Тутунарите од струмичкиот, радовишкиот и прилепскиот регион не се даваат и продолжуваат со блокадите на патиштата. Нивните барања за повисока откупна цена на тутунот и исплата за седум дена и по една недела блокади не допреа до Владата.
Освен во Струмица и Радовиш, денеска продолжија протестите и во најголемиот тутунарски регион, во Прилеп. Три часа беше блокиран патот Прилеп-Градско кај ...
Во подрачјето со вековна тутунарска традиција и денес за своите права гласно говореа земјоделците кои седум дена по пет часа ја блокираат магистралата Штип-Радовиш. На кое дереџе падна радовишкиот тутунар? „800 килограми за 36.000.
Тежок е и полн со препреки и притисоци, но ќе го изодиме овој пат за реално да го наплатиме нашиот и трудот на нашите деца кои од нас чекаат парче леб, велат разочараните тутунопроизводители. Тие девет дена, во знак на револт од откупната политика и индиферентниот однос на државата, ги блокираат ...
Прилепските тутунари денеска го блокираа магистралниот пат Прилеп-Градско на излезот од градот. Тие со блокадите го изразуваат незадоволството од откупот на тутунот и бараат реална откупна цена на тутунот од 150 денари за килограм и по 30 денари стимулација од државата и Прилепскиот комбинат да ...
Протести на тутунарите во Прилепско, Струмичко и во Радовишко Прилепските тутунопроизводители вчера го блокираа патот 6 часа Прилеп - Градско кај пунктот на ,,Македонија пат", со барање Тутунскиот комбинат веднаш да започне со откуп на тутунот од ланската реколта, а во рок од 7 дена да се реализира ...
ТУТУНАРИТЕ ГО БЛОКИРАА ПРИЛЕП Тутунскиот комбинат во Прилеп (ТКП) планира да ги отвори пунктовите за откуп на тутун во наредната недела, но се уште нема обезбедено пари за исплата на тутунарите. Тие и вчера, наместо да го предаваат тутунот, ги блокираа патиштата од Прилеп кон Градско, Македонски ...
Радовишките тутунари денеска на три места го блокираа магистралниот пат Радовиш-Скопје кај местата Ињево и Конче и на патот Радовиш-Штип. На третата блокада одзивот на тутунарите кои партиципираат со 30% од вкупното македонско производство, се случија неколку вербални и физички конфликти.
ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД ДОЛНЕНИ И ОД КРИВОГАШТАНИ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ Светлана Ристевска Просечна откупна цена од 150 денари, стимулација од 30 денари, исплата на тутунот за седум дена и интензивирање на откупот со вклучување на прилепскиот Тутунски комбинат, побараа вчера тутунопроизводителите од општините ...
Блокади во Струмичко, Радовишко, Прилепско и Крушевско СТРУМИЦА - ПРИЛЕП - Откако Собраниската комисија за земјоделство не го прифати барањето за исплата на премија од 30 денари за секој предаден килограм тутун, тутунопроизводителите од Струмичко вчера ги радикализираа протестите.
Се наѕира ли крајот на кризата со откупот на тутунот од минатогодишната реколта Барањето за помош на тутунарите не помина кај народните пратеници. Како што изминува времето, расте стравот од пропаѓање на тутунот и негово мувлосување АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Полека згаснува надежта на тутунарите дека ...
ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ ДЕЦИДЕН Владата не врши откуп на тутун, ниту може да обезбеди директна поддршка. Вака вчера премиерот Владо Бучковски му одговори на пратеникот Жарко Караџоски од ВМРО-НП. Тој истакна дека во последните неколку недели почнале манипулацијата и политичкото влијание врз тутунарите.
Струмица - Повеќедневните блокади на тутунопроизводители од струмичкиот регион продолжуваат. Незадоволни од ниските откупни цени, кои во просек се движат од 80 до 100 денари за килограм, како и од рокот на исплата на нивното производство, тутунарите од општина Ново Село веќе седми ден од 10 до 17 ...
Владата не врши откуп на тутунот, ниту може да обезбеди директна поддршка им порача Премиерот на тутунарите од собраниска говорница. Според Бучковски, актуелните протести во сите главни тутунарски региони се политички мотивирани.
Повеќедневните блокади на тутунопроизводители од струмичкиот регион продолжија и денеска. Незадоволни од ниските откупни цени, кои во просек се движат од 80 до 100 денари за килограм, како и од рокот на исплата на нивното производство, тутунарите од Општина Ново Село веќе седми ден од 10 до 17 ...
Незадоволни од неприфатените барања за премија од 30 денари по килограм предаден тутун, просечна откупна цена од 150 денари и рок на исплата од седум дена, тутунопроизводителите од струмичко денеска ги радикализираа протестите.
КОЈ ИМ ГИ ЈАДЕ ПАРИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ? Велика Атанасова Државата не понижи, а монополот на странските откупни компании не фрли на колена, се жалат струмичките тутунари, на кои веќе една недела не им се откупува родот. Тие се плашат дека годинава ќе нема пари ни за леб, бидејќи со цена од 70 до 90 ...
Повеќечасовни блокади на патиштата во Струмичко, Радовишко и во Прилепско Вчера протестираа тутунарите од Ново Село, Василево, Радовишко и од Долнени кои го блокираа патот Прилеп - Македонски Брод СТРУМИЦА-ПРИЛЕП - И покрај студеното време, во текот на вчерашниот ден тутнопроизводителите од ...
СТРУМИЦА Е БЛОКИРАНА Струмица вчера беше блокирана од тутунарите, кои веќе шест дена протестираат поради ниските откупни цени. Тие наместо да го предаваат тутунот во "Струмица табак" и во "Алијанс" од Виница, ги блокираат патните правци Ново Село - македонско-бугарска граница и Струмица -Радовиш.
КОМИСИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО Собраниската комисија за земјоделство вчера ја повика Владата да го помогне тутунското производство, но пратениците не се согласија за начинот како да се направи тоа, јави МИА. Таа ја разгледа Информацијата за неодржливата економска и социјална положба на ...
Владата мора да им помогне на тутунопроизводителите во земјава, со тоа што ќе обезбеди пари од Буџетот што влегуваат по основ на новововедената акциза на цигарите. Ова е заклучокот на членовите на матичната собраниска комисија за земјоделство кои, иако се на став дека тутунското производство мора ...
Поради блокадите на патиштата што ги организираат производителите на тутун, Струмица денеска е речиси отсечена од останатиот дел на Републикава. Незадоволни од ниските откупни цени, кои во просек се движат од 80 до 100 денари за килограм, како и од рокот на исплата на нивното производство, ...
Тутунарите ќе го чекаат новиот закон за тутун, за да дознаат дали ќе добијат некој денар од поскапувањето на цигарите. Вака пратениците од власта ја продолжија тутунарската агонија. Собраниската комисија за земјоделство го отфрли прддогот на опозицијата за тутнарите да се одвојат по 30 денари за ...
Околу илјада тутунопроизводители од Општина Долнени од шест часот утринава го блокираа патот Прилеп-Македонски Брод, изразувајќи незадоволство поради ниските откупни цени на тутунот. „Ние бараме просечна откупна цена од 150 денари за килограм, стимулација од ресорното Министерство и Владата во ...
СТРУМИЧКИТЕ ТУТУНАРИ БЛОКИРАА ДВА ПАТНИ ПРАВЦИ Сообраќајот беше целосно блокиран кон македонско - бугарската граница и на патниот правец Струмица - Скопје Струмичкиот регион е под блокади. Од вчера, освен патот кон граничниот премин Ново Село кон македонско- бугарската граница , незадоволните ...
СТРУМИЦА Струмичките тутунопроизводители вчера го блокираа патот Струмица – Скопје решени да протестираат додека не добијат гаранции за реална процена на тутунот, повисоки цени и побрза исплата. - Срамно и понижувачко е тоа што ни го прави власта. Никој не ги слуша нашите барања.
ПАРТИЈА ЗА ЕКОНОМСКА ОБНОВА Нови 65 милиони евра си обезбеди Владата откако воведе дополнителни давачки за цигарите, рече Велија Рамковски, член на Иницијативниот одбор на Партијата за економска обнова (ПЕО), на вчерашната конференција за печатот.
Протести на тутунарите СТРУМИЦА - На тутунопроизводителите од Ново Село вчера им се придружија и околу стотина тутунопроизводители од Општина Василево. Тие од 10 до 17 часот со трактори и земјоделска механизација го блокираа магистралниот пат Струмица-Скопје кај селото Владевци.
ДЕНЕСКА Струмичките тутунари вчера, освен патниот правец од Ново Село кон македонско-бугарската граница, го блокираа и патот Струмица - Радовиш - Скопје, кај селото Владевци. Тие се незадоволни од откупните цени на тутунот и од долгиот период за исплата на парите.
ПЕО Од поскапувањето на цигарите државата двојно ќе си го зголеми приходот, поттикнат е шверцот на цигари, а земјоделците нема да добијат ништо, изјави Велија Рамковски, член на Иницијативниот одбор на Партијата за економски обнова (ПЕО).
Државата ќе ја дуплира заработката од продажбата на цигарите по најновото поскапување, а тутунопроизводителите ќе останат со празни раце, сметаат во новоформираната Партија за економска обнова. "Ваквата политика на Владата е погубна и од неа корист имаат само државата и шверцерите на цигари, поради ...
Многу студено со северен ветар, но без снег е во Струмица. Ниските температури засега не предизвикуваат проблеми во извршувањето на секојдневните активности. Студеното време не е пречка ни за незадоволните тутунари. Од 10 часот тие покрај патниот правец Ново Село-македонско-бугарска граница, каде ...
На тутунопроизводителите од Ново село денеска им се придружија и тутунопроизводителите од општина Василево. Тие од 10 часот, со трактори и земјоделска механизација го блокираа магистралниот пат Струмица-Скопје кај селото Владевци.
Тутунарите да добијат по едно евро за килограм тутун, а цигарите да се вратат на старата цена. Со ваква стратегија ќе се спречи уништувањето на тутунопроизводството и ќе се удри по зголемениот шверц со цигари, смета Партијата за економска обнова.
Откупот на минатогодишната реколта тутун почна набилдан со проблеми Производителите прво ги нудат пониските класи тутун, обидувајќи се да испазарат повисоки цени, а откупувачите се обидуваат да ги спуштат цените АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Ниска откупна цена, неорганизиран откуп, сў уште незапочнат ...
СТРУМИЦА Струмичките тутунари и вчера го блокираа патниот правец од Ново Село кон македонско-бугарска граница во знак на револт поради ниските откупни цени. - Ќе останеме тука се додека не се исполнат нашите барања. Ни студот ни снегот нема да не попречат за да обезбедиме реална наплата на нашата ...
И покрај студот и снегот кој во струмичко почна да паѓа во попладневните часови, тутунопроизводителите не се откажаа од барањата за реална наплата на нивниот труд. Гневни, разочарани и измрзнати, во друштво на своите сопруги и деца, тие и денеска од повиканите не добија одговор на нивните барања: ...
РАСТЕ НЕЗАДОВОЛСТВОТО ОД ОТКУПОТ Струмичките тутунопроизводители трет ден го блокираат меѓународниот пат кон македонско-бугарската граница револтирани од ниските откупни цени. Тие бараат по 150 денари за килограм тутун наместо досегашната просечна цена од 80 до 100 денари што им ја нудат ...
Откупот на тутунот и годинава станува проблематичен. Особено во најтутунскиот регион во земјава - прилепскиот, каде помалите откупни претпријатија тутунот го откупуваат по многу пониски цени од оние што се изнесени како мостри.