TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Арамија украл часовници вредни 7.000 евра

Време - 12.11.2004

БИТ-ПАЗАР Крадец провалил во канцеларии на приватна фирма и украл 200 рачни часовници и компјутер вредни повеќе од 400.000 денари, во ноќта меѓу вторникот и средата, информира МВР. Кражбата се случила во канцелариите на претпријатието „Манекс“, лоцирани на улицата 164, во непосредна близина на ...

Стружанец украл 1,5 килограм злато

Време - 12.11.2004

ОД СЕМЕЈНА КУЌА Струшки крадец начекал отклучена врата од семејна куќа во Струга и украл големо количество златен накит, вреден околу 10.000 евра, завчеравечер. Според информациите на струшките полицајци, кражбата се случила во средата меѓу 8 и 22 часот, во семејна куќа сопственост на Љ. К. (56).

Крадец украл 10.000 евра

Време - 12.11.2004

ГАЗИ БАБА Провалник обил семејна куќа и украл голема сума девизи и денари, завчера попладне, соопшти полицијата. Кражбата се случила во средата меѓу 17 и 19 часот во куќата сопственост на скопјанецот М.З., која се наоѓа на улицата Среќко Пужалка, во скопската населба Гази Баба.

Арамија од Србија украл камера од Австриец

Дневник - 12.11.2004

КРУШЕВО Арамија од Србија и Црна Гора украл камера од Австриец, во хотелот "Монтана" во Крушево, а потоа самиот се пријавил во полицијата, информираше МВР. Според полицијата, станува збор за Л.Б. (19), од СЦГ, кој во септември годинава, во дискотеката во хотелот "Монтана" украл видеокамера од ...

Арамија украл сеф, во кој имало 10.000 евра

Време - 10.11.2004

СКОПЈЕ Арамија начекал отворен прозор и од канцеларија на приватна фирма украл 40.000 денари и метален сеф со 10.000 евра, соопшти полицијата. Според информациите на полицајците од полициската станица „Беко“, кражбата се случила во понеделникот меѓу 18 и 19.30 часот во автомобилскиот салон на ...

Провалник украл девизи и злато од стан

Време - 10.11.2004

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Арамија провалил во стан во скопската населба Ѓорче Петров и украл девизи и златен накит вредни околу 4.000 евра, соопшти полицијата. Кражбата се случила во понеделникот меѓу 18.30 и 19.30 часот во стан сопственост на скопјанецот Б. А., кој се наоѓа на улицата Шидска.

Од стан украдени 11.000 евра

Време - 09.11.2004

ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Арамија насилно провалил во стан и украл поголема сума девизи во вредност од 11.000 евра, соопшти полицијата. Според скопските полицајци, кражбата се случила завчера меѓу 10.30 и 12 часот во стан сопственост на скопјанката Р.П.