TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Англискиот фенерџија спаси жива глава

Време - 22.09.2007

КУП НА УЕФА, 1. КОЛО: РАБОТНИЧКИ - БОЛТОН 1-1 Никола Богојевски Единствениот македонски европретставник Работнички Кометал пропушти веројатно историска шанса не само да го победи преценетиот англиски премиерлигаш Болтон туку и поубедливо да го совлада и да се најде на чекор кон исполнувањето на ...

Блескаво реми за клупска историја

Вест - 22.09.2007

Куп на УЕФА - Одличен настап на Работнички Кометал против Болтон Само осум минути ги делеа домаќините од победа. - Беквалац: Покажавме дека и во Македонија се игра добар фудбал. - Ли: На реваншот ќе не очекува уште потежок натпревар Фудбалерите на Работнички Кометал продолжуваат со одличните ...

Болно реми за Работнички Кометал, среќно за Болтон

Утрински - 22.09.2007

Натпревар Само осум минути ги делеа домашните до победа над фаворизираниот и скап англиски премиерлигаш САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Работнички Кометал уште долго ќе жали за пропуштената шанса да го порази Болтон и со предност да патува на „Рибок“ стадионот на четврти октомври во реванш мечот со англискиот ...

Една грешка го скрати славјето на Градски

Дневник - 22.09.2007

Болтон е во предност пред реваншот, но ќе одиме да дадеме гол во Англија, вели Беквалац Работнички Кометал беше на чекор до сензационална победа против англискиот премиерлигаш Болтон, но една несмасна интервенција на голманот Филип Маџовски ја скрати радоста на „романтичарите“.

Маџовски одглуми Англичанец

Вечер Прес - 22.09.2007

"Романтичарите" во сите 90 минути беа подобар противник со посериозни шанси, но со киксот на голманот Маџовски островјаните се спасија од пораз Фудбалерите на Работнички К. пропуштија голема шанса во својата клупска историја да впишат победа против еден англиски премиерлигаш.

Беквалац: „Нема да отидеме со бело знаме на Рибок“

А1 - 21.09.2007

Македонските фудбалски вљубеници му аплаудираат на Работнички Кометал. Со големото реми против Болтон нашиот вицешампион ја проветри атмосферата во Мак фудбалот, по репрезентативната просечност и во овој квалификациски циклус.

Кеј 13 Ноември ечеше од навивачите на Болтон

Вест - 21.09.2007

Навивачите на англискиот прволигаш Болтон Вондерерс, вчера пред натпреварот се собраа во Ирскиот паб на пиво. Тие во еуфорична атмосфера пееја навивачки песни, мафтаа со клубските знамиња и колку што ги држи гласот го извикуваа името на Болтон.

Навивачите на Болтон дојдоа за да не научат хуманост

Време - 21.09.2007

АНГЛИСКИ НАВИВАЧИ ПОВТОРНО ГО ЗАПОСЕДНАА КЕЈОТ НА ВАРДАР Златко Крстевски Англиски навивачи за период од една година повторно вчера го наполнија кејот на Вардар пред синоќешниот дуел од Купот на УЕФА помеѓу Работнички и Болтон.

Англичаните со песна, пиво и хумана акција

Вечер Прес - 21.09.2007

Фудбалските навивачи на англискиот премиерлигаш Болтон сакаа да се претстават во најдобро светло за време на престојот во Скопје, каде допатуваа да го бодрат својот тим во првиот настап од Купот на УЕФА. Пред вчерашниот натпревар против Работнички К.

Работнички - Болтон 1:1

А1 - 20.09.2007

Малку кој очекуваше дека на Градски ќе биде 1:1, а Болтон при тоа ќе си замине од Скопје задоволен. Работнички Кометал испушти историска шанса да го забележи првиот Македонски триумф во официјалниот дел од Купот на УЕФА и тоа против премиерлигаш.

Ако ја спуштиме топката, ќе им спуштиме на ѕвездите

Време - 20.09.2007

ДЕНЕСКА 1. КОЛО ВО КУПОТ НА УЕФА: РАБОТНИЧКИ - БОЛТОН Никола Богојевски Македонските анонимци против премиерлигашките ѕвезди како Николас Анелка, Ел Хаџи Диуф и Кевин Нолан од Болтон, денеска на Градскиот стадион во Скопје (20 часот) ќе имаат можност во првиот меч од првото коло во Купот на УЕФА да ...

Храбро против фаворитот од Анлгија

Вест - 20.09.2007

Куп на УЕФА - Работничко Кометал вечерва го пречекува Болтон Беквалац: Ќе се обидиме со игра по земја, и со кратки пасови да ги неутрализираме акциите на Болтон. - Неџипи: Мислам дека нема да загубиме, односно мечот ќе заврши без голови.

Работнички К. вечерва трага по сензација

Утрински - 20.09.2007

Во 20 часот на Градски дебармаалци го пречекуваат Болтон во првиот меч од првото коло во Купот на УЕФА Ндерим Неџипи (десно) на реванш средбата против Зрински во Мостар САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Кратки и брзи пасови и игра по земја. Ова е единствениот начин со кој играчите на Работнички Кометал се надеваат ...

Премиера на премиерлигаш во Скопје

Дневник - 20.09.2007

Нивните звучни имиња ќе ги чуваат нашите незвучни фудбалери, кои ќе имаат шанса да се докажат во Европа, вели тренерот Беквалац Добра игра и изненадување против големиот ривал е желбата на Работнички Кометал пред вечерашниот дуел против англискиот премиерлигаш Болтон.

До слава преку Англичните

Вечер Прес - 20.09.2007

Премиерлигашот можеби е фаворит, но "романтичарите" се подготвени машки да се борат за активен резултат, што ќе ги остави во борба за пласман во фазната група Фудбалерите на Работнички К. се наоѓаат пред исторска шанса да бидат првиот македонски клуб кој ќе успее да обезбеди место во групната фаза ...

Болтон е во Скопје

А1 - 19.09.2007

Фудбалска Македонија се подготвува за првото гостување на премиерлигашка екипа кај нас. За место во фазата по групи во Купот на УЕФА, нашиот вицепрвак Работнички Кометал утре на „Градски“ ќе ја одигра првата половина од пресметката со реномираниот противник.

Беквалац: Не сакам кукавички пораз - ЌЕ ИГРАМЕ МАШКИ

Време - 19.09.2007

УТРЕ ПРВО КОЛО ОД КУПОТ НА УЕФА: РАБОТНИЧКИ - БОЛТОН Никола Богојевски Да не се прифати играта на противникот, со многу дуели и игра во воздух, ќе биде главната задача на единствениот македонски фудбалски претставник во Европа, Работнички Кометал, кој утре на Градскиот стадион во Скопје (20 часот) ...

Работнички К. верува дека може да го мине Болтон

Утрински - 19.09.2007

Премиерлигашот доаѓа во Скопје во моменти на голема резултатска криза, а менаџерот Семи Ли е пред отказ Ветуваат машка игра, веруваат во добар резултат, но и изненадување: потпретседателот на Работнички К., Коста Костовски, тренерот Драгољуб Беквалац и капитенот Неџипи САШКО Ѓ.

На Семи Ли му се бара замена

Дневник - 19.09.2007

Бордот на директори на премиерлигашот Болтон во понеделникот, на три дена пред натпреварот против Работнички Кометал, во Скопје , се состанал со цел да ја формира листата на тренерски имиња, кои би го замениле менаџерот Семи Ли, дознава „Тајмс“.

Анелка ги предводи ѕвездите од стадионот „Рибок“

Дневник - 19.09.2007

Покрај првиот стрелец, во тимот се уште и Диуф, Нолан, Јанакопулос, Вилхелмсон, Јаскелаинен, Меите... Противникот на Работнички Кометал, англискиот премиерлигаш Болтон, е еден од најстарите клубови во колепката на фудбалот. Болтон е формиран во далечната 1874 година, под името Христијанска црква, а ...

Беквалац: Изненадувања се се' почести

Дневник - 19.09.2007

Хендикеп ќе претставува неиграњето на неколку наши играчи, вели тренерот за отсуството на Лазаревски,Ковачевиќ,Михајловиќ и Илијоски Противниците не летаат, туку и тие трчаат по тревата како и ние, па затоа нема да се предадеме.

Нема да играме кукавички

Вечер Прес - 19.09.2007

Истакнува тренерот Беквалац, според кого иако сите 25 играчи во англискиот тим се репрезентативци на некоја земја, тоа ќе биде дополнителен мотив за докажување на сопствениот квалитет Фудбалерите на Работнички К. според тренерот Драгољуб Беквалац го постигнаа минимумот за остварување на една од ...

Болтон е вистински тест за Купот на УЕФА

А1 - 18.09.2007

Работнички Кометал е единствениот преживеан македонски фудбалски репрезент во Европа. Актуелниот вицепрвак ќе ја одржува, барем до почетокот на октомври, тензијата и надежта дека еден наш клуб може да биде конкурентен на стариот континент за подолг период.

Навивачи, не пијте и не расправајте се во Скопје

Време - 18.09.2007

БОЛТОН ДО СВОИТЕ НАВИВАЧИ „Скопје, генерално, е безбеден град и досегашните искуства покажуваат дека нема да има проблеми. Немојте премногу да пиете, ниту пак да влегувате во конфликти со локалното население. Избегнете ги Чаир и Бит-пазар, кои се северно од реката Вардар“.

Избегнувајте го Чаир и Бит пазар

Вест - 18.09.2007

Препорака за англиските навивачи пред мечот Работнички - Болтон Според интернет - сајтот на англискиот прволигаш Болтон, екипа која во четврток во рамките на првото коло од Купот на УЕФА ќе се сретне со нашиот Работнички Кометал, Чаир и Бит Пазар се места кој треба да ги избегнуваат нивните навивач ...

На Болтон ич нема да му биде лесно

Време - 18.09.2007

ФУДБАЛ Двојниот македонски првак Работнички Кометал, в четврток ќе се обиде да го изненади високоценетиот премиерлигаш Болтон, на Градскиот стадион во Скопје (20 часот) во битката за место во Лига-купот на УЕФА и да ја искористи моменталната криза на клубот, кој лани беше хит во Премиер-лигата.

Семи Ли го фали Работнички

Време - 18.09.2007

НДЕРИМ НЕЏИПИ ПРЕД МЕЧОТ ВО КУПОТ НА УЕФА Менаџерот на премиерлигашот Болтон, Семи Ли, кој го наследи Сем Алардајс (замина во Њукасл) на крајот на минатата сезона, истакна дека неговиот тим е наполно подготвен за предизвикот во Купот на УЕФА со нашиот Работнички и во овој дуел гледа шанса за ...

Почна продажбата на влезниците за мечот со Болтон

Утрински - 18.09.2007

Продажбата почна добро, интерес кај луѓето има и се очекува побарувачката за билети да расте во наредните денови САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Почна продажбата на влезниците за четврточната скопска пресметка (20 ч.) меѓу Работнички Кометал и Болтон во првото коло во Купот на УЕФА што воедно е последен филтер ...

Сакаме Болтон да не' потцени

Дневник - 18.09.2007

Ние треба само да играме психички растоварено бидејќи притисокот е на страната на противникот, вели напаѓачот Иван Тричковски Македонскиот фудбалски вицешампион Работнички К. шансата против Болтон во првото коло од Купот на УЕФА ја бара во евентуалното потценување од страна на премиерлигашот.

Работнички со подобри резултати од Болтон

А1 - 17.09.2007

И кај нас централниот спортски настан во следните денови е пресметката на Работнички Кометал и премиерлигашот Болтон, во првото коло од Купот на УЕФА. Нашиот вицепрвак во дуелот ќе влезе со серија добри резултати од домашното првенство и од втората позиција на табелата, додека Болтон имаше ...

Успешна "генералка" на Работнички пред Болтон

Вест - 17.09.2007

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА Двете првопласирани екипи Милано и Работнички Кометал забележаа победи на домашен терен во саботните натпревари од шестото прволигашко коло. Кумановскиот тим го окупира првото место поради подобрата гол-разлика, а двата тима имаат по 14 бода.

Од денеска влезници за мечот со Болтон

Вест - 17.09.2007

ФК Работнички Кометал Сите љубители на фудбалот кој сакаат во живо да го проследата претстојниот натпреварот од првото коло од Купот на УЕФА помеѓу Работнички Кометал и Болтон од денеска ќе можата да се снабдат со влезници. Тие ќе се продаваат на Градскиот плоштад, на видно обележани места, по цена ...

И петти пораз на Болтон, Семи Ли пред отказ

Утрински - 17.09.2007

Риардо Ваз Те (десно) Ако на некому му се тресе тренерската клупа во Премиерлигата тоа е на тренерот на Болтон, противникот на македонскиот претставник во првото коло од Купот на УЕФА, Работнички Кометал, Семи Ли. Неговата екипа во првите шест кола има дури пет порази.

Работнички К. рутински го одработи Силекс

Утрински - 17.09.2007

Дебармаалци славеа со 4:1 по два гола на Неџипи и Тричковски Велковски, Неџипи и Тричковски САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Ефтим Аксентиев е фудбалерот кој може да се пофали дека прв му постигна гол на Работнички Кометал во новата сезона, но неговиот Силекс, сепак, беше убедливо поразен во саботата на „Градски“ ...

Пајажината симната од голот по 624 минути

Дневник - 17.09.2007

Во претходните 5 кола и еден меч од Купот на Македонија, мрежата на Работнички мируваше По 624 минути од новата сезона првпат беше затресена мрежата на Работнички Кометал во домашните натпреварувања, кој победи со 4-1 против Силекс во меч од 6. коло.

Неџипи и Тричковски со нишанот кон Болтон

Вечер Прес - 17.09.2007

Работнички К. го декласира Силекс (4:1), пред настапот в четврток против Англичаните во Купот на УЕФА, а Милано дома беше ефикасно и против Напредок (3:1) Двете водечки екипи на табелата продолжуваат во ист стил и по 6. коло на фудбалското првенство на Македонија.