TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Достаниќ го напушти Вардар поради Косово

А1 - 11.10.2008

Среде првенствената пауза поради претстојниот настап на репрезентацијата во Исланд, фудбалска бомба во „Градскиот парк“. Ратко Достаниќ веќе не е тренер на лидер на табелата Вардар. Српскиот тренер си заминал од Скопје, во знак на револт поради тоа што Македонија ја призна независноста на Косово.

ПОРАДИ ПРИЗНАВАЊЕТО НА КОСОВО ДОСТАНИЌ ГО НАПУШТИ ФК ВАРДАР

Телма - 11.10.2008

ПОРАДИ ПРИЗНАВАЊЕТО НА КОСОВО ДОСТАНИЌ ГО НАПУШТИ ФК ВАРДАР Српскиот стратег Ратко Достаниќ денеска одлучил да поднесе оставка на функцијата тренер на фудбалскиот клуб Вардар, а како причина го навел притисокот кој го чувствувал од татковината, по признавањето на Косово од страна на македонската Влада.

Одлуката не ги наруши спортските врски

Дневник - 11.10.2008

Остануваат да работат во Македонија, зашто политиката не ја мешаат со спортот: тренерот на ФК Вардар Ратко Достаниќ и кошаркарскиот селектор Јовица Арсиќ Српските спортисти што настапуваат во Македонија и македонските што се дел од екипите во Србија се обидуваат да останат настрана од новите ...

Вардар остана без тренер поради признавањето на Косово

Алсат-М - 11.10.2008

Тренерот на Вардар Ратко Достаниќ поднесе оставка од позицијата поради признавањето на Косовската независност од Македонија Тој преку телефонско јавување им пренесе на „црвено – црните“ дека се откажува од ова функција поради одлуката на македонската влада да ја признае ...

Политиката повлече оставки и во спортот

Канал5 - 11.10.2008

Политичките реакции по одлуката на Македонија да го признае Косово се префрлија на фудбалските терени. Тренерот на Вардар, Ратко Достаниќ поднесе оставка на функцијата и заедно со семејството ја напушти Македонија во знак на протест на одлуката за признавање на Косово.

Достаниќ поднел оставка на функцијата тренер на ФК Вардар, поради одлуката Македонија да го признае Косово

Нетпрес - 11.10.2008

Српскиот стратег Ратко Достаниќ денеска одлучил да поднесе оставка на функцијата тренер на фудбалскиот клуб Вардар, а како причина го навел притисокот кој го чувствувал од татковината, по признавањето на Косово од страна на македонската Влада.