TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ахмети го разоткри идентитетот на осум луѓе кои го нападнаа неговиот штаб

Утрински - 30.03.2002

По состанокот на Селанбанскиот координативен совет во Мала Речица Координативниот совет на Албанците во заедничката Декларација, потпишана на завчерашната средба, го разоткри идентитетот на групата на АНА која во понеделникот го нападна штабот на екслидерот на ОНА, во Мала Речица, Тетовско.

Антиалбанско сценарио на убијци, тешки криминалци и дилери на дрога

Вест - 30.03.2002

АЛБАНСКИОТ КООРДИНАТИВЕН СОВЕТ ЗА НАПАДОТ ВРЗ СЕДИШТЕТО ВО МАЛА РЕЧИЦА Советот објави имиња на осум Албанци, од кои двајца од Косово, кои ги посочи како директни виновници за престрелките меѓу распуштената ОНА и таканаречената АНА "Албанскиот координативен совет остро го осудува нападот врз ...

Виртуелна реалност

Вест - 30.03.2002

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Соња не е Соња, ама ни АНА не е АНА 1 Лани го имавме прислушувањето, па ни се случи Танушевци. Годинава ги имаме имотите на Љубчо и Снешка, и ја добивме Мала Речица. Лани беа 20- 30 бандити што прават бељи некаде по планините.

Ахмети ги откри напаѓачите на штабот во Мала Речица

Дневник - 30.03.2002

КООРДИНАТИВНИОТ СОВЕТ СПРОВЕДЕ ИСТРАГА Координативниот совет тврди дека меѓу напаѓачите имало шверцери, наркомани, криминалци и промашени политичари, вовлечени во тајните антиалбански структури Координативниот совет на Албанците го утврдил идентитетот на некои од лицата што во понеделникот навечер ...

Објавени имињата на напаѓачите во Мала Речица

А1 - 29.03.2002

Координативниот совет на албанските политички субјекти го осуди нападот врз неговото седиште во Мала Речица од страна на лица познати како шверцери, наркомани, извршители на криминални дела, пропаднати политичари и, за жал, изманипулирани и несвесно инволвирани поединци во сценарија на тајни ...

За злосторството е одговорна ултрамарксистичката АРП

Утрински - 29.03.2002

АНА го демантира своето учество во крвавите настани во Тетовско Самопрогласениот генералштаб на таканаречената АНА, во вчерашното соопштение, тврди дека "злосторството што се случи во Мала Речица, а кое и се препишува на АНА, нема никаква врска со нејзините структури".

Криминалот може да се спречи само со промена на власта

Утрински - 29.03.2002

Демократски сојуз Во врска со настаните во Мала Речица, во ДС сметаат дека само го потврдиле тоа дека Владата на господинот Љупчо Георгиевски нема контрола на територијата и дека во северозападниот дел на Македонија функционира паралелна криминално-терористичка власт.

АНА не ја признава АНА

Утрински - 29.03.2002

Според најновото соопштение, нападот врз ОНА го извршиле 19 луѓе на "командант Џаџи" Дополнителна конфузија кој, кого и зошто пукал и убил САШО ЧОЛАКОВСКИ АНА соопшти дека не ја признава АНА и ја обвини како ултрамарксиситичка творба! Со соопштение на самопрогласениот генералштаб, таканаречената ...

"АНА вистинска" негира дека се борела во Мала Речица

Дневник - 29.03.2002

АНА СЕ ДЕЛИ НА ФРАКЦИИ АНА што се бореше во понеделникот ја раководат Гафур Адили и Брахим Авдули од Швајцарија и Сабри Дураку од Германија и тие сакаат да го присвојат нејзиното име, тврди Албан Бериша, портпарол на АНА Портпаролот на генералштабот на АНА, Албан Бериша, вчера соопшти дека ...

ОБСЕ предвидува инциденти меѓу АНА и ОНА и во Гостиварско

Дневник - 29.03.2002

СЕ ШИРИ ФРОНТОТ НА МЕЃУАЛБАНСКИОТ КОНФЛИКТ Припадниците на АНА во Кумановско се луѓе блиски до македонските безбедносни структури, тврди Хусамедин Халили, градоначалник на општина Липково Можни се инциденти меѓу ОНА и АНА во Гостиварско, но нема опасност од ескалирање на конфликтот во тој регион, ...

ДПА: „Инцидентот во Мала Речица е апсурден“

А1 - 28.03.2002

Трагичниот епилог на вооружениот инцидент во селото Мала Речица не само што загрижува, туку претставува и силна порака до сите фактори да ја преземат одговорноста за воспоставување на мирот, рамноправноста и редот, стои во денешното соопштение на Демократската партија на Албанците.

Нападот во Мала Речица е извршен неочекувано од 19 припадници на АНА

А1 - 28.03.2002

„Вкупно три лица се убиени во инцидент што се случи во понеделникот во селото Мала Речица, Тетовско“, изјави за скопскиот весник на албански јазик „Факти“ член на Координативниот совет на Албанците во Македонија и поранешен член на ОНА, Хазби Лика.

Мала Речица ги брои жртвите од судирот

Утрински - 28.03.2002

Уништени три патнички автомобили, демолирани дваесетина куќи и разурнат објектот на штабот каде што бил сместен Ахмети ТЕТОВО - Според официјални извори, во пресметките меѓу распуштената ОНА и АНА загинале три лица, а неофицијално се зборува дека нивниот број изнесува меѓу 10 и 16.

Фолерс: Меѓународната заедница ги осудува насилствата во Мала Речица

Утрински - 28.03.2002

Заедничка прес-конференција на НАТО, ОБСЕ и ЕУ по случувањата во Мала Речица Скопје -"Меѓународната заедница го осудува насилството што беше извршено во понеделникот навечер во тетовското село Мала Речица", изјави на вчерашната прес-конференција амбасадорот на НАТО во Македонија, Клаус Фолерс, ...

Меѓуалбански судир или борба на криминални банди

Утрински - 28.03.2002

Политичарите по инцидентот во Мала Речица меѓу ОНА и АНА Сашко Димевски Класична урбана битка меѓу две криминални банди или вовед во меѓуалбанска војна во Македонија во која битка бијат "предавници" и "убијци на албанскиот народ".

НАТО не знае како е организирана АНА

Утрински - 28.03.2002

Амбасадорот и портпаролот на Алијансата за т.н. Албанска национална армија Одговарајќи на прашањето дали смета дека е направена погрешна процена кога рекол дека Албанците се разоружени и дека АНА е само виртуелна организација која можеби има еден или два компјутера, амбасадорот Фолерс рече дека ...

Во битката АНА - ОНА четворица загинати, двајца од нив цивили

Вест - 28.03.2002

ЗА ПРЕСТРЕЛКИТЕ ВО МАЛА РЕЧИЦА УШТЕ САМО НЕОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ Во размената на оган, дознаваме, учествувале околу 20-тина припадници на АНА кои го нападнале штабот на Али Ахмети и седиштето на Координативниот совет на Албанците, а од куќата се бранеле 15 поранешни членов Бројот на жртвите од ...

НАТО знае дека АНА постои, но не знае како функционира

Дневник - 28.03.2002

ПО ИНЦИДЕНТИТЕ ВО МАЛА РЕЧИЦА НАТО не исклучува ново насилство, но смета дека настанот од Мала Речица не е почеток на граѓанска војна или пролетна офанзива НАТО знае дека припадниците на АНА имаат компјутери и луѓе на терен, но се уште не знае како се организирани и како функционираат, изјавија ...

Двете паравојски мобилизираат, населението збунето

Дневник - 28.03.2002

ОНА И АНА СЕ БОРАТ ЗА ПРЕВЛАСТ ВО РЕЧИЦА Штабот на координативниот совет во Мала Речица вчера го обезбедуваа десетина вооружени Албанци, припадници на бившата ОНА Жестоката битка што се случи пред два дена меѓу бившата ОНА и АНА, остави "лузни" врз тетовското село Мала Речица.

Албанците се исплашени за угледот, Македонците — за судбината на земјава

Дневник - 28.03.2002

РЕАКЦИИ ПО СУДИРОТ ВО МАЛА РЕЧИЦА Ова е најлошото нешто што можеше да се случи - Албанецот ја сврте пушката кон друг Албанец, вели Џеват Адеми, генерален секретар на НДП Политичките субјекти на Албанците во земјава се згрозени од крвавиот инцидент во Мала Речица и се плашат дека пресметките меѓу ...

Меѓународното галениче многу пелени троши

Дневник - 28.03.2002

Коментар - Христо Ивановски Пред една година ОНА прогласи слободни територии во Гајре, Лисец, Бродец, Липково, Танушевци, Ваксинце. Тоа беа "нашите деца во планините", беше речено од еден митинг во Тетово. АНА пред неколку часа прогласи слободни територии во Ваксинце и во Лопате, а пред неколку ...

Мотив на нападот не бил атентат на Ахмети

А1 - 27.03.2002

Денешната заедничка изјава на НАТО, ОБСЕ и ЕУ на осуда на насилството во Мала Речица беше договорена синоќа на средбата на амбасадорите на НАТО и ОБСЕ, Фолерс и Џенес со европосредникот Ален ле Роа во седиштето на ЕУ во Скопје.

Невообичаено мирна ноќ во Тетовско

А1 - 27.03.2002

Полициските пероли два дена по случубањата во Мала Речица по престрелките меѓу поранешната Народна Ослободителна Армија и новата паравоена Албанска Национална Армија на патролираат во Мала и Голема Речица, но и во поголем дел на селата од општините Камењање и Боговиње, соопштија денеска извори во ...

Пресметките на ОНА и АНА траеле четири часа

А1 - 27.03.2002

Пресметките меѓу двете вооружени албански групи започнале синоќа во 20,30 часот и траеле до еден часот по полноќ, изјавија вчера за скопскиот дневен весник на албански јазик „Факти“ жителите на тетовското село Мала Речица. Според локалните жители, за сето тоа време се слушале рафали од автоматско ...

Престрелките нема да го сопрат мировниот процес

А1 - 27.03.2002

Остро го осудуваме насилството во политички цели. Го поддржуваме мирот, помирувањето и територијалниот интегритет на Македонија, е заедничката изјава на НАТО, ОБСЕ и ЕУ на денешната прес-конференција, кои изразуваат сомнеж дека зад АНА стојат луѓе кои се противат на развојот и напредокот на ...

Две обвинувања пред пресметката меѓу ОНА и АНА

Утрински - 27.03.2002

РЕТРО На крвавата пресметка во понеделникот меѓу ОНА и АНА и претходеа две индикативни реакции. Првата, од пред неколку дена, од "штабот на АНА" во форма на коминике број 13, во кое се наведува дека "Агентурите на Али Ахмети, Имер Имери, Арбен Џафери, Мендух Тачи, со антинационалните директиви ...

Еден загинат и двајца тешко повредени

Утрински - 27.03.2002

Полицијата не можела да изврши увид во Мала Речица Абдилнасер М. (32), од Мала Речица, Ибрахим М. (20), од Жеровјане и Флорим Асани (20) се здобиле со прострелни рани во престрелка меѓу припадници на две вооружени групи. Повредениот Асани, од здобиените рани, починал на пат кон Медицинскиот центар ...

Платенички банди ја напаѓаат АНА

Утрински - 27.03.2002

Коминике број 14 на албанската национална армија "Попладнето на 25 март 2002 година, во 13,30 часот, на единиците на АНА и се приклучи една група млади доброволци. Платеничките банди, предводени од Даут Реџепи-Лека, Самедин Џезаири-Хоџа, Садри Фазлиу и други криминалци, ги фатија доброволците на ...

Крвава пресметка меѓу ОНА и АНА - десетина мртви

Утрински - 27.03.2002

Жесток оружен судир меѓу две албански парамилитарни организации во тетовското село Мала Речица "Албанската национална армија" ги нападна штабовите на ОНА во Шипковица и во Мала Речица во понеделникот попладне и вечерта. Во овие крвави пресметки загинале најмалку пет лица, но неофицијално се говори ...

АНА се налутила зашто ОНА приведувала за сметка на македонските безбедносни сили

Вест - 27.03.2002

Според верзијата на паравоената АНА, која вчера се огласи со соопштение, причина за вооружената пресметка било приведувањето на група млади од Тетово кои сакале да и се приклучат на АНА, од поранешни команданти на ОНА. АНА за инцидентот ги обвинува поранешните команданти на ОНА, Даут ...

ОНА и АНА се степаа

Вест - 27.03.2002

АЛБАНСКО - АЛБАНСКИ КОНФЛИКТ ВО ТЕТОВСКО Во борбите во Мала Речица најмногу настрадала куќата во која е сместен Координативниот совет на Албанците што се наоѓа во ова село, која наводно била изрешетана со золји и куршуми како швајцарско сирење Тројца Албанци загинале и уште толку се повредени во ...

АНА почна војна со ОНА

Дневник - 27.03.2002

ГОЛЕМА БИТКА ВО МАЛА РЕЧИЦА Двете паравојски почнале жестока престрелка, откако командант на АНА се обидел да го ликвидира Али Ахмети, во штабот на Координативниот совет на Албанците во Мала Речица Најмалку тројца Албанци загинале во четиричасовната битка меѓу припадниците на бившата ОНА и на ...

Герилска пресметка на ОНА и АНА во Мала Речица

А1 - 26.03.2002

Три лица загинаа, а исто толку се повредени во пресметките што еруптираа околу полноќ меѓу герилски групи на етничките Албанци во тетовската населба Мала Речица. Инциденот што се случи синоќа започнал околу 9 часот, а повремени престрелки се слушале се до 12 часот на полноќ.

Остра осуда за инцидентот во Мала Речица од EУ, САД и НАТО

А1 - 26.03.2002

Првите луѓе на мисиите на Европската унија, на НАТО и на ОБСЕ во Македонија на состанокот во седиштето на европратеникот Ален ле Роа остро го осудија синоќешниот инцидент во Мала Речица. „Бевме многу јасни. Ги осудивме сите чинови на насилство. Имаше тешки насилства.