Бидете сигурни дека можете да се потпрете на континуираната поддршка од страна на ФИФА за вашите извонредни напори во името на фудбалот и општеството пошироко, напишал во писмото генералниот секретар на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Урс Линси, адресирано до канцеларијата на ФФМ.
ЛАЗАР МИТРОВСКИ, ПОРАНЕШЕН ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ФФМ Лазар Митровски не е повеќе генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија, откако тој се повлече од функцијата, зашто, според Статутот, не може да биде на тоа работно место со диплома од шести степен - за функцијата треба диплома од ...
ПИСМО ОД ФИФА ДО ФФМ Генералниот секретар на ФИФА, Урс Линзи, искажа големо задоволство од успехот на работењето на ФФМ на долгорочниот план, заеднички воведен на крајот на 2004 година. - Вашите напори последните две години послужија да се види извонредното извршување на задачите кои вие и вашата ...
ИЛИЈА АТАНАСОВСКИ, В.Д. ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР Со чесноста ќе го вратиме ентузијазмот, а со тоа луѓето ќе почнат да му веруваат на фудбалот. Тогаш, и да се игра со крпени топки, играчите ќе даваат се од себе, а публиката токму тоа го сака, вели Илија Атанасовски, вршителот на должноста генерален ...
Денеска во Тирана ќе пристигне Стручниот штаб на А-тимот на Македонија со тројцата репрезентативци од домашното првенство ЕМИЛ КИТАНОВСКИ Генералниот секретар на фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Лазе Митроски од завчера повеќе не е прв оперативец на Федерацијата.
Делегатите на највисокиот статутарен орган треба да ја одземат или потврдат довербата на сегашното раководство, дадена изминатата година, за да продолжи атмосферата за создавање добри резултати Последниве два дена беа повлечени два вистински потега во расчистувањето на состојбите во мак-фудбалот, ...
Генералниот секретар на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Урс Линси го искажа задоволството од досегашната соработка со Фудбалската федерација на Македонија. Во писмото објавено на сајтот на ФФМ, испратено до сега веќе поранешниот генерален секретар Лазар Митровски, се вели: "Како дел од ...
Отворената војна за најбогатата спортска институција кај нас, продолжува. Откако иницијативниот одбор со стари борци за нови ветришта и официјално почна кампања за влез во фудбалската федерација. Актуелното раководство одговори со тактички маневар, повлекување на првиот оперативец, Лазар Митровски ...
ЛАЗАР МИТРОВСКИ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ФУНКЦИЈАТА Илија Атанасовски ќе биде новиот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија, а функцијата ќе ја извршува како вршител на должноста, и тоа на местото на досегашниот прв оперативец Лазар Митровски, кој ќе се повлече.
Управен одбор на ФФМ Илија Атанасовски требаше да биде именуван за в.д. генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на вчерашната седница на нејзиниот Управен одбор, што се одржа во хотелот "Бест Вестерн".
Хаџиристески: Управниот одбор уште еднаш го потврди своето единство ЕМИЛ КИТАНОВСКИ Принципиелно придржување до ставовите кои ги содржи Статутот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше основната заложба во дискусиите на речиси сите членови на Управниот одбор на ФФМ кои на вчерашната ...
За да се свика Вонредно собрание на ФФМ, според Статутот, тоа мора да го побараат најмалку осум од 24. општински сојузи Иницијативниот одбор за промена на челните луѓе во Фудбалската федерација на Македонија конечно се појави пред јавноста во мошне шаролик состав, што беше мало изненадување за ...
УО ја прифати оставката и утврди пропуст на Кадровската комисија од претходниот состав, кога тој конкурирал за таа функцијата Лазар Митровски нецели два месеца пред истекот на четиригодишниот мандат се повлече од функцијата генерален секретар на ФФМ.
Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија Лазар Митровски е разрешен од должоста, а до изборот на ново лице за в.д. генерален секретар на ФФМ е назначен Илија Атановски. Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија Лазар Митровски од вчера не ја извршува оваа ...
Лазар Митровски се повлече од функцијата генерален секретар на Фудбалска федерација на Македонија. За негов привремен наследник управниот одбор на ФФМ денеска го назначи Илија Атанасовски. Разгледувајќи ја актуелната состојба во федерацијата, на денешната седница управниот одбор едногласно го ...
ФОРМИРАН ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА ПРОМЕНИ ВО ФФМ По регуларен пат, според начелата на Статутот на ФФМ, формираниот Иницијативен одбор за промени ќе се обиде да собере најмалку осум потписи од општински фудбалски сојузи (ОФС) и преку свикување Вонредно генерално собрание да го симне од власт актуелното ...
Во годината на најголеми успеси на мак-фудбалот на меѓународна сцена Јонуз не гледа причина за промени Последните случувања во ФФМ и вчерашното јавно обзнанување на намерите на Иницијативниот одбор за промени во фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), го натераа првиот човек на младата ...
Омерагиќ: Во нашата иницијатива воопшто не е инволвирана политиката ЕМИЛ КИТАНОВСКИ По подолго најавување, вчера во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје прв пат во јавноста се претстави Иницијативниот одбор за промена на актуелното раководство во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска со почеток во 14 часот во хотелот „Бест вестерн“ во Скопје ќе одржи нова седница по повод последните случувања во мак-фудбалот. Како што дознава неофицијално „Утрински весник“, на состанокот ќе се водат дискусии по истиот дневен ...
Никого не уриваме, туку во демократска процедура бараме да се почитува Статутот, е пораката на незадоволните од сегашната состојба во македонскиот фудбал Се огласуваме со една цел, да ја разбудиме совеста кај делегатите на Собранието дека ова раководство на ФФМ, по скандалите што му се случија, ...
Главна цел на повеќе спортски работници и Општински фудбалски сојузи е свикување на вонредно Собрание поради актуелните состојби и последните скандали со челните луѓе на ФФМ Дефинитивно е формиран Иницијативниот одбор, кој ќе се бори за промени во Фудбалската федерација на Македонија.
Раководството на Фудбалската федерација на Македонија од денеска доби официјален противник со кого ќе ги одмерува силите во периодот што следува. Пониски претставници на неколку општински сојузи, поранешни фудбалери, судии и фудбалски работници, од нив голем дел своевремено блиски сојузници и ...
УТРЕ ЌЕ ЗАСЕДАВА УО НА ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА По само десетина дена, членовите на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) утре повторно ќе седнат на маса. Последните случувања околу Федерацијата беше доволна причина претседателот Хари Хаџи-Ристески повторно да го собере ...
Иницијативниот одбор за промени во македонскиот фудбал за денеска напладне (12 ч.) во хотелот „Холидеј ин“, во Скопје, го закажа своето прво претставување во јавноста. Имињата што ќе се појават на првото претставување и официјалното почнување на борбата за промена на раководната гарнитура во ФФМ ...
Меѓународниот судија и официјално се откажа од судењето и ќе се приклучи кон Иницијативниот одбор за смена на сегашното раководство на ФФМ МИОДРАГ МИЦКОВИЌ Повеќе нема дилеми. Вчера со писмо до судиската организација на ФФМ, меѓународниот судија Емил Божиновски, по 25-годишно другарување со ...
Раководството на „црвено-црните“ смета дека не е објавена нивната одлука за суспензија поради недисциплина Вардар бара 300 илјади евра отштета од ФФМ, како компензација, за одлуката да им се раскинат договорите на Бојан Марковски, Иван Тричковски и Никола Глигоров на штета на клубот.
Случајот е процесуиран со испраќање на материјалот кај истражен судија кој ќе го сослуша генсекот на ФФМ и други сведоци Кривичната пријава што Министерството за внатрешни работи му ја поднесе на генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија Лазар Митровски и официјално е ...