TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ФФМ го повика Груевски да спроведе истрага за случувањата во Струга

Време - 22.03.2007

СООПШТЕНИЕ НА ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА Фудбалската федерација на Македонија се огласи со соопштение, потпишано од претседателот на ФФМ Харалампие Хаџи-Ристески, за случувањата пред собранието на ФФМ, во Струга, во саботата.

ФФМ бара истрага од владата

Вест - 22.03.2007

ХАЏИ-РИСТЕСКИ МУ ПИША НА ГРУЕВСКИ Хари Хаџи-Ристески, претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, ги повика премиерот Никола Груевски и неговата влада да спроведат истрага за настаните околу Генералното собрание на ФФМ, одржано на 17 март во Струга.

ФФМ порачува - Собранието имаше валиден кворум

Утрински - 22.03.2007

Објаснувајќи го целокупниот тек на настаните кои му претходеа на саботното Собрание на фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кое се одржа во Струга, информативната служба на Федерацијата во соопштението дистрибуирано вчера до медиумите истакнува дека во Струга 55 делегати ги верификуваа ...

Хаџиристески бара премиерот Груевски да ја заштити ФФМ

Утрински - 22.03.2007

Челниците на мак-фудбалот порачуваат дека за настаните што му претходеа на Собранието во Струга ќе ги известат сите дипломатски претставништва ЕМИЛ КИТАНОВСКИ „Македонија е млада држава, со кревка демократија, во која паралелно со нашата државност за место под европското сонце се бори и ...

ФФМ се обрати до премиерот, дипломатите и до Хелсиншки

Дневник - 22.03.2007

„...Во годината во која ги бележиме најголемите успеси, достигнувајќи го рекордниот рејтинг од 49. место во големото семејство на ФИФА, некој се обидува на најнедеморкатски начин да го сруши македонскиот фудбал“, се вели во соопштението на ФФМ испратено до премиерот Никола Груевски, како и до сите ...

Немаше спорни делегати на Собранието на ФФМ

Вест - 21.03.2007

ВЕРИФИКАЦИСКАТА КОМИСИЈА СЕ ОГЛАСИ По соопштението на Агенцијата за млади и спорт, во кое Генералното собрание на ФФМ во Струга беше оценето како "сомнително", Верификациската комисија на Собранието одговори дека нема ништо спорно со мандатите на делегатите Владимир Башевски и Васко Трајковски.

Запазена е процедурата за промена на делегатите

Време - 21.03.2007

ФФМ И ОДГОВАРА НА АМС На седницата на собранието на ФФМ, вкупно 55 присутни делегати го верификуваа мандатот на двајца делегати. На местото на Јовица Николовски е предложен Владимир Гашевски од ОФС Скопје. Неговиот мандат е верификуван, а Гашевски не присуствуваше на седницата.

Што им ветил Емил Божиновски на делегатите Албанци во Собранието на ФФМ

Утрински - 21.03.2007

Весникот „Коха“, кој излегува на албански јазик, објави коментар под наслов „Борба за интереси или нешто друго“ Дека „Утрински весник“ беше во право кога објави еден долг список на идните кадри во Фудбалската федерација на Македонија што го подготвил Иницијативниот одбор за промени во ФФМ, за да се ...

Владата го поддржува иницијативниот одбор

Вест - 20.03.2007

КОНЕЧНО, ЈАВНО ПРИЗНАНИЕ Владата на Република Македонија посредно призна дека има свој пулен меѓу двете спротивставени страни во нашиот фудбал. Во своето соопштение до јавноста, Агенцијата за млади и спорт Собранието на Фудбалската ф Владата на Република Македонија посредно призна дека има свој ...

Работнички К. го осуди притисокот врз делегатите во Струга

Утрински - 20.03.2007

Двократниот македонски фудбалски шампион, Работнички Кометал, енергично ги осуди последните настани во и околу Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Насилната поделба на ФФМ, грубото кршење на Статутот, употребата на сила, заканите и уцените на што беа подложни делегатите на редовното годишно ...

Власта игра фудбал

Утрински - 20.03.2007

ЕДИТОРИЈАЛ ФАРКО ШАКИРИ Спортот, а особено фудбалот, од широката палета на социјални димензии, отсекогаш им бил интересен сегмент на политичарите. Високото позиционирање, или поточно речено контролирање на спортот, обезбедува извесен општествен статус, ефикасен линк на влијанието и можност за ...

ФФМ на отчет кај УЕФА, Агенцијата не го признава Собранието

Дневник - 20.03.2007

Ниту пораката „Размислуваме и разговараме само за Хрватска“, закачена во просториите на ФФМ, не ги симна од дневен ред саботните пребројувања на делегатите од Собранието во Струга и на собирот во Скопје на Иницијативниот одбор за промени.

Сомнително собрание на ФФМ

Вечер Прес - 20.03.2007

Агенцијата за млади и спорт го искажува своето жалење што продолжува агонијата во најпопуларниот спорт во нашата земја со одржување на "сомнително собрание", организирано со недефинирано и неверифицирано мнозинство, кое не ветува ништо ново за надминување на сегашната состојба.

Агенцијата за млади и спорт незадоволна од саботно собрание на ФФМ

А1 - 19.03.2007

Понеделнички реакции и на некои наши спортски форуми за саботното собрание на фудбалската федерација. Агенцијата за млади и спорт го искажа жалењето затоа што продолжува агонијата во најпопуларниот спорт во нашата земја, со одржување собрание организирано со недефинирано и неверификувано мнозинство ...

Полициски ѓон за ФФМ

Време - 19.03.2007

ОГРОМНИ ПРИТИСОЦИ ВРЗ ДЕЛЕГАТИТЕ НА СОБРАНИЕТО НОЌТА ВО ПЕТОКОТ СПРОТИ САБОТАТА Златко Крстевски Неидентификувани лица ноќта во петокот спрема саботата вршеле огромен притисок и терор спрема делегатите на собранието што беа дојдени во Струга.

Хаџи-Ристески доби климава доверба

Време - 19.03.2007

РЕДОВНО СОБРАНИЕ НА ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА Златко Крстевски Победа од 1-0 и победа од 5-0 е иста соопшти Харалампие Хаџи-Ристески откако доби климава доверба од делегатите на собранието на ФФМ. Хаџи-Ристески може да продолжи да го води македонскиот фудбал откако на собранието за ...

Уцени и закани пред Генералното собрание на ФФМ

Вест - 19.03.2007

БОРБА ЗА ПРЕВЛАСТ ВО ФУДБАЛОТ Иако во петокот вечерта во хотелот "Дрим" се пријавиле 62-ца делегати, преку ноќ "исчезнале" шестмина, па актуелниот претседател Хари Хаџи-Ристески ја доби довербата на 55 од 106 делегати колку што брои Собрани Во отежнати услови, на раб на кворум, Генералното собрание ...

Иницијаторите најавија ново собрание на 7 април

Време - 19.03.2007

ПО СОБИРОТ НА СРЕДНО ВОДНО Иницијативниот одбор за промени во Фудбалската федерација на Македонија, во саботата во хотелот „Средно Водно“ ја прогласи својата победа. Тие го обвинија актуелното раководство на ФФМ за одржување редовно годишно собрание без кворум и одредија датум за нова пресметка - 7 ...

Опсадна состојба во Струга, поддршка за Хаџиристески

Утрински - 19.03.2007

Анастасовски: Не знам кој и од какви причини се обидува по секаква цена да го оневозможи пристигнувањето на делегатите во Струга ЕМИЛ КИТАНОВСКИ Фудбалска Македонија го доживеа најголемиот срам во поновата историја. Завчера, празникот за сите фудбалски работници од земјава, Редовното Собрание кое ...

Собранието ја усвои завршната сметка и буџетот за 2007 година

Утрински - 19.03.2007

Пеесет и шест од вкупно 106 делегати учествуваа во завчерашната работа на третото Редовно Собрание на ФФМ кое се одржа во Струга. По изгласаната доверба за претседателот Харалампие Хаџиристески (за гласаа 55 од вкупно 56 присутни делегати во Струга) фудбалските работници брзо и експедитивно го ...

Иницијаторите за промени најавија Вонредно собрание на 7 април!

Утрински - 19.03.2007

Иницијаторите за промени во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во саботата на Средно водно ја самопрогласија за успешна мисијатa за уривање на актуелното раководство во ФФМ. Иако, не излегоа со јасно дефинирана бројка на делегати што ја поддржуваат нивната акција, сепак, закажаа Вонредно ...

Претседателот доби доверба

Дневник - 19.03.2007

Довербата ја доби со 55 гласа, еден повеќе од потребните Првиот човек на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, доби доверба од 55 делегати, еден повеќе од потребните 54 за да продолжи со четиригодишниот претседателски мандат што го доби на 1 октомври 2005.

За Одборот за промени Собранието е нелегално!

Дневник - 19.03.2007

Спорни делегати за Одборот се Сејменов и Јовица Николовски и нелегитимно избраните двајца од Липково, без кои претседателот на ФФМ нема кворум за да добие доверба Собранието во Струга е нелегално, а претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Хари Хаџи-Ристески и неговите послушници ...

Хари куртули за два гласа

Вечер Прес - 19.03.2007

Тој ја доби поддршката на 55 од 56 евидентирани присутни делегати во Струга, од вкупно 106, колку што брои Собранието Претседателот Харалампие Хаџи-Ристески и членовите на Управниот одбор остануваат на чело на Фудбалската федерација на Македонија.

Вонредно Собрание на ФФМ на 7 април

Вечер Прес - 19.03.2007

Делегатите кои му дадоа поддршка на Иницијативниот одбор за промени во мак-фудбалот, за своја дестинација наместо Струга, го избраа Скопје. Тие во саботата, во исто време кога во хотелот "Дрим", крај охридското крајбрежје, се одржуваше Собранието на ФФМ, се собраа на Средно Водно, со што јавно го ...