TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Полт:Очекувам ОН да усвојат резолуција за Косово до крајот на летото

Макфакс - 01.04.2007

Белград САД работат врз нова резолуција за Косово и постои уверување дека таа во Советот за безбедност (СБ) на Обединетите нации (ОН) ќе биде усвоена до крајот на летото. Ова денеска го изјави американскиот амбасадор во Србија Мајкл Полт, кој учествува на меѓународна конференција по повод 125 ...

Русија не го отфрла еднострано планот на Ахтисари

Макфакс - 01.04.2007

Белград Русија не го отфрла во целост и еднострано планот за Косово на меѓународниот посредник Марти Ахтисари, изјави синоќа во Белград шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Планот навистина „е пропаднат, но има конструктивни иницијативи“, оцени Лавров.

Белгија - Без резолуција нема статус за Косово

Макфакс - 01.04.2007

Брисел Белгиското министерство за надворешни работи предупреди дека треба да се спречи прогласување на независност на Косово без усвојување на резолуција во Советот за безбедност на ОН. Министерот Карел де Гут синоќа во Брисел соопшти дека се залага за усвојување на резолуција во Советот за ...

Меѓународна конференција за Косово

Макфакс - 01.04.2007

Приштина Меѓународна конференција „Подготовка на стратегијата за првите 120 дена за Косово“, в четврток ќе започне во Њујорк, во организација на Фондацијата на браќата Рокфелер. Конференцијата ќе биде посветена на создавање законска рамка на Косово по утврдување на статусот на покраината, ...

Прашањето на Статусот на Косово доминантно на Охридскиот самит

Макфакс - 01.04.2007

Охрид Самитот на претседатели од ЈИЕ што денеска се одржа во Охрид, иако беше посветен на енергетиката, мина во знакот на косовското прашање. Како што јави дописникот на Макфакс, на прес конференцијата по усвојувањето на Декларацијата, наместо прашања за актуелната тема, доминираа прашањата за ...

Црвенковски:Прашањето на Косово треба да се реши со резолуција на ОН

Макфакс - 01.04.2007

Охрид Прашањето на Косово треба да се реши со Резолуција на Обединетите нации. Ова е ставот на македонскиот претседател Бранко Црвенковски, изнесен на средбата со претседателите на Хрватска Стипе Месиќ и на Србија Борис Тадиќ, одржана во паузата од пленарната расправа на Самитот на претседателите ...

Тадиќ:Србија никогаш нема да прифати независност на Косово

Макфакс - 01.04.2007

Белград Србија никогаш нема да прифати независност на Косово, изјави српскиот претседател Борис Тадиќ. Тој во интервју за американската агенција Асошијетед прес најави дипломатска офанзива покраината да остане во границите на Србија.

Косово - Нема потреба од мисија на ОН

Макфакс - 01.04.2007

Приштина Косовската влада денеска оцени дека нема потреба од мисија на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН). Оваа мисија, како што претходно беше најавено, би собирала факти за спроведувањето на Резолуцијата 1244 на ОН за Косово и меѓународно поставените стандарди.

Сенатот на САД, неделава, ќе расправа за Косово

Макфакс - 01.04.2007

Приштина Горниот дом на американскиот Конгрес неделава,треба да започне дебата по предлог резолуцијата за статусот на Косово, јавија приштинските гласила. Нацрт резолуција е подготвена од сенаторите Џозеф Либерман, Џозеф Бајден, Џон Мекејн и Гордон Смит, кои ја поддржуваат независноста на Косово, ...

Лавров - тврдењата за можно насилство на Косово се уцени

Макфакс - 01.04.2007

Подгорица Русија ги смета за „уцени“ шпекулациите дека ќе има насилство во случај Косово да не добие независност. Ова денеска го изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, по разговорите со црногорските раководители во Подгорица.

Мирни протести на движењето „Самоопределување“

А1 - 31.03.2007

Мирно, без инциденти завршија денешните протести на движењето „Самоопределување“ во Приштина. Неколку илјади демонстранти побараа ослободување на нивниот лидер Албин Курти, како и еднострано прогласување на независноста на Косово.

ОН треба да „дозволат“ планот на Ахтисари да пропадне

Утрински - 31.03.2007

Лондон- Советот за безбедност на ОН треба да "дозволи" планот на Марти Ахтисари за Косово да пропадне, затоа што неговите предлози водат само кон понатамошно крвопролевање, пишува вчера во писмо до лондонскиот весник "Дејли телеграф" поранешниот британски дипломат Џејмс Денсер.

Реконструкција на Косово

Утрински - 31.03.2007

Анализа Станува збор за голем финансиски ангажман да се поттикне растот на косовското стопанство ВЛАДИМИР ГЛИГОРОВ Европската унија се подготвува да преземе голема операција во Косово. Станува збор за околу 1,5 милијарда евра во следните три години.

Пред независноста на Косово

Дневник - 31.03.2007

Владата на Република Македонија би требало да подготви стратегија спрема Косово како нова соседна држава со сите атрибути што се подразбираат под тој термин Некаде кон крајот на 1992 или почетокот на 1993 тогашниот министер за надворешни работи д-р Д.Малевски придржуван од позастарени дипломатски ...

„Самоопределување“ го почна протестот во Приштина

Канал5 - 31.03.2007

Неколку стотици приврзаници на движењето „Самоопределување“ излегоа попладнево на улиците во Приштина на протестен марш против планот на специјалниот пратеник на Обединетите нации, Марти Ахтисари за идниот статус на Косово. Приштина, 31 март (МИА) - Неколку стотици приврзаници на движењето ...

Русија во СБ на ОН нема да ја поддржи нацрт-резолуцијата на Ахтисари

Канал5 - 31.03.2007

Русија, во Советот за безбедност на Обединетите нации, нема да ја поддржи нацрт-резолуцијата која би го содржела планот за статусот на Косово на претставникот на ОН Марти Ахтисари, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Владимир Титов.

Разговорот Буш-Путин ги охрабри Србите

Време - 30.03.2007

КОСОВО ЗАГРИЖЕНО Британскиот и американскиот амбасадор во Белград испратија порака дека нови преговори за Косово нема да има, дел од српскиот врв се надева на нови преговори, особено по телефонскиот разговор на претседателите на Русија и САД Владимир Путин и Џорџ В. Буш.

Европарламентот ја поддржа независноста на Косово

Вест - 30.03.2007

БРИСЕЛ, 30 март (АП) - Европскиот парламент даде голема поддршка на планот на Обединетите Нации што на Косово би му дал надгледувана независност од Србија, а шефот за надворешна политика на ЕУ изјави дека планираниот развоен проект на блокот во покраината претставува "најважната мисија на ЕУ во ...

Словачка- Независно Косово не е во интерес на регионот

Утрински - 30.03.2007

Братислава - Словачкиот парламент донесе декларација за статусот на Косово во која се изразува уверување дека неограничена независност на Косово не е во интерес на регионот во кој со години има трагедии и кризи. Декларацијата ја поддржаа 123 од 142 присутни пратеници.

Британија притиска за побрзо давање независност на Косово

Утрински - 30.03.2007

Во Лондон се смета дека „тврдата позиција“ на Белград е резултат на поддршката што ја добива од Москва Од нашиот дописник ТОМИСЛАВ ИВАНОВСКИ ЛОНДОН - Високи функционери во министерствата за надворешни работи во земјите-членки на Контакт-групата за Косово се сретнаа во Лондон за да расправаат за ...

Мисијата на ЕУ нема право на неуспех на Косово

Дневник - 30.03.2007

По одредувањето на статусот на Косово, властите во Приштина ќе се соочат со двоен предизвик - да ги преземат надлежностите од УНМИК и да ги спроведат неопходните чекори за спроведување на реформите предвидени од посредникот Марти Ахтисари .

Рен повикаа на единство на ЕУ за планот за статусот на Косово

Канал5 - 30.03.2007

Еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска пред почетокот на состанокот на шефовите на дипломатиите од ЕУ во Бремен, ги повикаа земјите-членки да бидат единствени во однос на планот за статусот на Косово, предложен од специјалниот претставник на ОН Марти Ахтисари.

И благо и солено од Солана!

Вечер Прес - 30.03.2007

Почнува со ветувања дека ЕУ мора што е можно повеќе да и помогне на Србија, особено во приближувањето кон Унијата, па потоа соопштува дека Советот за безбедност можеби ќе мора да наметне решение за статусот на Косово Високиот претставник на ЕУ, Хавиер Солана, и вчера во Брисел повторно нагласи дека ...

Европарламентот го поддржа „надгледуваниот суверенитет“ за Косово

А1 - 29.03.2007

Европскиот парламент усвои денеска резолуција за идниот статус на Косово, со која што се поддржува предлогот на Марти Ахтисари и „надгледуваниот суверенитет“ за Косово. Европските пратеници со 490 гласа „за“, 80 „против“ и 87 воздржани ја усвоија резолуцијата, што ја предложи холандскиот пратеник ...

Солана и Рен ја подготвуваат најголемата кризна мисија досега

Време - 29.03.2007

УНИЈАТА ЌЕ ОДИ НА КОСОВО Европската Унија веќе ја подготвува својата мисија за Косово, иако допрва ќе се расправа за планот на Марти Ахтисари, со која Косово би добило независност надгледувана од Европската Унија. Еврокомесарите Хавиер Солана и Оли Рен подготвиле анализа во која се оценува дека ...

Марти Ахтисари - херој на нашето време

Утрински - 29.03.2007

Мислења Ахтисари заслужува херојски одликувања за мудриот начин на кој го истурка процесот за иднината на Косово ЕРМИРА МЕХМЕТИ Ова е несомнено најзначајната недела во поновата историја на Балканот. Оваа недела ќе го забележи затворањето на последното начело од крвавите војни поврзани со распадот ...

Србија нема да биде казнета доколку на ја прифати резолуцијата на ОН за Косово

Утрински - 29.03.2007

Билд: На Србија треба да и' се понуди членство во ЕУ за независноста на Косово Брисел - Србија нема да биде изложена на санкции, ниту ќе биде изолирана ако не ја прифати новата резолуција на Советот за безбедност на ОН, со која ќе му биде овозможено на Косово да добие независност под меѓународен ...

Косовците веќе се подготвуваат за независност

Дневник - 29.03.2007

Приштина ќе настојува првите амбасади да ги отвори во Лондон, Париз, Берлин, Рим, Берн и во Виена, во земјите за кои се смета дека сигурно ќе ја прифатат независноста на Косово Заканата на Русија дека со вето во Обединетите нации ќе го блокира наметнатото решение за Косово, речиси воопшто не допре ...

Извештај на Солана и Рен за идното меѓународно присуство на Косово

Канал5 - 29.03.2007

По одредувањето на статусот на Косово, косовските власти ќе се соочат со двоен предизвик - да ги преземат надлежностите од УНМИК и да ги спроведат неопходните чекори за спроведување на реформите предвидени со предлогот на специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари, со оценува во извештајот на ...

Косово ќе чини колку Ирак!

Вечер Прес - 29.03.2007

Во документот на Солана и Рен за работата на мисијата во првите три години (2008-2010), кога ќе се соберат сите ставки се предвидува трошок од 1,5 милијарда евра Европската унија подготвува досега најголема полициската мисија во Косово, како и единствена цивилна операција за управување со кризи ...

ЕУ планира полициска мисија за Косово од 1.500 лица

А1 - 28.03.2007

Полициската мисија на Европската унија во Косово ќе биде најголема од сите нејзини досегашни цивилни операции за управување со кризи и ќе изнесува 1.500 лица, се наведува во документот на високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана и на еврокомесарот за ...

Билд: На Србија да и се понуди членство во ЕУ за независно Косово

А1 - 28.03.2007

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд оценува дека на Србија треба да и биде предложено членство во Европската унија во замена за согласност на Белград за независност на Косово. Билд во интервју за јапонскиот весник „Јомиури“ истакнува дека на Србија уште годинава може да и биде даден ...

Ахтисари: Мојот план нуди стабилно и просперитетно Косово

Време - 28.03.2007

ПО ПРЕТСТАВУВАЊЕТО НА ПЛАНОТ ЗА КОСОВО ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Пратеникот за Косово Марти Ахтисари изрази надеж дека неговиот план за Косово, кој предвидува областа да добие независност, ќе донесе просперитет и стабилност. - Независноста е единственото решение за политички стабилно и економски ...

Србија убедена во руско вето за Косово

Вест - 28.03.2007

БЕЛГРАД, 28 март (Ројтерс) - Србија е убедена дека Русија ќе го блокира планот што му дава условна независност на Косово со "историско вето" во Советот за безбедност на ОН, соопшти вчера српскиот премиер Воислав Коштуница. "Убедени сме дека предлогот нема да помине во Советот за безбедност и тоа ќе ...

Почна одбројувањето за независноста на Косово

Утрински - 28.03.2007

Русија „нема да седи со скрстени раце“, изјави шефот на руската дипломатија, Лавров Димитар Чулев Марти Ахтисари го достави до Советот на ОН својот план за „надгледувана“ или контролирана независност за Косово, со што процесот за дефинирање на конечниот статус на Косово влегува во завршна фаза.

Русија упорно одбива наметнато решение за Косово

Дневник - 28.03.2007

Москва повтори дека го поврза евентуалното давање независност на Косово со ситуацијата на непризнаените проруски региони Јужна Осетија и Абхазија и Приднестровје Русија во Обединетите нации ќе отфрли еднострано наложено решение за Косово, објави руското Министерство за надворешни работи.

Со дебати не се влегува во пакетот на Марти Ахтисари

Дневник - 28.03.2007

Собранието не е институцијата што треба да расправа за решавање на статусот на Македонците-муслимани во Косово . Владата и Министерството за надворешни работи (МНР) треба да дејствуваат за тие да добијат јазични и културни права пред да се реши статусот на протекторатот, велат во кабинетот на ...

Карл Билд: На Србија треба да и се понуди членство во ЕУ за независноста на Косово

Канал5 - 28.03.2007

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд оценува дека на Србија треба да и биде предложено членство во Европската унија во замена за согласност на Белград за независност на Косово. Токио, 28 март (МИА) - Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд оценува дека на Србија треба да и ...

„Фајненшл тајмс’: До крајот на мај планот на Ахтисари ќе биде преточен во резолуција на ОН

Канал5 - 28.03.2007

Планот за статусот на Косово што го изработи специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари до крајот на ма ќе биде преточен во резолуција на Советот за безбедност на Светската организација, тврди денешен „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на информации од американската администрција.

Чеку ги повика косовските Срби да го прифатат планот на ОН

А1 - 27.03.2007

Косовскиот премиер Агим Чеку го повика српското малцинство во покраината да го прифати предлогот на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари, со кој што се препорачува меѓународно надгледувана независност за Косово. „Србите се добредојдени во нашето општество, тие се добредојдени заедно да ја ...

Ахтисари: Косово да биде независно, но со меѓународен надзор

А1 - 27.03.2007

Косово да биде независно, но со меѓународен надзор, предложи Марти Ахтисари. „Независноста е единствено решение за политички стабилно и економски одржливо Косово“, се наведува во извештајот на финскиот дипломат. Конечната верзија, која синоќа беше претставена пред Советот за безбедност на ...

САД: надгледувана независност за „новата држава“ Косово

Време - 27.03.2007

ПОРАКА НА ВАШИНГТОН САД вчера соопштија дека го поддржуваат предлогот на Марти Ахтисари, Косово да добие надгледувана независност. Ахтисари, САД и Европската Унија досега главно избегнуваа да го употребат зборот „независност“, а мразот го скрши американскиот државен потсекретар Николас Барнс, кој и ...

Косово ја дели ЕУ?

Утрински - 27.03.2007

Европа-Балкан Отворањето полемика околу судбината на мисијата на Ахтисари би можело да предизвика сериозни поделби во ЕУ ИВАН ТОРОВ БЕЛГРАД - Од вчера планот на Марти Ахтисари за конечниот или идниот статус на Косово е составен дел на процедурата на Советот за безбедност на ОН.

Коштуница: Србија го отфрла предлогот на Ахтисари

Канал5 - 27.03.2007

Претседателот на српската Влада Воислав Коштуница синоќа во телефонскиот разговор со американскиот државен потсекретар Николас Барнс истакнал дека Србија го отфрла предлогот на Ахтисари за Косово, затоа што со таков предлог се крши Повелбата на ОН, Уставот на Србија и поради тоа што со документот ...

Приштинските весници за реакциите на предлогот на Ахтисари за Косово

Канал5 - 27.03.2007

Приштинските печатени медиуми денеска на насловните страни ги пренесуваат изјавите на Марти Ахтисари и на американскиот заменик државен секретар Николас Барнс кои се заложија за надгледувана независност на Косово. Приштина, 27 март (МИА) - Приштинските печатени медиуми денеска на насловните страни ...

Лавров: Русија „нема да седи со скрстени раце“ кога ќе се решава статусот на Косово

Канал5 - 27.03.2007

Кога ќе се решава прашањето за Косово во Советот за безбедност на Обединетите нации согласно планот на специјалниот пратеник Марти Ахтисари, Русија „нема да седи со скрстени раце“, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Предлогот нема лесно да помине во ОН

Вечер Прес - 27.03.2007

Францускиот сенатор и поранешен министер за правда Робер Бадинтер вчера во Приштина изјави дека предлогот на Марти Ахтисари нема лесно да помине во Советот за безбедност на ОН и оти одлуката за статусот на Косово може со месеци да се пролонгира.

Македонија меѓу првите ќе го признае Косово!?

Вечер Прес - 27.03.2007

Официјално Скопје е заинтересирано Советот за безбедност на ОН што побргу да го одреди статусот, и потоа оваа нова реалност да ја признае и Македонија, изјавил Милошоски за косовските медиуми Македонија меѓу првите земји ќе го признае Косово, изјавил за косовските медиуми шефот на македонската ...

Македонија ќе го почитува правото на сопстеност при демаркацијата

А1 - 26.03.2007

Правото на сопственост ќе биде неприкосновено при демаркација на границата на Македонија кон Косово. Ова е ставот на македонската Влада, која се обврзува дека ќе го испочитува ова начело. „После одбележувањето на границата секој да си има можност, една привилегија, на еден привилегиран начин, во ...

Македонија меѓу првите ќе го признае Косово

Утрински - 26.03.2007

милошоски „Македонија е подготвена да биде една од првите држави што ќе ја признаат независноста на Косово“, изјавил шефот на македонската дипломатија, Антонио Молошоски, за Радио-телевизија Косово. Тој, исто така, најавил дека за време, поточно во текот на обележувањето на границата со Косово ќе ...