Турците, Ромите, Србите, Власите и Бошњаците не се откажуваат од барањето за гарантирани пратенички места за заедниците, иако тоа не беше договорено на завчерашната лидерска средба како дел од измените што треба да влезат во изборниот законик.
Македонија е земја во која со генерации и генерации, заедно, едни покрај други, но и едни со други, живеат различни етнички и религиозни групи. Нашите градови биле и се реално богатство во смисла на различните културни карактеристики на сите етнички и религиозни групи.
Македонија сака да добие позитивна оценка од Брисел. Лидерите манифестираа зрелост и договорија измени во изборната регулатива и цензус од 40 проценти за избор на претседател. Прашањето за загарантирани места за помалите етнички заедници одложено, но од ова ниту тие, ниту Груевски не се откажуваат.
Договорот на партиските лидери за намалување на цензусот за избор на претседател од 50 на 40 отсто, до крајот на неделава се очекува да помине на Владина седница, а во вторник ќе се разгледува и на собраниска седница.
Револтот поради одложувањето на прашањето за загарантираните квоти, и по вчерашната лидерска средба, пратениците на помалите етнички заедници денеска го насочија против лидерот на ДУИ Ахмети.
Измените на Изборниот законик со кои ќе се овозможи помалите етнички заедници да добијат 10 загарантирани пратенички места не смее да се сведат на пазар и политички надмудрувања помеѓу Албанците, од една , и Македонците и другите заедници, од друга страна.
Сериозна политичка криза најавува Демократската унија за интеграција доколку ВМРО-ДПМНЕ инсистира со изборниот законик да се гарантираат десет пратенички места за помалите етнички заедници.
Таканаречените „мали малцинства“ можат да станат ново отворено прашање за Македонија, во очекување позитивен извештај од Европската комисија во почетокот на ноември.
ВМРО-ДПМНЕ предлага нов изборен законик, во кој повторно се предлагаат загарантирани пратенички места, во зависност од големината на етничката заедница. - Ако сакаат вистински реформи и вистински загарантирани места за етничките заедници, нека направат една изборна единица.
ДНЕВНИК: ДУИ се уплаши од малите етнички заедници Сериозна политичка криза најавува Демократската унија за интеграција доколку ВМРО-ДПМНЕ инсистира со изборниот законик да се гарантираат десет пратенички места за помалите етнички заедници.