TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Идниот петок штрајк на за просветниците

Време - 10.11.2007

ДОЦНАТ И ОКТОМВРИСКИТЕ ПЛАТИ Од вкупно 42 општини во Македонија, само Велес и Битола ги доставиле потребните документи за исплата на октомвриските плати за вработените во образованието, а тоа значи дека парите ќе доцнат и затоа тие ќе штрајкуваат.

Просветарите в петок ќе штрајкуваат

Дневник - 10.11.2007

Октомвриските плати на вработени во образованието повторно ќе доцнат, поради што просветарите в петок ќе почнат генерален штрајк. Ова вчера го најави претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, Дојчин Цветановски, по средбата со претставници на министерствата за образование и за ...

Во мирување штрајкот на лекарите од битолската болница

Дневник - 10.11.2007

Штрајкот на лекарите во битолската болница е ставен во двенеделно мирување, одлучи вчера Синдикатот на лекарите. Претседателот на синдикалната организација д-р Зоран Буџевски изјави дека не е во ред да се казнуваат лекари што си ги бараат своите демократски права.

Во само една подготвена платата за наставниците

Вечер Прес - 10.11.2007

Само Општина Велес од 42-те општини кои влегоа во втората фаза од фискалната децентрализација доставила податоци за подигање на плата во образование за октомври. Надлежните, но и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) стравуваат дека ќе се повтори истата ситуација со доцнењето на платите ...

Ставен во мирување штрајкот на битолските лекари

А1 - 09.11.2007

Синдикатот на доктори при Клиничката болница од Битола попладнево соопшти дека го става во мирување штрајкот што се одвиваше во изминатите 17 денa. „Го ставаме штрајкот во мирување, но ќе продолжиме да работиме на остварување на нашите права, а тоа се поголеми плати и укинување на сменското ...

Наставниците кои не земале плата ќе стапат во штрајк

А1 - 09.11.2007

Наставниците кои не земале плата за септември и октомври од петок ќе стапат во генерален штрајк. Ова денеска го одлучи Синдикатот на работниците во образованието СОНК. Тие се незадоволни за доцнењето на платите во училиштата и градинките во општините кои веќе се влезени во втората фаза на ...

Се' беше навреме доставено

Дневник - 09.11.2007

(Повод: „Нема плата само за просветарите од Кратово“, „Дневник“ , 6 ноември) Апсолутно невистината е информацијата дека од сите општини во Македонија само Кратово не ги доставила потребните документи до МОН и поради тоа просветарите од Кратово нема да земат плата.

СОНК повеќе нема да го толерираат доцнењето на платите во образованието

Канал5 - 09.11.2007

Од СОНК најавуваат дека повеќе нема да го толерираат доцнењето на платите во образованието. Доколку до 15 ноември не им бидат исплатени платите за октомври ќе стапат во генерален штрајк Од СОНК најавуваат дека повеќе нема да го толерираат доцнењето на платите во образованието.

Огромни штети од штрајкот на германската железница

Макфакс - 09.11.2007

Берлин Последниот штрајк на германската железница кој траеше два дена, предизвика штети од најмалку 75 милиони евра, проценува германскиот економски институт DIF. Само во товарниот сообраќај, 62-часовниот штрајк предизвика штети кои се проценуваат помеѓу 54 и 80 милиони евра.

Штрајкот на битолските лекари во двонеделно мирување

Макфакс - 09.11.2007

Битола Штрајкот на лекарите од битолската Клиничка болница од денеска е ставен во двонеделно мирување, јави дописникот на Макфакс. Одлуката ја донесе собранието на Синдикатот на доктори кои се пожалија на намалени права за време на штрајкот.

Штрајк на наставниците во Србија

Макфакс - 09.11.2007

Белград Просветните работници во Србија денеска започнаа штрајк во училиштата ширум државата. Причина е „неподготвеноста на Владата да го исполни барањето на наставниците за покачување на платите за 20 отсто од идната година“, соопшти претседателот на Синдикатот за образование, Бранислав Павловиќ.

Блокирани 670 товарни возови поради штрајк на железничарите

Макфакс - 09.11.2007

Хамбург Околу 670 товарни возови во Германија денеска не сообраќаат поради масовен штрајк на машиновозачите, соопшти претставник на Германските железници. Речиси 900 машиновозачи одбија да работат на вториот ден од штрајкот, кој што најмногу го погоди железничкиот сообраќај во источниот дел на ...

Нема плата само за просветарите од Кратово

Дневник - 07.11.2007

Освен на вработените во образованието во општина Кратово, септемвриската плата денеска ќе им биде исплатена на сите останати просветни работници. Ваква информација добил претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, Дојчин Цветановски.

Холивудските сценаристи во штрајк, ток-шоута паузираат

Дневник - 07.11.2007

Телевизиските и филмските сценаристи во Холивуд почнаа со штрајк откако во неделата пропаднаа преговорите со големите медиски куќи околу плаќањето на авторските хонорари поврзани со разните видови дистрибуција. Сценаристите бараа покачување на хонорарите во случаи кога нивната работа е ...

Штрајк на новинарите во Грција

Макфакс - 07.11.2007

Атина Грчките новинари денеска организираат масовен 24-часовен штрајк кој треба да започне утринава, пренесуваат медиумите. Причина за штрајкот, во кој е најавено учество на новинари од сите медиуми ширум државата, се најавените владини реформи во пензискиот систем.

Штрајк на холивудските сценаристи

Вест - 06.11.2007

ЛОС АНЏЕЛЕС, 6 ноември (Ројтерс) - Филмските и телевизиски сценаристи вчера почнаа штрајк откако пропаднаа преговорите што требаше да го спречи прекинот на работењето на Здружението на сценаристи на Америка за првпат по речиси две децении.

Претседателот на ЗЕЛС за штрајкот на наставниците

Макфакс - 06.11.2007

Скопје Не мислам дека има политички реваншизам, туку мислам дека некои сакаат својата неспособност да ја префрлат на некој друг, изјави денеска претседателот на ЗЕЛС, Андреј Петров по повод штрајкот на наставниците. Училиштата од шест општини во државата денеска не држеа настава затоа што заклучно ...

Класичен штрајк на наставниците во шест општини

Макфакс - 06.11.2007

Скопје Наставниците од основните училишта во Куманово, Тетово, Делчево, Берово, Охрид и Карпош, денеска се во класичен штрајк, затоа што се уште не ја земале октомвриската плата. Ова за Макфакс го потврди претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Дојчин Цветановски, ...

Штрајк на наставниците

Макфакс - 06.11.2007

Скопје Наставниците кои не добија октомвриска плата, денеска ќе стапат во штрајк, изјави синоќа за Макфакс претседателот на Синдикатот за наука, образование и култура (СОНК), Дојчин Цветановски. Тој оваа одлука ја соопшти откако министерот за образование Сулејман Рушити во четвртокот изјави дека на ...

Хаос во железничкиот сообраќај во Германија

Макфакс - 05.11.2007

Берлин Железничкиот сообраќај во Германија е во хаос поради одлуката на Синдикатот на машиновозачи од „Дојче Бан“ во штрајкoт да ги вклучат и патничките возови, соопштија претставници на германската железница. Локалните медиуми јавуваат дека западниот дел на Германија сообраќаат само половина од ...

СОНК - Штрајк во петок ќе има

Макфакс - 05.11.2007

Скопје Наставниците кои денеска не примија октомвриска плата, в петок ќе стапат во штрајк, изјави за Макфакс претседателот на Синдикатот за наука, образование и култура (СОНК) Дојчин Цветановски. Тој ова го потврди по информациите што министерот за образование Сулејман Рушити ги соопшти попладнево ...

Штрајк на вработените во правосудните органи во Србија

Макфакс - 05.11.2007

Белград Вработените во правосудните органи во Србија од денеска стапија во штрајк, јавуваат медиумите. Според Синдикатот на вработените во правосудните органи, штрајкот ќе трае се додека Владата не ги исполни поставените барања.

Министерството за образование го поддржа штрајкот на учителите

Макфакс - 05.11.2007

Куманово Министерството за образование (МОН) го поддршка денеска штрајкот на учителите што нивниот синдикат го најави за в петок, јавува Макфакс. „Јавно го поддржувам и ќе се приклучам кон штрајкот на наставниците од општините кои се уште не доставија соодветна документација за исплата на платите, ...