Иако се уште не стивнаа реакциите за двата случаја во Скопје и во Прилеп, за оној на Стоматолошкиот факултет и оној во прилепската гимназија "Мирче Ацев", за сексуално малтретирање на студентка и ученички, а во Битола изби нов ваков скандал.
Министерството за здравство концептот на штедење го фокусира на болни од рак, деца со леукемија, пациентите со мултиплекс склероза, хормоните, бубрежно болните кои се на дијализа... На овие "пунктови" се направени и првите резови.
Али Бајрам, актуелниот шампион од Шутка во снимање на музички видеоспотови, е на пат да го оствари својот 14 албум, на кој освен нови ромски, ќе има една турска песна, компонирани од него и Музафер, исто така од филмот "Шампионите од Шутка", во кој се појавуваат и двајцата.
"Обвинителството работеше спротивно на Законот и по налог на поранешниот министер Хари Костов", рече Александар Цветков на јавната седница што вчера се одржа во Апелациониот суд во Скопје за случајот Раштански лозја. Цветков, генералот на полицијата Горан Стојков, Бобан Утковски и Митко Кикереков ...
Случајот Шутка против Шутка за филмот "Шампионите од Шутка" се развива. До "Вечер" стигна и писмо од Партијата за интеграција на Ромите, потпишано од нејзиниот претседател, д-р Бајрам Берат, кој вели дека е револтиран од постапката на пратеникот Неждет Мустафа, кој тврди дека немал никаква врска со ...
Мичо Атанасиу своевремено отпеа една жива вистина "Пари, пари, пари, се опсесија", а во вториот стих од песната уште поконкретно ни ја доопиша и реалноста "Живот, живот, живот на вересија". На сите страни пари се помалку има, проблем, со кој се судрува и музичко-наградувачката манифестација "12 ...
Црквата "Свети Никола" во селото Трпејца, која датира од 17 век неодамна била до темел урната и на нејзино место се гради нова црква. Гоце Ангеличин - Жура, музејски советник во Заводот и музеј од Охрид остро реагира на ваквиот, според него, вандалски чин и тврди дека никој од вработените од оваа ...
Шпанците се лудо вљубени во најважната споредна работа на светот, а Реал Мадрид и Барселона се меѓу клубовите со најголем број на приврзаници. За жал, жителите на оваа земја не можат да се пофалат со успех на некое големо фудбалско натпреварување.
Македонските граѓани минатата година во домашните банки оставиле дури 169 милиони евра свежи пари, со што, вкупната заштеда на крајот на декември лани достигна рекордни 942 милиони евра или 57,62 милијарди денари. Заштедата во банките го надмина досега највисокото ниво од 31 декември 2002 год.
Камерунецот Самуел Ето е уверен дека би бил многу поценет во светот на фудбалот, ако би се презивал "Етодињо". "Сепак, не се жалам, напротив. Кога велат дека Самуел Ето е трет играч на светот според ранг-листата на ФИФА, јас себеси се гледам како првопласиран", вели Камерунецот.
Знаевме дека денот ќе биде студен и долг уште пред да тргнеме кон Катланово. Синоптичарите веќе неколку дена прогнозираа дека токму овој ќе биде најстудениот. Прогнозираа 25 степени под нулата и - не згрешија. И самите веднаш го забележавме тоа, чекајќи ја новата група бездомници пред Центарот за ...
Во тепачката што завчера, околу 17,30 часот, се случи во кафе-барот "Кул" на улицата "Христијан Тодоровски-Карпош" во Куманово три лица се повредени и пренесени в болница, соопшти СВР - Куманово. А.Ј. (18), А.С. (24) и С.С. (23), биле вработени во кафе-барот.
Рибокрадството во водите на Охридското Езеро, и покрај неодамнешната забрана за риболов, и натаму зема се поголем замав. За спречување на ваквата неконтролирана, масовна појава од неодамна долж Охридско-струшката ривиера се ангажирани приватни агенции кои вршат непречена контрола со 24-часовно ...
Насловот го откраднав од една партиска и владина потпретседателка, попрецизно од една нејзина колумна. Имено, авторката, напиша (изрази стравување) дека две опозициони партии ќе влезат во "фатална прегратка" - пред или постизборна, сеедно.
Втората "форд фиеста" од наградната игра на "Мобимак" - "360 степени за среќа" отиде во Велес. Од 430.465 пристигнти добитни купони во текот на јануари, ексклузивецот на М2-продукцијата, Ламбе Алабаковски го извлече Бесим Ахметов со телефонски број 070/895-456 кому клучевите од новиот автомобил ќе ...
Базенот Младост во Карпош, од први февруари ги отвори вратите за љубителите на пливањето. Според надлежните во фирмата "Технометал" која стопанисува со овој спортски објект, по едномесечното сервисирање, базенот е повторно во употреба, а терминот за рекреација е секој ден од 8 до 17 и од 22 до 24 ...
Семафорите лоцирани во населбата Маџари на фреквентната крстосница помеѓу улиците "Благоја Стефковски" и "Маџари" во близина на киното, кои што деновиве не работеа заради нивно репрограмирање, од вчера повторно се пуштени во функција.
- "Шампионите од Шутка" е малициозен и деструктивен проект. Има одредени стереотипни претставувања на протагонисти. За нас ова е избор на несреќна и негативна приказна за Ромите. Не се лутиме поради изборот на протагонистите, туку поради парцијалното третирање на реалноста.
Софи Андертон, британска убавица, попозната и како некогашна девојка на поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Марк Боснич, во разговор за таблоидот "Сан" зборуваше за своите сексуални искуства и наедно ги оценуваше менаџерите во елитата на англискиот фудбал.
"Со продажбата на ЕСМ, ја продаваме втората златна кокошка на македонското стопанство, но за разлика од Телеком, таа е многу позначајна за стандардот на осиромашеното население", предупреди професорката од Економскиот факултет во Скопје, Наталија Николовска на седницата на Извршниот одбор на ...
Палестинските Бригади на мачениците на Ал Акса и Комитетот за народен отпор преку заедничко соопштение искажат револт и упатија закани поради објавената карикатура на пророкот Мухамед во вчерашниот "Франс соар". Па така, покрај Данска и Норвешка, сега и Франција се најде на црната листа на Ал Акса.
Штрајкот на текстилните работници од "Каваско" од Неготино кој почна на 19 јануари, се уште трае. Имено, на 31 јануари штрајкувачите беа примени од градоначалникот на Неготино, Ѓорѓи Кимов, водеа разговори и го запознаа со нивните барања.
Англискиот "Мирор" во вторникот објави вест за Парис Хилтон. И што има тука интересно? Таа вест најмалку се занимава со американската милионерка, овој пат се занимава со петицијата на Индекс, особено со делот на оние што пишуваат на форумот да се прекине со објавување на написи за Парис.
"Тин клубот” е тинејџерска емисија која оди секоја сабота во 12 часот на МТВ во живо. Секоја сабота по час и половина со средношколци - гости во судио и гости за дадената тема. Секоја сабота се обработува по една тема- пушење, кич, шунд, алкохол, стрес, сценски уметности и многу други теми.
Министерството за внатрешни работи до Одделението за организиран криминал на Јавното обвинителство поднесе две кривични пријави. За даночно затајување, перење пари и други приноси од казниво дело се сомничат А.П. (41) од Скопје и Б.Д. (46) од Крива Паланка.
Оранжериските производители од подрачјето на општините Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово поради студеното време и натаму мака мачат како да го спасат посадочниот материјал и расадените површини. "Студеното време забрзано го "пие" мазутот што е рамно на нож под грлото на производителите.
Активностите за одбележување на 15. интернационален детски музички фестивал "Калинка 2006", почнаа. Во текот на 15-те години фестивалот создаде 270 нови детски песни, околу 5.000 деца своите први чекори ги зачекорија, а нивните желби заеднички ги споделија и уште 1.000 деца од 23 европски земји.
На 14 февруари традиционално, по 17-пат ќе се одржи фолк фестивалот "Гоце фест”, во чест на четврти февруари, денот на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Местото на одржување е Универзална сала, каде ќе бидат слушнати дваесет нови песни од познати и нови фолк-пејачи, дуети и групи ...
Фудбалската федерација на Македонија во потрагата по нов селектор на националниот тим се држи до народната поговорка: Нов бунар копај, во стариот не плукај. Во ерата на најинтензивно трагање по нов "кормилар" за претстојниот квалификациски циклус за ЕП 2008 претседателот на ФФМ, Хари ...
Педесет и шестгодишниот кочанчанец Стахан Наков три години талка по судовите и никако не успева да најде излез од лавиринтот. Тој преку сите можни надлежни релевантни инстанци во државава, почнувајќи од Основниот суд во Кочани, преку оној во Штип, па и преку повисоките судови сака да ја докаже ...
Монодрамата на Џаро на втори март ќе доживее промоција во Белград, во театарот Славија. Организацијата му е препуштена на неговиот пријател - менаџерот Саша Драгиќ, а на сцената на белградскиот театар освен Џаро ќе прозвучат и изјавите на некои пејачи од Белград, чија кариера своевремено била во ...
Акцијата за отстранувањето на непрописно паркираните возила од сообраќајници и зелените површини ќе се спроведува во континуитет и во наредниот период Пајак-службата, во присуство на комуналните инспектори на Град Скопје и сообраќајната полиција, во текот на изминатите денови има подигнато 20 ...
Овие денови се снима видео-запис за песната "Погрешни сме" на струмичката фолк група "Болеро", која е и насловната песна од истоимениот албум. Овој спот е четврти од нивниот албум, а ќе биде во реализација на Тритон продукција од Струмица.
Законот за пушење на јавни места во случајов стана мета на исмејување на ова досетливо момче, кое инспирирано од забраната со која од неодамна не бомбардираат од сите страни, решило со нов моден детаљ да си го дополни стајлингот.
Следната среда, на приквечеринка, во ресторан Имес, групата Хармонија пред новинарите ќе го обелодени своето ново цеде "Бетовенова", кое веќе е на продажните штандови во музичките продавници. Ова цеде "Бетовенова" (нивни втор албум, по касетата "Габриела" од 1998) е насловено според истоимената ...
(МИА) - Советот на фестивалот на детска песна "Калинка 2006" ги утврди 15-те детски песни и изведувачи за јубилејното 15-то по ред издание на фестивалот, што ќе се одржи во март во Гевгелија. На аудицијата за фестивалот годинава се пријавија над 80 деца, што беше за неколкупати повеќе од минатите ...
ДООЕЛ "Јадран" од Неготино од ден на ден прераснува во современ и разгранет производител на кондиторски производи и леб и бели печива, вели директорот Тодор Кулаков. Кондиторските производи успешно се пласираат во Косово, Србија и БиХ, а во тек е договор за пласман на производите на "Јадран" и во ...
Во организација на Првата детска амбасада во светот "Меѓаши" и Центрите за ненасилна акција од Белград и Сараево, вчера во Културно информативниот центар, беше промовирана книгата "Не може да ми биде добро, ако на мојот сосед му е лошо".
Зградата на Светскиот бизнис центар во Скопје по петти пат се нуди на продажба. Овој пат, заедно со зградата ќе се продава и земјиштето под неа. Почетната цена за објектот со површина од 22.458 квадратни метри е 8.720.185 евра.
Пред некој ден лидерот на социјалистите Љубисав Иванов - Ѕинго направи вистинска пародија во Парламентот. Му влезе во шема и на волеј му легна пратеникот од ВМРО-НП, Жарко Караџоски. Во таа пригода, за потсетување, парафразирано, Ѕинго му реплицираше на Караџоски дека сите потекнуваат од истото ...
Трговијата со хероин во Европа во голем степен ја организираат турски криминални групи. Во Германија "бизнисот" е во рацете на турската мафија, а претставници на турската мафија кои дејствуваат во Велика Британија и Холандија организираат илегален увоз на хероин во Обединетото Кралство, меѓу ...
Штипскиот чевларски гигант "Баргала" ја имаше најдобрата понуда за купување на фабриката "Земјоделска механизација" од Виница, па Собранието на доверители донесе одлука овој капацитет да се продаде на штипската фабрика. Според договорот за продажба, "Баргала", сега е должна во рок од 21 ден да го ...
Американската тенисерка Серена Вилијамс независно што во моментов не е во врвна форма, сепак, го привлекува вниманието на љубителите на белиот спорт. Екстравагантна кога модата е во прашање, па дури и кога се појавува на тенискиот терен, помладата од сестрите Вилијамс секогаш пронаоѓа време и за ...
Американската филмска академија, вчера ги објави номинациите за "Оскар". За најдобар актер, како што се очекуваше, номинирани се Жоакин Феникс за улогата на Џони Кеш во "Одејќи по линијата", Филип Сејмур Хофман за "Капоте", Дејвид Стратхарн за играта во "Добра ноќ и со среќа", на режисерот Џорџ ...
Владата ја поздрави препораката од Европската Унија за создавање зедничка трговска зона во Западниот Балкан, бидејќи на тој начин ќе се зголемат можностите за извоз на македонските производи. Како што соопштија на вчерашната прес-конференција вицепремиерката Радмила Шекеринска и министерката Илинка ...
Бугарската банкарска групација "Фрст инвестмент банк" деновиве стана нов сопственик на "Интернационален картичен систем", (ИКС) односно некогашна "Национална платежна картичка". Ова за "Вечер" вчера го изјави првиот човек на оваа институција Стефан Караѓозов.
Со балетот "Есмералда" во изведба на Македонската Опера и Балет, во Куманово денеска официјално ќе започне манифестацијата "Град на културата за 2006". Во Куманово, кој е прогласен за трет по ред град на културата ќе се изврши и симболично примопредавање на манифестацијата меѓу градоначалниците од ...
Во Шутка минатиот викенд помина вообичаено, мирно. Иако општинарите се заканија дека "дивите" тезги ќе ги отстрануваат со полициска асистенција, тоа сепак не се случи. Акцијата на барање на продавачите е одложена за денеска. -Инспекторите од Секторот за урбанизам со полициска придружба беа на терен ...
Правна држава не е ништо друго и ништо повеќе од држава, која организациски се темели врз две начела - народен суверенитет и гарантирање на слободите и правата на граѓаните. Државата може да се означи за правна само ако целокупниот административен авторитет, а посебно оној на полицијата, е предмет ...
Сојузот за грижи и воспитување на децата на град Скопје го распиша традиционалниот анонимен конкурс за избор на детски песни, наменети за предучилишна и училишна возраст што треба да бидат изведени на фестивалот "Златно славејче 2006 година".
Иако со уредни документации, што се движеа од 100 до 271 илјади евра, што ги понудија четири фирми, две од Кочани и по една од Велес и Штип, советот на доверители на АД ГП "Бетон" не прифати ниедна, што значи дека пропадна првиот тендер.
Рускиот режисер и актер Никита Михалков ќе го снима продолжението на оскаровецот "Изгорени од сонцето", филмот кој на Милчо Манчевски му го "украде" Оскарот во 1994 година. Филмот беше еден од оние кои ја сликаа предвоена Русија, во 1936, и режимот на Сталин.
Осигуреникот ќе може да се лекува на товар на националната здравствена каса само во медицинските установи што имаат склучено договори со Фондот, а врз основа на осигурувањето ќе им следува и право на вештачко оплодување до трипати и тоа единствено во здравствени установи што имаат склучено договор ...
Од касата на Фондот за здравствено осигурување ќе се издвојат 68 милиони денари за потребите на Клиничкиот центар. Овие средства се наменети за завршување на градежните работи на Клиниката за гинекологија, за градежни работи поврзани со сместувањето на барокомората, како и за реконструкција на ...
Довчерашната либералдемократка, Лилјана Поповска, од завчера и официјално е претседател на партијата Демократска обнова на Македонија. На основачкото собрание, што се одржа во саботата во МНТ, покрај партиски лидер, беа избрани и Централен и Надзорен одбор на новата партија.