По завчерашниот инцидент во ОУ "26 Јули", наставата продолжи, но напнатоста останува Жаклина Ѓорѓевиќ По завчерашната тепачка меѓу ученици-Албанци и Роми во Основното училиште "26 Јули", во кој беа повредени неколкумина ученици и родители, наставата во училиштето вчера помина без проблеми.
СКОПЈЕ Ако не се обезбедат нормални услови за изведување на наставата, координативното тело на средношколците од скопското средно училиште "Арсени Јовков" в понеделник ќе ги повика сите ученици на мирни протести пред Владата. "Наставата се нарушува со постојан притисок од надворешни лица.
Наставата во економското „Арсени Јовков“ изминативе неколку денови се одвива со скратени часови и загрозена безбедност, обвини денеска средношколската младина на ова училиште, која се закани дека доколку до понеделник на учениците не им се обезбедат безбедни услови за учење ќе излезат на протест ...
ПО ТЕПАЧКАТА МЕЃУ УЧЕНИЦИ РОМИ И АЛБАНЦИ ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ "26 ЈУЛИ" Во општата тепачка во основното училиште Албанците изеле ќотек од Ромите По масовната тепачка што вчера се случила во училиштето "26 Јули" во наслебата Шуто Оризари меѓу ученици Албанци и Роми од втората смена, било договорено ...
ШУТО ОРИЗАРИ Родител завршил в болница по масовната тепачка меѓу ученици-основци, Албанци и Роми, вчера, во училиштето "26 Јули", во скопската населба Шуто Оризари. Тепачката почнала околу пладне, а потоа во училиштето пристигнале родителите, со намера да ги смират.
Општа тепачка во училиштето „26 јули“ во скопската населба Шуто Оризари се случи денеска околу 12 часот. Во неа се повредени неколкумина, а едно возрасно лице било пренесено во болница. Демолирани се и повеќе училници. Се е уште е нејасно што навистина се случило.
Сите 240 албански ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ во Битола од денеска се вратија во училишните клупи. Нивните родители не ги пуштаа на настава 20 работни дена, од 4. септември до денеска. Отсуството од наставата се случи по испратеното решение од министерот за образование Азис ...
По едномесечен бојкот Под силно полициско обезбедување, вчера учениците - Македонци, како и дел од средношколците од албанските паралелки од трета и од четврта година, се вратија во училишните клупи во ДСУ "Арсени Јовков", со што го прекинаа речиси едномесечниот бојкот.
Министерството за образование и наука процени Надлежните во Министерството за образование и наука процениле дека во ДСУ „Арсени Јовков" во Чаир има три слободни простории за префрлување на дел од вкупно седум албански паралелки, кои досега имаа настава во истурениот оддел во Автокоманда.
ПО ТРИНЕДЕЛЕН БОЈКОТ Учениците во Државното средно училиште "Арсени Јовков" во скопската населба Чаир денеска треба да ја продолжат наставата, апелира наставничкиот совет на училиштето. За учениците од прва и трета година часовите почнуваат во 7.30 часот, а за втора и четврта година во 13.30 часот.
Координативното тело на родителите на учениците од средното училиште „Арсени Јовков“ на денешниот состанок реши учениците да се вратат во клупите. „Од утре сите на настава“, повика денеска Зорица Србиновска, претседател на Одборот на родители, кои бараат да се превземат мерки за засилено ...
ОДЛУКА СТРУМИЦА - Родителите на учениците од ОУ "Маршал Тито" од Моноспитово вчера одлучија да го прекинат бојкотот на наставата и децата да ги пуштат на училиште од 1 октомври. На средбата што се одржа во училиштето е договорено учениците од 5 до 8 одделение наставата да ја следат во централното ...
Без епилог е денешниот состанок на училишниот одбор на економското училиште „Арсени Јовков“, на кој родителите Македонци не присуствуваа со образложение дека нема што да бараат во управните структури на училиштето. Се уште ниту македонските, ниту албанските ученици не посетуваат настава, бидејќи ...
МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НЕ ГИ ПОВЛЕКУВА АЛБАНСКИТЕ ПАРАЛЕЛКИ ОД "АРСЕНИ ЈОВКОВ" Министерот Азиз Положани на претставниците на училишниот одбор во петокот им рекол дека треба да се договорат со родителите да се најде компромис за децата и задолжително барал да се ослободат три простории ...
Проблемот со "Арсени Јовков" статус кво Родителите на учениците-Македонци и Албанци од ДСУ "Арсени Јовков" немаа заедничка средба во саботата за да се реши проблемот со дел од учениците-Албанци, кои требаше да се вратат во нивното матично училиште во Чаир.