TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Договорот Груевски-Ахмети неприфатлив за ДПА

А1 - 03.06.2007

Договорот Ахмети-Груевски не е прифатлив за владината ДПА. Причина, според оваа партија е дека договорот е насочен против албанските интереси, особено решенијата за борците за ОНА, за кој Ахмети се откажа од барањето за посебен закон, како и прашањето за јазикот каде, според ДПА, лидерот на ДУИ ...

Тито: Груевски да ја спроведе спогодбата со Ахмети

Вест - 02.06.2007

Лидерот на НСДП Тито Петковски вчера го поддржа договорот на премиерот Никола Груевски со Али Ахмети за враќање на пратениците на ДУИ во Собранието. "Не е битно дали ние ќе потпишеме некој документ, но битно е дали ние ќе стоиме како сериозни политичари зад тоа што сме го договарале во четири очи и ...

НСДП бара да се вклучи во договорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Време - 02.06.2007

И ПАРТИЈАТА НА ПЕТКОВСКИ БАРА ДА ГО ЅИРНЕ ДОГОВОРОТ И партијата на Тито Петковски вчера побара да биде вклучена во разговорите што ги водат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Лидерот на НСДП, Петковски, вели дека како партиципиенти во Владата мора да бидат во тек за она за што се договараат политичките партии.

Зошто кој лаже, тој и краде, спие во Собрание и има пари

Време - 02.06.2007

Пишува: Зоран Андоновски Лагата на голема врата влезе во Македонија, во речникот на политичарите, во весниците, во Собранието. Секој секого неделава што измина обвини за лажење. Тачи дека Груевски го лажел (добро де, дека не го информирал) за преговорите со ДУИ.

За Тито Петковски не е важно дали има потписи на договорот Груевски - Ахмети

Утрински - 02.06.2007

Лидерот на НСДП изјави дека во светската политика не било многу битно дали ќе се потпишете на некој документ Коалицискиот партнер во Владата, Тито Петковски, лидер на НСДП, вчера изјави дека сосема е неважно дали договорот меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, кој предизвика контроверзии во ...

Кокошкини кругови во политиката

Дневник - 02.06.2007

Со инсистирањето на „недостиг од потпис“, премиерот навестува дека е во сосема лабава коалиција со желбата за спроведување на договорот, а тоа може да произведе нови причини за недоразбирање Распламтените расправи по постигнатиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги покажуваат темелните грешки на една ...

Во чест на Куросава

Дневник - 02.06.2007

Во демократијата не само што секој има право на свое мислење туку и право на самозалажување во своето толкување на вистината Ќе падне ли сега тиражот на весниците и гледаноста на ТВ-станиците, откако Никола Груевски не ставил потпис во никаков документ што го бараше ДУИ, ама сепак се договорил со ...

СДСМ не сака да спроведува туѓи договори

Дневник - 02.06.2007

Неизвесно е дали ќе продолжат разговорите, бидејќи парламентарните партии имаат различно видување за институционализирањето на дијалогот, кој досега се водеше меѓу две партии СДСМ не го прифаќа местото во Комитетот за односи меѓу заедниците што е договорено меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот ...

Во дијалогот да учествуваат сите собраниски партии

Вечер Прес - 02.06.2007

ВМРО-ДПМНЕ бара продолжување на дијалогот за отворените прашања преку работни групи со сите партии во Парламентот. ДУИ се противи, а СДСМ бара изземање на Влаинката Кипаризовска-Крстевска од меѓуетничкиот комитет ВМРО-ДПМНЕ ќе побара сите парламентарни политички партии да делегираат свои ...

Ахмети му возвраќа на Груевски со набројување на точките од договорот

А1 - 01.06.2007

Продолжуваат различните толкувања на договорот Ахмети-Груевски. Додека Премиерот неколку пати рече дека лидерот на ДУИ лаже, овој пак, му возвраќа со набројување на точките од постигнатиот договор. Меѓу нив е и таа за правата на борците на ОНА, што сега ќе се реши во рамките на постоечките закони ...

Со јазикот и со влада со Бадентерово мнозинство се прекршува рамковниот

Време - 01.06.2007

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ Со посебен закон за јазици ќе се прекрши охридскиот договор. Евентуален избор на влада со Бадентерово мнозинство води кон федерализација. Социјален пакет за жртвите од конфликтот е вообичаена работа во сите општества што излегле од војна.

Шеќеринска: Груевски лаже

Вест - 01.06.2007

СДСМ ГО ОБЈАВИ ДОГОВОРОТ НА ПРЕМИЕРОТ И ДУИ Премиерот Никола Груевски тврди дека документот со кој мавта СДСМ не е договор туку записник од текот на разговорите, кој не е потпишан и нема тежина Лидерот на СДСМ Радмила Шеќеринска вчера во Собрание го објави договорот постигнат во вторник меѓу ...

Гласањето во Собранието ќе открие што договориле Груевски и Ахмети

Утрински - 01.06.2007

Експертите толкуваат дека окончувањето на политичкиот дијалог и враќањето на ДУИ е разумно решение КАТИЦА ЧАНГОВА Што договориле Никола Груевски и Али Ахмети не може да остане тајна. Расправите и гласањето во Собранието за Бадинтеровите закони ќе покаже што договориле ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и дали има ...

Шекеринска и Груевски се обвинуваа кој ја лаже јавностa

Утрински - 01.06.2007

Лидерката на СДСМ го обвини премиерот дека излажал за договорот со ДУИ, а тој и' возврати дека лажењето е манир на Црвенковски ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Лидерката на СДСМ, Радмила Шекеринска, вчера во Собранието директно го обвини премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека тој ги ...

Институциите се местото за политички дијалог

Дневник - 01.06.2007

Преговорите што премиерот Никола Груевски ги водеше со ДУИ надвор од институциите значат поддршка на барањето за избор на влада според Бадентеровиот принцип, оценува Талески Преговорите што премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги водеше со ДУИ надвор од институциите значат поддршка на ...

Договор или необврзувачки записник?

Дневник - 01.06.2007

Документ или само необврзувачки записник е договореното меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети, остана неразјаснето и по вчерашната собраниска седница за пратенички прашања. Претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, покажувајќи документ, го обвини премиерот дека ја лаже ...

На ред се јазикот и помош за жртвите од конфликтот

Дневник - 01.06.2007

Според ДУИ, материјална поддршка ќе треба да се обезбеди за околу 200 жртви на конфликтот Две работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ веќе идната недела ќе работат на усогласување на третата и на четвртата точка од договорот - обезбедување материјална поддршка за жртвите од конфликтот во 2001 година и ...

Груевски: Нема документ, тоа е некаков записник

Вечер Прес - 01.06.2007

Во секоја нормална држава зборот на премиерот важи повеќе од потпис, смета Радмила Шекеринска, лидерка на СДСМ Лидерката на СДСМ Радмила Шекеринска, вчера во парламентот, го обзнани "тајниот" договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, во кој во 5 точки е објаснето за што се усогласиле двете партии како услов ...

Шеќеринска и Груевски се обвинуваа кој лаже

А1 - 31.05.2007

Пратеничките прашања стартуваа со полемиката Шеќеринска-Груевски околу договорот ВМРО-ДУИ. Премиерот и денеска тврдеше дека нема никаков потпишан документ, Шеќеринска дека Груевски не ја кажува вистината. „Како може, Претседателот на Влада на РМ да лаже пред македонските граѓани.

Опозицијата бара Груевски да го објави договорот со Ахмети

Вест - 31.05.2007

ПРАТЕНИЦИТЕ НА ДУИ СЕ ВРАТИЈА ВО СОБРАНИСКИТЕ КЛУПИ Спикерот на Собранието Љубиша Георгиевски ќе му го пренесе барањето на опозицијата на премиерот Никола Груевски за објавување на договорот со ДУИ Спикерот на Собранието Љубиша Георгиевски вчера и вети на опозицијата дека ќе му го пренесе на ...

Сите го бараат договорот Ахмети – Груевски

Време - 31.05.2007

ДУИ ВЛЕЗЕ ВО ПАРЛАМЕНТОТ Сите партии во парламентот го бараа договорот што пред два дена го постигнаа Груевски и Ахмети, по што пратениците на ДУИ вчера се вратија во Собранието по четиримесечно отсуство. Да се обелодени договорот бараше не само опозицијата, туку и владејачките ДПА, НСДП и ДОМ.

Солана_ Договорот со ДУИ е важен чекор во вистински правец

Утрински - 31.05.2007

Брисел - Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Хавиер Солана, во соопштението до јавноста го поздрави договорот постигнат меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. „ Го поздравувам постигнатиот договор меѓу премиерот Никола Груевски и ...

Сите бараат Груевски да обелодени што договорил со Ахмети

Утрински - 31.05.2007

СДСМ, ЛДП, ДПА, НСДП, ЛП, ДОМ, ПЕИ, бараат да се тргне мистериозноста од документот испишан само на англиски јазик ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА По четиримесечно отсуство, ДУИ вчера се врати во Собранието, но за опозицијата и за владините коалициски партнери остана дилемата: која е цената што ја платил ...

Вештачка политичка криза

Утрински - 31.05.2007

Мислења ЕРМИРА МЕХМЕТИ ДПА произведува вештачки кризи за да ги прикрие слабостите и недостигот од капацитет да биде дел од власта Минатиот викенд ДПА ни приреди вештачка криза, најавувајќи дека „ја напушта владината коалиција“.

Шекеринска_ ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ прават ревизија на Охридскиот договор

Утрински - 31.05.2007

Со постигнатиот таен договор меѓу ВМРО - ДПМНЕ и ДУИ, за кој ВМРО - ДПМНЕ тврди дека не постои, а во кој, меѓу другите, се апсоливирани прашања како што е функционирањето на Комитетот за односи меѓу заедниците и списокот на закони што ќе се носат со Бадинтерово мнозинство, се прави ревизија на ...

Груевски тврди дека ДУИ лаже оти е потпишан договор

Утрински - 31.05.2007

СТРУГА – „Нема потпишан документ со ДУИ , туку е постигната усна согласност за донесување на 46 закони со Бадинтерово мнозинство и дека ќе ги продолжиме разговорите“, рече вчера во Струга премиерот Никола Груевски, демантирајќи ги информаците дека потпишал согласност за донесување закон за ...

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го затскриваат договорот

Дневник - 31.05.2007

Опозицијата обвини дека Никола Груевски и Али Ахмети постигнале нов рамковен договор ДУИ по четиримесечен бојкот вчера се врати во Собранието, а нејзиното тврдење дека постои договор со премиерот Никола Груевски за сите нејзини барања предизвика жестока расправа меѓу пратениците.

Шекеринска: Лоша ревизија на охридскиот договор

Дневник - 31.05.2007

СДСМ не дава бланко-поддршка на договореното меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и инсистира да го добие договорот и на англиски јазик, изјави Радмила Шекеринска , откако нивната пратеничка група ја напушти седницата. - Нашата пратеничка група го напушти само тој дел од седницата.

Солана го поздрави договорот

Дневник - 31.05.2007

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана, го поздрави договорот постигнат меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети . - Го поздравувам постигнатиот договор. Го очекувам враќањето на ДУИ во парламентот, местото каде што избраните претставници ...

Ахмети: На средбата не заземавме став документот да биде објавен

Канал5 - 31.05.2007

Договорот требаше јавно да се обелодени бидејќи секој може да го толкува на свој начин и тоа да создаде конфузија во јавноста, вели лидерот на ДУИ Али АХМЕТИ во интервју за телевизијата „Алсат“. Договорот требаше јавно да се обелодени бидејќи секој може да го толкува на свој начин и тоа да создаде ...

Договорот Груевски – Ахмети главна тема на пратеничките прашања во парламентот

Канал5 - 31.05.2007

Договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е записник од средба. Вака Груевски одговори на прашањето од Шеќеринска која побара објаснување за договорот меѓу двете партии. Договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е записник од средба. Вака Груевски одговори на прашањето од Шеќеринска која побара објаснување за ...

Груевски и Ахмети го ревидираа Рамковниот договор

Вечер Прес - 31.05.2007

Финалниот договор од политичкиот дијалог меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ претставува ревизија на Охридскиот рамковен договор, обвини вчера СДСМ. Претседателката на партијата, Радмила Шекеринска вели дека станува збор за таен договор кој премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети го чуваат далеку ...

Кој ја кажува вистината ?

Вечер Прес - 31.05.2007

- Ниту сум потпишал, ниту ќе потпишам некој договор. Раководството на ДУИ има проблем да им ги објасни своите постапки на членовите, но не е чесно да ги лаже, изјави премиерот Груевски Што им вети ВМРО-ДПМНЕ на ДУИ за да се вратат во парламентот, е прашањето што остана да виси по вчерашната жешка ...

ДУИ се врати во Собранието, договорот со ВМРО останува тајна

А1 - 30.05.2007

ДУИ се врати во Парламентот и со себе ги донесе петте точки од договорот меѓу Груевски и Ахмети. Листа со 46 закони кои ќе се гласаат со двојно мнозинство, рекомпонирање на составот на Комитетот за меѓуетнички односи. Но, не се откажуваат од тврдењето дека писмениот документ има уште точки.

Договорот ВМРО-ДУИ различно се толкува во јавноста

А1 - 30.05.2007

Договорот ВМРО-ДУИ различно се толкува во јавноста. Но, главните актери во дијалогот во едно се согласни - нема потпишан документ. Груевски тврди, со ДУИ постигнавме устен договор единствено за списокот бадентерови закони кои ќе се дефинираат со новиот собраниски деловник, промената во ...

Солана го поздрави договорот меѓу Груевски и Ахмети

А1 - 30.05.2007

Хавиер Солана, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, во Брисел го поздрави договорот постигнат помеѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Очекувам, вели Солана, брзо да се вратат во Парламентот каде нивните избрани претставници би ги промовирале ставовите и ...

Заврши дијалогот, ДУИ се враќа во Собранието

Вест - 30.05.2007

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ вчера го завршија политичкиот дијалог со заедничка позитивна оценка за резултатот од преговорите. Лидерите на двете партии Никола Груевски и Али Ахмети и нивните сопартијци разговарале за вкупно 46 закони, како и за Комитетот ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ вчера го завршија политичкиот дијалог ...

ДУИ се враќа во Собранието

Време - 30.05.2007

ПО ВЧЕРАШНАТА СРЕДБА ГРУЕВСКИ – АХМЕТИ Пратениците од ДУИ ќе се вратат во Собранието. Со Бадентерово мнозинство ќе се гласаат 46 закони, а Комитетот за меѓуетнички релации ќе брои уште еден член од СДСМ на сметка на ВМРО - ДПМНЕ.

САД и ЕУ го поздравија договорот за политички дијалог

Утрински - 30.05.2007

ЕУ и САД го поздравија договорот во однос на политичкиот дијалог меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со очекување ДУИ поскоро да се врати во парламентот. „Мисијата на ЕУ во Скопје и американската амбасада во Скопје го поздравуваат договорот во однос на политичкиот дијалог постигнат меѓу партиите ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ...

Груевски се исплаши од Тачи

Утрински - 30.05.2007

ЕДИТОРИЈАЛ ЕРОЛ РИЗАОВ Никола Груевски се исплаши од Мендух Тачи. Цели три дена изгледа вознемирено, конфузно, нејасно и ја одбегнува јавноста. Изјавите му се оправдувачки и не се на лидерско ниво. Тачи, пак, се исплаши од самиот себе. Грмна на полноќ силно дека ја напушта коалицијата.

Али Ахмети се враќа во парламентот, Мендух Тачи му посакува добредојде

Утрински - 30.05.2007

Не грижете се, нема договор за борците на ОНА, му порачува ВМРО-ДПМНЕ на својот партнер ДПА СОЊА КРАМАРСКА По повеќемесечен бојкот опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) се враќа во парламентот. Финалната средба за договарање се случи вчера на највисоко ниво меѓу лидерот на ДУИ, Али ...

Ахмети ќе реши кога ДУИ ќе се врати во Собранието

Утрински - 30.05.2007

ТЕТОВО - Генералниот совет на ДУИ доцна прексиноќа во присуство на сите пратеници и градоначалници од партијата одлучи сите овластувања во врска со моментните политички случувања да му ги пренесе на лидерот Али Ахмети. Тоа подразбира продолжување на дијалогот со ВМРО-ДПМНЕ до негово финализирање и ...

ДУИ денеска се враќа во Собранието

Дневник - 30.05.2007

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат различни верзии околу прашањата што се регулирани во договорот ДУИ денеска се враќа во Собранието задоволна од постигнатиот договор со ВМРО-ДПМНЕ по четиримесечниот политички дијалог. По вчерашната средба меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети во присуство ...

Договорот поздравен од САД и од ЕУ

Дневник - 30.05.2007

Мисијата на ЕУ во Скопје и американската амбасада во Скопје во заедничка изјава вчера го поздравија договорот од политичкиот дијалог постигнат меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и го оценија како битен за интеграциските процеси на земјата.

Груевски, наспроти ДУИ и понатаму тврди дека документ не постои туку само уснен договор

Канал5 - 30.05.2007

Премиерот негира дека на хартија се ставени договорени прашања за кои разговараше со лидерот на ДУИ. Не постои писмен документ, има само устен договор - за законите кои ќе се носат со бадентер и за комитетот за односи меѓу заедниците- тврди денеска премиерот Груевски.

Пратениците на Ахмети се вратија во собранието

Канал5 - 30.05.2007

Пратениците на Ахмети, по 4 месечен бојкот се вратија во Собранието, откако успеаја нивните барања да ги стават на писмен документ, зад кој стои и ВМРО ДПМНЕ и меѓународната заедница. Опозицијата инсистираше владејачкото мнозинство да го обелодени документот.

ДУИ се враќа во Собранието

Вечер Прес - 30.05.2007

Пратениците од ДУИ, денеска се враќаат во Собранието. Ова следува по позитивниот резултат од вчерашната, последна средба од политичкиот дијалог со ВМРО-ДПМНЕ. По дваесетминутната средба работните групи на двете партии предводени од премиерот Никола Груевски и лидерот на интегративците Али Ахмети, ...

САД и ЕУ го поздравуваат договорот ВМРО-ДУИ

А1 - 29.05.2007

Мисијата на ЕУ и Американската амбасада во Скопје го поздравуваат договорот во однос на политичкиот дијалог постигнат меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Го оценуваат како битен чекор напред во однос на интеграциските процеси на земјата кон ЕУ и НАТО.

ДУИ се враќа во Собранието

А1 - 29.05.2007

ДУИ утре се враќа во Собрание. Ова произлезе по конечниот договор меѓу Груевски и Ахмети. Денеска на кратко се сретнаа и со помош на американците и европејците ги допрецизираа деталите. Потпишување на договор ќе нема, но на хартија се ставени пет точки. А1 ја открива нивната содржина.

Тачи се лути, ама не излегува од Владата

Вест - 29.05.2007

КОАЛИЦИЈА ДПА - ДУИ ПРОТИВ ГРУЕВСКИ По најавите на потпретседателот на ДПА Мендух Тачи дека неговата партија излегува од Владата, ни тој ни премиерот Никола Груевски вчера не сакаа да дадат изјава за медиумите. Премиерот Груевски вчера беше во седиштето на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, но ...

ДУИ: ДПА сака да го амортизира договорот со ВМРО-ДПМНЕ

Вест - 29.05.2007

"Во Македонија не постои политичка криза. Се работи само за обид на Мендух Тачи, заменик - претседателот на ДПА, да го амортизира или да го релативизира политичкиот договор што го постигна ДУИ со ВМРО - ДПМНЕ", изјавија вчера членови на најтесното раководство на ДУИ.

ДПА останува во Владата

Време - 29.05.2007

СЕ СМИРУВА КРИЗАТА ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА ДПА се премисли и реши сепак да остане во владината коалиција по завчерашната средба меѓу премиерот Никола Груевски и заменик-претседателот на ДПА Мендух Тачи. Коалициските партнери успеале да ги надминат разликите.

Попушта владината конструкција

Утрински - 29.05.2007

ЕДИТОРИЈАЛ СОЊА КРАМАРСКА Тамам премиерот Груевски ја смири работата со НСДП, експлодира ДПА. Во Македонија, по се' изгледа, најтешко е да бидеш премиер. Мораш да ги задоволиш и коалициските партнери, и опозицијата, а и народот што те гласал.

Груевски и Тачи молчат, владината криза продолжува

Утрински - 29.05.2007

Притисок од ВМРО-ДПМНЕ врз Груевски да не дозволи раскинување на партнерството со ДПА СОЊА КРАМАРСКА Ниту вчерашниот ден не донесе ништо ново во врска со кризата во владините редови која настапи откако фронтменот на ДПА, Мендух Тачи, јавно се закани дека ќе ја повлече својата партија од Владата на ...

Анмети_ Нема политичка криза, Тачи го релативизира договорот

Утрински - 29.05.2007

ТЕТОВО - „Во Македонија не постои политичка криза, туку Мендух Тачи сака да го амортизира и релативизира постигнатиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“. Овој став пред генералниот совет на ДУИ, во присуство на 75 члена на највисокиот орган во партијата, го изнесе лидерот Али Ахмети на вчерашната ...

СДСМ прашува што договориле Груевски и Тачи

Дневник - 29.05.2007

Последните 48 часа покажаа дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет за водење на државата во клучни моменти, реагираше вчера најголемата опозициона партија, СДСМ. Во соопштението, СДСМ изразува загриженост за последните случувања во владината коалиција кои, според оценката, негативно ќе се одразат ...

Сите се крстат во странците

Дневник - 29.05.2007

Меѓународните претставници присуствуваа на средбите со ВМРО-ДПМНЕ и знаат дека се договоривме за сите прашања од нашата агенда, е одговорот на ДУИ, по изјавата на премиерот Никола Груевски дека е постигнат договор само за листата закони што ќе се гласаат според Бадентеровиот принцип и за Комитетот ...

ДПА останува во Владата

Дневник - 29.05.2007

Претходно Тачи и Груевски ќе бараат решенија за прашања што се битни за ДПА, а досега биле запоставени ДПА останува дел од владината коалиција, но се бара начин како тоа да се „спакува“ пред јавноста по жестоката закана на заменик-претседателот Мендух Тачи дека неговата партија ќе излезе од Владата.

Мисијата на ЕУ и американската амбасада го поздравуваат постигнатиот договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Канал5 - 29.05.2007

Мисијата на ЕУ и американската амбасада го поздравуваат постигнатиот договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и го оценуваат како битен чекор напред кон евроатланските интеграции на земјата. Мисијата на ЕУ и американската амбасада го поздравуваат постигнатиот договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и го оценуваат ...

Ахмети ќе го има последниот збор за враќањето на ДУИ во Собранието

Канал5 - 29.05.2007

Централниот одбор на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на денешниот состанок кој се одржа во партиското седиште во Мала Речица, Тетово, одлучи лидерот на партијата Али Ахмети, да ја донесе последната одлука за финализирањето на договорот со ВМРО – ДПМНЕ и нивното враќање во собранието.

Затвори ја вратата, да не гледаат комшиите

Вечер Прес - 29.05.2007

Има неколку објективни околности за спорадичните кавги во владејачката колација: Новитесоцијалдемократи се нова, се уште недефинирана партија, па и меѓу себе не се навикнати на мир и соживот, а камоли со останатите. Мендух Тачи доби сложена мисија, со отсуство на формалниот лидер - да ја води ...

ДУИ: Ахмети ќе каже кога партијата ќе се врати во Собранието

А1 - 28.05.2007

Али Ахмети, претседателот на ДУИ, ќе го каже конечното да, кога партијата ќе се врати во Собранието. Оваа одговорност, според изјавата дадена по седницата, му ја пренел Генералниот совет на партијата по тричасовното заседавање во Мала Речица.

По бурниот викенд молк во ВМРО-ДПМНЕ и ДПА

А1 - 28.05.2007

По дијалогот со ДУИ, сега Груевски преговара со ДПА. Но средбите се одржуваат тајно, тие се продолжение на вчерашната средба Груевски-Тачи, кои се договорија, барем засега да не ја растурат владината коалиција. Денешнава средба ја потврдија извори од ДПА, но за чудо, премиерот негира.

Тачи: Имавме некултурна комуникација со ВМРО-ДПМНЕ

Вест - 28.05.2007

ДПА ЈА НАПУШТА ВЛАДАТА Мендух Тачи завчера најави дека ДПА ја напушта владината коалиција поради лошата комуникација со ВМРО-ДПМНЕ. "Се договаравме со господинот Џафери, донесовме одлука дефинитивно да излеземе од владината коалиција.

Што ќе прави Груевски: малцинска влада, ново мнозинство, предвремени избори...?

Време - 28.05.2007

ДПА ЈА НАПУШТИ ВЛАДАТА Мери Јордановска Одлуката на ДПА да ја напушти владината коалиција е конечна и уште денеска писмено ќе го известиме коалицискиот партнер за тоа, изјави вчера потпретседателот на ДПА Мендух Тачи. По одлуката на ДПА, која се уште не е официјализирана, во јавноста почнаа да се ...

Варијанти за излез од кризата

Вест - 28.05.2007

Владата на Никола Груевски остана без поддршка во Собранието, по најавата на ДПА дека ја напушта власта. Од кабинетот на премиерот велат дека се е можно што е во рамки на Уставот и законот. - Првата опција на премиерот Груевски да ја спаси актуелната влада е да седне и сериозно да ги ислуша и ...

Груевски во чудо

Вест - 28.05.2007

Премиерот Никола Груевски вчера одби да каже дали коалицијата со ДПА е завршена по изјавата на Мендух Тачи дека неговата партија ја прекинува соработката со ВМРО-ДПМНЕ. Единствено кажа дека одлуката на ДПА да ја напушти Владата поради изјавата на Али Ахмети дека го финишира политичкиот дијалог со ...

НСДП смета дека ДПА сака да си ги подобри позициите

Утрински - 28.05.2007

Третиот коалициски партнер во Владата, партијата НСДП на Тито Петковски, вчера со голема заинтересираност, но од „пристојна далечина“ ги следеше случувањата меѓу поголемите браќа ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. Сепак, не издржале и високи функционери од партиското раководство му се јавиле на Ружди Матоши за да ...

Ахмети_ Ги доближивме ставовите со ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 28.05.2007

Лидерот на ДУИ не прецизираше кога може да се очекува враќањето на парламентарна група Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во изјава за сервисот на македонски јазик на Би-Би-Си рече дека е постигнат сериозен напредок во досегашните разговори со ВМРО-ДПМНЕ на ...

Тачи до темел ја разниша Владата

Утрински - 28.05.2007

Најсилна и најсериозна закана за деветмесечната десно-центристичка влада на премиерот Груевски СОЊА КРАМАРСКА Фронтменот на ДПА, Мендух Тачи, до темел ја разниша Владата викендов со најавата дека ДПА ја напушта владејачката коалиција.

Синдром на напуштена љубовница

Дневник - 28.05.2007

Демократската партија на Албанците, без многу размислувања и анализи за последиците, се обиде да предизвика вистинско политичко цунами . Во моменти кога, и дома и надвор, од партнерите во Владата очекуваат темелни реформи, политичка стабилност, зрелост и мудрост, ДПА се закани дека ќе ја напушти ...

Сега и Мендух Тачи бара политички дијалог

Дневник - 28.05.2007

Во ДПА не веруваат дека премиерот Груевски ќе успее да ги надмине недоразбирањата со Мендух Тачи и тврдат дека нивната партија донела суштинска одлука за напуштање на Владата, а не одлука во афект Премиерот Никола Груевски тврди дека не постои никаков документ што треба да го потпише со Али Ахмети ...

Молчат и ВМРО-ДПМНЕ и ДПА

Канал5 - 28.05.2007

Молчат и ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. Заменик-претседателот Мендух Тачи кој пред два дена со грст навреди и обвинувања за Груевски и неговата партија најави излегување од владата, два дена се крие од јавноста. Молчат и ВМРО-ДПМНЕ и ДПА.

На повидок ново парламентарно мнозинство?!

Вечер Прес - 28.05.2007

Дуелот на владините колалициони партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДПА беше телевизиски СИТЕЛ го објави негодувањето на ВМРО-ДПМНЕ за несоодветното однесување на ДПА по повеќе основи, а особено по невројатно лесно изречената квалификација од ДПА дека полициски функционери на ВМРО -ПМНЕ ја опструирале акцијата ...