TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ОНА и ДУИ трагаат по 250 илјади евра од „Ер Вардар“

А1 - 03.02.2007

И ветераните на ОНА и раководството на ДУИ трагаат каде и како завршиле 250 илјади евра, за кои Сабри Алиу од „Ер Вардар“ посочи дека како мито му биле дадени на Абдул Хасим Касани во седиштето на ДУИ во Мала Речица. Пратеникот Фазли Велиу барал одговори од поранешното раководство на комисијата за ...

Не отцепувајте се од ЗЕЛС

Време - 03.02.2007

ПРЕПОРАКА ДО ДУИ Не избрзувајте со одлуката да излезете од Заедницата на општините и да ја бојкотирате централната власт, им препорача управниот одбор на ЗЕЛС на градоначалниците на ДУИ на завчерашната седница во Струмица, на која присуствуваше и претседателот Бранко Црвенковски.

Без сеир, молам!

Дневник - 03.02.2007

Ниту Владата ниту меѓународните претставници не треба да седат на страна и да препуштат партиите на Албанците сами да ги „расчистат“ сметките. За да не ги платиме ние нивните! Седат на маса тројца Албанци: еден од Албанија, еден од Тетово и еден од Косово.

ДУИ бара странци

Дневник - 03.02.2007

ДУИ инсистира на политички дијалог во присуство на меѓународните претставници како сведоци, бидејќи потоа многу лесно се кажуваат невистини, изјави потпретседателката Теута Арифи. Таа реагира на интервју на премиерот Никола Груевски во кое тој рекол дека при преговорите за владата ДУИ немала барања.

Велиу трага по 250.000 евра од „Ер Вардар“

Дневник - 03.02.2007

Фазли Велиу, вујко на лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседател на Здружението на воените ветерани на ОНА, забрзано бара потврди со кои ќе ги оправда 250.000 евра донација од Сабри Алиу, сопственик на „Ер Вардар“. Тој вели дека ќе бара надлежните органи да му овозможат увид во документите со кои ...

ДУИ ја злоупотреби ОНА!

Вечер Прес - 03.02.2007

Фазли Велиу вчера побарал отчет од неговиот претходник Исмет Мемети за тоа каде завршиле спорните 250.000 евра наводна донација од ЕР Вардар. Но, добил само парагон блокче на кое биле потпишани само неколку од членовите на Здружението на Воените ветерани од 2001 година, дека подигнале пари.

ДУИ нема да преговара без присуство на амбасадорите во земјава

Канал5 - 02.02.2007

Премиерот Груевски ги кани ДУИ и ПДП на посебна работна средба со ВМРО-ДПМНЕ и ДПА в понеделник во собранието. Писмото вечерва се уште се подготвуваше, но од кабинетот на премиерот велат дека навреме ќе биде испратено. Премиерот Груевски ги кани ДУИ и ПДП на посебна работна средба со ВМРО-ДПМНЕ и ...

Одлука на ДУИ за дијалог

Макфакс - 02.02.2007

Скопје Опозиционата Демократска унија за интеграции (ДУИ) денеска треба да соопшти дали ја прифатила понудата за дијалог од премиерот Никола Груевски. Повеќе електронски медиуми синоќа јавија дека лидерот на ДУИ Али Ахмети со писмо ќе го извести премиерот дека прифаќа дијалог, но во присуство на ...

Ахмети бара укинување на Комитетот за заедниците и нов Закон за Влада

Макфакс - 02.02.2007

Скопје Рaсформирање на парламентарниот Комитет за односи меѓу заедниците и закон за избор на Влада по принципот на Бадентер, се главните услови што ги поставува Демократската унија за интеграции(ДУИ) за дијалог со власта. Ова го изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за телевизијата Алсат – ...

ДУИ се плаши од ДПА?

Вечер Прес - 02.02.2007

ДУИ нема да го прифати предизвикот од ДПА за предвремени локални избори во сите општини во кои партијата на Ахмети има свои градоначалници. Ја сметаат за некоректна изјавата на потпретседателот на ДПА, Мендух Тачи, во која тој пред два дена најави дека наскоро до Владата ќе достават предлог за ...

Власта подготвува контрааргументи против градоначалниците на ДУИ

Време - 01.02.2007

КОИ ОПШТИНИ ДОБИВААТ ПРОЕКТИ Сунчица Стојановска Концесијата за Охридско Езеро, спортската сала во Чаир, водоводот во Тетово и уште десетици почнати, а недовршени проекти ќе се најдат на „црните листи“ што ги прават градоначалниците на ДУИ, а со кои Ахмети пред странците ќе ја правда најавата за ...

Како понатаму?

Утрински - 01.02.2007

Мислења ЕРМИРА МЕХМЕТИ За барањата oд агендата на ДУИ е одговорна единствено ВМРО-ДПМНЕ Политичкиот процес во земјата е блокиран. Основната причина за оваа блокада е едноставна: концептот на мултиетничка демократија воспоставен со Рамковниот договор е во фаза на сериозно демонтирање кое дегенерира ...

ДПА бара избори во општините со кои владее ДУИ

Дневник - 01.02.2007

ДУИ се откажува од најавеното суспендирање на Бадентеровиот принцип во општините во кои има свои градоначалници ДПА ќе и' предложи на Владата предвремени избори во сите општини каде што на власт е ДУИ, рече заменик-претседателот Мендух Тачи откако партијата на Али Ахмети најави оти на локално ниво ...

Парите за авиобизнис потрошени за ОНА

Дневник - 01.02.2007

Митото што го зел укажува дека Ахмети се обидувал да се скрие зад трагедијата на луѓето што му веруваа, обвини Мендух Тачи од ДПА Али Ахмети со изјавите за лојалност кон Македонија се обидува да прикрие финансиски малверзации, обвини вчера Мендух Тачи, заменик-претседател на ДПА, во врска со ...

Средба на Црвенковски со раководството на ЗЕЛС

Макфакс - 01.02.2007

Скопје Процесот на децентрализација на локалната самоуправа ќе биде тема на која претседателот на Македонија Бранко Црвенковски ќе разговара денеска со членовите на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).

ЗЕЛС чека аргументи од ДУИ

Макфакс - 01.02.2007

Скопје од опозиционата ДУИ се очекува денеска да ги соопштат причините за најавената намера да истапат од асоцијацијата за локална самоуправа. Ова, како што е најавено, е една од темите на дводневната седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), што ...

Парите од „Ер Вардар“ потрошени за воените инвалиди од ОНА

А1 - 31.01.2007

250-те илјади евра посочени како мито во случајот „Ер Вардар“ се потрошени за помалку од девет месеци како пензии за воените инвалиди и за семејствата на загинатите од ОНА. Ова го тврди Мемет Исмаили, поранешен претседател и потписник на документот за донацијата.

МВР ќе го штити Сабри Алиу Ер Вардар

Време - 31.01.2007

ПО ИНФОРМАЦИЈАТА ДЕКА ДАВАЛ МИТО НА ДУИ Емил Зафировски МВР интензивно ја проверува веродостојноста на изјавата на Сабри Алиу, сопственикот на „Ер Вардар“, кој во писмен допис до полицијата тврди дека на ДУИ и исплатил 250.000 евра за да добие дозвола за национален авиопревозник.

Децентрализацијата не е дневна политика

Време - 31.01.2007

МИНИСТЕРОТ КОЊАНОВСКИ ИМ ПИША НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ Спроведувајте ја децентрализацијата, донесете рационални одлуки во интерес на општините и граѓаните што ги претставувате, им пиша вчера министерот за локална самоуправа Зоран Коњановски на претседателот на Заедницата на општините (ЗЕЛС), Андреј ...

Али Ахмети предлага предвремени избори

Утрински - 31.01.2007

Лидерот на ДУИ тврди дека напуштањето на парламентот не треба да се сфати како закана за војна Целта на напуштањето на парламентот и најавуваниот бојкот на централната власт од страна на градоначалниците е предвремени избори во земјава, тврди лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

ДУИ пак притиска преку градоначалниците

Дневник - 31.01.2007

Се разгледувал и предлогот да се суспендира Бадентеровиот принцип во сите општини каде што Албанците се мнозинство Градоначалниците и врвот на ДУИ за две недели ќе пресечат дали ќе соработуваат со централната власт и ќе останат во ЗЕЛС или ќе формираат посебна заедница за општините од северозападна ...

МВР истражува дали пари на „Ер Вардар“ слетале во ДУИ

Дневник - 31.01.2007

Информациите за корупција доаѓаат во момент на политичка криза и по прекинот на комуникацијата со нелегитимната власт на Груевски, велат во ДУИ Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вчера потврди дека се истражуваат информациите оти Сабри Алиу, сопственик на „Ер Вардар“, им дал ...

Државните интереси

Дневник - 31.01.2007

Зборовите умереност и флексибилност, како и призмата на државните интереси, треба да доминираат при донесувањето на одлуките за (не)учество во институциите на системот или, пак, од аспект на парламентарното мнозинство , при (не)употребата на уставниот механизам за двојно мнозинство.

ДУИ признаа дека зеле 250.000 евра!

Вечер Прес - 31.01.2007

Претседателот на здружението Фазли Велиу,во изјава за Вечер тврди дека ниту слушнал,ниту пак неговото здружение некогаш добило такви пари кои им биле доделени на неговите членови Случајот 250.000 евра рекет, зедени од раководството на ДУИ, за компанијата ЕР Вардар да добие дозвола за летање, добива ...

250 илјади евра од Беџет Салаху завршиле на сметката на ОНА

А1 - 30.01.2007

250 илјади евра од Беџет Салаху, еден од газдите на „Ер Вардар“, завршиле на сметка на здружението на воени инвалиди на ОНА. Овој документ го има и полицијата која ги истражува обвинувањата на Сабри Алиу од компанијата „Ер Вардар“ кој писмено изјавил дека за да добие дозвола за авио-превозник, ...

ДУИ готви план за бојкот на Владата преку локалната самоуправа

Време - 30.01.2007

ЦЕНТРАЛНО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО Раководството на ДУИ вчера попладне одржа Централно претседателство на партијата на кое требаше да одлучи дали и како ќе ја бојкотира Владата преку своите градоначалници во локалната самоуправа. Овој чекор на ДУИ следува откако неколку дена претходно одлучи да го бојкотира ...

Власта ја потценува кризата со ДУИ

Утрински - 30.01.2007

ЕДИТОРИЈАЛ БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Политичката криза што трае во континуитет од формирањето на коалициската Влада на ВМРО-ДПМНЕ се заканува во наредниот период да ескалира со нови политичко-безбедносни импликации за земјава. Дефинитивната одлука на ДУИ да го напушти парламентот со себе носи ризик дека ...

ДУИ ќе ја блокира децентрализацијата

Утрински - 30.01.2007

Блокада на децентрализацијата во општините со кои раководат кадри на Демократската унија за интеграција, е првиот чекор што го утврди Претседателството на партијата откако викендов Централниот одбор го потврди најавеното напуштање на парламентот.

Ахмети кеширан на рака со 250.000 Евра!!!

Вечер Прес - 30.01.2007

Сопственикот на Ер Вардар, Алија Сабри, на челниците на ДУИ, на 13 октомври 2003 година им платил 250.000 евра во кеш, на име мито и корупција, за да добие дозвола за отворање авиокомпанија во Македонија. Партијата ги земала парите, а дозвола за летање, ЕР Вардар, до ден-денес се уште нема.

Бизнисменот Алиу тврди дека во ДУИ дал 250 илјади евра

А1 - 29.01.2007

250 илјади евра дал во седиштето на ДУИ за да добие дозвола за национален авиопревозник, ова сериозно обвинување е содржано во изјавата на Сабри Алиу, сопственик и директор на компанијата „Ер Вардар“. Алиу изјавил дека неговиот син и ќерката, на сега починатиот партнер Беџет Салаху, на раце му ги ...

Парламентот од денеска со 16 пратеници помалку

Време - 29.01.2007

ДУИ ЈА ПОТВРДИ ОДЛУКАТА ЗА БОЈКОТ Шеснаесет столчиња во опозициската редица во парламентот од денеска ќе бидат празни на неодредено време, откако централниот одбор на ДУИ завчера донесе конечна одлука нејзините 13 пратеници да го следат примерот на ПДП и да излезат од законодавниот дом.

ДУИ дефинитивно го напушти парламентот

Утрински - 29.01.2007

Груевски не гледа ништо трагично, во СДСМ загрижени поради одлуката Опозициската Демократска унија за интеграција ја напушта работата на парламентот и во иднина ќе дејствува преку општинските градоначалници. Централниот одбор на партијата во саботата само ја потврди долгонајавуваната одлука која ...

Не и' мислиме лошо на нашата земја

Дневник - 29.01.2007

Најголемата опозициска партија на Албанците, Демократската унија за интеграција, го напушти Собранието зашто власта ја ставила на маргините Најголемата опозициска партија на Албанците, Демократската унија за интеграција, го напушти Собранието зашто власта ја ставила на маргините, иако партијата ...

За две недели ДУИ ќе одлучува дали ќе излезе од ЗЕЛС

Канал5 - 29.01.2007

ДУИ остави за две недели да пресече – дали по бојкотот на Парламентот и нивните градоначалници ќе ја прекинат комуникацијата со централната власт и ќе го напуштаат ЗЕЛС. ДУИ остави за две недели да пресече дали по бојкотот на Парламентот и нивните градоначалници ќе ја прекинат комуникацијата со ...

ДУИ го напушта парламентот

Вечер Прес - 29.01.2007

Блокада на политичкиот дијалог, надгласувањето на Албанците во Собранието, напуштање на Охридскиот рамковен договор, се главните причини поради кои Централниот одбор на опозиционата ДУИ завчера одлучи да ја повлече својата пратеничка група од Собранието.