TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Професор "менувал" шестка за секс

Вечер Прес - 04.02.2006

Иако се уште не стивнаа реакциите за двата случаја во Скопје и во Прилеп, за оној на Стоматолошкиот факултет и оној во прилепската гимназија "Мирче Ацев", за сексуално малтретирање на студентка и ученички, а во Битола изби нов ваков скандал.

Димов ги "скока" инсулините?!

Вечер Прес - 04.02.2006

Министерството за здравство концептот на штедење го фокусира на болни од рак, деца со леукемија, пациентите со мултиплекс склероза, хормоните, бубрежно болните кои се на дијализа... На овие "пунктови" се направени и првите резови.

"Шампионот од Шутка" снима нов албум

Вечер Прес - 04.02.2006

Али Бајрам, актуелниот шампион од Шутка во снимање на музички видеоспотови, е на пат да го оствари својот 14 албум, на кој освен нови ромски, ќе има една турска песна, компонирани од него и Музафер, исто така од филмот "Шампионите од Шутка", во кој се појавуваат и двајцата.

"Ќе пукам и следниот пат за да ја одбранам државата"

Вечер Прес - 04.02.2006

"Обвинителството работеше спротивно на Законот и по налог на поранешниот министер Хари Костов", рече Александар Цветков на јавната седница што вчера се одржа во Апелациониот суд во Скопје за случајот Раштански лозја. Цветков, генералот на полицијата Горан Стојков, Бобан Утковски и Митко Кикереков ...

"Шампионите..." и предизборната пропаганда?

Вечер Прес - 04.02.2006

Случајот Шутка против Шутка за филмот "Шампионите од Шутка" се развива. До "Вечер" стигна и писмо од Партијата за интеграција на Ромите, потпишано од нејзиниот претседател, д-р Бајрам Берат, кој вели дека е револтиран од постапката на пратеникот Неждет Мустафа, кој тврди дека немал никаква врска со ...

Ќе преспијат ли "12 величествени"

Вечер Прес - 04.02.2006

Мичо Атанасиу своевремено отпеа една жива вистина "Пари, пари, пари, се опсесија", а во вториот стих од песната уште поконкретно ни ја доопиша и реалноста "Живот, живот, живот на вересија". На сите страни пари се помалку има, проблем, со кој се судрува и музичко-наградувачката манифестација "12 ...

Вандализам врз црквата "Свети Никола"

Вечер Прес - 04.02.2006

Црквата "Свети Никола" во селото Трпејца, која датира од 17 век неодамна била до темел урната и на нејзино место се гради нова црква. Гоце Ангеличин - Жура, музејски советник во Заводот и музеј од Охрид остро реагира на ваквиот, според него, вандалски чин и тврди дека никој од вработените од оваа ...

Аргентинка ги "пали" Шпанците

Вечер Прес - 04.02.2006

Шпанците се лудо вљубени во најважната споредна работа на светот, а Реал Мадрид и Барселона се меѓу клубовите со најголем број на приврзаници. За жал, жителите на оваа земја не можат да се пофалат со успех на некое големо фудбалско натпреварување.

На книшките "лежат" 950 милиони евра на граѓаните

Вечер Прес - 04.02.2006

Македонските граѓани минатата година во домашните банки оставиле дури 169 милиони евра свежи пари, со што, вкупната заштеда на крајот на декември лани достигна рекордни 942 милиони евра или 57,62 милијарди денари. Заштедата во банките го надмина досега највисокото ниво од 31 декември 2002 год.

"Да се викав Етодињо ќе бев поценет"

Вечер Прес - 04.02.2006

Камерунецот Самуел Ето е уверен дека би бил многу поценет во светот на фудбалот, ако би се презивал "Етодињо". "Сепак, не се жалам, напротив. Кога велат дека Самуел Ето е трет играч на светот според ранг-листата на ФИФА, јас себеси се гледам како првопласиран", вели Камерунецот.

"Акцијашките" бараки ги стоплија бездомниците

Вечер Прес - 04.02.2006

Знаевме дека денот ќе биде студен и долг уште пред да тргнеме кон Катланово. Синоптичарите веќе неколку дена прогнозираа дека токму овој ќе биде најстудениот. Прогнозираа 25 степени под нулата и - не згрешија. И самите веднаш го забележавме тоа, чекајќи ја новата група бездомници пред Центарот за ...

Тројца повредени во тепачка во "Кул"

Вечер Прес - 04.02.2006

Во тепачката што завчера, околу 17,30 часот, се случи во кафе-барот "Кул" на улицата "Христијан Тодоровски-Карпош" во Куманово три лица се повредени и пренесени в болница, соопшти СВР - Куманово. А.Ј. (18), А.С. (24) и С.С. (23), биле вработени во кафе-барот.

Современ "лов" на рибокрадците

Вечер Прес - 04.02.2006

Рибокрадството во водите на Охридското Езеро, и покрај неодамнешната забрана за риболов, и натаму зема се поголем замав. За спречување на ваквата неконтролирана, масовна појава од неодамна долж Охридско-струшката ривиера се ангажирани приватни агенции кои вршат непречена контрола со 24-часовно ...

"Фаталната привлечност" на парите

Вечер Прес - 04.02.2006

Насловот го откраднав од една партиска и владина потпретседателка, попрецизно од една нејзина колумна. Имено, авторката, напиша (изрази стравување) дека две опозициони партии ќе влезат во "фатална прегратка" - пред или постизборна, сеедно.

"Форд фиестата" отиде во Велес

Вечер Прес - 04.02.2006

Втората "форд фиеста" од наградната игра на "Мобимак" - "360 степени за среќа" отиде во Велес. Од 430.465 пристигнти добитни купони во текот на јануари, ексклузивецот на М2-продукцијата, Ламбе Алабаковски го извлече Бесим Ахметов со телефонски број 070/895-456 кому клучевите од новиот автомобил ќе ...

Базенот "Младост" отворен за капачи

Вечер Прес - 04.02.2006

Базенот Младост во Карпош, од први февруари ги отвори вратите за љубителите на пливањето. Според надлежните во фирмата "Технометал" која стопанисува со овој спортски објект, по едномесечното сервисирање, базенот е повторно во употреба, а терминот за рекреација е секој ден од 8 до 17 и од 22 до 24 ...

Репрограмиран семафорот на "Благоја Стефковски"

Вечер Прес - 04.02.2006

Семафорите лоцирани во населбата Маџари на фреквентната крстосница помеѓу улиците "Благоја Стефковски" и "Маџари" во близина на киното, кои што деновиве не работеа заради нивно репрограмирање, од вчера повторно се пуштени во функција.

"Шампионите..." ги раскараа Ромите

Вечер Прес - 03.02.2006

- "Шампионите од Шутка" е малициозен и деструктивен проект. Има одредени стереотипни претставувања на протагонисти. За нас ова е избор на несреќна и негативна приказна за Ромите. Не се лутиме поради изборот на протагонистите, туку поради парцијалното третирање на реалноста.

Мурињо е лош љубовник и со "мал алат"

Вечер Прес - 03.02.2006

Софи Андертон, британска убавица, попозната и како некогашна девојка на поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Марк Боснич, во разговор за таблоидот "Сан" зборуваше за своите сексуални искуства и наедно ги оценуваше менаџерите во елитата на англискиот фудбал.

ЕСМ ќе ја "откачи" инфлацијата

Вечер Прес - 03.02.2006

"Со продажбата на ЕСМ, ја продаваме втората златна кокошка на македонското стопанство, но за разлика од Телеком, таа е многу позначајна за стандардот на осиромашеното население", предупреди професорката од Економскиот факултет во Скопје, Наталија Николовска на седницата на Извршниот одбор на ...

Отказ за главниот уредник на "Франс соар"

Вечер Прес - 03.02.2006

Палестинските Бригади на мачениците на Ал Акса и Комитетот за народен отпор преку заедничко соопштение искажат револт и упатија закани поради објавената карикатура на пророкот Мухамед во вчерашниот "Франс соар". Па така, покрај Данска и Норвешка, сега и Франција се најде на црната листа на Ал Акса.

Штрајкот во "Каваско" се уште трае

Вечер Прес - 03.02.2006

Штрајкот на текстилните работници од "Каваско" од Неготино кој почна на 19 јануари, се уште трае. Имено, на 31 јануари штрајкувачите беа примени од градоначалникот на Неготино, Ѓорѓи Кимов, водеа разговори и го запознаа со нивните барања.

"Мирор" за Парис Хилтон на Индекс

Вечер Прес - 03.02.2006

Англискиот "Мирор" во вторникот објави вест за Парис Хилтон. И што има тука интересно? Таа вест најмалку се занимава со американската милионерка, овој пат се занимава со петицијата на Индекс, особено со делот на оние што пишуваат на форумот да се прекине со објавување на написи за Парис.

"Тин клуб", секоја сабота

Вечер Прес - 03.02.2006

"Тин клубот” е тинејџерска емисија која оди секоја сабота во 12 часот на МТВ во живо. Секоја сабота по час и половина со средношколци - гости во судио и гости за дадената тема. Секоја сабота се обработува по една тема- пушење, кич, шунд, алкохол, стрес, сценски уметности и многу други теми.

"Вива инженеринг" и "Интер инженеринг" проневериле 96,5 милиони денари

Вечер Прес - 03.02.2006

Министерството за внатрешни работи до Одделението за организиран криминал на Јавното обвинителство поднесе две кривични пријави. За даночно затајување, перење пари и други приноси од казниво дело се сомничат А.П. (41) од Скопје и Б.Д. (46) од Крива Паланка.

Студот го "пие" мазутот

Вечер Прес - 03.02.2006

Оранжериските производители од подрачјето на општините Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово поради студеното време и натаму мака мачат како да го спасат посадочниот материјал и расадените површини. "Студеното време забрзано го "пие" мазутот што е рамно на нож под грлото на производителите.

Почнаа активностите за "Калинка"

Вечер Прес - 03.02.2006

Активностите за одбележување на 15. интернационален детски музички фестивал "Калинка 2006", почнаа. Во текот на 15-те години фестивалот создаде 270 нови детски песни, околу 5.000 деца своите први чекори ги зачекорија, а нивните желби заеднички ги споделија и уште 1.000 деца од 23 европски земји.

"Гоце фест" на 14 февруари

Вечер Прес - 03.02.2006

На 14 февруари традиционално, по 17-пат ќе се одржи фолк фестивалот "Гоце фест”, во чест на четврти февруари, денот на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Местото на одржување е Универзална сала, каде ќе бидат слушнати дваесет нови песни од познати и нови фолк-пејачи, дуети и групи ...

Бабунски - "златна резерва"

Вечер Прес - 03.02.2006

Фудбалската федерација на Македонија во потрагата по нов селектор на националниот тим се држи до народната поговорка: Нов бунар копај, во стариот не плукај. Во ерата на најинтензивно трагање по нов "кормилар" за претстојниот квалификациски циклус за ЕП 2008 претседателот на ФФМ, Хари ...

Обвинителката и маж и ми ја "лапнаа" печатарската машина

Вечер Прес - 02.02.2006

Педесет и шестгодишниот кочанчанец Стахан Наков три години талка по судовите и никако не успева да најде излез од лавиринтот. Тој преку сите можни надлежни релевантни инстанци во државава, почнувајќи од Основниот суд во Кочани, преку оној во Штип, па и преку повисоките судови сака да ја докаже ...

Џаро ќе прави свадба - "Нека биде циркус"

Вечер Прес - 02.02.2006

Монодрамата на Џаро на втори март ќе доживее промоција во Белград, во театарот Славија. Организацијата му е препуштена на неговиот пријател - менаџерот Саша Драгиќ, а на сцената на белградскиот театар освен Џаро ќе прозвучат и изјавите на некои пејачи од Белград, чија кариера своевремено била во ...

"Чистка" на коловозите и зелените површини

Вечер Прес - 02.02.2006

Акцијата за отстранувањето на непрописно паркираните возила од сообраќајници и зелените површини ќе се спроведува во континуитет и во наредниот период Пајак-службата, во присуство на комуналните инспектори на Град Скопје и сообраќајната полиција, во текот на изминатите денови има подигнато 20 ...

"Болеро", кабаретски свирачи

Вечер Прес - 02.02.2006

Овие денови се снима видео-запис за песната "Погрешни сме" на струмичката фолк група "Болеро", која е и насловната песна од истоимениот албум. Овој спот е четврти од нивниот албум, а ќе биде во реализација на Тритон продукција од Струмица.

"Место за пушење"

Вечер Прес - 02.02.2006

Законот за пушење на јавни места во случајов стана мета на исмејување на ова досетливо момче, кое инспирирано од забраната со која од неодамна не бомбардираат од сите страни, решило со нов моден детаљ да си го дополни стајлингот.

"Хармонија” промовираат на ЦД

Вечер Прес - 01.02.2006

Следната среда, на приквечеринка, во ресторан Имес, групата Хармонија пред новинарите ќе го обелодени своето ново цеде "Бетовенова", кое веќе е на продажните штандови во музичките продавници. Ова цеде "Бетовенова" (нивни втор албум, по касетата "Габриела" од 1998) е насловено според истоимената ...

Одбрани калинките за Калинка 2006

Вечер Прес - 01.02.2006

(МИА) - Советот на фестивалот на детска песна "Калинка 2006" ги утврди 15-те детски песни и изведувачи за јубилејното 15-то по ред издание на фестивалот, што ќе се одржи во март во Гевгелија. На аудицијата за фестивалот годинава се пријавија над 80 деца, што беше за неколкупати повеќе од минатите ...

"Јадран" ќе извезува и во Грција

Вечер Прес - 01.02.2006

ДООЕЛ "Јадран" од Неготино од ден на ден прераснува во современ и разгранет производител на кондиторски производи и леб и бели печива, вели директорот Тодор Кулаков. Кондиторските производи успешно се пласираат во Косово, Србија и БиХ, а во тек е договор за пласман на производите на "Јадран" и во ...

"Не може да ми биде добро, ако на мојот сосед му е лошо"

Вечер Прес - 01.02.2006

Во организација на Првата детска амбасада во светот "Меѓаши" и Центрите за ненасилна акција од Белград и Сараево, вчера во Културно информативниот центар, беше промовирана книгата "Не може да ми биде добро, ако на мојот сосед му е лошо".

Зградата и земјиштето одат "топтан"

Вечер Прес - 01.02.2006

Зградата на Светскиот бизнис центар во Скопје по петти пат се нуди на продажба. Овој пат, заедно со зградата ќе се продава и земјиштето под неа. Почетната цена за објектот со површина од 22.458 квадратни метри е 8.720.185 евра.

"Стадото" на социјалистите

Вечер Прес - 01.02.2006

Пред некој ден лидерот на социјалистите Љубисав Иванов - Ѕинго направи вистинска пародија во Парламентот. Му влезе во шема и на волеј му легна пратеникот од ВМРО-НП, Жарко Караџоски. Во таа пригода, за потсетување, парафразирано, Ѕинго му реплицираше на Караџоски дека сите потекнуваат од истото ...

Турската мафија го "турка" хероинот во Европа

Вечер Прес - 01.02.2006

Трговијата со хероин во Европа во голем степен ја организираат турски криминални групи. Во Германија "бизнисот" е во рацете на турската мафија, а претставници на турската мафија кои дејствуваат во Велика Британија и Холандија организираат илегален увоз на хероин во Обединетото Кралство, меѓу ...

"Баргала" ја купи Земјоделска механизација

Вечер Прес - 01.02.2006

Штипскиот чевларски гигант "Баргала" ја имаше најдобрата понуда за купување на фабриката "Земјоделска механизација" од Виница, па Собранието на доверители донесе одлука овој капацитет да се продаде на штипската фабрика. Според договорот за продажба, "Баргала", сега е должна во рок од 21 ден да го ...

"Црната пантерка" пак на модна писта

Вечер Прес - 01.02.2006

Американската тенисерка Серена Вилијамс независно што во моментов не е во врвна форма, сепак, го привлекува вниманието на љубителите на белиот спорт. Екстравагантна кога модата е во прашање, па дури и кога се појавува на тенискиот терен, помладата од сестрите Вилијамс секогаш пронаоѓа време и за ...

Фаворит "Броукбек планина"

Вечер Прес - 01.02.2006

Американската филмска академија, вчера ги објави номинациите за "Оскар". За најдобар актер, како што се очекуваше, номинирани се Жоакин Феникс за улогата на Џони Кеш во "Одејќи по линијата", Филип Сејмур Хофман за "Капоте", Дејвид Стратхарн за играта во "Добра ноќ и со среќа", на режисерот Џорџ ...

Трговијата нема врска со "нова Југославија"

Вечер Прес - 31.01.2006

Владата ја поздрави препораката од Европската Унија за создавање зедничка трговска зона во Западниот Балкан, бидејќи на тој начин ќе се зголемат можностите за извоз на македонските производи. Како што соопштија на вчерашната прес-конференција вицепремиерката Радмила Шекеринска и министерката Илинка ...

"Фрст инвестмент банк" ја купи НПК

Вечер Прес - 31.01.2006

Бугарската банкарска групација "Фрст инвестмент банк" деновиве стана нов сопственик на "Интернационален картичен систем", (ИКС) односно некогашна "Национална платежна картичка". Ова за "Вечер" вчера го изјави првиот човек на оваа институција Стефан Караѓозов.

Прва ќе заигра "Есмералда"

Вечер Прес - 31.01.2006

Со балетот "Есмералда" во изведба на Македонската Опера и Балет, во Куманово денеска официјално ќе започне манифестацијата "Град на културата за 2006". Во Куманово, кој е прогласен за трет по ред град на културата ќе се изврши и симболично примопредавање на манифестацијата меѓу градоначалниците од ...

Дислокација на "дивите" тезги со полиција

Вечер Прес - 30.01.2006

Во Шутка минатиот викенд помина вообичаено, мирно. Иако општинарите се заканија дека "дивите" тезги ќе ги отстрануваат со полициска асистенција, тоа сепак не се случи. Акцијата на барање на продавачите е одложена за денеска. -Инспекторите од Секторот за урбанизам со полициска придружба беа на терен ...

Прилеп - арена на "маски"

Вечер Прес - 30.01.2006

Правна држава не е ништо друго и ништо повеќе од држава, која организациски се темели врз две начела - народен суверенитет и гарантирање на слободите и правата на граѓаните. Државата може да се означи за правна само ако целокупниот административен авторитет, а посебно оној на полицијата, е предмет ...

Отворен конкурс за "Златно славејче 2006 "

Вечер Прес - 30.01.2006

Сојузот за грижи и воспитување на децата на град Скопје го распиша традиционалниот анонимен конкурс за избор на детски песни, наменети за предучилишна и училишна возраст што треба да бидат изведени на фестивалот "Златно славејче 2006 година".

Пропадна првиот тендер за АД "Бетон"

Вечер Прес - 30.01.2006

Иако со уредни документации, што се движеа од 100 до 271 илјади евра, што ги понудија четири фирми, две од Кочани и по една од Велес и Штип, советот на доверители на АД ГП "Бетон" не прифати ниедна, што значи дека пропадна првиот тендер.

"Изгорени од сонцето", втор дел

Вечер Прес - 30.01.2006

Рускиот режисер и актер Никита Михалков ќе го снима продолжението на оскаровецот "Изгорени од сонцето", филмот кој на Милчо Манчевски му го "украде" Оскарот во 1994 година. Филмот беше еден од оние кои ја сликаа предвоена Русија, во 1936, и режимот на Сталин.

И "бебиња од епрувета" на државна сметка

Вечер Прес - 30.01.2006

Осигуреникот ќе може да се лекува на товар на националната здравствена каса само во медицинските установи што имаат склучено договори со Фондот, а врз основа на осигурувањето ќе им следува и право на вештачко оплодување до трипати и тоа единствено во здравствени установи што имаат склучено договор ...

За Новата "Гинекологија" и "барокомората" - 68 милиони денари

Вечер Прес - 30.01.2006

Од касата на Фондот за здравствено осигурување ќе се издвојат 68 милиони денари за потребите на Клиничкиот центар. Овие средства се наменети за завршување на градежните работи на Клиниката за гинекологија, за градежни работи поврзани со сместувањето на барокомората, како и за реконструкција на ...

Синдромот "затнати уши" - туѓ за ДОМ?

Вечер Прес - 30.01.2006

Довчерашната либералдемократка, Лилјана Поповска, од завчера и официјално е претседател на партијата Демократска обнова на Македонија. На основачкото собрание, што се одржа во саботата во МНТ, покрај партиски лидер, беа избрани и Централен и Надзорен одбор на новата партија.