TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Двајцата сведоци не го виделе киднапирањето на кумановците

А1 - 23.10.2004

Двајцата кумановци, кои биле во истиот конвој со настраданите Лазаревски, Насковски и Марковиќ, не виделе како тројцата нивни колеги биле киднапирани во Ирак. Ова тие им го изјавија на полицијата, која ги испрашуваше веднаш по нивното пристигнување дома, на скопскиот аеродром вчеравечер.

Доста беше со фингирани разговори за името

Време - 23.10.2004

БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ВО БИТОЛА И ние сме за суштински, а не за фингирани разговори за името, рече претседателот Бранко Црвенковски при вчерашната посета на битолската касарна „Стив Наумов“, а во врска со изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Петрос Моливијатис дека сака вистински ...

Македонските војници остануваат во антитерористичката коалиција

Утрински - 23.10.2004

Претседателот Бранко Црвенковски во посета на касарната во Битола Црвенковски оцени дека од Грција доаѓаат охрабрувачки сигнали во врска со дијалогот околу името Гоце Каревски ?Без сомнение и без колебање, македонските трупи во Ирак и натаму ќе останат во составот на антитерористичката коалиција ...

За живите се полошо

Дневник - 23.10.2004

УВОДНИК - Тодор Пендаров Какво е ова "пристојно место за живеење" ако луѓето од него бегаат и во најризичните места на планетава? Како оваа држава се грижи за своите луѓе ако не ги удостојува ни со предупредување каде треба, а каде не треба да печалат? Далибор Лазаревски, Зоран Насковски и Драган ...

Командантот сака грав и војници во Ирак

Дневник - 23.10.2004

БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ во битолската касарна Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Бранко Црвенковски вчера ја посети касарната "Стеван Наумов -Стив" во Битола, каде што се изведуваше борбена обука на воените единици.

ЦРВЕНКОВСКИ АПЕЛИРА ЗА НЕПАТУВАЊЕ ВО ИРАК

Вечер Прес - 23.10.2004

БИТОЛА.- Претседателот на државата, Бранко Црвенковски, за време на вчерашниот престој во Центарот за обука на борбените редови на АРМ во Касарната "Стеван Наумов - Стив" во Битола, одговарајќи на новинарски прашања за автентичноста на емитуваната снимка за страдањето на кумановските граѓани во ...

НОВИ РАБОТНИЦИ СЕ ТОКМАТ ЗА ИРАК

Вечер Прес - 23.10.2004

Според податоците со кои располага МВР, моментно во Ирак и околината работат 300 до 350 Македонци, најчесто во разни бази и фирми. Но, МВР нема целосен увид во состојбата зашто голем дел од нив одат прво во Бугарија, СЦГ или Турција, а оттаму заминуваат за Ирак.

Државниот врв не се премислува за присуството на Македонија во Ирак

А1 - 22.10.2004

Свирепото убиство на тројцата Македонци во Ирак не го предомислува државниот врв за учеството на Македонија во антитерористичката коалиција, предводена од САД. Претседателот Црвенковски и врховен командант на Армијата изјави дека македонските војници, покрај се, остануваат во Ирак.

Црвенковски: „Македонските војници остануваат во Ирак“

А1 - 22.10.2004

„Македонските војници остануваат во Ирак и РМ и натаму ќе биде дел од глобалната антитерористичка коалиција. Истите аргументи кога ја донесовме таа одлука, важат и сега“, изјави на брифингот во Битола, претседателот Бранко Црвенковски, при посетата на центарот за воена обука на АРМ, во касарната ...

Пристигнаа 19-те кумановци од Ирак

А1 - 22.10.2004

Веднаш по пристигнувањето на скопскиот аеродром, 19-те македонски работници час и половина беа во карантин. На луѓето од ДБК ги интересираа двајцата сведоци на киднапирањето и нивната приказна за тоа што се случило. Прашања и сугестии имаше и за другите 17 кумановци, но и за Серџо Тангума, кој ...

Фуад доби копија од снимката со егзекуцијата

Време - 22.10.2004

КУМАНОВЦИ НА РАБОТА ВО ИРАК Ивана Серафимова <> Копија од видеолентата на која е прикажана егзекуцијата на кумановците Зоран Насковски и Далибор Лазаревски вчера и била предадена на македонската делегација што во Доха ја предводи Фуад Хасановиќ, заменик-министерот за надворешни работи.

Кумановци ги оправдуваат сограѓаните што заминуваат за Ирак

Утрински - 22.10.2004

По веста дека не стивнува интересирањето за заминување во кризни региони "Лавовите" најмногубројни на списокот за пат во Ирак КУМАНОВО - И вчера во Куманово полицијата работеше на прибирање информации за идентификација на лицата кои се инволвирани како посредници за испраќање нова група работници ...

Македонскиот тим ја виде снимката

Утрински - 22.10.2004

Делегацијата на Македонија вчера пристигна во Катар и беше во арапската телевизија Ал Џезира Заменик-министерот за надворешни работи, Фуад Хасановиќ, вчера се сретна со уредувачкиот тим на катарската телевизија Ал Џезира, при што му било овозможено да ја види снимката на која оваа телевизија ...

Валандовчани се вратија од пеколот

Дневник - 22.10.2004

ПО НЕКОЛКУМЕСЕЧНА РАБОТА ВО ирак Мирисот на барутот и вкусот на ирачкиот леб изминативе неколку месеци ги пробале стотина валандовчани. Шестмина деновиве се вратија дома. Одбегнуваат да зборуваат за тоа што го доживеале. Двајца прифатија под услов да не им ги споменуваме имињата.

Семејствата први ќе дознаат што има на снимката

Дневник - 22.10.2004

МАКЕДОНСКИТЕ ЕКСПЕРТИ Ја ПРЕГЛЕДАА ВИДЕОлентата во катарската телевизиЈа АЛ ЏЕЗИРА Во американската база Ал-Асад во Ирак 19 Македонци уште чекаат да полетаат за Скопје Заменик-министерот за надворешни работи Фуад Хасановиќ и експертите од Министерството за внатрешни работи и од Агенцијата за ...

МАКЕДОНИЈА НЕ ГИ ПОВЛЕКУВА ВОЈНИЦИТЕ ОД ИРАК

Канал5 - 22.10.2004

“Македонија нема да ги повлече своите војници од Ирак и ќе продолжи да партиципира во антитерористичката коалиција понесувајќи го својот дел од одговорноста”, изјави претседателот Бранко Црвенковски. Шефот на државава при денешната посета на кас “Македонија нема да ги повлече своите војници од Ирак ...

ТИМОТ СЕ ВРАЌА СО ТВ-ДОКАЗИТЕ

Вечер Прес - 22.10.2004

Егзекутираните на снимката на "Ал Џезира", најверојатно, се Далибор Лазаревски и Зоран Насковски. Како што неофицијално дознаваме, снимката на катарската телевизија вчера по имеил стигнала во Скопје и дел од нашите телевизиски ку- ќи веќе имале можност да ја видат и да ги препознаат егзекутираните, ...

САД го тргна Ирак од терористичката листа

А1 - 21.10.2004

Американската администрација го иззема Ирак од списокот држави означени дека го поддржуваат тероризмот, објави Службениот весник на САД. Американскиот државен секретар Колин Пауел изјави дека одлуката е „симболична“, бидејќи Вашингтон веќе ги отстрани санкциите кон Ирак, што беа воведени уште во ...

Кер престана да работи во Ирак по грабнувањето на шефицата

Вест - 21.10.2004

БАГДАД, 21 октомври (Ројтерс) - Една од најголемите хуманитарни агенции во светот "Кер интернешенал" го паузира работењето во Ирак и вчера соопшти дека може сосема да прекине да работи поради киднапирањето на ирачката менаџерка со британско потекло.

Андов: Сите Македонци да се вратат дома

Време - 21.10.2004

Сите Македонци на работа во Ирак треба да се повикаат, да се соберат на исто место, во една база, и колку што е можно побрзо да им се обезбеди организирано враќање дома. Треба да се биде трпелив, а 19-те кумановци да не излегуваат од базата каде што се сместени додека не им се обезбеди враќањето - ...

Соучесници на ирачката трагедија

Време - 21.10.2004

Зоран Андоновски Треба да си признаеме дека сите затаивме. И медиумите и државата сме соучесници во трагедијата на нашите во Ирак, доколку се потврди тоа што го објавила „Ал џезира“. Како глас на јавноста затаивме затоа што наместо да ја држиме темата секој ден на првите страници и секоја вечер во ...

Британските парламентарци против прераспределување на трупите во Ирак

Вест - 21.10.2004

ЛОНДОН, 21 октомври (АП) - Британскиот премиер Тони Блер вчера се соочи со револт од пратениците поради американското барање да се распоредат британски војници во близината на Багдад. 45 пратеници од кои 44 членови на владејачката Лабуристичка партија, потпишаа петиција со која бараат од Долниот ...

"Ние се надеваме дека сепак овие луѓе се живи и дека ќе можат среќно да се вратат кај своите семејства", изјави ...

Вест - 21.10.2004

Украина ќе ги бара тројцата кумановци во Ирак Украина ќе и помогне на Македонија да пронајде било каква информација што може да ја расветли вистината за тројцата кумановци киднапирани во Ирак. Тоа вчера го најави министерот за надворешни работи на Украина Константин Гришченко, кој беше во ...

Хуманитарна група ја прекина работата во Багдад

Утрински - 21.10.2004

По грабнувањето на Британката Маргарет Хасан БАГДАД - Киднапирањето на британски хуманитарен претставник во Ирак може да ја натера неговата организација Кеар Интернешенел да се повлече од Ирак, соопшти вчера директорот на организацијата.

Костов: Немавме никаква информација за локацијата на киднапираните

Утрински - 21.10.2004

ИЗЈАВА Во изминатите два месеца немавме никаква комуникацилија или информација од ирачките власти, која укажуваше за можната локација на киднапираните кумановци, изјави вчера премиерот Хари Костов.Тој денеска очекува од македонската екипа која замина за Ирак да ги добие првите информации по ...

Митрева: Македонија не се повлекува од Ирак

Утрински - 21.10.2004

Шефот на македонската дипломатија по шокантните вести од Ирак ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Она што им се случи на двајцата Македонци во Ирак не го доведува во прашање учеството на Македонија во Ирак и антитерористичката коалиција, изјави вчера министерката за надворешни работи на Македонија, Илинка Митрева.

Во недостиг од докази, се ројат шпекулации за киднапираните

Утрински - 21.10.2004

Експерти денеска во Доха ќе ја проверуваат автентичноста на снимката на Ал Џезира Неуспешен вчерашниот обид да се направи безбедносен коридор за 19-те преостанати кумановци да заминат од базата "Ал Асад" за Скопје Сашко Димевски Македонската јавност и вчера не доби официјална потврда или демант на ...

Македонија и Украина со посилна економска соработка

Дневник - 21.10.2004

МИНИСТЕРОТ ГРИШЧЕНКО ВО СКОПЈЕ Економската соработка ќе биде во фокусот на односите помеѓу Македонија и Украина во иднина, оценија министрите за надворешни работи на двете земји, Илинка Митрева и Констјантин Гришченко на вчерашната средба во Скопје.

Крај на ужасот или ужасен крај

Дневник - 21.10.2004

ШТО ЌЕ ВИДАТ МАКЕДОНСКИ ЕКСПЕРТИ НА СНИМКАТА ВО телевизиЈата АЛ ЏЕЗИРА во катар Денеска се очекува да дојдат 19 македонски работници од американската база "Ал-Асад" Македонската делегација, предводена од заменик-министерот за надворешни работи Фуад Хасановиќ, вчера попладне требаше да стигне во ...

ЗАЖИВУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА

Вечер Прес - 21.10.2004

Украинскиот министер за надворешни работи, Костјантин Гришченко, истакна дека Украина е подготвена да помогне во изнаоѓањето информации за Македонците во Ирак, за кои беше јавено дека се егзекутирани, во што ќе се ангажира украинската Амбасада во Ирак.

МАКЕДОНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ОСТАНУВААТ ВО ИРАК

Вечер Прес - 21.10.2004

Она што се случи со киднапираните Кумановци не го доведува во прашање престојот на македонските војници во Ирак ниту, пак, учеството на Македонија во меѓународната антитерористич ка коалиција, изјави вчера министерката за надворешни работи Илинка Митрева која истакна дека до денес до македонските ...

СНИМКАТА ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВА ДЕНЕСКА

Вечер Прес - 21.10.2004

Експертскиот тим на МНР денес ќе ја гледа видеолентата на која е прикажана егзекуцијата на Далибор Лазаревски и Зоран Насковски за да ја утврди нејзината автентичност. Тимот во главниот град на Катар - Доха пристигна вчера вечер по речиси 20 часовно патување преку Софија, Истанбул и Дубаи.

Во Куманово нелегално се ангажираат работници за Кувајт

А1 - 20.10.2004

33-ца кумановци се подготвуваат за пат во Кувајт каде треба да работат како чувари и да обезбедуваат објекти. За таква работа потпишале договори, ветената плата била помеѓу 2 и 3.000 долари, а извадиле и лекарски уверенија. Но во полицијата се сомневаат дека кумановците може да бидат препратени и ...

Украина ќе помогне за расветлување на судбината на кумановците

А1 - 20.10.2004

Украина ќе и помогне на Македонија, преу својата Амбасада во Ирак, но и на сите други можни начини за пронаоѓање на каква било информација со која би се расветлила вистината за тројцата македонски работници, киднапирани во блискоисточната земја, изјави денеска шефот на украинската дипломатија ...

Македонски експерти одлетаа во Катар за да ја проверат вистинитоста

Време - 20.10.2004

ПО СНИМКАТА НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА „АЛ ЏЕЗИРА“ Емил Зафировски Експертски тим од Македонија вчера попладне требаше да замине во Катар за да ја провери вистинитоста на видеоснимката емитувана од телевизијата „Ал џезира“, на која се Македонците Далибор Лазаревски и Зоран Насковски, за кои катарската ...

Грабната раководителката на КАРЕ за Ирак

Време - 20.10.2004

ВО БАГДАД Маргарет Хасан, шеф на разгранокот на хуманитарната организација КАРЕ за Ирак, вчера била грабната во Багдад. Вчера немаше повеќе информации за грабнувањето и за тоа дали грабнувачите побарале откуп. Хасан е Ирачанка што 30 години работела на проекти во својата татковина.

Владата да ги повика Македонците да се вратат од Ирак

Време - 20.10.2004

ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА Владата треба да ги повика македонските граѓани што работат во Ирак да ја напуштат таа земја и заедно со Американците да формира штаб што ќе ја забрза нивната евакуација. Тоа на вчерашната прес-конференција го побара лидерот на либералите Стојан Андов.

Шефицата на хуманитарната Кер грабната во Багдад

Вест - 20.10.2004

ЛОНДОН, 20 октомври (Ројтерс) - Добротворната оргзанизација "Кер интернешнл" соопшти дека нивната шефица на оперативата во Ирак бил киднапирана вчера во Багдад. Портпаролката на организацијата рече дека Мар ЛОНДОН, 20 октомври (Ројтерс) - Добротворната оргзанизација "Кер интернешнл" соопшти дека ...

Опозицијата бара одговорност од Владата

Утрински - 20.10.2004

По веста за егзекуцијата на двајцата кумановци во Ирак ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Опозицијата вчера ја критикуваше Владата дека не успеала да стапи во контакт со терористичката организација во Ирак и да почнат преговори за ослободување на исечезнатите Македонци.

Се најавува враќање на валандовчани од Ирак

Утрински - 20.10.2004

Вознемиреност во Валандово по егзекуцијата на кумановците ВАЛАНДОВО - По погубувањето на двајцата македонски државјани во Ирак, во Валандово се очекува нивните сограѓани кои заминаа на работа во оваа држава да се вратат назад.

Криминалци ги киднапирале Македонците, па ги продале на екстремисти?

Утрински - 20.10.2004

Причините за егзекуцијата на Лазаревски и Насковски остануваат нејасни во целиот хаос во Ирак Новозеландски весник тврди дека македонските власти преговарале за плаќање откуп Слободанка Јовановска Снимката за наводната егзекуција на двајцата Македонци, што ја емитуваше арапската телевизија Ал ...

Македонија со страв ги чека доказите за погубувањето

Утрински - 20.10.2004

Никој од надележните не ја потврдува егзекуцијата по веста на катарската телевизија Фуад Хасановиќ ќе ја прегледа снимката на Ал Џезира Сашко Димевски Веста за убиство на двајца Македонци во Ирак, пренесена завчера попладне од катарската телевизија Ал Џезира, македонските власти и вчера не беа во ...

Кумановците влегле илегално во Ирак!

Утрински - 20.10.2004

Заминувањето на Македонците на работа во Ирак организиран хаос За да ги врати дома, МНР им вади излезни визи на работниците Слободанка Јовановска Иако македонската Влада пред два месеца објави предупредување до македонските граѓани да не патуваат во Ирак поради хаотичната и крајно опасна ...

Британската "Црна стража° се сели во Багдад?

Утрински - 20.10.2004

Предлогот на Пентагон за прераспределба на силите во Ирак ги вознемири Британците Воена команда во Ирак бара од британската војска дел од своите трупи сместени во реонот на Басра да се префрлат во Багдад Од нашиот дописник Томислав Ивановски ЛОНДОН - Информацијата дека американската воена команда ...

Фуад Хасановиќ ќе ја бара видеоснимката од Ал џезира

Дневник - 20.10.2004

МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ЗАМИНА ЗА КАТАР Се очекува денеска од Ирак со специјален лет да се вратат дваесетина Македонци Заменик-министер за надворешни работи, Фуад Хасановиќ, вчера попладне требаше да замине за Катар за да ја побара лентата од телевизијата "Ал Џезира" со снимка од наводното погубување ...

Војниците остануваат во Ирак

Дневник - 20.10.2004

владо БУЧКОВСКИ Нема директна врска помеѓу евентуалното погубување на двајцата кумановци и присуството на македонски трупи во Ирак, а одлука за повлекување или за промена на мисијата на контингентот може да донесе само Собранието, оцени вчера министерот за одбрана Владо Бучковски.

Живо незаинтересирани

Дневник - 20.10.2004

Коментар - Тодор Пендаров Трагичниот крај на двајцата македонски заложници во Ирак, обезглавени од Исламската армија на Ирак, уште еднаш ја покажа целокупната неспособност на македонската држава да ги заштити своите граѓани, и дека уште помалку знае што да направи кога ќе се случат вакви трагедии.

Насковски и Лазаревски биле убиени уште во август?!

Дневник - 20.10.2004

Снимката со прошталните зборови на македонските државјани Зоран Насковски и Далибор Лазаревски и на бруталната егзекуција, објавена на катарската телевизија "Ал џезира", укажува на можноста злосторството да било извршено уште во август, неколку дена откако беа грабнати.

Интернет страница на која се објавени сите обезглавувања од исламската армија на Ирак

Канал5 - 20.10.2004

На оваа интернет страница се објавени сите досегашни егзекуции на заложниците на ,,Исламската Армија на Ирак,,. На 18 октомври – денот кога Ал Џезеира ја објави снимката од киднапираните македонци речиси истовремено на оваа интернет страница беше о На оваа интернет страница се објавени сите ...

Митрева: „Никој не побарал ниту откуп, ниту повлекување на војниците“

А1 - 19.10.2004

Министерката за надворешни работи Илинка Митрева вечерва за А1 изјави дека нема напредок во обидите за официјална потврда на информацијата за егзекуција на двајца македонски државјани во Ирак, Зоран Насковски и Далибор Лазаревски. Нема информации ниту за третиот киднапиран, Драган Марковиќ.

Власта не успеа да утврди ниту како се киднапирани

А1 - 19.10.2004

За 57 дена меѓу киднапирањето на тројцата работници и веста на Ал Џезира македонските власти не дознаа ниту како се киднапирани, ниту пак смислија како тие да бидат ослободени. Првите денови од заложничката драма, во Ирак замина државен советник од МНР Игор Попов, се врати со празни раце.

Андов: „Владата да повика Македонците да го напуштат Ирак“

А1 - 19.10.2004

Либералите денеска побараа од владата под итно да ги евакуира сите македонски државјани кои работат во Ирак и да забрани Македонци да заминуваат таму за да се спречи друга катастрофа. Андов смета дека владата вложила максимални напори за да ги пронајде тројцата киднапирани Кумановци, но и покрај ...

Македонците не се единствена жртва на Исламистичката армија

А1 - 19.10.2004

Еден италијански новинар и двајца Пакистанци се предходни жртви на радикалната Исламска армија на Ирак фракција на Ал Каеда која вчера ја презеде одговорноста за егзекуција на двајцата Македонци. Двајцата Пакистанци биле убиени за се спречи испраќањето на пакистански трупи во Ирак додека ...

Македонските власти се уште со празни раце за кумановците

А1 - 19.10.2004

Цели 24 часа по објавувањето на веста за егзекуцијата на Далибор Лазаревски и Зоран Наскоски македонските власти се уште со празни раце. Нема ниту, трага ни глас и од Драган Марковиќ, третиот киднапиран Македонец, чија судбина е се уште неизвесна.

Стејт департментот нема коментар за убиството

А1 - 19.10.2004

И денеска нема коментари од официјални лица на Стејт департментот во врска со свирепото убиство на двајцата Македонци во Ирак. Веста ја пренесоа кратко големите ТВ мрежи и весници, но без реакција на американските власти. Жалиме за трагичниот настан, но американското министерство за одбрана не е ...

Убиени двајца македонски заложници во Ирак?

Време - 19.10.2004

„АЛ ЏЕЗИРА“ ЕМИТУВА СНИМКА Ирачка бунтовничка група убила двајца македонски заложници, е веста што светските медиуми ја пренесоа од катарската телевизија „Ал Џезира“. Во македонското Министерство за надворешни работи се проверува веродостојноста на информацијата за убиството на двајца македонски ...

Ликвидирани двајца заложници од Македонија во Ирак

Вест - 19.10.2004

СПОРЕД АРАПСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА "АЛ ЏЕЗИРА" Никој во Македонија не може да каже за кои лица станува збор Милитантна група во Ирак соопштила дека убила двајца македонски заложници кои ги обвинила дека шпионирале за САД, информираа вчера новинските агенции Ројтерс и АП, повикувајќи се на арапската ...

Нема веќе одмор за Британците

Време - 19.10.2004

БОРБИ ВО ИРАК Британските сили во Ирак се подготвуваат за прекоманда, од мирниот југ на земјата, кој досега го обезбедуваа, право во опасните краишта јужно од Багдад. Британија има повеќе од 9.000 војници во Ирак, кои се со база во јужниот шиитски град Басра.

Македонија во шок по веста од Багдад

Утрински - 19.10.2004

Никој не можеше да поверува во веста што вчера попладне стигна од Ирак Роднините немаа никакви информации од денот кога беа киднапирани Сашко Димевски Никој вчера попладне не можеше да верува во веста што поладнето пристигна од Заливот, преку извештајот на катарската телевизија Ал Џезира.

Погубени двајца Македонци

Утрински - 19.10.2004

Според тврдењата на телевизијата Ал Џезира Арапската телевизиска станица Ал Џезира објави вчера дека двајца Македонци биле егзекутирани од т.н. Исламска армија на Ирак поради обвинение дека „шпионирале во корист на американските сили“.

Либерална партија и порачува на Владата да ги повика Македонците да се вратат од Ирак

Канал5 - 19.10.2004

Да ги собере сите податоци за бројот на Македонците што работат во Ирак и да забрани понатамошно регрутирање на Македонски државјани за работа во оваа земја. Тоа се заклучоците што Либералната партија бара да ги усвои кабинетот на Костов.

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ УБИЕНИ ВО ИРАК

Вечер Прес - 19.10.2004

Ирачка бунтовничка група убила двајца македонски заложници поради “шпионирање во корист на американските сили”, јави арапската телевизија Ал Џезира. Во македонското Министерство за надвореш ни работи се проверува веродостојноста на веста за убиството на двајца македонски заложници.

Американски вод одбил задача во Ирак

А1 - 18.10.2004

Пентагон потврди дека еден американски вод од копнените сили стациониран во Ирак се наоѓа под истрага бидејќи одбил да изврши задача, што е прв таков случај од почетокот на војната во Ирак. Како што објави весникот „Вашингтон пост“, 19 војници припадници на 343-та интендантска дивизија не се ...

“АЛ ЏЕЗИРА”: УБИЕНИ ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ ЗАЛОЖНИЦИ ВО ИРАК

Канал5 - 18.10.2004

Двајца македонски државјани се убиени денеска во Ирак, јави катарската телевизија Ал-Џезеира.. На дел од снимката која ја емитувала оваа телевизија се гледаат двајцата заложници кои зборуваат пред камерата, а потоа и инсерт од нивните пасоши..

ПРВ ПАТ АМЕРИКАНСКИ ВОД ОДБИЛ ЗАДАЧА ВО ИРАК

Канал5 - 18.10.2004

Пентагон потврди дека еден американски вод од копнените сили стациониран во Ирак се наоѓа под истрага бидејќи одбил да изврши задача, што е прв таков случај од почетокот на војната во Ирак. Како што објави весникот “Вашингтон пост”, 19 војници Пентагон потврди дека еден американски вод од копнените ...