Израелската армија денеска соопшти дека почнала мобилизацијата на околу 5.000 резервисти, кои треба да ги заменат војниците на Западниот Брег и во Појасот Газа. Портпаролот на израелската армија истакна дека мобилизацијата на војниците е неопходна поради неодамнешните терористички напади и ...
ЕРУСАЛИМ, 18 октомври, (Ројтерс) Израелскиот премиер Ариел Шарон смета дека прогонот на палестинскиот претседател Јасер Арафат "не би бил добар избор", пишува дневниот весник "Ерусалим пост", објавувајќи изјава на израелскиот премиер.
Израелскиот премиер ја менува политичката матрица ЕРУСАЛИМ - Премиерот Ариел Шарон вчера се појави за да го забрани прогонувањето на палестинскиот претседател Јасер Арафат и покрај заканите дека тоа ќе биде направено, велејќи дека таквиот потег ќе биде "лош за Израел".
Израелскиот премиер Ариел Шарон денеска изјави дека отстранувањето на палестинскиот лидер Јасер Арафат „не би било добро за Израел“. Оваа изјава е сосема спротивна со одлуката на израелската власт „за отстранување на Арафат“, донесена откако Палестинците извршија два самоубиствени напади.
ПОЈАСОТ ГАЗА, 17 октомври, (АП) - Палестинската полиција вчера уапсила тројца осомничени за бомбашкиот напад врз американскиот конвој на дипломати, по куса престрелка со милитантите во ноќната рација на бегалскиот камп Џебалија.
ОСОМНИЧЕНИ Палестинската полиција уапси најмалку пет лица кои се верува дека имаа врска со нападот врз американскиот дипломатски конвој што. се случи во средата во појасот Газа. Доброупатени палестински извори јавуваат дека осомничените милитанти се уапсени по кратка престрелка во бегалскиот камп ...
По терористичкиот напад врз американски дипломатски конвој од страна на палестински милитанти Нема ништо воено, тајно или дури контроверзно во врска со американскиот конвој што беше нападнат во средата. Жртвите беа телохранители на официјалните претставници од амбасадата кои заминаа на пат за да ги ...
Палестинската полиција приведе тројца милитанти осомничени за поврзаност со бомбашкиот напад врз дипломатски конвој на САД во Појасот Газа, во кој загинаа тројца Американци, соопштија палестински безбедносни извори. Уапсените се припадници на Организациите на народниот отпор, група палестински ...
БЕИТ ЛАХИЈА, Појасот Газа, 16 октомври, (АП) - Во експлозија на бомба на далечинско управување поставена под американски дипломатски конвој вчера е уништено едно оклопно возило, а тројца американски.... БЕИТ ЛАХИЈА, Појасот Газа, 16 октомври, (АП) - Во експлозија на бомба на далечинско управување ...
Конвој со американски набљудувачи наиде на мина во северна Газа ГАЗА - Најмалку тројца Американци загинаа, а уште еден е потешко повреден од експлозијата која вчера погоди американски конвој во северна Газа, во близина на границата со Израел, јавуваат американски и израелски извори.
Реакции Газа - Исламистичката милитантна група Хамас и екстремистичката група Исламистички џихад одрекуваат каква било вмешаност во денешниот напад врз колоната од американски дипломатски возила во Појасот Газа, при што тројца Американсци загинаа, а еден е потешко повреден.
САД ги блокираа акциите против изградбата на бариерата на Западниот Брег Соединетите Американски Држави ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која го осудува контроверзниот ѕид на Западниот Брег.. Во нацрт резолуцијата, која беше претставена од страна на арапските држави, се ...
ПРВПАТ ВО ИЗРАЕЛСКО-ПАЛЕСТИНСКИОТ СУДИР Тројца американски телохранители загинаа вчера во палестинскиот појас Газа во првиот бомбашки напад врз американски дипломати за време на тригодишниот израелско-палестински судир, јави Ројтерс.
Експлозија во појасот Газа погоди колона од американски дипломатски возила, при што загинаа три лица, а најмалку едно е рането. Еден сведок рече дека околу експлозијата имало парчиња од возилото и делови од телата на луѓето. Американските дипло Експлозија во појасот Газа погоди колона од ...
САД синоќа ставија вето во Советот за безбедност на ОН врз палестинскиот предлог-резолуција во која Израел се осудува поради изградбата на безбедносната ограда на Западниот Брег. Со резолуцијата се осудуваат и плановите за изградба на 600 нови куќи во израелските населби на палестинска територија.
Тројца американски граѓани загинаа, а еден е ранет денеска во близина на Појасот Газа, при бомбашки напад врз конвојот возила со кои патувале, што е прв напад врз американска цел во тригодишниот израелско-палестински конфликт, јавија американските медиуми.
ЕРУСАЛИМ, 15 октомври (АП) - Израелската војска вчера нареди 15 палестински притвореници да бидат протерани од Западниот Брег, гест досега без преседан, додека поткрепена од воени хеликоперти и тенкови ги пребаруваше шверцерските тунели во бегалскиот камп Рафах во Газа.
Соединетите американски држави ставија вето врз резолуција на Советот за безбедност, инаку поддржана од арапските земји, со која се побара од Израел да го сопре подигањето на оградата кон палестинските области на Западниот брег на реката Јордан.
Израелски војници изминатата ноќ повторно навлегоа во палестинскиот бегалски камп во Рафах во Појасот Газа. Според палестински извори, најмалку 40 тенкови, оклопни возила и булдожери и два хеликоптери, навлегле во кампот од две страни наидувајќи на слаб отпор.
По повеќе од две години тајни преговори ЕРУСАЛИМ - Група израелски и палестински политичари, активисти за човекови права и интелектуалци, изјавија дека постигнале договор за нов нацрт мировен договор, по повеќе од две години тајни преговори. Преговарачите не се од ниту една влада.
Јорданскиот крал Абдула Втори денеска повика на „итна, видлива акција“ за воспоставување палестинска државност, израелска безбедност и напредок на Блискиот Исток. Арапско-израелскиот судир е главна причина за нестабилност и регрутен центар за екстремисти и глобален тероризам, оцени кралот Абдула, ...
Заврши најголемата израелска воена операција во Газа ГАЗА СИТИ - Израелската армија ја оконча дводневната воена кампања во јужниот дел на појасот Газа,а Палестинците конечно ја окончаа борбата за моќ меѓу ветеранот и лидерот Јасер Арафат и неговиот премиер Ахмед Куреи.