TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СДСМ му поднесе тужба на Котевски за клевета

Утрински - 22.12.2007

Социјалдемократите вчера поднесоа кривична тужба за клевета против Иво Котевски, портпарол на МВР, поради неговата изјава дека потпретседателот на СДСМ, Јани Макрадули, доставил празен лист во Министерството. „Дали ваквата изјава на Котевски е резултат на нервоза, затоа што дел од нашето барање до ...

СДСМ го тужи Иво Котевски

Дневник - 22.12.2007

СДСМ поднесе кривична тужба за клевета против помошник-министерот во МВР, Иво Котевски, бидејќи изјавил дека нивниот потпретседател Јани Макрадули во архивата на МВР доставил празен лист. Макрадули од МВР побара да испита зошто директорот на УБК Сашо Мијалков девет месеци откако стапил на функција ...

Двојни антикорупциски аршини на власта

Утрински - 21.12.2007

ЕДИТОРИЈАЛ СВЕТЛАНА УНКОВСКА Повеќе од една недела јавноста е преокупирана со случајот „Мијалков“, односно со тоа дали има или нема случај. Портпаролот на СДСМ, Јани Макрадули, во изминатава седмица постојано бараше да му се одговори на прашањата зошто не се поведува постапка за испитување на ...

Макрадули ќе го тужи Котевски

Време - 20.12.2007

ПРЕПУКУВАЊА Јани Макрадули најави дека ќе поднесе кривична пријава за навреда и клевета против портпаролот на МВР Иво Котевски, заради, како што тврди, изнесените невистини и манипулација со јавноста во врска со случајот на берзанските акции на директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Портпаролот на МВР заработи тужба од Макрадули

Утрински - 20.12.2007

„Листот на кој укажуваме каде е прекршен Законот за спречување на корупцијата не е празен, но кога гледате со вмровски очила, не можете да го видите криминалот на актуелните функционери“, реагираше потпретседателот на СДСМ, Јани Макрадули, на тврдењето и на министерката за внатрешни работи, Гордана ...

Функционерите мора да поднесат сметка и за акциите

Утрински - 20.12.2007

Дали пошироката јавност треба да знае во кои компании функционерите поседуваат акции На функционерите не може да им се забрани да тргуваат со акции додека извршуваат некоја јавна функција, бидејќи тоа е нивно граѓанско право КАТИЦА ЧАНГОВА МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Избраните и именуваните функционери мора ...

Макрадули го тужи Котевски

Вечер Прес - 20.12.2007

Потпретседателот на СДСМ, Јани Макрадули, вчера најави дека ќе поднесе приватна кривична пријава за навреда и клевета против портпаролот на МВР Иво Котевски. Според него, Котевски изнел груби невистини и лаги и манипулирал со јавноста, кога информираше дека наместо докази за криминалот на ...

Макрадули поднесе барање за кривични пријави

Време - 19.12.2007

ЗА СЛУЧАЈОТ „МИЈАЛКОВ“ Јани Макрадули, потпретседател на СДСМ, во МВР вчера достави документи со барање за поднесување кривични пријави против Мирјана Димовска, претседателка на антикорупциската комисија, и Горан Трајковски директор на Управата за јавни приходи за непостапување согласно со законот ...

Макрадули вината на Мијалков ја докажува со исечоци од весници

Вест - 19.12.2007

СДСМ ГИ ДОСТАВИ ДОКАЗИТЕ ДО МВР ПРОТИВ ДИРЕКТОРОТ НА УБК Потпретседателот на СДСМ Јани Макрадули, денеска, во архивата на Министерството за внатрешни работи ги достави доказите за прекршување на неколку члена на Законот за спречување на корупција за случајот со Сашо Мијалков.

Макрадули достави докази во МВР, Јанкуловска вели дека тоа бил празен лист хартија

Утрински - 19.12.2007

Случај „Изгледа дека Макрадули дел од документите заборавил во партискиот штаб“, вели Јанкуловска Случајот на Сашо Мијалков се заплеткува во меѓупартиската битка СВЕТЛАНА УНКОВСКА Потпретседателот на СДСМ Јани Макрадули се одзва на барањето на министерката Гордана Јанкуловска и до МВР, како што ...

Анкетниот лист на Мијалков стаса на пријавница во МВР

Дневник - 19.12.2007

Потпретседателот на СДСМ, Јани Макрадули, вчера на пријавницата на МВР го достави анкетниот лист и исечоци од весници како доказ дека директорот на УБК, Сашо Мијалков, ја пријавил својата имотна состојба 9 месеци по законски одредениот рок.

Макрадули ќе го тужи портпалот на МВР Котевски за навреда и клевета против

Канал5 - 19.12.2007

Потпретседателот на СДСМ Јани Макрадули ќе поднесе приватна кривична тужба за навреда и клевета против полицискиот портпарол Котевски. Потпретседателот на СДСМ Јани Макрадули ќе поднесе приватна кривична тужба за навреда и клевета против полицискиот портпарол Котевски.

Драмолетката со Мијалков продолжи

Вечер Прес - 19.12.2007

Како единствени докази се доставени Анкетниот лист пополнет од директорот, што е јавен документ, и извадоци од дневните весници, велат од МВР Драмолетката за директорот на Управата за безбедност и контаразузнавање, Сашо Мијалков, во режија на потпретседателот на СДСМ, Јани Макрадули продолжи и ...

МВР: Макрадули нуди панаѓурски афери за Мијалков

А1 - 18.12.2007

МВР го обвинува потпретседателот на СДСМ, Јани Макрадули, дека наместо докази, нуди панаѓурски афери во врска со директорот на УБК Сашо Мијалков. Затоа, според нив, тој не ги доставил и лично, туку на портирница, документите за кои прашуваше како Мијалков пред половина година во анкетниот лист ...

СДСМ бара државата да постапува спрема Мијалков како и кон сите други

Утрински - 18.12.2007

Власта во изминативе 16 месеци ги штити своите функционери, вели Макрадули Сашо Мијалков тврди дека финансиската состојба наведена во анкетниот лист се однесува и е остварена до доаѓањето на сегашната функција СВЕТЛАНА УНКОВСКА „Управата за јавни приходи да го испита потеклото на имотот на ...

МВР го чека Макрадули

Дневник - 18.12.2007

Четврти ден очекуваме каква било пријава од „откривачот на афери“ Јани Макрадули, реагира вчера МВР. Од таму велат дека засега за неговите тврдења оти директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, ја злоупотребувал опремата за прислушување за да прибави доверливи ...

Мора да се знае каде и колку акции имаат функционерите

Дневник - 18.12.2007

Во анкетните листови ниеден од избраните и именувани функционери не објавил каде има акции Избраните и назначени функционери се должни да пријават не само колку акции имаат, туку и нивната вредност, во која фирма ги поседуваат посочените акции, како и поврзаност со други фирми, тврдат поранешни ...

По четири дена јавни прозивки СДСМ отиде во министерството за внатрешни работи

Канал5 - 18.12.2007

СДСМ бара од полицијата да поднесе кривични на директорот на УЈП Трајковски и на антикорупционерката Димовска за случајот Мијалков зашто го прекршиле законот за спречување корупција – МВР тврди дека нема да постапува зашто Макрадули не поднел пријава.

Од каде му се парите на Мијалков

Вечер Прес - 18.12.2007

По обелоденувањето на неспорниот факт дека директорот на УБК Сашо Мијалков цели девет месеци не го пополнил анкетниот лист, јасно е дека власта ги штити сопствените функционери, обвини вчера СДСМ. Доказ за тоа, според партијата, е тоа што иако Мијалков во својот анкетен лист навел имот во вкупна ...

СДСМ: Државните институции да го испитаат Мијалков

А1 - 17.12.2007

Министерката Јанкуловска, директорот на УЈП Горан Трајковски и претседателката на Антикорупциската комисија Димовска, имаат законска обврска да го проверат потеклото на имотот на шефот на контраразузнавачите Сашо Мијалков, велат во СДСМ.

СДСМ сака да ме спречи во борбата против криминалот

Време - 17.12.2007

САШО МИЈАЛКОВ ВОЗВРАЌА НА ОБВИНУВАЊАТА Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков одговори на обвинувањата од страна на СДСМ дека неговиот личен имот е во размери што се недостижни за повеќето граѓани, како и на обвинувањата дека ја злоупотребува положбата за да се ...

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за претседателката на Антикорупциската комисија

Вест - 17.12.2007

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за непостапување против претседателката на Антикорупциската комисија Мирјана Димовска, која не презела ништо за недоставувањето на анкетниот лист на директорот на УБК Сашо Мијалков. Партијата отворено се сомнева дека Мијалков тоа го сторил од криминални мотиви, ...

Владата му најави тужба на Макрадули

Време - 17.12.2007

Потпретседателот на СДСМ Јани Макрадули и неговата партија ќе добијат кривични пријави затоа што јавно го обвинија директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков дека ги злоупотребил овластувањата за да дојде до информации со кои заработил пари на берза.

СДСМ бара одговори за Мијалков, владата се заканува со кривични пријава

Утрински - 17.12.2007

СДСМ ќе поднесе кривична пријава против претседателката на Антикорупциска комисија СВЕТЛАНА УНКОВСКА Јавноста веќе трет ден е без вистинските одговори на прашањата кои СДСМ ги упати до Управата за јавни приходи и до Антикорупциската комисија, реагираа и вчера социјалдемократите.

СДСМ нема да ме запре во борбата против криминалот

Дневник - 17.12.2007

Немам што да кријам, се' што имам заработив макотрпно и се гордеам со постигнатиот успех,велиСашо Мијалков Власта и опозицијата три дена „бијат битка“ за имотната состојба на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.Потпретседателот на СДСМ Јани Макрадули го обвини ...

И државната Антикорупциска комисија писмено се огласи за случајот Мијалков

Канал5 - 17.12.2007

Управата за јавни приходи има законска обврска да го испита потеклото на имотот на Мијалков – СДСМ денеска го цитираше членот 37 од законот за спречување на корупцијата според кој ако именуван функционер доцни со пополнување на анкетниот лист управата има законска обврска да испита од каде му се ...

Управата за јавни приходи се огласи по прозивките на СДСМ за директорот на УБК

Канал5 - 17.12.2007

Повиканиот директор на УЈП, Горан Трајковски со соопштение се огласи за сомнежите на СДСМ дека Сашо Мијалков од УБК ја искористил директорската позиција во полицијата за да заработи 300 илјади евра во акции на берзата. Повиканиот директор на УЈП, Горан Трајковски со соопштение се огласи за ...

УЈП: СДСМ клевети!

Вечер Прес - 17.12.2007

Управата за јавни приходи ги отфрли како неосновани наводите на СДСМ дека УЈП не си ја завршила работата во случајот со директорот на ДБК, Сашо Мијалков. Во вчерашното писменото соопштение, Управата тврди дека постапува во согласност со своите надлежности.