TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Србија доби влада на хартија

Време - 21.02.2004

Лидерите на Г-17 плус, на Демократската странка на Србија и на коалицијата на Српското движење за обнова - Нова Србија, завчеравечер конечно потпишале коалициски договор за формирање малцинска влада на Србија. Мандатар за состав на Владата ќе биде претседателот на ДСС Воислав Коштуница.

Србија ќе формира влада идната недела

Утрински - 21.02.2004

Според најавите на Воислав Коштуница, лидер на конзервативците БЕЛГРАД - Лидерот на конзервативците, Воилсав Коштуница, во четвртокот изјави дека се надева оти новата српска влада ќе биде формирана веќе идната недела, речиси два месеца по неуспешните општи избори што се одржаа во декември минатата ...

Лидерите потпишаа коалиција

Дневник - 21.02.2004

СРБИЈА КОНЕЧНО ЌЕ ДОБИЕ ВЛАДА Лидерите на партиите што ќе ја сочинуваат малцинската влада на Србија вчера потпишаа договор за коалиција, но не беа расположени да кажат детали за содржината на документот. Малцинската влада ќе ја сочинуваат конзервативната ДСС на Воислав Коштуница, технократскиот ...

Драшковиќ: Вие договорете се, па кажете ми

Време - 20.02.2004

Лидерот на Српското движење за обнова, Вук Драшковиќ, завчера ги напушти преговорите за формирање коалициска влада и побара да добие министерски места пропорционално на бројот на пратениците колку што неговата партија Српско движење за обнова има седишта во Парламентот.

Драшковиќ не сака да ја води дипломатијата

Време - 19.02.2004

Контроверзниот српски опозиционер Вук Драшковиќ нема да биде министер за надворешни работи на Србија и Црна Гора. На Драшковиќ му бил понуден ресорот надворешни работи во преговорите за формирање нова влада на Србија во која партијата на Драшковиќ СПО ќе биде коалициски партнер.

Разграбани министерските фотелји

Дневник - 18.02.2004

МАЛЦИНСКИТЕ ПАРТНЕРИ ЈА ФОРМИРААТ НОВАТА ВЛАДА НА СРБИЈА Коштуница ќе биде премиер, Лабус вицепремиер, Динкиќ министер за финансии, а Драшковиќ шеф на српската дипломатија Српските партии што ќе формираат малцинска влада веќе ги разграбаа министерските фотелји, но за конечниот распоред ќе може да ...

Договорена поделбата на ресорите во српската влада

А1 - 17.02.2004

Партиите учеснички во малцинската влада на Србија постигнале договор околу распределбата на министерските места во Кабинетот со кој ќе раководи лидерот на Демократската партија на Србија (ДСС), Воислав Коштуница, јавија вечерва белградските медиуми.

Србија доби малцинска влада

Вест - 17.02.2004

Белград, 17 февруари - Главниот одбор на Српското движење за обнова на Вук Драшковиќ завчера реши партијата да влезе во малцинската влада заедно со Демократската партија на Србија (ДСС), Г-17 плус и Нова Србија (НС). Драшковиќ изјави дека на членовите на Главниот одбор им нагласил дека нема да ...

Неочетниците ќе коалицираат со социјалистите

Време - 17.02.2004

Српското движење за обнова, на Вук Драшковиќ, реши да влезе во идната српска владина коалиција, иако тоа веројатно ќе значи сојуз со Социјалистичката партија на Србија, на Слободан Милошевиќ. Партијата на Драшковиќ, која се повикува на српското монархистичко и четничко минато, одбиваше каква било ...

Малцинска влада во Србија со помош на социјалистите

Утрински - 17.02.2004

По дадената согласност на неколку мали партии БЕЛГРАД - Во Србија веројатно ќе биде формирана малцинска влада со поддршка на Социјалистичката партија на Слободан Милошевиќ, откако неколку мали партии се согласија да се приклучат.

Вук Драшковиќ прифатидружба со социјалистите

Дневник - 17.02.2004

СРБИЈА ЌЕ ДОБИЕ МАЛЦИНСКА ВЛАДА Српското движење за обнова прифати да влезе во малцинската влада заедно со Демократската партија на Србија, Г-17 плус и Нова Србија, изјави лидерот на СПО, Вук Драшковиќ, кој претходно одби да учествува во влада што би ја поддржале социјалистите на Слободан Милошевиќ.