TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Израелска рација на Западниот Брег

А1 - 25.08.2002

Израелските трупи рано изутрината навлегоа во палестинскиот град Салфит на Западниот Брег, апсејќи притоа осомничени милитанти. Според портпаролот на армијата, во утринската акција биле уапсени петмина Палестинци, а во текот на ноќта на други места на Западниот Берг биле уапсени уште пет осомничени ...

Хуманитарната состојба на Блискиот Исток загрижувачка

А1 - 24.08.2002

Таканаречениот Блиско - источен квартет, составен од претставници на Обединетие Нации, САД, Европската Унија и Русија изрази загриженост од влошувањето на хуманитарната состојба на палестинските територии. Ова ги оневозможува неопходните реформи на палестинската управа.

Милитантите се обиделе да влезат во еврејска населба

Утрински - 24.08.2002

Израелски војници убија двајца палестинци Двајца палестински милитанти биле застрелани, додека се обидувале да нападнат еврејска населба на појасот Газа, соопшти израелската армија. Според воени извори, вооружените лица биле убиени во престрелка со израелските војници откако се обиделе да се ...

Напад врз палестински бегалски камп

А1 - 21.08.2002

Едно лице загина, а шест се ранети во нападот врз палестински бегалски камп што рано изутринава го изврши израелската армија. Агенциите, повикувајќи се на палестински извори наведуваат дека израелската армија со тенкови влегла во бегалскиот логор Кан Јунис во јужниот дел на Газа и дека во нападот ...

Палестинците го одбија планот за повлекување на Израелците

А1 - 20.08.2002

Вооруженото крило Фатах, движењето на палестинскиот лидер Јасер Арафат, објави дека го одбило планот за постепено повлекување на израелската армија што го договорија Тел Авив и палестинските власти. Бригадите на мачениците на Ал Акса, формирани пред 23 месеци како огранок на Фатах, со таквата ...

Почна постапно повлекување на Израелците од Газа

Вест - 20.08.2002

Тел Авив, 20 август - Примената на планот "Прво Газа", за постепено повлекување на израелските сили од палестинските територии, почна вчера од Газа и Витлеем, објави израелското министерство за одбрана. Израел ова го објави по заврШувањето на израелско-палестинскиот состанок за безбедност.

ИЗРАЕЛСКИ И ПАЛЕСТИНСКИ МИНИСТРИ СЕ ДОГОВОРИЈА

Дневник - 20.08.2002

ИЗРАЕЛСКИ И ПАЛЕСТИНСКИ МИНИСТРИ СЕ ДОГОВОРИЈА Радикалните палестински милитантни групи вчера одбија со прекин на огнот да го прифатат договорот за повлекување на израелските воени сили од палестински територии, јави Ројтерс.

Постапно повлекување на Израелците од Газа

А1 - 19.08.2002

Примената на планот „Прво Газа“ за постепено повлекување на израелските сили од палестинските територии ќе започне денеска од Газа и Витлеем, објави синоќа израелското министерство за одбрана по завршувањето на израелско-палестинскиот состанок за безбедност.

Израелската армија планира апсење и депортирање на Арафат

Вест - 19.08.2002

Ерусалим, 19 август - Израелската армија има готов план за апсење и на палестинскиот лидер Јасер Арафат во неговото седиште во Рамалах, по што би го депортирале во некоја од арапските држави, соопшти израелската телевизија, не споменувајќи го изворот на информацијата.