TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Убиецот на Пуканиќ планирал убиство и во Белград

Форум - 15.11.2008

Роберт Матаниќ, еден од приведените за убиството на новинарите на хрватскиoт магазин Национал , Иво Пуканиќ и Нико Фрањиќ, во полицијата дал исказ дека по овој атентат, Жељко Миловановиќ планирал да го убие Дејан Миленковиќ Багзи. Багзи е заштитен сведок во процесот за атентатот на српски премиер Зоран Ѓинѓиќ и член на Земунскиот клан Според српскиот портал Press Online , информацијата за ...

Убиецот на Пуканиќ планирал атентат врз Јован Павле Втори

Дневник - 13.11.2008

Убиецот на Пуканиќ планирал атентат врз Јован Павле Втори. Жељко Миловановиќ-Гавро, еден од атентаторите на хрватскиот новинар Иво Пуканиќ, е најбараниот платен убиец на Балканот, а бил вмешан и во обидот за атентат врз папата Јован Павле Втори во 2003 година.Полицијата на Република Српска соопшти дека експлозивната направа со кој е убиен Пуканиќ е иста со таа со која бил извршен обидот за ...

Експлозивната направа во убиството на Пуканиќ е идентична со онаа на атентатот на Глигоров

Алфа - 13.11.2008

Началникот на крим-полицијата на Министерството за внатрешни работи на Република Српска Гојко Васиќ потврдил дека експлозивната направа со која е убиени хрватскиот новинар Иво Пуканиќ и неговиот колега Никола Фрањиќ, е идентична со онаа со која беше извршен атентат на македонскиот претседател Киро Глигоров, кој тој го преживеа во 1995 година.

Босанската полиција го поврзува Миловановиќ со атентатот на Глигоров

Алфа - 13.11.2008

Атентаторот на хрватскиот новинар Пуканиќ, Жељко Миловановиќ се поврзува со обидот за ликвидација и на македонскиот претседател Киро Глигоров пред 13 години. Полицијата во Република Српска анализира дека во регионот на ист начинот се изведени четири атентати - врз Пуканиќ, Глигоров, годинава на Пале каде загинале тројца луѓе и во 2003-та обидот за напад врз папата Јован Павле втори при посетата ...

МВР: Нема поврзаност меѓу атентатот на Глигоров и на хрватскиот новинар Пуканиќ

Канал5 - 13.11.2008

Македонското МВР ги негира тврдењата на полицијата на Република Српска за поврзаност меѓу ликвидацијата на хрватскиот новинар Иво Пуканиќ, атентатот врз екс- претседателот Киро Глигоров и нападот врз Папата Јован Павле Втори во Сараево пред 11 години.

ВЕЧЕР: Ист експлозив за Киро Глигоров и Иво Пуканиќ

Нетпрес - 13.11.2008

ВЕЧЕР: Ист експлозив за Киро Глигоров и Иво Пуканиќ Експлозивната направа со која се убиени Иво Пуканиќ и Ник Фрањиќ е идентична со онаа со која е извршен атентатот на македонскиот претседател Киро Глигоров, тврди началникот на крим-полицијата на МВР на Република Српска, Гојко Васиќ.

Миловановиќ учествувал во атентатот на Глигоров?

А1 - 12.11.2008

Експлозивот кој е користен, и начинот на кој е извршен атентатот на Пуканиќ и Франиќ, според хрватски експерти, веќе е изведен во неколку атентати на подрачјето на поранешна Југославија. Најпрво во атентатот на македонскиот претседател Глигоров во 1995-та година.

Експлозивот кај Иво Пуканиќ и киро Глигоров идентичен

Сител - 12.11.2008

Жељко Миловановиќ, осомничен за атентатот врз Иво Пуканиќ е извршител и на атентатот врз претседателот Глигоров. Ова го тврди началникот на кримполицијата на Република Српска, Гојко Васиќ. Според него, експлозивните направи во двата случаја се ...

Ист експлозив за Киро Глигоров и Иво Пуканиќ

Вечер Прес - 12.11.2008

Експлозивната направа со која се убиени Иво Пуканиќ и Ник Фрањиќ е идентична со онаа со која е извршен атентатот на македонскиот претседател Киро Глигоров, тврди началникот на крим-полицијата на МВР на Република Српска, Гојко Васиќ. Според информациите објавени на хрватскиот портал Т-портал, Жељко Миловановиќ, познат како Гавра или Црвен ветар, кој на 23 октомври во Загреб учествувал во убиството ...

На Хрватска и бега возот за ЕУ

Време - 11.11.2008

Хрватска по убиството на новинарот Иво Пуканиќ и ќерката на познатиот хрватски адвокат Ивана Ходак е на чекор до одложување на преговорите со Европската унија, тврди „Вашингтон тајмс“, кој оценува дека хрватскиот премиер Иво Санадер не е вистински заинтересиран за борбата со организираниот криминал и со корупцијата.

Матаниќ: Убиството на Пуканиќ нарачано од Загреб

Алфа - 11.11.2008

Убиството на сопственикот на хрватскиот неделник „Национал“ го нарачал некој од нему блиски луѓе во Загреб, но преку одреден човек од Белград, изјави во исказот за полицијата Роберт Матаниќ, еден од осомничените за убиството на Иво Пуканиќ и неговиот соработник Нико Фрањиќ, соопшти денеска загрепскиот „Јутарњи лист“.

Продолжуваат обвинувањата за бегството на атентаторот на Пуканиќ

Алфа - 11.11.2008

Дојче Веле денеска ја обвини хрватската полиција за бегството на најопасниот криминалец на Балканот, Жељко Миловановиќ. Дојче Веле обвинува дека хрватските медиуми создале услови за негово бегство, објавувајќи го идентитетот на осомничениот.

Јоца Амстердам: Хрватите сакаат да ме „наместат“ за убиството на Пуканиќ

Алфа - 11.11.2008

Сретен Јоциќ, подобро познат како Јоцо Амстердам, тврди дека од Хрватска се обидуваат да му го префрлат убиството на Иво Пуканиќ. Но, тој истакнува дека нема никаква врска со ова убиство, иако неговиот кум Слободан Џуровиќ уапсен е под сомнение дека е вмешан во атентатот на Пуканиќ.

Има докази за поврзаност на атентатот на Пуканиќ и на Ходак?

Н.Македонија - 11.11.2008

Во Хрватска јавност се зголемија шпекулациите дека полицијата располага со конкретни докази за поврзаност на убиствата на новинарот Иво Пуканиќ, прв човек на неделникот „Национал“, и на Ивана Ходак, ќерка на познатиот загрепски адвокат Звонимир Ходак.

„Вашингтон Тајмс“: Хрватска е на чекор од одлагање на преговорите со ЕУ

Канал5 - 11.11.2008

Загреб, 9 ноември (МИА) - По убиствата на новинарот Иво Пуканиќ и на Ивана Ходак, ќерка на познатиот загребски адвокат Звонимир Ходак, Хрватска е на чекор од одлагање на преговорите за членство во ЕУ, оценува весникот „Вашингтон Тајмс“. Според весникот, убиствата на Пуканиќ и Ходак ја изнеле на површина огорченоста на јавноста од политичкиот естаблишмент во Загреб, кого првите луѓе на ЕУ го ...

МВР по грешка го уапси „атентатор“ на Пуканиќ

Утрински - 10.11.2008

МВР по грешка го уапси „атентатор“ на Пуканиќ. Петнаесет часа скопската полиција испрашувала 38-годишен хрватски државјанин, кого го привеле затоа што многу им личел на фотороботот што го направи полицијата во Загреб за атентаторот на новинарот и косопственик на „Национал“ Иво Пуканиќ. Несреќниот дубровчанин Сандро Спицијариќ со девојката од Јапонија биле на пропатување во Македонија.

Притворено уште едно лице поради атентатот на Пуканиќ

Н.Македонија - 10.11.2008

Акцијата „Балкан експрес“ во расветлувањето на двојното убиство на Иво Пуканиќ и неговиот колега од „Национал“ Нико Фрањиќ с* повеќе се комплетира. Важни информации во истрагата се добиени и од автомобилот што го украл Велимир Жак, познат како Жваки, со кој атентаторите го следеле Пуканиќ неколку месеци пред ликвидацијата.