TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Албанските партии не се противат на кампањата за независно Косово

А1 - 09.10.2004

Албанските политички партии не се противат на кампањата на албанско-американската лига, но за нив тоа не е најважно прашање деновиве. За ДУИ, ставот на пратеникот Рафис Алити, кој вчера ја поддржа иницијативата за собирањето на потписи за независно Косово, е негов личен став, а не став на партијата.

Лигата на Диогарди се меша во внатрешните работи на Македонија

Време - 09.10.2004

РЕАКЦИИ НА СОБИРАЊЕТО ПОТПИСИ ЗА НЕЗАВИСНО КОСОВО Иницијативата за собирање потписи за независност на Косово е директно мешање во внатрешните работи на земјава, изјави вчера Јани Макрадули, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Диогарди го злоупотреби македонското гостопримство

Утрински - 09.10.2004

Став на партиите за иницијативата за собирање потписи за независно Косово Со потписи не се решава статусот на Косово е заеднички став на претставниците на партиите од македонскиот политички блок Даниела Трпчевска Со потписи не се решава статусот на Косово, а иницијативата на Диогарди за собирање ...

ВМРО-ДПМНЕ: Нека собираат потписи во Приштина

Дневник - 09.10.2004

РЕАКЦИИ НА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ДИОГАРДИ ДУИ, ДПА и ПДП ќе ја поддржат иницијативата на Диогарди за собирање потписи за независност на Косово Партиите на Албанците се единствени за поддршката на Американско-албанската граѓанска лига, која предводена од поранешниот конгресмен Џо Диогарди вчера почна да ...

ПОТПИСИТЕ НЕКА ГИ СОБИРААТ ВО ПРИШТИНА!

Вечер Прес - 09.10.2004

"Институционалниот начин за решавање на статусот на Косово е во рацете на Белград и Приштина во консултации со меѓународната заедница. Со потписите не се решава статусот на Косово. Иницијативата нема правно дејство во Република Македонија, ниту, пак, во тоа учествуваат државните органи.

Стотици граѓани се потпишаа за независно Косово

А1 - 08.10.2004

Кампањата за собирање потписи за независно Косово е мешање во внатрешните работи на Македонија, смета пратеникот Јани Макрадули. Според него, поранешниот сенатор Џозеф Диогарди, кој во името на албанското лоби во САД ја организира кампањата, ја злоупотребува гостољубивоста на земјата и се обидува ...

Џозеф Диогарди собира потписи во Македонија за независно Косово

Вест - 08.10.2004

Албанско- американската граѓанска лига на поранешниот сенатор на САД со албанско потекло Џозеф Диогарди од денес почнува кампања за собирање потписи за поддршка на независноста на Косово. Кампањата се организира истовремено во Албанија, Македонија и на Косово.

Диогарди во Македонија собира потписи за независност на Косово

Утрински - 08.10.2004

Акција во Тетово ТЕТОВО - Американско-албанската граѓанска лига предводена од поранешниот конгресмен Џо Диогарди ќе почне да собира потписи за независно Косово. Како што беше соопштено вчера во Тетово, него го поддржале и конгресмените Сенри Хајд и Том Ламтос.

Диогарди во Македонија ќе собира потписи за независно Косово

Дневник - 08.10.2004

ЛОБИРАЊЕ Албанско-американската граѓанска лига на поранешниот американски сенатор со албанско потекло Џозеф Диогарди од денеска во Македонија, Албанија и во Косово ќе почне кампања за собирање потписи за поддршка на независноста на Косово .

ЏОЗЕФ ДИОГАРДИ СОБИРА ПОТПИСИ ВО МАКЕДОНИЈА

Вечер Прес - 08.10.2004

Албанската дијаспора во САД која со години лобира за независно Косово, најави нова иницијатива што ќе стартува од денес. Како што пренесува агенцијата "Макфакс" албанско- американската граѓанска лига на поранешниот американски сенатор Џозеф Диогарди кој има албанско потекло од денес организира ...

Екс сенаторот на САД Диогарди собира потписи за независно Косово

А1 - 07.10.2004

Во организација на албанско американската граѓанска лига на чие чело е поранешниот американски сенатор со албанско потекло Џозеф Диогарди Албанците во регионот ќе собираат потписи за независно Косово. „Очекуваме и убедени сме дека овој акт ќе го потпишат сите граѓани без разлика на национална и ...