TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Војна за гарантираните места за пратениците од заедниците

Н.Македонија - 09.10.2008

Турците, Ромите, Србите, Власите и Бошњаците не се откажуваат од барањето за гарантирани пратенички места за заедниците, иако тоа не беше договорено на завчерашната лидерска средба како дел од измените што треба да влезат во изборниот законик.

Македонија како позитивен пример

Н.Македонија - 09.10.2008

Македонија е земја во која со генерации и генерации, заедно, едни покрај други, но и едни со други, живеат различни етнички и религиозни групи. Нашите градови биле и се реално богатство во смисла на различните културни карактеристики на сите етнички и религиозни групи.

Етнички заедници разочарани и од Фуере

А1 - 08.10.2008

Македонија сака да добие позитивна оценка од Брисел. Лидерите манифестираа зрелост и договорија измени во изборната регулатива и цензус од 40 проценти за избор на претседател. Прашањето за загарантирани места за помалите етнички заедници одложено, но од ова ниту тие, ниту Груевски не се откажуваат.

Малите заедници незадоволни што нема да им се гарантираат места во Собранието

Алсат-М - 08.10.2008

Договорот на партиските лидери за намалување на цензусот за избор на претседател од 50 на 40 отсто, до крајот на неделава се очекува да помине на Владина седница, а во вторник ќе се разгледува и на собраниска седница.

Револтот поради квотите помалите заедници го насочија кон Ахмети

Канал5 - 08.10.2008

Револтот поради одложувањето на прашањето за загарантираните квоти, и по вчерашната лидерска средба, пратениците на помалите етнички заедници денеска го насочија против лидерот на ДУИ Ахмети.

Загарантиран пазар

Дневник - 07.10.2008

Измените на Изборниот законик со кои ќе се овозможи помалите етнички заедници да добијат 10 загарантирани пратенички места не смее да се сведат на пазар и политички надмудрувања помеѓу Албанците, од една , и Македонците и другите заедници, од друга страна.

ДУИ се уплаши од малите етнички заедници

Дневник - 06.10.2008

Сериозна политичка криза најавува Демократската унија за интеграција доколку ВМРО-ДПМНЕ инсистира со изборниот законик да се гарантираат десет пратенички места за помалите етнички заедници.

Грците ни прават проблем и од „малите малцинства“

Н.Македонија - 06.10.2008

Таканаречените „мали малцинства“ можат да станат ново отворено прашање за Македонија, во очекување позитивен извештај од Европската комисија во почетокот на ноември.

Рахиќ: Една изборна единица ќе ги зајакне помалите заедници

Н.Македонија - 06.10.2008

ВМРО-ДПМНЕ предлага нов изборен законик, во кој повторно се предлагаат загарантирани пратенички места, во зависност од големината на етничката заедница. - Ако сакаат вистински реформи и вистински загарантирани места за етничките заедници, нека направат една изборна единица.

ДНЕВНИК: ДУИ се уплаши од малите етнички заедници

Нетпрес - 06.10.2008

ДНЕВНИК: ДУИ се уплаши од малите етнички заедници Сериозна политичка криза најавува Демократската унија за интеграција доколку ВМРО-ДПМНЕ инсистира со изборниот законик да се гарантираат десет пратенички места за помалите етнички заедници.