Дневник - 19.11.2005

ПОДГОТОВКИ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА СТАТУСОТ НА КОСОВО Собранието во Приштина вчера со акламација усвои Декларација за независно и суверено Косово, како "потврда на волјата на граѓаните", а Србите од Митровица речиси во исто време усвоија резолуција против независност на Косово.

"Командант" Озони ќе удри врз "окупаторите"

Дневник - 19.11.2005

ИРАЧКА РЕТОРИКА ВО ПРИШТИНА Досега непозната косовска вооружена група се закани дека од среда, 23 ноември, ќе почне напади врз "окупаторите" во Приштина, јави Макфакс. - Многу е веројатно дека Приштина, каде што сите институции се под контрола на "модерниот окупатор", ќе биде цел на напади, ...

Косовскиот жежок костен

Вечер Прес - 19.11.2005

Наспроти препораката од Обединетите Нации да не избрзува, косовскиот парламент завчера донесе Резолуција за независно и суверено Косово. Независноста, според Резолуцијата, ќе биде изгласана на референдум. Оваа резолуција ќе биде правната и политичката платформа на косовските претставници за ...

Петерсен бара забрзување на подготовките за решавање на статусот

А1 - 18.11.2005

Шефот на Цивилната мисија на Обединетите нации во Косово Сорен Јесен-Петерсен, по повод вчерашното усвојување на документот за независност на покраината во Собранието на Косово, соопшти синоќа дека косовските лидери треба да ги забрзаат подготовките за решавање на статусот на покраината.

Војска за независност на Косово најавува напад на Приштина

А1 - 18.11.2005

Самопрогласена Војска за независност на Косово (ВНК) најавува напад на Приштина на 23.ноември, додавајќи дека тука се наоѓа седиштето на „модерниот окупатор“ на Косово. „Многу е веројатно дека градот Приштина, каде сите институции се под контрола на 'модерниот' окупатор, ќе биде цел на напад, ...

Повторно бомби на Косово

Време - 18.11.2005

ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИДНИОТ СТАТУС НА ПРОВИНЦИЈАТА Две бомби го потресоа Косово завчеравечер и вчера изутрина. Во нападот во Штрпце бомбата била подметната на пазарот во оваа српска енклава на јужно Косово, на патот Скопје - Призрен.

Собранието во Приштина усвои Резолуција за независна држава Косово

Утрински - 18.11.2005

ОДЛУКА ПриШтина - Косовското Собрание вчера усвои Резолуција за "потврдување на политичката волја на народот на Косово за независна и суверена држава", јави Косовапрес. Резолуцијата претставува правна и политичка платформа на делегацијата на властите во Приштина за преговорите за идниот статус на ...

Косовското Собрание усвои резолуција за независност

А1 - 17.11.2005

Косовското Собрание попладнево со акламација ја усвои резолуцијата за независно и суверено Косово. Формално, резолуцијата е правно-политичка платформа на косовската страна во преговорите со Белград за идниот статус на Косово, со што беа прифатени сугестиите на меѓународните претставници.

Одбиен влез на косовски граѓани во Македонија

А1 - 17.11.2005

Македонските власти завчера одбиле влез во земјава за 30-тина косовски граѓани, кои Германија сакала да ги депортира на Косово. Претходно на авионот на МАТ, во кој се наоѓале 33 косовски бегалци, му бил забрането да ги остави Косоварите на Приштинскиот аеродром и бил пренасочен кон Скопје.

Со резолуција да се поддржи независно Косово

Време - 17.11.2005

ПДП ПРЕДЛАГА Независноста на Косово да се поддржи со резолуција, а изборот на државното раководство да се врши со Бадентеров принцип, побараа од Партијата за демократски просперитет на вчерашната прес-конференција. Оваа партија смета дека со Бадентеровиот принцип би овозможило создавање широк ...

Сурои: идејата за албанското национално обединување ќе живее

Време - 17.11.2005

ОЦЕНА НА КОСОВСКИОТ ПОЛИТИЧАР Влијателниот косовски политичар Ветон Сурои соопшти дека идејата за обединување на Косово и на Албанија не е мртва. - Таа може да биде елиминирана или да не се разгледува од владата од оваа страна на границата или од онаа страна.

Резолуција контра резолуција

Дневник - 17.11.2005

СПРОТИ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА СТАТУСОТ НА КОСОВО Меѓународната заедница ги предупреди косовските пратеници на денешната седница да не усвојуваат резолуција за независност на покраината, јави МИА. - Обединетите нации не можат да поддржат донесување таква резолуција.

Белград крие "тенковски" адут во ракавот?

Дневник - 17.11.2005

АКО КОСОВО ДОБИЕ НЕЗАВИСНОСТ Србија подготвува специјален план во случај Косово да добие независност, јави Макфакс. Анонимен извор близок со преговарачкиот тим на Белград изјавил за весникот "Глас јавности" дека резервниот план се чува во најголема тајност и не сакаше да обелодени какви било детали ...

Србија има таен план ако Косово добие независност

А1 - 16.11.2005

Србија подготвува посебен план ако Косово добие независност, односно ако и биде одземен тој дел на територијата, изјави за весникот „Глас јавности“ многу близок извор до српскиот преговарачки тим. Изворот не прецизираше детали на планот, но го оцени како најголема државна тајна.

ООН: Косовските власти да не усвојуваат резолуција за независност

А1 - 16.11.2005

Меѓународната заедница ги предупреди косовските власти да не усвојуваат резолуција за независност на покраината, која се наоѓа на дневниот ред на утрешната седницата на Парламентот. „ООН не можат да поддржат донесување таква резолуција.

Солистот Дрновшек не свири по државните ноти

Дневник - 16.11.2005

ЉУБЉАНА СЕ ДИСТАНЦИРА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Иницијативата на словенечкиот претседател Јанез Дрновшек за решението за статусот на Косово не е усогласена со надлежните институции на Словенија, повторно соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи, јави Макфакс.

Косовизација на Македонија

Дневник - 16.11.2005

Тодор Пендаров ПДП како парламентарна партија ќе предложи Собранието на РМ да донесе резолуција за независност на Косово. Во образложението водството на ПДП истакнува дека со ова Македонија ќе придонесе за подобрување на политичката, економската и на културната соработка помеѓу двете земји.

Приштина има почетна предност

Дневник - 16.11.2005

КОМЕНТАР НА "ЗЕРИ" Косовските лидери мора да ги искористат своите предности на преговарачата маса за да издејствуваат што е можно побрзо решение за статусот на Косово според волјата на мнозинството жители на провинцијата, коментира приштинскиот весник "Зери".

Три платформи - Шаља, Тачи и Вилијамс

Дневник - 16.11.2005

ПРИшТИНА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО БЕЛГРАД Косовските Албанци подготвиле три можни платформи за преговорите со Белград, но се уште не се договориле која ќе ја користи дефинираниот преговарачки тим, јави Макфакс.

Иницијативата на Дрновшек за Косово не е ускладена со надлежните институции

А1 - 15.11.2005

Иницијативата на словенечкиот претседател Јанез Дрновшек за решението за статусот на Косово не е ускладена со надлежните институции на Словенија, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи. Во соопштението објавено синоќа, меѓу другото, се наведува дека Словенија мора својата надворешна ...

Белград и Приштина ги финализираат платформите

А1 - 15.11.2005

Белград и Приштина ги финализираат платформите за преговорите за идниот статус на Косово. Позициите се познати - Белград е за компромисно решение со кое нема да има отцепување на делови на Србија и Црна Гора, косовските лидери сметаат на независно Косово.

Независност за Косово би било опасен правен преседан

Дневник - 15.11.2005

БОРИС ТАДИЌ Независно Косово е неприфатливо решение за Србија и би било опасен правен преседан, изјави српскиот претседател Борис Тадиќ, јави Макфакс. - Србија е подготвена да преговора за идниот статус на провинцијата врз принципите на меѓународното право и со респектирање на правата на српскиот и ...

ПДП ќе предложи резолуција за независно Косово

Дневник - 15.11.2005

ВО СОБРАНИЕТО Собранието на Македонија да усвои резолуција за независно Косово според предлогот што ќе му го достави ПДП. Тоа е заклучокот на состанокот на Централното претседателство на ПДП, кое се одржало викендов. - Сите индикации се дека Косово ќе стане независна држава и дека Македонија со ...

ПДП бара и македонска Резолуција за независноста на Косово?!

Вечер Прес - 15.11.2005

Партијата за демократски просперитет ќе бара од Собранието на РМ, по примерот на Албанија и Косово, да донесе Резолуција за поддршка на независноста на покраината. Одлуката, според претседателот на ПДП, Абдулади Вејсели, е донесена на саботниот состанок на Централното претседателство на партијата, ...

ПДП бара резолуција за поддршка на независноста на Косово

А1 - 14.11.2005

ПДП бара од Премиерот и Собранието да се усвои резолуција со која би се поддржала независноста на Косово. „Сметаме дека е потребно како соседна земја Македонија на идната соседна земја Косово да изградиме став за регулирање на тие односи и да го изнесеме нашиот став што очекуваме од тие преговори, ...

Тадиќ: Независно Косово - опасен правен преседан

А1 - 14.11.2005

Независно Косово за Србија е неприфатливо решение што би било опасен правен преседан, изјави синоќа српскиот претседател Борис Тадиќ. „Србија е подготвена да преговора за идниот статус на покраината врз принципите на меѓународното право, и со респектирање на правата на српскиот и албанскиот народ ...

За Дрновшек, Косово веќе е независно

Дневник - 14.11.2005

СЛОВЕНЕЧКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО ПРИШТИНА Словенечкиот претседател Јанез Дрновшек оцени дека Косово во суштина е независна држава, јави МИА. - Меѓународните сили се наоѓаат во провинцијата шест години, но Косово во суштина е независно - рече Дрновшек, укажувајќи дека таму нема српска полиција или војска.

Албанскиот парламент усвои резолуција за независност на Косово

Дневник - 14.11.2005

ТИРАНА Албанските народни избраници во петокот попладне со консензус изгласаа резолуција во која се бара целосна независност на Косово. Во резолуцијата се наведува дека парламентот ја поддржува независноста на Косово, што е желба и волја на неговите граѓани.