TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Китинов одличен во Братислава

Вест - 09.11.2001

Тенис Македонскиот тенисер Александар Китинов во двојка со Ловро Зовко од Хрватска избори пласман во полуфиналето на 100.000 долари вредниот АТП челинџер турнир во Братислава. Во четвртфиналето Китинов/Зовко со 7-6 (7-4), 4-6, 6-3 ја елиминираа холандската двојка Јан Симеринк/Сандер Хроен.

Китинов/Зовко во четвртфиналето

Вест - 08.11.2001

Тенис Македонскиот тенисер Александар Китинов во двојка со Хрватот Ловро Зовко се пласираше во четвртфиналето на 100.000 долари вредниот АТП челинџер турнир во Братислава. Во првото коло Китинов/Зовко ја победија јужноафриканско - чешката комбинација Маркос Ондрушка/Петр Пала со 7-6 (8-6), 6-3.

Китинов на челинџер во Братислава

Вест - 07.11.2001

Тенис Најдобриот македонски тенисер Александар Китинов оваа седмица ќе настапи во двојки на 100.000 долари вредниот АТП челинџер турнир во Братислава. Партнер на Китинов на овој турнир ќе биде Хрватот Ловро Зовко. Во првото коло Китинов/Зовко ќе се сретнат со Маркос Ондрушка (ЈАР)/Петр Пала (Чешка).