TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Власта и опозицијата разговараа, Ахмети остана дома

А1 - 19.11.2006

Масата, на која седнаа утрово власта и опозицијата, беше поголема од нивната желба да направат нешто заеднички и конкретно, влегоа за да им покажат на дипломатите оти ги послушале по критиките од извештајот, па еве ќе разговараат.

Лидерската средба во Маврово без Ахмети и Џафери

Канал5 - 19.11.2006

Политичките лидери на тркалезната маса во Маврово ги спротиставуваа своите мислења и бараа начин како да дојдат до решенија кои ќе и помогнат на Македонија да излезе од сегашната состојба, е оценката на повеќето учесници. На средбата не дојдоа претседателите на двете најголеми партии на Албанците ...

Власта во Маврово разговараше за сработеното и за идните планови

А1 - 18.11.2006

Со пуловери, полуофицијално, но под мониторинг на дипломатите, власта разговараше за сработеното пред стотте дена, но и за плановите в година. Амбасадорите им забележаа на партиските вработувања во администрацијата, ги потсетија дека треба да ги исполнат реформите за да ги надминат забелешките од ...

Груевски, Ахмети и Џафери на заедничка маса

Време - 18.11.2006

ЛИДЕРСКА СРЕДБА ВО МАВРОВО Ахмети веројатно ќе оди на средбата со партиските лидери викендов во Маврово. Присуство вчера потврди и Арбен Џафери, претседател на ДПА. На иста маса ќе седат и Груевски и Шеќеринска, лидери на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Обвинувања и навреди пред дијалогот во Маврово

Утрински - 18.11.2006

Политичарите викендов ќе разговараат за отворените теми Лидерите на политичките партии и меѓународните претставници во земјава, викендов во Маврово ќе седнат на заедничка маса за да дискутираат за прашањата поврзани со европските интеграции, постигнувањето консензус за клучните прашања, Рамковниот ...

За Маврово неизвесен само Ахмети

Дневник - 18.11.2006

Речиси сите партии на викенд-средбата одат со најсилните тимови Власта и опозицијата со посредство на странците викендов во Маврово ќе се обидат да воспостават дијалог за битните прашања, за кои треба да постигнат консензус како услов за евроатлантската интеграција на Македонија.

Дијалогот меѓу власта и опозицијата на Маврово ќе помине без лидерот на ДУИ

Канал5 - 18.11.2006

Али Ахмети не оди во Маврово. ДУИ решила на дијалогот меѓу власта и опозицијата да настапи на пониско ниво. Делегацијата ќе ја предводи потпретседателот Рафиз Алити. Али Ахмети не оди во Маврово. ДУИ решила на дијалогот меѓу власта и опозицијата да настапи на пониско ниво.

ДУИ оди во Маврово

Вечер Прес - 18.11.2006

Раководството на ДУИ, најверојатно, ќе присуствува на лидерската средба во Маврово. Како што неофицијално дознаваме првите луѓе од партијата на Ахмети тоа го сториле под притисок на странските дипломати во земјава, а со цел да продолжи дијалогот меѓу власта и опозицијата, која беше една од главните ...

Ахмети не оди во Маврово

Дневник - 17.11.2006

На средбите во Маврово партиите разменуваат само политички ставови, таму нема лидерски средби и затоа Али Ахмети нема да учествува, вели Ермира Мехмети, портпаролка на ДУИ. - На средбата во Маврово ќе учествуваат наши претставници.

Ахмети, Џафери и Груевски нема да седнат на иста маса

Време - 16.11.2006

ДИЈАЛОГ ВО МАВРОВО Али Ахмети, лидерот на ДУИ, претстојниов викенд најверојатно нема да присуствува на дијалогот меѓу власта и опозицијата во Маврово, што го организира швајцарска невладина организација. Со тоа пропаѓа шансата за соочување на Ахмети со премиерот Никола Груевски, откако Европската ...

Сега и Никола Груевски е терорист за ДУИ

Утрински - 16.11.2006

ДУИ возвраќа на обвинувањата од премиерот Никола Груевски дека ОНА била терористичка организација. „Ако се вратиме на таа реторика секако дека и Албанците го гледаат Груевски како терорист“, реплицира пратеникот на оваа партија, Рафис Алити.

Мендух Тачи:Дијалог со Ахмети каде сака и како сака

Вечер Прес - 16.11.2006

Раководството на ДПА ќе учествува на лидерската средба закажана за викендов во Маврово..Мендух Тачи го потврди присуството на партиските челници и и порача на ДУИ дека препораката на Европската Комисија е јасна и дека се бара дијалог меѓу власта и опозицијата.

Ахмети ја откажал средбата со Груевски

А1 - 15.11.2006

Едвај си закажаа, па по два дена откажаа. Груевски и Ахмети во саботата телефонски се договориле да се сретнат, средбата требало да се одржи вчера напладне во Скопје. Но по изјавите на Груевски за Шипковица како терористичко место, Ахмети се налутил и ја откажал средбата.

Груевски одбра друга планина за средба со Ахмети

Утрински - 15.11.2006

Лидерите на политичките партии ќе дојдат на саботната средба во Маврово БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ, Али Амети, ќе се сретнат претстојниот викенд на традиционалната дебата што ја организираат меѓународните претставници во земјава во Маврово.

Каде оди Груевски?

Утрински - 15.11.2006

ЕДИТОРИЈАЛ БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Премиерот Никола Груевски е во дилема. Има голема желба да отиде во Шипковица, но не сака по пат да се најде и во штабот на терористичката организација ОНА и таму да разговара со терористот Али Ахмети.

Пропадна ли уште една шанса да седнат на заедничка маса Груевски и Ахмети

Канал5 - 15.11.2006

Пропадна ли уште една шанса да седнат на заедничка маса Груевски и Ахмети, благодарение на чии суети Македонија заработи сериозни критики во извештајот од Брисел. Пропадна ли уште една шанса да седнат на заедничка маса Груевски и Ахмети, благодарение на чии суети Македонија заработи сериозни ...

Неизвесна средбата Ахмети-Груевски

Вечер Прес - 15.11.2006

ДУИ денеска одлучува дали Ахмети ќе присуствува на лидерската средба викендов во Маврово. Од оваа одлука на претседателството на партијата ќе зависи дали ќе се оствари најавениот дијалог меѓу Груевски и Ахмети. Иако во ДУИ велеа дека се разочарани и навредени од изјавата на премиерот на емисијата ...

Груевски го закопа дијалогот со ДУИ

Утрински - 14.11.2006

Ахмети е навреден од изјавата дека ОНА била терористичка организација БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Премиерот Никола Груевски експресно ги закопа најавите за интензивирање на политичкиот дијалог со опозициската ДУИ, велат во партијата на Ахмети.

Власта и опозицијата на поправен

Време - 13.11.2006

ПОЛИТИЧАРИТЕ ВИКЕНДОВ НА СРЕДБА ВО МАВРОВО Никола Груевски Али Ахмети Арбен Џафери Сунчица Стојановска Претседатели и претставници на партиите од власта и опозицијата викендов ќе се сретнат во Маврово, каде што ќе се обидат да ги надминат несогласувањата во врска со спроведувањето на Законот за ...

Премиерот разговарал со Ахмети, средбата ќе биде деновиве

Утрински - 13.11.2006

Груевски вчера соопшти дека викендот телефонски разговарал со Ахмети Премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, деновиве повторно ќе седнат на заедничка маса. Најавата за средба доаѓа по критиките од евродипломатите дека меѓу власта и опозицијата има премногу анимозитет и отсуствува ...

Груевски веднаш би се сретнал со Ахмети

Дневник - 13.11.2006

ДУИ и ДПА до последен момент ќе тактизираат дали во Маврово конечно ќе седнат на заедничка маса Ахмети и Џафери Речиси е сигурно дека премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети деновиве ќе се сретнат за да разговараат за жешките политички теми.

Идната недела средба Џафери-Ахмети

Вечер Прес - 13.11.2006

Власта и опозицијата идната недела во Маврово ќе го продолжат политичкиот дијалог. За разлика од минатата среда кога средба остварија лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Груевски и Шекеринска, овој пат најверојатно на иста маса ќе седнат и претседателите на ДУИ и ДПА, Ахмети и Џафери.