TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тутунарите низ Македонија продолжија со блокадите

А1 - 29.01.2006

Тутунарите од струмичкиот, радовишкиот и прилепскиот регион не се даваат и продолжуваат со блокадите на патиштата. Нивните барања за повисока откупна цена на тутунот и исплата за седум дена и по една недела блокади не допреа до Владата.

Прилепските тутунари продолжија со блокадите

А1 - 28.01.2006

Освен во Струмица и Радовиш, денеска продолжија протестите и во најголемиот тутунарски регион, во Прилеп. Три часа беше блокиран патот Прилеп-Градско кај ...

Радовишките тутунари повторно со блокади

А1 - 28.01.2006

Во подрачјето со вековна тутунарска традиција и денес за своите права гласно говореа земјоделците кои седум дена по пет часа ја блокираат магистралата Штип-Радовиш. На кое дереџе падна радовишкиот тутунар? „800 килограми за 36.000.

Струмичките тутунари решени да се исполнат нивните барања

А1 - 28.01.2006

Тежок е и полн со препреки и притисоци, но ќе го изодиме овој пат за реално да го наплатиме нашиот и трудот на нашите деца кои од нас чекаат парче леб, велат разочараните тутунопроизводители. Тие девет дена, во знак на револт од откупната политика и индиферентниот однос на државата, ги блокираат ...

Прилепските тутунари го блокираа патот Прилеп-Градско

А1 - 28.01.2006

Прилепските тутунари денеска го блокираа магистралниот пат Прилеп-Градско на излезот од градот. Тие со блокадите го изразуваат незадоволството од откупот на тутунот и бараат реална откупна цена на тутунот од 150 денари за килограм и по 30 денари стимулација од државата и Прилепскиот комбинат да ...

Плетвар блокиран 6 часа

Утрински - 28.01.2006

Протести на тутунарите во Прилепско, Струмичко и во Радовишко Прилепските тутунопроизводители вчера го блокираа патот 6 часа Прилеп - Градско кај пунктот на ,,Македонија пат", со барање Тутунскиот комбинат веднаш да започне со откуп на тутунот од ланската реколта, а во рок од 7 дена да се реализира ...

Тутунскиот комбинат се уште нема пари за откуп

Дневник - 28.01.2006

ТУТУНАРИТЕ ГО БЛОКИРАА ПРИЛЕП Тутунскиот комбинат во Прилеп (ТКП) планира да ги отвори пунктовите за откуп на тутун во наредната недела, но се уште нема обезбедено пари за исплата на тутунарите. Тие и вчера, наместо да го предаваат тутунот, ги блокираа патиштата од Прилеп кон Градско, Македонски ...

Три блокади од радовишките тутунари

А1 - 27.01.2006

Радовишките тутунари денеска на три места го блокираа магистралниот пат Радовиш-Скопје кај местата Ињево и Конче и на патот Радовиш-Штип. На третата блокада одзивот на тутунарите кои партиципираат со 30% од вкупното македонско производство, се случија неколку вербални и физички конфликти.

Ем нижат тутун, ем на протести

Време - 27.01.2006

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД ДОЛНЕНИ И ОД КРИВОГАШТАНИ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ Светлана Ристевска Просечна откупна цена од 150 денари, стимулација од 30 денари, исплата на тутунот за седум дена и интензивирање на откупот со вклучување на прилепскиот Тутунски комбинат, побараа вчера тутунопроизводителите од општините ...

Тутунарите не ги пуштија децата на училиште

Утрински - 27.01.2006

Блокади во Струмичко, Радовишко, Прилепско и Крушевско СТРУМИЦА - ПРИЛЕП - Откако Собраниската комисија за земјоделство не го прифати барањето за исплата на премија од 30 денари за секој предаден килограм тутун, тутунопроизводителите од Струмичко вчера ги радикализираа протестите.

Владата ја деблокира сметката на Тутунскиот комбинат од Прилеп

Утрински - 27.01.2006

Се наѕира ли крајот на кризата со откупот на тутунот од минатогодишната реколта Барањето за помош на тутунарите не помина кај народните пратеници. Како што изминува времето, расте стравот од пропаѓање на тутунот и негово мувлосување АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Полека згаснува надежта на тутунарите дека ...

Државата не дава пари за тутунарите

Дневник - 27.01.2006

ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ ДЕЦИДЕН Владата не врши откуп на тутун, ниту може да обезбеди директна поддршка. Вака вчера премиерот Владо Бучковски му одговори на пратеникот Жарко Караџоски од ВМРО-НП. Тој истакна дека во последните неколку недели почнале манипулацијата и политичкото влијание врз тутунарите.

Се бараат 150 денари за килограм тутун

Вечер Прес - 27.01.2006

Струмица - Повеќедневните блокади на тутунопроизводители од струмичкиот регион продолжуваат. Незадоволни од ниските откупни цени, кои во просек се движат од 80 до 100 денари за килограм, како и од рокот на исплата на нивното производство, тутунарите од општина Ново Село веќе седми ден од 10 до 17 ...

Бучковски: Протестите се политички

А1 - 26.01.2006

Владата не врши откуп на тутунот, ниту може да обезбеди директна поддршка им порача Премиерот на тутунарите од собраниска говорница. Според Бучковски, актуелните протести во сите главни тутунарски региони се политички мотивирани.

Продолжија блокадите на тутунарите во струмичко

А1 - 26.01.2006

Повеќедневните блокади на тутунопроизводители од струмичкиот регион продолжија и денеска. Незадоволни од ниските откупни цени, кои во просек се движат од 80 до 100 денари за килограм, како и од рокот на исплата на нивното производство, тутунарите од Општина Ново Село веќе седми ден од 10 до 17 ...

Тутунарите и натаму со блокади

А1 - 26.01.2006

Незадоволни од неприфатените барања за премија од 30 денари по килограм предаден тутун, просечна откупна цена од 150 денари и рок на исплата од седум дена, тутунопроизводителите од струмичко денеска ги радикализираа протестите.

За тутунарите - само чадот

Време - 26.01.2006

КОЈ ИМ ГИ ЈАДЕ ПАРИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ? Велика Атанасова Државата не понижи, а монополот на странските откупни компании не фрли на колена, се жалат струмичките тутунари, на кои веќе една недела не им се откупува родот. Тие се плашат дека годинава ќе нема пари ни за леб, бидејќи со цена од 70 до 90 ...

Тутунарите бараат реални откупни цени

Утрински - 26.01.2006

Повеќечасовни блокади на патиштата во Струмичко, Радовишко и во Прилепско Вчера протестираа тутунарите од Ново Село, Василево, Радовишко и од Долнени кои го блокираа патот Прилеп - Македонски Брод СТРУМИЦА-ПРИЛЕП - И покрај студеното време, во текот на вчерашниот ден тутнопроизводителите од ...

Маката на тутунарите продолжи на улица

Дневник - 26.01.2006

СТРУМИЦА Е БЛОКИРАНА Струмица вчера беше блокирана од тутунарите, кои веќе шест дена протестираат поради ниските откупни цени. Тие наместо да го предаваат тутунот во "Струмица табак" и во "Алијанс" од Виница, ги блокираат патните правци Ново Село - македонско-бугарска граница и Струмица -Радовиш.

Владата да им помогне на тутунопроизводителите

Дневник - 26.01.2006

КОМИСИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО Собраниската комисија за земјоделство вчера ја повика Владата да го помогне тутунското производство, но пратениците не се согласија за начинот како да се направи тоа, јави МИА. Таа ја разгледа Информацијата за неодржливата економска и социјална положба на ...

Финансиска помош - да, но не и стимулација за тутунот

Вечер Прес - 26.01.2006

Владата мора да им помогне на тутунопроизводителите во земјава, со тоа што ќе обезбеди пари од Буџетот што влегуваат по основ на новововедената акциза на цигарите. Ова е заклучокот на членовите на матичната собраниска комисија за земјоделство кои, иако се на став дека тутунското производство мора ...

Струмица речиси отсечена од блокадите на тутунарите

А1 - 25.01.2006

Поради блокадите на патиштата што ги организираат производителите на тутун, Струмица денеска е речиси отсечена од останатиот дел на Републикава. Незадоволни од ниските откупни цени, кои во просек се движат од 80 до 100 денари за килограм, како и од рокот на исплата на нивното производство, ...

И пратениците не ги поддржаа тутунарите

А1 - 25.01.2006

Тутунарите ќе го чекаат новиот закон за тутун, за да дознаат дали ќе добијат некој денар од поскапувањето на цигарите. Вака пратениците од власта ја продолжија тутунарската агонија. Собраниската комисија за земјоделство го отфрли прддогот на опозицијата за тутнарите да се одвојат по 30 денари за ...

Тутунарите го блокираа патот Прилеп-Македонски Брод

А1 - 25.01.2006

Околу илјада тутунопроизводители од Општина Долнени од шест часот утринава го блокираа патот Прилеп-Македонски Брод, изразувајќи незадоволство поради ниските откупни цени на тутунот. „Ние бараме просечна откупна цена од 150 денари за килограм, стимулација од ресорното Министерство и Владата во ...

Не мрзнеме од арно, туку од мака

Вест - 25.01.2006

СТРУМИЧКИТЕ ТУТУНАРИ БЛОКИРАА ДВА ПАТНИ ПРАВЦИ Сообраќајот беше целосно блокиран кон македонско - бугарската граница и на патниот правец Струмица - Скопје Струмичкиот регион е под блокади. Од вчера, освен патот кон граничниот премин Ново Село кон македонско- бугарската граница , незадоволните ...

Тутунарите не мрдаат од барикадите

Време - 25.01.2006

СТРУМИЦА Струмичките тутунопроизводители вчера го блокираа патот Струмица – Скопје решени да протестираат додека не добијат гаранции за реална процена на тутунот, повисоки цени и побрза исплата. - Срамно и понижувачко е тоа што ни го прави власта. Никој не ги слуша нашите барања.

Владината политика е погубна за тутунарите

Време - 25.01.2006

ПАРТИЈА ЗА ЕКОНОМСКА ОБНОВА Нови 65 милиони евра си обезбеди Владата откако воведе дополнителни давачки за цигарите, рече Велија Рамковски, член на Иницијативниот одбор на Партијата за економска обнова (ПЕО), на вчерашната конференција за печатот.

Блокиран патот Струмица - Скопје кај Владевци

Утрински - 25.01.2006

Протести на тутунарите СТРУМИЦА - На тутунопроизводителите од Ново Село вчера им се придружија и околу стотина тутунопроизводители од Општина Василево. Тие од 10 до 17 часот со трактори и земјоделска механизација го блокираа магистралниот пат Струмица-Скопје кај селото Владевци.

Тутунарите ќе ја блокираат Струмица

Дневник - 25.01.2006

ДЕНЕСКА Струмичките тутунари вчера, освен патниот правец од Ново Село кон македонско-бугарската граница, го блокираа и патот Струмица - Радовиш - Скопје, кај селото Владевци. Тие се незадоволни од откупните цени на тутунот и од долгиот период за исплата на парите.

Од цигарите ќаруваат државата и шверцерите

Дневник - 25.01.2006

ПЕО Од поскапувањето на цигарите државата двојно ќе си го зголеми приходот, поттикнат е шверцот на цигари, а земјоделците нема да добијат ништо, изјави Велија Рамковски, член на Иницијативниот одбор на Партијата за економски обнова (ПЕО).

По едно евро за килограм тутун

Вечер Прес - 25.01.2006

Државата ќе ја дуплира заработката од продажбата на цигарите по најновото поскапување, а тутунопроизводителите ќе останат со празни раце, сметаат во новоформираната Партија за економска обнова. "Ваквата политика на Владата е погубна и од неа корист имаат само државата и шверцерите на цигари, поради ...

Студеното време не е пречка за незадоволните тутунари

А1 - 24.01.2006

Многу студено со северен ветар, но без снег е во Струмица. Ниските температури засега не предизвикуваат проблеми во извршувањето на секојдневните активности. Студеното време не е пречка ни за незадоволните тутунари. Од 10 часот тие покрај патниот правец Ново Село-македонско-бугарска граница, каде ...

Зголемен бројот на незадоволни тутунари

А1 - 24.01.2006

На тутунопроизводителите од Ново село денеска им се придружија и тутунопроизводителите од општина Василево. Тие од 10 часот, со трактори и земјоделска механизација го блокираа магистралниот пат Струмица-Скопје кај селото Владевци.

ПЕО предлага стимулација за тутунарите

А1 - 24.01.2006

Тутунарите да добијат по едно евро за килограм тутун, а цигарите да се вратат на старата цена. Со ваква стратегија ќе се спречи уништувањето на тутунопроизводството и ќе се удри по зголемениот шверц со цигари, смета Партијата за економска обнова.

Наместо тутун, се откупуваат изборни поени

Утрински - 24.01.2006

Откупот на минатогодишната реколта тутун почна набилдан со проблеми Производителите прво ги нудат пониските класи тутун, обидувајќи се да испазарат повисоки цени, а откупувачите се обидуваат да ги спуштат цените АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Ниска откупна цена, неорганизиран откуп, сў уште незапочнат ...

Тутунарите ќе блокираат 24 часа

Дневник - 24.01.2006

СТРУМИЦА Струмичките тутунари и вчера го блокираа патниот правец од Ново Село кон македонско-бугарска граница во знак на револт поради ниските откупни цени. - Ќе останеме тука се додека не се исполнат нашите барања. Ни студот ни снегот нема да не попречат за да обезбедиме реална наплата на нашата ...

Струмичките тутунопроизводители не се откажаа од барањата

А1 - 23.01.2006

И покрај студот и снегот кој во струмичко почна да паѓа во попладневните часови, тутунопроизводителите не се откажаа од барањата за реална наплата на нивниот труд. Гневни, разочарани и измрзнати, во друштво на своите сопруги и деца, тие и денеска од повиканите не добија одговор на нивните барања: ...

Тутунарите ќе блокираат и пред Владата

Дневник - 23.01.2006

РАСТЕ НЕЗАДОВОЛСТВОТО ОД ОТКУПОТ Струмичките тутунопроизводители трет ден го блокираат меѓународниот пат кон македонско-бугарската граница револтирани од ниските откупни цени. Тие бараат по 150 денари за килограм тутун наместо досегашната просечна цена од 80 до 100 денари што им ја нудат ...

Жолтото злато ќе мувлоса

Вечер Прес - 23.01.2006

Откупот на тутунот и годинава станува проблематичен. Особено во најтутунскиот регион во земјава - прилепскиот, каде помалите откупни претпријатија тутунот го откупуваат по многу пониски цени од оние што се изнесени како мостри.