TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ВМРО ДПМНЕ: „МВР не сака да го уапси Чакала“

А1 - 31.08.2003

ВМРО - ДПМНЕ смета дека Министерството за внатрешни работи знае каде се наоѓа т.н. командант Чакала, но не презема акција за негово апсење, соопшти на денешната прес-конференција портпаролот на партијата Влатко Ѓорчев. „Ако министерот Костов и премиерот Црвенковски сакаат да го уапсат „командант“ ...

Полицијата го следи Чакала и неговата банда

А1 - 30.08.2003

„Полицијата го следи движењето на Авдиљ Јакупи Чакала и неговата банда. Тој се наоѓа и се движи помеѓу неколку планински села во кумановскиот регион, а нашите тимови се веднаш зад него“, изјави за А1 портпаролката на МВР Мирјана Контевска.

Вести реприза

Вест - 30.08.2003

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Штета што Бранко веќе ги врати пиштолите. Ја пропушти шансата да го положи оружјето пред Чакала 1 Каде се полицајците што ги тренираше ОБСЕ? Каде се братучедите на командант Чакала од Арачиново што наскоро ќе ги чуваат редот и мирот заедно со полицијата, за ...

СИТЕ НАШИ КОМАНДАНТИ

Вест - 30.08.2003

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Биљана Секуловска ПОЛИЦИЈАТА НЕ АПСИ, ОНА ИМА ПОПАМЕТНА РАБОТА. Што правите денеска? Хари Костов: Станувам рано сабајле. Додека сопругата го подготвува утринското кафе, јас погледнувам низ прозорецот- стабилност, безбедност, идила. Тоа трае до оној момент, додека не пуштам Вести.

Хари го моли Арачиново да го даде Чакала

Вест - 30.08.2003

МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ЦЕЛ ДЕН СЕ УБЕДУВАШЕ СО АРАЧИНОВСКАТА ВЛАСТ Додека специјалните полициски единици трагаа по Чакала, завчераноќ во центарот на Скопје беа фрлени бомби врз Владата, Судот и касарната Илинден Само за десет минути завчераноќ, додека полицијата со специјалните единици во ...

Бомбашките напади не се во врска со заканите на Чакала

Утрински - 30.08.2003

Шестчасовна средба на министерот Хари Костов со авторитетите во Арачиново СаШко Димевски АРАЧИНОВО - „Ниту во МВР, а веруваме ниту кај претставниците на локалната самоуправа на Арачиново не постои никаква дилема околу потребата од борба против организираниот криминал и различните криминални групи.

Нападнати Владата, судот и касарната во Скопје

Утрински - 30.08.2003

ТЕРОРИЗАМ Три одделни бомбашки и ракетни експлозии завчеравечер го потресоа Скопје. Тоа се случи само два часа по заканата од т.н. командант Чакала дека веќе на никого не му гарантира безбедност. Притоа беа нападнати зградата на Владата, Основниот суд 2 и касарната „Илинден".

Гранатирани Владата, Судската палата и касарната "Илинден"

Дневник - 30.08.2003

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ ВО СКОПЈЕ Во последната изјава пред експлозиите, командант Чакала прогласи полициски час и се закани дека по 20 часот ќе врши напади Три експлозии одекнаа прексиноќа во Скопје, откако командант Чакала се закани дека ќе почне терористички напади и прогласи "полициски час" по 20 ...

Хари Костов не ги повлекува пунктовите додека не го фати командант Чакала

Дневник - 30.08.2003

СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ СО АРАЧИНОВЦИ Министерот Хари Костов им забележал на претставниците на локалната власт во Арачиново дека не соработуваат со полицијата во откривањето на сторителите на криминалните дела и затоа што не и давале податоци на полицијата за движењето на Чакала и ...

Скопје го тресат експлозии, неизвесност и немоќ пред Чакала

Дневник - 30.08.2003

ТЕРОРИЗАМ Три експлозии одекнаа прексиноќа во Скопје, откако контроверзниот командант Чакала се закани дека ќе почне терористички напади и прогласи "полициски час" по 20 часот. Гранати од рачен фрлач, истрелани од возило, експлодираа пред Владата и во дворот на касарната "Илинден" и го погодија ...

Министерот Костов го посети проблематичното Арачиново

А1 - 29.08.2003

Министерот за внатрешни работи Хари Костов денеска во проблематичното Арачиново, во мисија да ги придобие тамошните жители на своја страна во борбата против криминалците и екстремисти кои оперираат во тој регион. На маратонската средба на која покрај врвот на МВР присуствуваа и репрезентите на ...

Три експлозии го потресоа Скопје

А1 - 29.08.2003

Три силни детонации одекнаа синоќа во Скопје, пред зградата на Владата, пред Судската палата и кај касарната Илинден. Детонациите се предизвикани од експлозивни направи истрелани од возила во движење. Повредени во трите експлозии нема, а на зградата на Основниот суд Скопје 2 е причинета ...

МВР чекаше Чакала да се предаде

Вест - 29.08.2003

КИДНАПИРАНИТЕ ОСЛОБОДЕНИ И странците се за апсење на Чакала Црвенковски: Чакала во Шутка ќе биде најбезбеден "Се прават напори Чакала и неговите помагачи да бидат изведени пред лицето на правдата, изјави вчера македонскиот премиер Бранко Црвенковски.

АНА се дистанцира од Чакала

Утрински - 29.08.2003

СООПШТЕНИЕ "Авдиљ Јакупи - Чакала немал и нема никаква врска со структурите на АНА, а киднапирањето на двете лица во Куманово е монтиран случај од тајната служба на словамакедонската власт, неколку пропаднати политичари-Албанци и на одредени сегменти на КФОР, поконкретно на грчкиот контингент".

Ослободени двајцата киднапирани, МВР ја лови групата на Чакала

Утрински - 29.08.2003

Силни полициски сили го претресуваат реонот околу Арачиново и Липковско Македонската полиција завчеравечер, по 20 часот, некаде кај Липково, ги прифати двајцата полицајци кои дента беа киднапирани во Куманово од страна на Авдиљ Јакупи, самонаречениот командант Чакала, а ги ослободи по девет часа ...

Чакала катадневен патник на релацијата Арачиново-Куманово-Липково

Утрински - 29.08.2003

Во кумановската јавност се присутни многу шпекулации и контроверзии КУМАНОВО - Сите акции на антитерористичките единици на МВР за пронаоѓање и апсење на Авдиљ Јакупи, алијас командант Чакала, вчера претпладне се одвиваа на терените на Карадак, Липково и на Скопска Црна Гора, во триаголникот ...

Црвенковски ќе го апси Чакала, а овој ќе ја крева Шутка во воздух?!

Дневник - 29.08.2003

ЗАЛОЖНИЧКАТА КРИЗА ЗАВРШИ, НО... Премиерот Бранко Црвенковски вчера најави дека МВР ќе ја продолжи акцијата за апсење на Чакала, командантот на АНА што завчера киднапираше, па ослободи две лица. Претставници на меѓународната заедница го повикаа Авдула Јакупи, алијас Чакала, да се предаде, но тој ...

Најбезбедно место за Чакала и за Рушити е затворот во Шутка

Дневник - 29.08.2003

ПРЕМИЕРОТ ЦРВЕНКОВСКИ КАТЕГОРИЧЕН Со таквите како Чакала нема преговори, со нив може само да се бие битка, а најбезбедно место за нив во Македонија е истражниот затвор во Шутка, изјави вчера премиерот Бранко Црвенковски. Тој предупреди дека и понатаму ќе се случуваат инциденти, но оти процесот ...

Рамбо од Чакалија

Дневник - 29.08.2003

Коментар - Боби Христов Министерството за внатрешни работи завчеравечер се круниса со уште една "успешна акција" против тероризмот, ослободувајќи од рацете на командант Чакала двајца киднапирани, од кои еден полицаец. Неколку часа специјалната бригада од бивши и сегашни војнички другари на Чакала, ...

МВР, продолжува акцијата за апсење на Чакала

Канал5 - 29.08.2003

Министерството за внатрешни работи ја продолжува акцијата за апсење на Авдиљ Јакупи - Чакала, кој пред два дена зароби еден македонски полицаец и едно цивилно лице, кои по успешната интервенција на полицијата беа ослободени. ”Полициските сили што беа р Министерството за внатрешни работи ја ...

Црвенковски: „Најсигурно место за Чакала е во Истражниот затвор Шутка“

Канал5 - 29.08.2003

Активностите на полицијата по ослободувањето на еден припадник на МВР и еден цивил кои беа киднапирани од страна на Авдиљ Јакупи - Чакала продолжуваат се до нивно изнесување пред лицето на правдата, изјави денеска премиерот Бранко Црвенковски.

Потера по Чакала во кумановско-липковскиот регион

А1 - 28.08.2003

Авдуљ Јакупи - Чакала и неговата група се наоѓаат во кумановско-липковскиот регион, соопштува МВР. Полицијата ја насочила главнината од своите сили во тој дел од теренот и трага по Чакала, кој вчера грабна две лица кои беа ослободени по неколкучасовно заложништво.

Црвенковски: „Најбезбедно место за Чакала е затвoр“

А1 - 28.08.2003

„Во овој момент на територијата на Република Македонија најбезбедно место за Чакала и неговите соработници е истражниот затвор во Шуто Оризари“, порача денеска премиерот Бранко Црвенковски, укажувајќи дека „за таквите како нив, нема никаква подготвеност за отстапки, ниту за преговори“.

Mеѓународниот фактор охрабрен од разврската на заложничката драма

А1 - 28.08.2003

Меѓународната заедница во Македонија го поздрави денеска мирното ослободување на двајцата полицајци, кои вчера беа киднапирани од Авдиљ Јакупи, алијас командант Чакала, од кого побараа безусловно да им се предаде на македонските безбедносни органи.

Командант Чакала киднапираше двајца полицајци во Куманово

Вест - 28.08.2003

НА ПЛАДНЕ ПРЕД ГАРНИЗОНОТ Вчера во кумановската Дива населба, пред воениот гарнизон, Авди Јакупи, алијас командант Чакала киднапирал двајца полицајци, едниот Македонец, а другиот Албанец, кои ги однел во непознат правец. Чакала му даде ултиматум на МВР за два дена да го ослободи од затвор неговиот ...

Чакала киднапира двајца полицајци

Утрински - 28.08.2003

Вчера напладне во Дива населба во близина на Куманово Двајца припадници на МВР, едниот од македонска, а другиот од албанска националност, се грабнати вчера напладне во Дива населба во близината на Куманово од страна на Авдиљ Јакупи - алијас Чакала, во време кога не биле на должност.

Чакала не спасува од капитулантската стратегија

Дневник - 28.08.2003

Коментар - Георги Барбаровски Самопрогласениот командант Чакала вчера попладне зароби двајца македонски полицајци и порача дека ќе ги ослободи само ако биде пуштен од притвор кумановскиот бомбаш. Со тоа бандитот од Арачиново ја отслика досегашната капитулантска стратегија со која македонската влада ...

Чакала грабна двајца полицајци, МВР во акција да ги ослободи

Дневник - 28.08.2003

албанските терористи предизвикаа нова ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА За да ги пушти полицајците, Чакала побарал да биде ослободен негов "соборец", уапсен како подметнувач на бомбите пред кумановската гимназија и во центарот на градот Авди Јакупи, самонаречениот "командант Чакала" од Арачиново, вчера грабнал ...

Киднапирани, па ослободени двајца полицајци

А1 - 27.08.2003

Македонската полиција вечерва ги ослободи двајцата полицајци кои беа киднапирани попладнево во Куманово од страна на Авдиљ Јакупи познат како Чакала. „По 8 часовното киднапирање беа ослободени полицајците од СВР Куманово. Тие се во добра физичка и психичка состојба, без видливи знаци на физичко ...

Командант Чакала киднапира па ослободи двајца полицајци

Канал5 - 27.08.2003

Двајцата припадници на полицијата биле киднапирани околу 12 часот во дива населба во близина на Куманово од страна на Авдиљ Јакупи познат како командант Чакала. Во моментот на грабнувањето полицајците од кои еден од албанска и еден од македонска нацио Двајцата припадници на полицијата биле ...

МВР го расветлува нападот во Гошинце

А1 - 26.08.2003

За МВР вчерашниот обид за гранатирање на армиската караула Гошинце е терористички чин, на чие расветлување се уште се работи. За полицијата се уште се непознати сторителите, за кои Министерството за одбрана соопшти дека дејствувале од територијата на Македонија, од блиското село Лукаре Маало.