TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Хонорарната работа ги подели лекарите

Дневник - 06.10.2007

ЗА ДОПОЛНИТЕЛНо АНГАЖИРАЊЕ ВО ПРИВАТНИ БОЛНИЦИ Зарем на браварот му треба дозвола од стручен колегиум за да работи вон работното место, реагира д-р Спасе Јовковски од Клиниката за неврохирургија На лекарите да им се овозможи без согласност од стручните колегиуми на клиниките дополнително да работат ...

Доктори ја злоупотребувале дополнителната дејност

А1 - 05.10.2007

Доктори на клиниките ја злоупотребувале дополнителната дејност. Ги прегледувале пациентите приватно во текот на редовното работно време или на дежурство, иако законот налага тоа да се прави попладне, по завршување на работата, и тоа исклучиво по барање на пациентот.

Докторите ќе работат приватно само со потпис на директорите

Вест - 05.10.2007

ПО ВРАЌАЊЕТО НА МОЖНОСТА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ДЕЈНОСТСУДСКИОТ СОВЕТ Докторите ќе можат да вршат дополнителна дејност во приватните болници и ординации само ако добијат одобрение од двајцата директори на матичните клиники и од стручниот колегиум.

Лекарите дополнително ќе работат и приватнo

Утрински - 05.10.2007

Лекарите дополнително ќе можат да работат и во матичната куќа и надвор од неа во приватна здравствена установа. За тоа ќе мора да имаат дозвола од директорот на установата каде што се вработени и согласност од Стручниот колегиум до кој ќе мора да се поднесе извештај за нивната шестмесечна работа.

За лекарите прво државна норма, па потоа приватна доза

Дневник - 05.10.2007

Лекарите од јавното здравство ќе може да работат дополнително и во приватни болници само ако ја исполнат нормата во клиниката каде што се редовно вработени и ако добиле согласност од Стручниот колегиум и од директорот на матичната установа.

Лекарите со уште една жалба за новата одлука на Селмани за дополнителната дејност

Канал5 - 05.10.2007

Уште една жалба до уставниот суд за дополнителната дејност –хирурзите овојпат ги обжалуваат подзаконските акти што им ги наложи министерот Селмани. Уште една жалба до уставниот суд за дополнителната дејност хирурзите овојпат ги обжалуваат подзаконските акти што им ги наложи министерот Селмани.

Специјалистите повторно ќе работат во приватните болници

Вечер Прес - 05.10.2007

Одлуката на Уставниот суд со која што се укинуваат трите члена од Законот за здравстевна заштита, со коишто девет месеци беше забранета дополнителна дејност на лекарите-специјалисти надвор од нивните матични установи, ќе биде доследно почитувана од надлежните институции.

Лекарите ќе поднесуваат извештаи за работата

А1 - 04.10.2007

Лекарот кој сака да работи дополнително ќе мора да поднесе извештај што сработил за последните шест месеци. Дозвола за работа со матичната или приватната клиника ќе добие од стручниот колегиум и двајцата директори, само доколку проценат дека си ги завршил работните обврски.

Министерот за здравство ќе ја контролира дополнителната дејност на лекарите со под законски акти

Канал5 - 04.10.2007

Дозвола од стручен колегиум на клиниката и потпис на директорот дека нормата на работно место е исполнета - ова со дополнителни законски акти ќе им биде наложено на лекарите како услов за да им се дозволи да работат и во приватни ординации.

Дополнителна работа за лекарите откако ќе ја завршат првичната

Макфакс - 04.10.2007

Скопје Лекарите во јавното здравство во иднина ќе мора на секои шест месеци да даваат извештај за работата во матичната клиника, а потоа да добијат дозвола за работа во други клиники од стручниот колегиум и од колегите од матичната куќа.

Стапува на сила одлуката на Уставниот суд за дополнителната дејност на лекарите

Канал5 - 03.10.2007

Од утре и официјално стапува на сила одлуката на Уставниот суд лекарите да го вратат своето право на дополнителна дејност кое неуставно им го укина владата. Од утре и официјално стапува на сила одлуката на Уставниот суд лекарите да го вратат своето право на дополнителна дејност кое неуставно им го ...