TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Претседателот го брани законот за амнестија

Дневник - 02.03.2002

ПО ПИСМОТО НА ХЈУМАН РАЈТС ВОЧ Во Кабинетот на Борис Трајковски велат дека со предложениот закон за амнестија македонските судови нема да ја изгубат јурисдикцијата врз делата што нема да бидат амнестирани Со предложениот закон за амнестија на македонските судови не им се одзема правото да ...

Злосторствата врз цивилите, ќе останат неказнети

Вест - 01.03.2002

ХЈУМАН РАЈТС ВОЧ РЕАГИРА НА НЕКОРЕКТНОСТА НА НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА Хјуман рајтс воч апелира до Трајковски, законот за амнестија што го предложи Министерството за правда, да не го потпишува и ги предупредува македонските власти со законот да не ја елиминираат јурисдикцијата на Хјуман рајтс воч ...

Злосторниците во Македонија ќе останат неказнети!

Утрински - 01.03.2002

Организацијата Хјуман рајт воч бара од претседателот Трајковски да не го потпишува Предлог-законот за амнестија Неказнувањето ќе предизвика само зголемено чувство на неправда Хјуман рајтс воч вчера испрати писмо до претседателот Борис Трајковски во кое се бара шефот на македонската држава да се ...

Со предложената амнестија злосторниците ќе поминат неказнето

Дневник - 01.03.2002

ХЈУМАН РАЈТС ВОЧ му пишува на траЈковски Хјуман рајтс воч бара шефот на македонската држава да се спротивстави на сегашната верзија на нацрт-законот за амнестија, "бидејќи тој би ја спречил Македонија да покрене постапки во своите судови против индивидуалци одговорни за сериозни прекршувања на ...

„Human Rights Watch“ загрижени за прешироката амнестија

А1 - 28.02.2002

Организацијата за заштита на човековите права „Human Rights Watch“ не е против амнестијата во Македонија, но е загрижена дека прешироката формулација во предлог законот за амнестијата со која домашните судови немаат овластување да ги гонат воените злосторници може да биде контрапродуктивна.

Амнестијата по мерка само на ПДП и ДПА

Дневник - 28.02.2002

партиски реакции Пратениците од партиите чии лидери во понеделникот на средбата кај претседателот на државата начелно ја договорија содржината на законот за амнестија, ќе го поддржат предлог-законот на Владата. Во ПДП и ДПА велат дека ќе го поддржат законот онаков каков што поминал во Владата, во ...

Сите злосторници ќе се амнестираат

Вест - 27.02.2002

ВЛАДАТА ГО УТВРДИ ТЕКСТОТ НА ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА Владата вчера го утврди текстот на законот за амнестија и го испрати по скратена процедура на собраниска расправа. Како што изјави министерот за правда Иџет Мемети со законот ќе бидат опфатени сите лица вклучени во конфликтот минатата година, но и ...

Предвремени избори- дефинитивно нема

Вест - 27.02.2002

Лидерите на средбата кај шефот на државата се договориле за пропорционален изборен модел По маратонско состанчење од 13 па до 20 часот кај претседателот Борис Трајковски завчера, лидерите на четирите партии, потписници на Охридскиот договор, засилени со потпретседателите, се договориле за две од ...

Општа амнестија за сите учесниците во конфликтот

Утрински - 27.02.2002

Владата на вчерашната седница го утвди законот за помилување Амнестијата со важност од 1 јануари до 26 септември 2001, но и за претходната година за дела поврзани со војната Владата на вчерашната седница го утврди Предлог-законот за амнестија, предложен од Министерството за правда и претходно ...

Од амнестијата ќе се офајдат Ахмети и сите бомбаши

Дневник - 27.02.2002

ВЛАДАТА предлага закон за помилување Неофицијално, амнестијата нема автоматски да се применува врз секој што ќе се декларира како член на ОНА Владата вчера го усвои текстот на законот за амнестија што го подготви министерот за правда Иџет Мемети по налог од премиерот Георгиевски.

Владата го утврди предлог законот за амнестија

А1 - 26.02.2002

Владата денеска го усвои предлог законот за амнестија, откако четворицата политички лидери на средбата кај претседателот Трајковски вчера постигнаа согласност од кога ќе започне да важи амнестијата за поранешните припадници на ОНА, како клучен чекор за имплементацијата на Рамковниот договор, кој се ...

Тачи главен за изборите

Вест - 26.02.2002

ОДЛУЧУВАЧКА ЛИДЕРСКА СРЕДБА КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ "Додека не ми гласаат закон за амнестија , не сакам да зборувам за избори и за други глупости. Проблематизирањето на предвремените избори е прашање на политички маркетинг.

Георгиевски и Тачи ги ескивираат предвремените избори

Утрински - 26.02.2002

Лидерската четворка и вчера не успеа да ги усогласи ставовите на средбата кај Трајковски СОЊА КРАМАРСКА Лидерите на четирите главни партии, Георгиевски, Црвенковски, Џафери и Имери, засилени со партиските потпретседатели, Марјан Ѓорчев, Никола Поповски, Мендух Тачи и Абдулади Вејсели, вчера ...

Амнестијата е секаде со утврден рок за времетраењето на конфликтот

Утрински - 26.02.2002

Што предвидуваат компаративните искуства од Југославија, Хрватска и од Република Српска Гордана Дувњак Текстот на законот за амнестија што го промовира министерот за правда, Иџет Мемети, деновиве наиде на жестоки критики од македонските правни експерти.

Како да се прости непростливото?

Дневник - 26.02.2002

Коментар - Натали Н. Сотировска Трошката надеж дека има политичка волја навистина да се среди хаосот што остана по минатогодишниот оркан од "загрозени малцински права", под дејство на политичките илузионисти почна да се претвора во меур од сапуница.

Лидерите се договориле за текстот на законот за амнестија

Дневник - 26.02.2002

ПО ШЕСТЧАСОВНА ДЕБАТА КАЈ ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА Георгиевски изјави дека приоритет е стабилизирањето на состојбата, а не предвремени избори Лидерите на четирите партии - потписнички на охридскиот договор вчера, по шестчасовна дебата кај претседателот Борис Трајковски, постигнале согласност за текстот на ...

Лидерите се спогодија за амнестијата - законот утре пред владата

А1 - 25.02.2002

Лидерската четворка по шестчасовни разговори дојде до спогодба за законот за амнестија. Како што изјави лидерот на ПДП, Имер Имери прифатен е предлогот 1-ви јануари 2001-ва како почетен термин од кога ќе важи амнестијата, со тоа што со амнестијата да бидат опфатени и оние припадници на ОНА кои ...

СДСМ притиска за изборите, а ПДП за амнестијата

Утрински - 25.02.2002

Многу опозициски очекувања од лидерската средба кај Трајковски Социјалдемократите очекуваат денеска, на лидерскиот самит кај шефот на државата, да се разреши дилемата околу тајмингот на предвремените општи избори. Доколку договорот повторно се изјалови, СДСМ ќе се повлече од понатамошното учество ...