TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

И пратениците на ДПА надвор од салата

Време - 06.10.2006

СОБРАНИЕТО СО СЕ ПОМАЛКУ ПРАТЕНИЦИ Пратениците од владејачката ДПА вчера ја напуштија собраниската седница на која се расправа за законот за полицијата изреволтирани од начинот на кој спикерот Љубиша Георгиевски ја води седницата.

Продолжува расправата по Законот за полиција

Макфакс - 06.10.2006

Скопје Собранието денеска треба да ја продолжи маратонската и полемична дебата по амандманите за Законот за полиција. Предложени се околу 50 амандмани, а вчера беа прифатени повеќе од 20 меѓу кои и неколку амандмани предложени од опозицијата По меѓусебни обвинувања меѓу пратениците на ДУИ и ДПА, ...

ДУИ - Закон за полиција без консензус е неприфатлив

Макфакс - 06.10.2006

Тетово Без поширок консензус на поголемите политички партии за Законот за полиција, тој нема да биде прифатлив за Демократската унија за интеграција (ДУИ). Ова, како што јави дописникот на Макфакс, денеска во Тетово го изјави портпаролот на ДУИ Ермира Мехмети.

Владата реши да го преполови началничкиот стаж

Време - 05.10.2006

СПЛАСНАА ТЕНЗИИТЕ ОКОЛУ ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА Од шест до 10 години работно искуство во полицијата се условите што ќе мора да ги исполнат идните кандидати за началници и командири на полициските единици.Такви измени предвиде Владата во првичниот текст на законот за полиција, во кој за доаѓање на ...

ДУИ се смири, пратениците збунети од владините амандмани

Утрински - 05.10.2006

Владата предлага началник во МВР да се станува со стаж од шест години Оливера Војновска По два бурни собраниски дена во кои пратениците од ДУИ ја опседнаа говорницата и масата на спикерот Љубиша Георгиевски, интегративците вчера комплетно ја сменија тактиката и демонстрираа сосема поинакво ...

За ДУИ не важи закон без Бадентер

Дневник - 05.10.2006

Албанците нема да го почитуваат законот за полиција ако тој биде изгласан со Бадентеровото мнозинство, изјави Муса Џафери, потпретседател на ДУИ. - Незадоволство кај Албанците ќе има, но во која форма не знаеме. Не сакам да прејудицирам црни сценарија.

По смирувањето на ДУИ , во собранието со бојкот денеска се закани ДПА

Канал5 - 05.10.2006

Амандманската расправа за законот за полиција не може да дојде на ред од дисквалификациите со кои се занимаваат пратениците. Сега ДПА се лути. Амандманската расправа за законот за полиција не може да дојде на ред од дисквалификациите со кои се занимаваат пратениците. Сега ДПА се лути.

Собрание - продолжува расправата за Законот за полиција

Макфакс - 05.10.2006

Скопје Собранието денеска треба да ја продолжи дебатата по амандманите за Законот за полиција што се води во полемична атмосфера и со спротивставени мислења. Во амандманска расправа вчера се вклучија и пратениците на коалицијата ДУИ-ПДП.

ДУИ се смири, дискусијата се разгоре

Вечер - 05.10.2006

Пратениците на ДУИ и ПДП се повлекоа во пратеничките клупи, откако не успеаја со физичка блокада на собраниската говорница да го разубедат парламентарното мнозинство да го повлече предлог-законот за полиција. Но, нивата упорност да ја блокираат седницата продолжи со долги дебати во амандманската ...

ДУИ: Градоначалниците да не го прифаќаат законот за полиција

А1 - 04.10.2006

ДУИ со нова стратегија. Им апелира на сите градоначалници во Македонија да не го прифатат донесувањето на законот за полиција. Сметат дека со него општинските полиции ќе имаат мали надлежности. „Не би сакал да прејудицирам, ниту пак, тука да предвидувам какви било црни сценарија што би можеле да се ...

ДУИ учествуваше во дебатата за законот за полиција

А1 - 04.10.2006

Владата ги намалува годините на работното искуство во полицијата за раководните позиции. Од најавата дека ќе се оди со намалување на границата за само две години, денеска доставени амандмани со кои годините на стажот кај началникот на секторот за внатрешни и командирот на полициска станица се ...

Полицискиот закон го остави спикерот Георгиевски жеден

Време - 04.10.2006

ПРОДОЛЖИ СОБРАНИСКИОТ ЦИРКУС Пратениците од ДУИ и од ПДП и вчера ја окупираа масата на првиот парламентарец, трескаа по неа, викаа и мавтаа со деловникот, во обид да спречат да почне амандманската расправа за законот за полиција.

ДУИ и вчера тропаше на масата на Георгиевски

Вест - 04.10.2006

ЦИРКУС ВО СОБРАНИЕТО Вревата во Собранието ДУИ вели дека е во одбрана на процедурата, а спикерот Георгиевски остана на тврдењето дека нивното барање е нелогично Собранието вчера ја започна амандманската расправа за законот за полиција и покрај гласното противење на пратениците на ДУИ.

Спикерот под опсада, пратениците со слушалки

Утрински - 04.10.2006

Пратениците на ДУИ и вчера ја окупираа собраниската говорница Оливера Војновска Парламентот вчера заседаваше во невообичаени услови: пратениците од ДУИ, според сценариото од претходниот ден, ја окупираа собраниската говорница и цело време тропаа по масата на спикерот Љубиша Георгиевски, а другите ...

Дипломатите го губат трпението со ДУИ

Утрински - 04.10.2006

Странците сакаат дијалог, но и брзо донесување на законот за полиција кој што сега го кочи токму ДУИ Слободанка Јовановска Меѓународната заедница ја губи трпеливоста со Демократската унија за интеграција и иако јавните инсистирања за дијалог одат на сметка на Владата, не е далеку моментот кога ќе ч ...

Нема лидерска средба кај Црвенковски

Дневник - 04.10.2006

Претседателот Бранко Црвенковски вчера се изјасни дека нема намера да организира лидерска средба како што бара ДУИ, бидејќи на неа нема да се појави Никола Груевски како премиер, предлагач на законот за полиција и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, потписничка на рамковниот договор, И на третиот ден од ...

Премиерот Груевски испрати амандмани за законот за полиција

Канал5 - 04.10.2006

Премиерот Груевски се предомисли – предлага измени на законот за полиција што излезе пред неполн месец од неговата влада. Со петте амандмани го симнува работниот стаж потребен за функционерска позиција во МВР и тоа - за началник на сектор како што предлагаше ДПА, а беше барање и на ДУИ од 12 на 6 ...

Спикерот реши да ги игнорира пратениците на ДУИ кои со уставот и деловникот тропаа по неговата маса

Канал5 - 04.10.2006

Откако пропадна обидот ДУИ и пратениците од власта да се договорат околу собраниската дебата за законот за полиција – собранието се обиде да почне со работа и покрај притисокот на пратениците на Ахмети. Откако пропадна обидот ДУИ и пратениците од власта да се договорат околу собраниската дебата за ...

Собранието ja продолжи расправата за Законот за полиција

Макфакс - 04.10.2006

Скопје Собранието ја продолжи дебатата за предлог Законот за полиција што вчера започна со постојани опструкции од пратениците на ДУИ и ПДП. Амандманска расправа за предлог законот денеска минува без опструкции од пратениците од опозиционите партии на Албанците во Македонија, ДУИ и ПДП, кои сега со ...

ДУИ тропаше, Парламентот расправаше

Вечер - 04.10.2006

Владејачкото парламентарно мнозинство и пратениците на ДУИ и ПДП ниту вчера не се договорија околу текстот и начинот на донесувањето на законот за полиција. Блокадата и тропањето на собраниската говорница од револтираните пратеници на ДУИ и ПДП, сепак, не го спречи претседателот на Собранието ...

Собраниската расправа за законот за полиција во бучна атмосфера

А1 - 03.10.2006

ДУИ со Уставот и деловникот по маса, останатите со слушалки. Законот за полиција сосема извесно ќе се донесе, и покрај сите напори на ДУИ да ја блокираат расправата, која и денеска течеше во една прилично напорна атмосфера. Откако премиерот Груевски вчера не ја прифати иницијативата на ДУИ, ...

ДУИ со жив штит ја блокираше собраниската говорница

Вест - 03.10.2006

АЛБАНСКО СЦЕНАРИО ВО МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Пратениците на ДУИ се налутија зошто парламентарното мнозинство им го одби предлогот законот за полиција да оди како нацрт Пратениците на ДУИ вчера ја блокираа собраниската говорница и не дозволија да почне расправата за законот за полиција.

Спикерот со обезбедување се бранеше од ДУИ

Време - 03.10.2006

РАСТАТ ТЕНЗИИТЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА Нов инцидент се случи вчера во Собранието, на вториот ден од расправата за законот за полиција. Првиот парламентарец Љубиша Георгиевски побара помош од обезбедувањето, за да се одбрани од пратениците од ДУИ, кои се собраа околу него и му ја одземаа картичката ...

ДУИ ја окупира говорницата, Собранието во блокада

Утрински - 03.10.2006

Одземени картичката и ѕвончето на шефот на парламентот Љубиша Георгиевски Оливера Војновска Вжештената атмосфера на собраниската седница за законот за полиција вчера кулминираше со нов инцидент. Пратениците на ДУИ во неколку наврати буквално ја окупираа собраниската говорница, удираа со Деловникот ...

ДУИ не дозволи расправа за законот за полиција

Дневник - 03.10.2006

ДУИ бара од претседателот на државата Бранко Црвенковски да свика итна средба на сите потписници на сите акти произлезени од рамковниот договор заради договор што се' ќе се гласа со Бадентер ДУИ бара итно да прекине собраниската седница за законот за полиција и претседателот на државата Бранко ...

Собранието со опструкции расправа за Законот за полиција

Макфакс - 03.10.2006

Скопје Собранието на Македонија ќе ја продолжи расправата за предлог Законот за полиција утре, откако денеска со постојани опструкции од пратениците на ДУИ и ПДП, сепак беше отворена амандманска расправа. Одвивањето на седницата целиот ден беше отежнато со постојани паузи, бидејќи споменатите ...

Али, не се пали!

Вечер - 03.10.2006

Пратениците на ДУИ и ПДП со запоседнување на собраниската говорница ја прекинаа вчерашната парламентарна седница на која требаше да се расправа за предлог-законот за полиција. Тие му го исклучија микрофонот на претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, по што тој беше принуден да побара помош ...

Собрание –продолжува дебата за законот за полицијата

Макфакс - 03.10.2006

Скопје Собранието на Македонија денеска треба да ја продолжи дебатата по предлог законот за полиција, што вчера беше прекината поради опструкции на пратениците на ДУИ, што беа на раб на инцидент од поголеми размери. Законот за полиција е еден од клучните документи на чие донесување инсистира ...

Собранието ја продолжи расправата за Законот за полиција - ДУИ опструира

Макфакс - 03.10.2006

Скопје Собранието денеска ја продолжи шестата седница, на која се води амандманска расправа за законот за полиција и покрај опструкциите на пратениците на ДУИ и ПДП. Одвивањето на седницата е отежнато, бидејќи споменатите пратеници, повторно со тропање на масата на претседателот на Собранието, ја ...

ДУИ го блокира донесувањето на законот за полиција

А1 - 02.10.2006

ДУИ ја исполнија и буквално заканата дека ќе го блокираат на секој начин донесувањето на законот за полиција, доколку Владата не го повлече и не ги вгради нивните забелешки. Под изговор дека е нарушена процедурата, според нив, околу изборот на нелегитимен состав на комитетот за односи меѓу ...

Законот за полиција воведува тортура врз немакедонците

Време - 02.10.2006

ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ДУИ ПОРАЧАА Законот за полиција е спротивен на охридскиот договор и на законот за локална самоуправа, бидејќи со него се кршат клучните одредби за децентрализација на полицијата. Тоа е оцената на градоначалниците на ДУИ и на ПДП, кои на средба во саботата во Тетово го отфрлија ...

Собрание:ДУИ бара парламентарна расправа за одлуката на Комитетот за законот за полиција

Канал5 - 02.10.2006

Собранието претпладнево ја продолжи шестата седница на чиј дневен ред е Предлог-законот за полиција. Скопје, 2 октомври (МИА) - Собранието претпладнево ја продолжи шестата седница на чиј дневен ред е Предлог-законот за полиција.

Драма во Собранието - ДУИ ја блокира говорницата

Канал5 - 02.10.2006

Драма во Собранието – пратениците на ДУИ ја блокираа собраниската говорница, протестирајќи зошто се одби нивното барање законот да се повлече од собраниска процедура и во конечниот текст да се вметнат и нивните барања – за нов полициски сектор во Струга, и за употреба на албанскиот јазик- спикерот ...

Собрание – дебата за законот за полицијата

Макфакс - 02.10.2006

Скопје Собранието на Македонија денеска треба да ја продолжи шестата седница на која на дневен ред е предлог законот за полиција. На седницата на парламентот во петокот, поради низа процедурални интервенции, а имаше и остри дијалози и високи тонови, не почна дебатата за овој закон.

Прекината шестата седница, продолжението дополнително ќе биде закажано

Макфакс - 02.10.2006

Скопје Собранието на Македонија ја прекина шестата седница, официјално поради муслиманскиот обичај Ифтар, а неофицијално поради инцидент на собраниската говорница. Во моментот кога претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски ја повика министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска да го ...

Парламентот со опструкции од ДУИ и ПДП

Макфакс - 02.10.2006

Скопје Собранието на Македонија ја прекина шестата седница, официјално поради муслиманскиот обичај Ифтар, а неофицијално поради инцидент на собраниската говорница. Во моментот кога претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски ја повика министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска да го ...