TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

УНМИК и Реџепи против поделба на Косово според кипарскиот модел

А1 - 09.03.2003

УНМИК и косовскиот премиер Бајрам Реџепи ги отфрлија изјавите на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ за можноста Косово да биде поделено според кипарскиот модел. Диркторот за информирање на УНМИК, Сајмон Хазелок, изјави дека УНМИК е силно против поделбата на Косово.

УНМИК ја пренесува власта на косовската влада

А1 - 08.03.2003

Шефот на УНМИК Михаел Штајнер го објави формирањето на преоден совет, кој ќе претставува средство за пренесување на надлежностите на УНМИК на институциите на косовската Влада. Штајнер на вчерашната заедничка прес-конференција со косовскиот премиер Бајрам Реџепи, информираше дека цел на УНМИК е да ...

Ѓинѓиќ бара Косово да се подели на српски и албански дел

Вест - 08.03.2003

БЕЛГРАД, 8 март (АП) - Прогласувајќи го мултиетничко Косово за "илузија" српскиот премиер вчера изјави дека нестабилната покраина под управата на ОН треба да биде поделена на српски и албански дел. "Сакам Косово да го видам како федерација" од двата дела изјави Ѓинѓиќ за вчерашното издание на ...

Ѓинѓиќ предлага Косово да биде асиметрична федерација

Дневник - 08.03.2003

БЕЛГРАД ВО ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА Српскиот премиер ги спореди апетитите на косовските Албанци за независно Косово со чудовиштето од филмот "Осми патник", кое ги разјадува жртвите однатре Српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ вчера изјави дека сака Косово да се уреди како федерација, поделена на поголем ...

Ѓинѓиќ: „Статусот на Косово е статус на Србија“

А1 - 07.03.2003

Српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ за денешното издание на „Вечерње Новости“ изјави дека „Косово и Метохија се државен приоритет број еден“ и дека „статусот на Косово всушност е статус на Србија“. „Ние не можеме да ја заокружиме државноста на Србија, додека не знаеме каков е статусот на Косово и ...

Али Ахмети маршираше на прославата на ОВК во Приштина

Дневник - 07.03.2003

ЛИДЕРОТ НА ДУИ НА КОСОВО Дојде време Косово да стане независно, порача Агим Чеку главниот командант на КЗК Али Ахмети со дел од раководството на Демократската унија за интеграција пред два дена присуствуваше на прославата на петгодишнината од "херојската смрт на командантот Адем Јашари" во Приштина.

Ахмети барал прагматичен пристап за границата

Утрински - 06.03.2003

Лидерот на ДУИ се врати од партиската посета на Косово Слободанка Јованоновска Подобрувањето на односите меѓу Македонија и Косово било тема на сите разговори што изминатите два дена во Приштина ги водеше лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за време на неговата прва посета во партиско својство на УНМИК и на ...

Штајнер за табличките, Човиќ за блиндираните возила на Србите

Дневник - 06.03.2003

СООБРАЌАЈНИ ПРОБЛЕМИ НА КОСОВО Српскиот вицепремиер Небојша Човиќ завчеравечер му порача на шефот на УНМИК Михаел Штајнер дека Белград и Приштина пред се треба да разговараат за враќањето на 230 илјади бегалци во покраината и за обезбедување на Србите што се на Косово да можат слободно да се ...

Ахмети бара признавање на дипломите од Косовскиот универзитет

Дневник - 06.03.2003

ЛИДЕРОТ НА ДУИ ВО ПРИШТИНА Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, завчера побара решавање на проблемот со признавање на дипломите од Приштинскиот универзитетот со билатерален договор меѓу Косово и Македонија. - Во врска со ова, треба да се воспостави билатерален договор, зашто тоа прашање е и во надлежност на ...

Ахмети за билатерална соработка Македонија - Косово

А1 - 05.03.2003

Делегацијата на ДУИ, предводена од лидерот Али Ахмети, која од вчера престојува во тридневна посета на Косово на покана на шефот на УНМИК Михаел Штајнер, со меѓународниот администратор разговарала за нормализирање на односите меѓу Македонија и Косово, тврди денешен „Факти“ на албански јазик.

Штајнер бара дијалог за ситните проблеми на Косово

Дневник - 05.03.2003

ПОКАНА ОД ПРИШТИНА ДО БЕЛГРАД Меѓународниот цивилен управник на Косово, Михаел Штајнер, во писмо до српската влада побара да почнат директни разговори меѓу српските, косовските и меѓународните власти за решавање низа ситни прашања, јави Ројтерс.

Ахмети, сепак, во мисија да ги помири Скопје и Приштина

Дневник - 05.03.2003

ЛИДЕРОТ НА ДУИ НА КОСОВО Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера допатува на Косово во мисија за подобрување на односите меѓу Приштина и Скопје. - Дојдов овде во рамките на напорите за нормализација на односите меѓу Македонија и Косово, бидејќи стабилноста во регионот ќе помогне во остварувањето на ...

Белград прифаќа дијалог со Приштина

А1 - 04.03.2003

Српската влада ќе го прифати предлогот на цивилниот администратор на Косово Михаел Штајнер за отпочнување официјални разговори на Белград со УНМИК и привремените косовски институции, потврди кабинетот на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Ахмети: „Нормализација на македонско - косовските односи“

А1 - 04.03.2003

„Дојдов овде во рамките на напорите за нормализација на односите меѓу Македонија и Косово, бидејќи стабилноста во регионот ќе помогне во реализацијата на тенденциите од двете страни за интеграција во Европската унија“, изјави денеска во Приштина претседателот на ДУИ Али Ахмети, кој се наоѓа во ...

Ахмети од денеска во дводневна посета на Косово

Утрински - 04.03.2003

Соработка Скопје - Лидерот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска треба да престојува во дводневна работна посета на Косово, на покана на шефот на УНМИК, Михаел Штајнер, е соопштено во Приштина. Освен со Штајнер, Ахмети ќе има средби и со претставници на највисокото косовско ...

Али Ахмети на Косово

Утрински - 04.03.2003

Регион Драган Николиќ Според информациите од Брисел, меѓународната заедница повеќе не смета на лабава унија на Косово со Србија и Црна Гора, но ни на независност на Косово како можно решение во догледно време. Косово во Уставната повелба е во состав на Србија затоа што е во состав на Србија и во ...

Директен дијалог меѓу Белград и Приштина

Утрински - 04.03.2003

Најава на Михаел Штајнер ПРИШТИНА - Шефот на УНМИК, Михаел Штајнер, вчера најави дека во текот на идната седмица во Приштина ќе допатува повеќечлена делегација на српската Влада, со цел отпочување директен дијалог на Белград со официјалните претставници на институциите во Косово.

Гранатирана полициска станица на УНМИК во Митровица

Дневник - 04.03.2003

НЕМИРИ НА КОСОВО Рачна бомба прексиноќа била фрлена врз полициска станица на УНМИК во Косовска Митровица, при што биле оштетени три полициски возила и едно приватно возило, јави Макфакс. Нападнатата станица била во северниот дел на градот, населен претежно со Срби.

Фрлена рачна бомба врз полициска станица на УНМИК

А1 - 03.03.2003

Три полициски возила и едно приватно се оштетени синоќа околу 22,30 часот, како последица на експлозија на бомба која била фрлена на полициската станица на УНМИК во северниот дел на Косовска Митровица, потврди Цивилната мисија на ОН на Косово.

Штајнер предлага дијалог Белград - Приштина за „практични прашања“

А1 - 03.03.2003

Шефот на УНМИК Михаел Штајнер ги повика српските власти идната недела во Приштина на прва рунда официјални разговори со претставници на УНМИК и привремените институции на Косово посветени на „практични прашања од интерес на двете страни“, додавајќи оти се уште е рано да се отворат разговори за ...

„Стандарди пред статус“ е пораката на Ахмети за Приштина

А1 - 03.03.2003

„Стандарди пред статус“ е пораката која утре од Македонија на Косово ја носи лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој патува во дводневна посета на Приштина. Таму ќе разговара со првите луѓе на УНМИК, но и со привремените косовски власти - претседателот Ругова, премиерот Реџепи, спикерот Даци, со лидерите ...

Во јули Белград и Приштина ќе почнат преговори за Косово

Дневник - 03.03.2003

ВЕСНИКОТ "ЗЕРИ" НАЈАВУВА Преговори за односите меѓу Белград и Приштина ќе почнат во јули, јави МИА, пренесувајќи извештај на приштинскиот весник "Зери". Весникот, повикувајќи се на анонимни извори, објави дека во тек се подготовки за првите средби меѓу претставници на белградските власти и лидерите ...