TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Повеќе од 50 мртви тела пронајдени во Багдад

Макфакс - 08.10.2006

Багдад Повеќе од 50 тела на жртви убиени од огнено оружје пронашла ирачката полиција во саботата на неколку локации во Багдад. “Полициски патроли пронајдоа 51 тела на изрешетани луѓе на различни места во градот“, изјави висок раководител во ирачката полиција, кој побарал да остане анонимен.

Четворица американски војници загинаа при експлозија на мина

Макфакс - 08.10.2006

Багдад Четворица американски војници загинаа утринава во близина на Багдад, откако возилото со кое се движеле налетало на противтенковска мина, пренесуваат агенциите. Војниците биле дел од мултинационалната багдадска дивизија.

11 загинати во разни инциденти во Ирак

А1 - 07.10.2006

Единаесет лица загинаа во разни инциденти во Ирак денеска, вклучувајќи осуммина кои загинаа кога бомбаш самоубиец се разнесе на контролен пункт во северниот град Тал Афар. Во Багдад две тела изрешетани со куршуми се извлечени од реката Тигар, објави полицијата.

Ирак: 11 загинати во напади ширум земјата

Макфакс - 07.10.2006

Багдад Единаесет лица загинаа во разни инциденти во Ирак денеска, вклучувајќи осуммина кои загинаа кога бомбаш самоубиец се разнесе на контролен пункт во северниот град Тал Афар. Во Багдад две тела изрешетани со куршуми се извлечени од реката Тигар, објави полицијата.

Убиени четворица американски војници во Ирак

Макфакс - 05.10.2006

Багдад Убиени се четворица американски војници во Ирак, за време на операцијата за зачувување на безбедноста во Багдад, се наведува во воениот извештај. Војниците се убиени при терористички напад на нивната патрола во северозападниот дел на Багдад.

Нападнати позициите на ескадроните на смртта во Багдад

Макфакс - 05.10.2006

Багдад Специјалните сили на ирачката армија и американски војници ги нападнаа денеска позициите на ескадроните на смртта во шиитскиот кварт во Багдад Садр, јавуваат ирачките медиуми. Според очевидци, престрелките меѓу ирачко-американските сили и милициите на радикалниот шиитски лидер Моктада Садр ...

Осум загинати во самоубиствен напад во западен Ирак

Макфакс - 04.10.2006

Багдад Осум лица загинаа денеска во самоубиствен напад на пазар во западниот дел на Ирак, соопшти ирачката полиција. Според истиот извор, атентаторот се саморазнел сред толпата на пазарот во ал Каим, на околу 550 километри западно од Багдад.

Убиени шест американски војници во Ирак

Макфакс - 03.10.2006

Багдад Убиени се шест американски војници во одделни напади извршени во Багдад и во западните делови на Ирак, соопшти денекса командата на американската војска во таа земја. Три од жртвите настрадале во напад врз воени патроли во северниот и во јужниот дел на Багдад, двајца војници биле убиени при ...

50 тела пронајдени ноќеска во Багдад

Макфакс - 02.10.2006

Багдад Најмалку 50 тела се пронајдени во различни делови на Багдад ноќеска, соопшти ирачката полиција. Телата имале дупки од куршуми и најверојатно луѓето станале жртви на религиозното насилство во ирачката престолнина. Вчера властите во Багдад објавија дека многу луѓе се киднапирани од вооружени ...

Убиени седум лица во напад врз ирачка телевизија

Макфакс - 02.10.2006

Багдад Непознати напаѓачи упаднаа денеска во седиште на ирачка сателитска телевизиска станица и убија седум лица, пренесуваат агенциите. Во нападот се убиени две лица од обезбедувањето и петмина вработени во сателитскиот канал Шабија, со седиште во источниот багдадски кварт Зајуни.

Најмалку 18 загинати и десетина повредени во најнов напад во Ирак

Макфакс - 02.10.2006

Багдад Најмалку 18 лица загинаа, а неколку десеттина се повредени во минофрлачки напад на пазарот во ирачкиот град Махмудија, јужно од Багдад. Ирачката полиција соопшти дека нападот се случил синоќа, но не ги потврди информациите објавени на државната ирачка телевизија која повикувајќи се на ...

Најмалку 20 загинати во серија насилни инциденти во Ирак

Макфакс - 02.10.2006

Багдад Најмалку 20 лица загинаа во серија напади извршени денеска во Ирак, соопшти ирачката полиција. Најкрвавиот инцидент се случи во Багдад, кога вооружени лица ја нападнале новоотворената сунитска телевизија, при што се убиени 11 лица, вклучувајќи техничари, две лица од обезбедувањето и ...