Продуцентот Роберт Јазаџиски реагира на обвинувањата од Роберт Насков, директор на Друштвото на филмските работници, дека донеодамнешниот директор на Филмскиот фонд, Дејан Илиев, незаконски учествувал во продукцијата на филмот „Созерцание“, финансиран од Фондот.
Продуцентот Роберт Јазаџиски од продукцијата"Кавал" вчера реагираше на неодамна изнесеното мислење од продуцентот Роберт Насков, кој неодамна јавно ги искажа своите аргументи против реизборот на стариот директор на Филмскиот фонд Дејан Илиев, во кое, меѓу другото, го споменува и незаконското ставање на името на Илиев на на шпицата од чешко-македонскиот филм "Созерцание", чиј продуцент за ...
Продуцентот Јазаџиски реагираше во контекст на изборот за нов директор на Филмскиот фонд. Продуцентот Роберт Јазаџиски испрати реакција по повод споменувањето на филмот „Созерцание“ на Иво Трајков во контекст на изборот за нов директор на Филмскиот фонд, бидејќи, како што вели, чувствувал морална и професионална обврска да реагира и да појасни неколку работи поврзани со појавувањето на името на ...
Почитувани господине премиер и госпоѓо министерке за култура, ... Одредени луѓе, кои се дел од таканаречената „филмска олигархија“, лобираат за промена на директорот на Филмскиот фонд. Претпоставуваме дека целта е таа „филмска олигархија“ повторно да ги приграби за себе сите буџетски средства наменети за филм.
- Кредитот Асоцијативен продуцент на шпицата на филмот "Созерцание", без да го консултираме Илиев му го обезбедивме ние, продуцентите на филмот од Македонија и Чешка и режисерот Иво Трајков. Ова стои во дописот на продуцентот Роберт Јазаџиски, а во врска со споменувањето на филмот "Созерцание" во контекст на изборот за нов директор на Филмскиот фонд.
На Филмскиот фонд не му треба смена на раководството по само десетина месеци од почетокот на работа на директорот Дејан Илиев, најмногу поради тоа што ќе се забави реализацијата на проектите, а некои од нив сосема ќе отпаднат од планот на новиот директор, загрижено коментираат дел филмаџии на превирањата околу избор на ново раководство на институцијата.
Продуцентот Роберт Насков, кој е и претседател на Друштвото на филмските работници вели дека има целосна доверба во доблеста на институциите и поединците што раководат со културата, но оти чувствува потреба да потсети на неколку факти. Насков во соопштение за јавноста потсетува дека се работи за редовна постапка, што значи дека не станува збор за никаков заговор, преврат или за нечие насилно ...
Група филмски работници вчера до медиумите го испратија писмото за поддршка на Дејан Илиев што го испратиле до премиерот и до министерката за култура за да им помогнат, како што велат да донесат одлука која ќе биде во полза на филмските професионалци и на одржување на рејтингот на Владата.Тие ги информираат надлежните дека постоела филмска олигархија која иамала цел да ги приграби сите буџетски ...
Претседателот на Друштвото на филмски работници Роберт Насков реагира на „многуте лични толкувања во јавноста “. Роберт Насков, претседател на Друштвото на филмски работници и продуцент, испрати реакција до медиумите по повод, како што вели, „големата бука, распламтени страсти и разни за и против аргументи поврзани со јавниот конкурс за избор на директор на Филмскиот фонд на Македонија“.
Друштвото на филмските работници смета дека директорот на Филмскиот фонд Дејан Илиев не ги исполнува условите за да ја извршува оваа функција вторпат, откако му заврши двегодишниот мандат како раководител на ова новоформирано тело. Дејан Илиев вели дека зад овој став на Друштвото на филмските работници, потпишан од претседателот Роберт Насков, стојат само неколку луѓе, а не цело друштво и дека ...