TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Илиев избришан од „Созерцание“

Време - 14.11.2008

Продуцентот Роберт Јазаџиски реагира на обвинувањата од Роберт Насков, директор на Друштвото на филмските работници, дека донеодамнешниот директор на Филмскиот фонд, Дејан Илиев, незаконски учествувал во продукцијата на филмот „Созерцание“, финансиран од Фондот.

Продукцијата "Кавал" го тргна Илиев од шпицата на "Созерцание"

Вест - 13.11.2008

Продуцентот Роберт Јазаџиски од продукцијата"Кавал" вчера реагираше на неодамна изнесеното мислење од продуцентот Роберт Насков, кој неодамна јавно ги искажа своите аргументи против реизборот на стариот директор на Филмскиот фонд Дејан Илиев, во кое, меѓу другото, го споменува и незаконското ставање на името на Илиев на на шпицата од чешко-македонскиот филм "Созерцание", чиј продуцент за ...

Поддршка ќе има секој директор на Филмскиот фонд кој ќе работи со ентузијазам

Утрински - 13.11.2008

Продуцентот Јазаџиски реагираше во контекст на изборот за нов директор на Филмскиот фонд. Продуцентот Роберт Јазаџиски испрати реакција по повод споменувањето на филмот „Созерцание“ на Иво Трајков во контекст на изборот за нов директор на Филмскиот фонд, бидејќи, како што вели, чувствувал морална и професионална обврска да реагира и да појасни неколку работи поврзани со појавувањето на името на ...

Филмаџиите против Манчевски

Време - 12.11.2008

Почитувани господине премиер и госпоѓо министерке за култура, ... Одредени луѓе, кои се дел од таканаречената „филмска олигархија“, лобираат за промена на директорот на Филмскиот фонд. Претпоставуваме дека целта е таа „филмска олигархија“ повторно да ги приграби за себе сите буџетски средства наменети за филм.

Кредитот-продуцент му го обезбедивме без да го консултираме

Вечер Прес - 12.11.2008

- Кредитот Асоцијативен продуцент на шпицата на филмот "Созерцание", без да го консултираме Илиев му го обезбедивме ние, продуцентите на филмот од Македонија и Чешка и режисерот Иво Трајков. Ова стои во дописот на продуцентот Роберт Јазаџиски, а во врска со споменувањето на филмот "Созерцание" во контекст на изборот за нов директор на Филмскиот фонд.

Рововска битка за директор на Филмскиот фонд

Време - 11.11.2008

На Филмскиот фонд не му треба смена на раководството по само десетина месеци од почетокот на работа на директорот Дејан Илиев, најмногу поради тоа што ќе се забави реализацијата на проектите, а некои од нив сосема ќе отпаднат од планот на новиот директор, загрижено коментираат дел филмаџии на превирањата околу избор на ново раководство на институцијата.

Продуцентот Роберт Насков : "Реизборот на Илиев нема да биде по закон"

Вест - 11.11.2008

Продуцентот Роберт Насков, кој е и претседател на Друштвото на филмските работници вели дека има целосна доверба во доблеста на институциите и поединците што раководат со културата, но оти чувствува потреба да потсети на неколку факти. Насков во соопштение за јавноста потсетува дека се работи за редовна постапка, што значи дека не станува збор за никаков заговор, преврат или за нечие насилно ...

Шанса и без партиска книшка да се сними филм

Вест - 11.11.2008

Група филмски работници вчера до медиумите го испратија писмото за поддршка на Дејан Илиев што го испратиле до премиерот и до министерката за култура за да им помогнат, како што велат да донесат одлука која ќе биде во полза на филмските професионалци и на одржување на рејтингот на Владата.Тие ги информираат надлежните дека постоела филмска олигархија која иамала цел да ги приграби сите буџетски ...

Конкурсот за директор на Филмскиот фонд ги разгори страстите

Утрински - 11.11.2008

Претседателот на Друштвото на филмски работници Роберт Насков реагира на „многуте лични толкувања во јавноста “. Роберт Насков, претседател на Друштвото на филмски работници и продуцент, испрати реакција до медиумите по повод, како што вели, „големата бука, распламтени страсти и разни за и против аргументи поврзани со јавниот конкурс за избор на директор на Филмскиот фонд на Македонија“.

До решението на Владата, сите навиваат за свој директор на Филмскиот фонд

Н.Македонија - 11.11.2008

Друштвото на филмските работници смета дека директорот на Филмскиот фонд Дејан Илиев не ги исполнува условите за да ја извршува оваа функција вторпат, откако му заврши двегодишниот мандат како раководител на ова новоформирано тело. Дејан Илиев вели дека зад овој став на Друштвото на филмските работници, потпишан од претседателот Роберт Насков, стојат само неколку луѓе, а не цело друштво и дека ...