ВМРО-НП ГО ПРИТИСКА КОСТОВ Опозициската ВМРО-народна партија вчера побара од поранешниот премиер и актуелен директор на Комерцијална банка Хари Костов да објасни како успеал за само една година да го зголеми капиталот на банката за 431,32 процент.
Пресметки Опозициската ВМРО-Народна партија вчера побара од поранешниот премиер и актуелен директор на Комерцијална банка, Хари Костов, да објасни како успеал само за една година да го зголеми капиталот на Банката за 431,32 проценти.
Според Најденко Поповски, прв директор на Охридска банка ОХРИД - Позитивните резултати на Охридска банка и нејзиното високо место во македонскиот банкарски пазар го зголемуваат интересирањето кај странците. "Реални се разговорите што ги водиме со познати банкарски куќи во Европа.
Во блок трансакција вчера на берзата се продадени 0,32 отсто од основната главница на капиталот на Комерцијална банка. На пазарот беа истргувани 6.406 обични акции по цена од 4 000 денари за една акција. Вредноста на трансакцијата изнесува 25,63 милиони денари или околу 420 илјади евра. (В.Ма.
Продолжува стариот судир на Љубчо Георгиевски и Хари Костов. Партијата на Георгиевски не се откажува од гонење на банкарот. Се сомневаат во неговата моќ да направи пораст на капиталот од 100 милиони евра за една година. Првиот поголем пораст е веднаш по неговото доаѓање во Комерцијална.
Охридска банка води конкретни преговори со странски банки заинтересирани за купување на нејзиниот капитал. Но, тоа се уште е тајна и имињата не ги откривам, изјави првиот директор на Охридска, Најденко Поповски. Според него, банките во земјава не смеат да го пропуштат возот додека овој сектор е се ...
Финансиските извештаи за минатата година уште еднаш ја потврдуваат вистината Македонските банки лани имале вкупна добивка од 23 милиони евра. На чело е Комерцијална банка со 6,4 милиони евра, а веднаш зад неа Тутунска со 5,9 милиони евра НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Банкарството се покажа како еден од ...
Акциите што ги имаше една компанија во Комерцијална и ги продаде во номинала вредеа 60 милиони денари, а фирмата ги продаде за 200 милиони денари, односно по цена од над 3.500 денари за акција. Тука нема ништо шпекулативно Пазарната капитализација е вкупниот број акции на одредена компанија или ...
Опозициската ВМРО-Народна партија денеска побара од поранешниот премиер и актуелен директор на Комерцијална банка Хари Костов да објасни како успеал за само една година, да го зголеми капиталот на Банката за 431,32 проценти. Скопје, 24 март (МИА) - Опозициската ВМРО-Народна партија денеска побара ...
Најуспешната банка вчера го одржа редовното годишно акционерско собрание Комерцијална банка од вчера има нов Управен одбор. На негово чело ќе седи новиот претседател на УО, Сава Димитрова, прв човек на "Европа", а заменик ќе биде академик Таки Фити.
Министерството за финансии преку Берзата ќе понуди нови пакети Нови помали државни пакети акции во одделни банки во земјава, во април годинава ќе се понудат на продажба преку Македонската берза на хартии од вредност. Така, на барабан одат акциите што ги поседува Министерството за финансии во ...
Гувернерот го пролонгира на рокот за продажба на акциите Банката вчера одржа акционерско собрание, објавувајќи дека лани остварила добивка од близу 2 милиона евра Сопственикот на Македонска банка, Јовица Стефановиќ-Нини, успеал да издејствува од гувернерот Петар Гошев пролонгирање на рокот, во кој ...
Македонска банка во минатата година оствари добивка од два милиона евра и покрај некои ограничувања во работењето од Народната банка. Ова вчера го заклучија акционерите на банката на редовното годишно акционерско собрание. „Благодарејќи на верните и долгогодишни клиенти банката ја задржа ...
Македонска банка, чиј сопственик е српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ-Нини вчера доби дозвола повторно да пласира кредити за фирмите, откако лани поради неликвидност ја изгуби оваа можност. Гувернерот на Народната банка Петар Гошев веќе го информирал раководството на банката дека дозволата за ...
Акционерски собранија одржаа денеска Македонска и Комерцијална банка. Македонска банка, која од лани се наоѓа под засилен супервизорски надзор, со налог од НБМ да ја смени сопственичката структура, објави дека 2005-та сепак ја завршила со добивка од два милиони евра.
ПОРАДИ ЕНОРМНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПИТАЛОТ НА КОМЕРЦИЈАЛНА Надлежните да објаснат како поранешниот премиер и актуелен директор на Комерцијална банка Хари Костов успеал за две години да го зголеми капиталот на фирмата од 19 на 131 милиони евра или за 585 отсто.
ВМРО-НП Народна вели дека македонското новинарство е задушено ВМРО-Народна партија вчера соопшти дека е згрозена од задушувањето на македонското независно новинарство. "Круцијален пример за тоа е медиумски блок на партијата, која реагира на афера во која е вмешан Хари Костов.
Според реномираниот њујоршки магазин "Глобал фајненс" Комерцијална банка по трет пат е прогласена за најдобра банка во Македонија за 2006 година од страна на реномираниот њујоршки магазин "Глобал фајненс", се наведува во вчерашното соопштение од банката.
ВМРО-Народна партија вчера му понуди на директорот на Комерцијална банка Хари Костов дванаесетмесечната стипендија по 100 евра „за да се образува на темите морал, етика, нелажење и привлекување странски инвестиции“. Партијата соопшти дека ја прифаќа понудата за стипендирање од Костов, која ќе ја ...
Комерцијална банка трет пат е прогласена за најдобра банка во Македонија. Реномираниот њујоршки магазин „Глобал фајненс“ # го додели ова признание на банката за годинава. „Глобал фајненс“ со помош на индустриски аналитичари, извршни директори и банкарски консултанти 13-ти пат ги избра најдобрите ...
Реномираниот њујоршки магазин "Global Finance" по трети пат ја прогласи Комерцијална Банка од Скопје за најдобра банка во земјава за 2006 година, соопштуваат од банката. Изборот на најдобри банки се врши по повеќе критериуми меѓу кои се пораст на средствата, профитабилноста, стратешките ...
ДОШКОЛУВАЊЕ Комерцијална банка АД Скопје вчера преку соопштение и се заблагодари на ВМРО-Народна за изречените комплименти на нивната завчерашна прес-конференција дека Банката остварила "пораст на капиталот кој досега не бил забележан во економската историја на светот и дека тоа не го постигнале ...
ПО ОБВИНУВАЊАТА Комерцијална банка ќе и додели пет стипендии од по 100 евра на ВМРО-народна партија за да научат како се тргува на берза, соопштија вчера од банката. Партискиот портпарол Александар Ѓеорѓиев завчера изјави дека Комерцијална скандалозно го зголемила капиталот.
ОДГОВОР Комерцијална банка, како што се наведува во вчерашното соопштение до медиумите, Ј се заблагодарува на ВМРО-Народна за изречените комплименти дека банката остварила ”пораст на капиталот, кој досега не бил забележан во економската историја на светот и дека тоа не го постигнале ниту ...
Вчера преку блок-трансакција беа продадени 1,14 отсто од банката Се уште останува иста сопственичката структура на акционерите што имаат над 5 отсто од капиталот, каде што влегуваат скопска Пиварница, "Алвартрон трејдинг", "СМ 94", "Инвесткооп" и "Фершпед" НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Вчера преку Берзата ...
Во блок-трансакција на македонската берза вчера беа продадени 1,14 проценти од капиталот на Инвест банка. Според извори на "Вечер" акциите ги купил еден од помалите акционери во банката, кој со оваа трансакција ќе има помалку од 5 проценти од капиталот. Засега, неговото име не се обелоденува.
ВМРО-НАРОДНА ОБВИНУВА ВМРО-народна партија е фрапирана од мегаскандалот за ненормално високиот пораст на капиталот на Комерцијална банка на Хари Костов, рече на вчерашната прес-конференција Александар Георгиев, портпаролот на партијата.
ВМРО Народна партија бара од директорот на Комерцијална Банка хари Костов да каже како успеал од 2004 до 2006 година да го зголеми капиталот на банката од 19, на 131 милиони евра."Тоа е зголемување за 585 отсто и е официјално потврдено од Македонската берза.
Обвинување "ВМРО-Народна партија е фрапирана од зголемувањето на капиталот на Комерцијална банка од 19 милиони евра во 2004 година на 131 милион евра во 2006 година за време на директорувањето на Хари Костов", изјави вчера на прес-конференција партискиот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Додека Хари Костов беше министер за внатрешни работи и премиер, со притисоци и со уцени од позиција на власт го зголемил капиталот на Комерцијална банка за 112 милиони евра, обвини Александар Ѓорриев, портпарол на ВМРО-Народна.
Комерцијална банка АД Скопје, како што наведува во денешното соопштение до медиумите, и се заблагодарува на ВМРО-Народна за изречените комплименти на нивната вчерашна прес-конференција дека Банката остварила “пораст на капиталот кој досега не бил забележан во економската историја на светот и дека ...
Портпаролот на ВМРО Народна партија Александар Ѓорѓиев на денешната прес - конференција истакна дека неговата партија е фрапирана од зголемувањето на капиталот на Комерцијална банка од 19 милиони евра во 2004-та, на 131 милион евра во 2006, за време, кога како што рече тој, со Банката директорувал ...