Претстојните преговори за статусот на Покраината ќе ја потврдат независноста на Косово, без оглед на противењето на Белград, изјави денеска косовскиот премиер Бајрам Косуми. Според него, Косово веќе шест години е практично независно, а кога станува збор за односите со Србија тоа, како што вели, е ...
Американскиот милијардер Џорџ Сорос оценува дека независноста на Косово нема алтернатива, но оти е потребно да се обезбеди иднината и статусот на малцинствата. „Крајно време е да се реши статусот на Косово. Мое мислење е дека нема друга алтернатива освен давање независност на Косово.
Ахмети на линија со Приштина. Откако косовското Собрание усвои резолуција за независно Косово, и ДУИ доцна синоќа конгресот го заврши со иста таква резолуција. За да биде сликата идилична, интегративците донеле уште една резолуција за македонската интеграција во Европа .
Меѓународната заедница се противи на идејата за поделба на Косово, изјави цивилниот администратор на ООН за Косово Сорен Јесен Петерсен, јави Радио Слободна Европа. Претставникот на Светската организација, по средбата со косовскиот премиер Бајрам Косуми, ја отфрлил идејата на претседателот на ...
ПО ОДЛУКАТА НА КОСОВСКИОТ ПАРЛАМЕНТ По одлуката на косовскиот парламент да донесе резолуција со која „ја поддржува политичката волја на народот на Косово за независна и суверена држава“, шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен изјави само дека „ја примил на знаење“ одлуката на парламентот.
Приштина, 19 ноември - Пратеникот на ОН за преговорите за статусот на Косово, Марти Ахтисари в понеделник ќе пристигне во регионот за да го почне преговарачкиот процес со Белград и Приштина, соопшти денеска Мисијата на ОН на Косово (УНМИК).
ПОДГОТОВКИ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА СТАТУСОТ НА КОСОВО Собранието во Приштина вчера со акламација усвои Декларација за независно и суверено Косово, како "потврда на волјата на граѓаните", а Србите од Митровица речиси во исто време усвоија резолуција против независност на Косово.
ИРАЧКА РЕТОРИКА ВО ПРИШТИНА Досега непозната косовска вооружена група се закани дека од среда, 23 ноември, ќе почне напади врз "окупаторите" во Приштина, јави Макфакс. - Многу е веројатно дека Приштина, каде што сите институции се под контрола на "модерниот окупатор", ќе биде цел на напади, ...
Наспроти препораката од Обединетите Нации да не избрзува, косовскиот парламент завчера донесе Резолуција за независно и суверено Косово. Независноста, според Резолуцијата, ќе биде изгласана на референдум. Оваа резолуција ќе биде правната и политичката платформа на косовските претставници за ...
Шефот на Цивилната мисија на Обединетите нации во Косово Сорен Јесен-Петерсен, по повод вчерашното усвојување на документот за независност на покраината во Собранието на Косово, соопшти синоќа дека косовските лидери треба да ги забрзаат подготовките за решавање на статусот на покраината.
Самопрогласена Војска за независност на Косово (ВНК) најавува напад на Приштина на 23.ноември, додавајќи дека тука се наоѓа седиштето на „модерниот окупатор“ на Косово. „Многу е веројатно дека градот Приштина, каде сите институции се под контрола на 'модерниот' окупатор, ќе биде цел на напад, ...
ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИДНИОТ СТАТУС НА ПРОВИНЦИЈАТА Две бомби го потресоа Косово завчеравечер и вчера изутрина. Во нападот во Штрпце бомбата била подметната на пазарот во оваа српска енклава на јужно Косово, на патот Скопје - Призрен.
ОДЛУКА ПриШтина - Косовското Собрание вчера усвои Резолуција за "потврдување на политичката волја на народот на Косово за независна и суверена држава", јави Косовапрес. Резолуцијата претставува правна и политичка платформа на делегацијата на властите во Приштина за преговорите за идниот статус на ...
Косовското Собрание попладнево со акламација ја усвои резолуцијата за независно и суверено Косово. Формално, резолуцијата е правно-политичка платформа на косовската страна во преговорите со Белград за идниот статус на Косово, со што беа прифатени сугестиите на меѓународните претставници.
Македонските власти завчера одбиле влез во земјава за 30-тина косовски граѓани, кои Германија сакала да ги депортира на Косово. Претходно на авионот на МАТ, во кој се наоѓале 33 косовски бегалци, му бил забрането да ги остави Косоварите на Приштинскиот аеродром и бил пренасочен кон Скопје.
ПДП ПРЕДЛАГА Независноста на Косово да се поддржи со резолуција, а изборот на државното раководство да се врши со Бадентеров принцип, побараа од Партијата за демократски просперитет на вчерашната прес-конференција. Оваа партија смета дека со Бадентеровиот принцип би овозможило создавање широк ...
ОЦЕНА НА КОСОВСКИОТ ПОЛИТИЧАР Влијателниот косовски политичар Ветон Сурои соопшти дека идејата за обединување на Косово и на Албанија не е мртва. - Таа може да биде елиминирана или да не се разгледува од владата од оваа страна на границата или од онаа страна.
СПРОТИ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА СТАТУСОТ НА КОСОВО Меѓународната заедница ги предупреди косовските пратеници на денешната седница да не усвојуваат резолуција за независност на покраината, јави МИА. - Обединетите нации не можат да поддржат донесување таква резолуција.
АКО КОСОВО ДОБИЕ НЕЗАВИСНОСТ Србија подготвува специјален план во случај Косово да добие независност, јави Макфакс. Анонимен извор близок со преговарачкиот тим на Белград изјавил за весникот "Глас јавности" дека резервниот план се чува во најголема тајност и не сакаше да обелодени какви било детали ...
Србија подготвува посебен план ако Косово добие независност, односно ако и биде одземен тој дел на територијата, изјави за весникот „Глас јавности“ многу близок извор до српскиот преговарачки тим. Изворот не прецизираше детали на планот, но го оцени како најголема државна тајна.
Меѓународната заедница ги предупреди косовските власти да не усвојуваат резолуција за независност на покраината, која се наоѓа на дневниот ред на утрешната седницата на Парламентот. „ООН не можат да поддржат донесување таква резолуција.
ЉУБЉАНА СЕ ДИСТАНЦИРА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Иницијативата на словенечкиот претседател Јанез Дрновшек за решението за статусот на Косово не е усогласена со надлежните институции на Словенија, повторно соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи, јави Макфакс.
Тодор Пендаров ПДП како парламентарна партија ќе предложи Собранието на РМ да донесе резолуција за независност на Косово. Во образложението водството на ПДП истакнува дека со ова Македонија ќе придонесе за подобрување на политичката, економската и на културната соработка помеѓу двете земји.
КОМЕНТАР НА "ЗЕРИ" Косовските лидери мора да ги искористат своите предности на преговарачата маса за да издејствуваат што е можно побрзо решение за статусот на Косово според волјата на мнозинството жители на провинцијата, коментира приштинскиот весник "Зери".
ПРИшТИНА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО БЕЛГРАД Косовските Албанци подготвиле три можни платформи за преговорите со Белград, но се уште не се договориле која ќе ја користи дефинираниот преговарачки тим, јави Макфакс.
Иницијативата на словенечкиот претседател Јанез Дрновшек за решението за статусот на Косово не е ускладена со надлежните институции на Словенија, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи. Во соопштението објавено синоќа, меѓу другото, се наведува дека Словенија мора својата надворешна ...
Белград и Приштина ги финализираат платформите за преговорите за идниот статус на Косово. Позициите се познати - Белград е за компромисно решение со кое нема да има отцепување на делови на Србија и Црна Гора, косовските лидери сметаат на независно Косово.
БОРИС ТАДИЌ Независно Косово е неприфатливо решение за Србија и би било опасен правен преседан, изјави српскиот претседател Борис Тадиќ, јави Макфакс. - Србија е подготвена да преговора за идниот статус на провинцијата врз принципите на меѓународното право и со респектирање на правата на српскиот и ...
ВО СОБРАНИЕТО Собранието на Македонија да усвои резолуција за независно Косово според предлогот што ќе му го достави ПДП. Тоа е заклучокот на состанокот на Централното претседателство на ПДП, кое се одржало викендов. - Сите индикации се дека Косово ќе стане независна држава и дека Македонија со ...
Партијата за демократски просперитет ќе бара од Собранието на РМ, по примерот на Албанија и Косово, да донесе Резолуција за поддршка на независноста на покраината. Одлуката, според претседателот на ПДП, Абдулади Вејсели, е донесена на саботниот состанок на Централното претседателство на партијата, ...
ПДП бара од Премиерот и Собранието да се усвои резолуција со која би се поддржала независноста на Косово. „Сметаме дека е потребно како соседна земја Македонија на идната соседна земја Косово да изградиме став за регулирање на тие односи и да го изнесеме нашиот став што очекуваме од тие преговори, ...
Независно Косово за Србија е неприфатливо решение што би било опасен правен преседан, изјави синоќа српскиот претседател Борис Тадиќ. „Србија е подготвена да преговора за идниот статус на покраината врз принципите на меѓународното право, и со респектирање на правата на српскиот и албанскиот народ ...
СЛОВЕНЕЧКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО ПРИШТИНА Словенечкиот претседател Јанез Дрновшек оцени дека Косово во суштина е независна држава, јави МИА. - Меѓународните сили се наоѓаат во провинцијата шест години, но Косово во суштина е независно - рече Дрновшек, укажувајќи дека таму нема српска полиција или војска.
ТИРАНА Албанските народни избраници во петокот попладне со консензус изгласаа резолуција во која се бара целосна независност на Косово. Во резолуцијата се наведува дека парламентот ја поддржува независноста на Косово, што е желба и волја на неговите граѓани.