TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Костовски со повик за масовност на изборите

А1 - 03.04.2005

Уште еден повик за масовност на изборите на 10-ти април, упати изборниот штаб на Трифун Костовски. Тоа е единствен начин, велат да се оневозможат разните шпекулации поврзани со вториот круг во Скопје. Тие не коментираат дали повлекувањето на Пенов е само изборен трик со кој сака да дојде до третиот ...

Kостовски ја продолжува кампањата без својот конкурент

А1 - 02.04.2005

Откако Пенов се откажа од градоначалничката трка, неговиот противкандидат Трифун Костовски ја продолжува кампањата. Тој, денеска релаксирано во прошетка по градскиот кеј. Продолжувам со средбите со граѓаните, вели Костовски. Тој ги повика граѓаните и покрај одлуката за повлекување на Пенов - ...

Индиски ветрови

Вест - 02.04.2005

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Не патувајте во Киргистан, одете во Ирак 1 Трифун Костовски уште неизбран дава гаранции дека немало да има реваншизми и немало да брка од работа. Од каде знае Трифун што ќе затекне во Кабинетот на Пенов? Плус, што правиме со 25 отсто Албанци што ќе треба да ги ...

КОЈ ГО УБИ ПЕНОВ?

Вест - 02.04.2005

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Биљана Секуловска ВМРО-ДПМНЕ НЕМАШЕ КАДЕ ДА СЛАВИ ДА НЕ БЕШЕ ПЛОШТАДОТ. ТОА ИМ Е ПОЗДРАВ ОД ПЕНОВ. Пенов се откажа, нема веќе сила што ќе го натера да оди на избори за Скопје. Тоа само ние и тој така мислиме. Не и законот во Македонија.

Два прста образ

Дневник - 02.04.2005

билЈана ванковска Изгледа дека требаше земјата најнапред да се турне речиси до црвената линија (на срамот) за да проработи чувството за лична жртва и за повисоките национални интереси. Сепак, имам претчувство дека во политиката, етиката и чувството на одговорност (па и на срам) одамна престанаа да ...

Лицемерите и совеста која ја немаат

Дневник - 02.04.2005

Влатко ЃорЧев Спомнативе политичари и олигарси немаат совест, морал и чесност. За нив туѓата трагедија секогаш во себе носи нешто неверојатно вообичаено Лицемерството е секаде. Секојдневно го гледаме, сите понекогаш го применуваме. И трагедиите се секојдневни. Во нашето општество видливи.

Лицемерни постапките на Пенов, Бучковски, Црвенковски и на Петровски

Време - 01.04.2005

ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ смета дека е лицемерна, неморална и нечесна одлуката на Ристо Пенов да ја повлече кандидатурата за градоначалник на Скопје 20 дена по објавувањето на резултатите од првиот круг локални избори. На вчерашната прес-конференција Влатко Ѓорчев, член на извршниот комитет на ...

Костовски на гости кај Пенов

Вест - 01.04.2005

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје Трифун Костовски вчера беше во посета кај ривалот и се уште актуелен градоначалник на Скопје Ристо Пенов, кој завчера се откажа од изборната трка. Костовски, по средбата изјави дека таа била во функција на обезбедување континуитет во работењето на ...

На повидок криза во владината коалиција

Време - 01.04.2005

ПО ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА ПЕНОВ Александра М. Митевска Диана Младеновска Можна е нова криза во владината коалиција, па дури и реконструкција на Владата, по изборниот пораз во главниот град и откажувањето на Ристо Пенов од вториот изборен круг, а најверојатно и од лидерската позиција во ЛДП.

Пенов сака да ја урне тезата за фалсификат

Утрински - 01.04.2005

Драматична разврска во финишот на локалните избори Бранко Тричковски Цел месец Македонија лежи отворена на операционата маса додека кардиохирурзите од политичката супспецијалност се расправаат каков стент да Ј стават и кој да Ј го стави во затнатите каротиди за да може да го издржи напорниот марш ...

Повлекувањето на Пенов е доказ за политичка зрелост

Утрински - 01.04.2005

Оцена на претседателот на Владата и лидер на СДСМ >†Повлекувањето на кандидатот за градоначалник на Скопје Ристо Пенов од изборната трка е доказ за политичка зрелостти, изјави вчера премиерот Владо Бучковски. Тој додаде дека потегот на кандидатот од коалицијата †За Македонија заедноои за ...

Костовски и Пенов си подадоа рака и испија градоначалничко кафе

Утрински - 01.04.2005

Откако предвреме заврши изборниот натпревар за нов скопски градоначалник Средбата ја иницирал Пенов, а минала во конструктивна атмосфера и било разговарано за проблемите што го очекуваат новиот градоналчнаик СаШко Димевски По покана на актуелниот градоначалник Ристо Пенов, кој завчера се откажа од ...

Поразот во Скопје нема да ја растури коалицијата „За“

Утрински - 01.04.2005

По повлекувањето од изборната трка на актуелниот градоначалник на Скопје Се зборува дека наследник на Пенов ќе биде Јован Манасиевски Повлекувањето на Ристо Пенов од градоначалничката трка не значи и негова автоматска демисија од лидерската позиција во ЛДП.

Костовски гостин на Пенов

Дневник - 01.04.2005

СРЕДБА ВО КАБИНЕТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, вчера се одзвал на поканата и бил на гости во кабинетот на актуелниот градоначалник на Скопје. Ристо Пенов завчера се откажа од трката за градоначалник на главниот град.

Повлекувањето изнудено и неморално

Дневник - 01.04.2005

ВМРО-ДПМНЕ за потегот на пенов Повлекувањето на Ристо Пенов е неморал, бидејќи 20 дена ги тормозеше граѓаните и ја држеше Македонија како заложник, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, лидерот на ЛДП е најголемиот виновник за лошата оценка што државата ја доби за изборите од меѓународната заедница.

Костовски објави победа во Скопје

Макфакс - 01.04.2005

Скопје Бизнисменот Трифун Костовски вечерва објави победа на изборите за градоначалник на Скопје Неговиот изборен штаб соопшти дека тој во денешниот втор круг гласање освоил 83.334 гласови, наспроти Ристо Пенов за кого иако се откажа имало 16.900 гласови.

Пенов и Костовски се сретнаа во кабинетот на градоначалникот

А1 - 31.03.2005

Еден ден по повлекувањето од градоначалничката трка, Ристо Пенов во градоначалничкиот кабинет на разговор го покани довчерашниот против кандидат Трифун Костовски. Ништо конкретно не договаравме, изјави Костовски по средбата. Пенов ми кажа со какви проблеми ќе се соочам и на што да обрнам посебно ...

Потегот на Пенов за Бучковски политичка зрелост, за ВМРО-ДПМНЕ лицемерие

А1 - 31.03.2005

Повлекувањето на Пенов од трката за градоначалник на Скопје е политички зрел потег, со што тој ја послушал волјата на граѓаните, став на лидерот на СДСМ, Владо Бучковски. Според него, Пенов имал намера тоа да го стори веднаш по првиот круг, но почекал да се смират страстите и негативната атмосфера ...

Пенов нема право да се повлече од изборите

Време - 31.03.2005

СПОРЕД ДИК Ристо Пенов, кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата, нема законско право да се повлече од вториот круг на локалните избори, соопшти вчера Државната изборна комисија. Според Зоран Таневски, портпарол на ДИК, поднесената кандидатура за градоначалник е неотповиклива.

Пенов се предава

Вест - 31.03.2005

ВЛАСТА КРЕНА РАЦЕ ОД СКОПЈЕ Лидерот на ЛДП не сака Македонија да ја држи како заложник на некакви фалсификати Актуелниот градоначалник на Скопје и претседател на Либерално-демократската партија Ристо Пенов вчера се повлече од борбата за трет градоначалнички мандат.

Пенов се повлече од изборите

Време - 31.03.2005

ПРЕД ПРЕГЛАСУВАЊЕТО НА 10 АПРИЛ Ја почитувам волјата на граѓаните што во првиот круг гласаа за Костовски и се повлекувам од изборите, изјави Ристо Пенов на вчерашната конференција за печатот. - Направив многу за овој град, но граѓаните бараа уште повеќе и тие гласаа за промени и за Трифун Костовски.

Пенов доцна се повлече

Време - 31.03.2005

ВМРО-ДПМНЕ Повлекувањето на Ристо Пенов од трката за градоначалник во вториот круг локални избори е задоцнето, тоа требаше да го направи вечерта, на 13 март. Така вчера реагираа во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа, според оваа партија, е одговор на прашањето кој победил и е доказ за чувствата што владеат во ...

Проверено, премногу проверено

Време - 31.03.2005

Жарко Јорданоски Политиката знае да биде парадоксална работа. Не се знае кога некој навистина губи, а кога добива. Денешната победа веќе утре изгледа кобно, а поразот во една битка може да донесе долготрајна победа. „Како таква“, иако во суштина смртно сериозна, (и здодевна) дејност, политиката ...

Костовски изненаден од повлекувањето на Пенов

Време - 31.03.2005

РЕАКЦИЈА Трифун Костовски, кандидатот за градоначалник на Скопје, е изненаден од одлуката на неговиот противник Ристо Пенов да се повлече од вториот круг на изборите. Сепак, Костовски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање и во вториот круг, кој ќе се одржи на 10 април.

Законот не му дозволува на Пенов да се повлече

Време - 31.03.2005

ВМРО-НП Не постои законска можност за откажување на Ристо Пенов од кандидатурата за градоначалник на Скопје. Тоа вчера на прес-конференцијата го укажа ВМРО-НП, која остана на ставот дека и во двата изборни круга е направен фалсификат.

Костовски продолжува со кампањата

Утрински - 31.03.2005

И покрај откажувањето на Ристо Пенов Костовски повика на масовен одѕив на 10 април Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, по завршувањето на првиот изборен круг од локалните избори, истакна дека не е задоволен како се одвиваа тие.

Експертите велат дека во Скопје мора да има втор круг

Утрински - 31.03.2005

За правниците и за политичарите не е проблематично повлекувањето на Пенов Законот не дозволува отповикување на кандидатура до крајот на изборната постапка, така што гласање, сепак, мора да има На 10 април во Скопје ќе се одржи втор круг од локалните избори и покрај повлекувањето на кандидатурата на ...

Пенов се откажа од трката

Утрински - 31.03.2005

Актуелниот градоначалник на Скопје ја примил пораката испратена во првиот круг Лидрот на ЛДП го затвора штабот и ќе ги симне билбордите ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Актуелниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, вчера се откажа од натамошната битка за трет мандат во главниот град.

Пенов се откажа

Дневник - 31.03.2005

ИЗБОРИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА скопЈе Ја повлекувам мојата кандидатура за градоначалник на Скопје, бидејќи скопјани во првиот круг со огромно мнозинство му ја дадоа довербата на Трифун Костовски и се одлучија за промени, соопшти вчера Ристо Пенов, актуелен градоначалник и кандидат за трет мандат.

Голем потег на Пенов

Дневник - 31.03.2005

Коментар - Татјана Поповска Ристо Пенов вчера направи голем политички и морален потег кога соопшти дека се повлекува од вториот круг на изборите за скопски градоначалник. Голем, оти е веројатно прв таков пример во нашето практикување на изборите, а поради сето она што претходно ги следеше овие ...

Костовски со честитки за ривалот и со критики за опозицијата

Дневник - 31.03.2005

ИЗБОРИ ЗА СКОПЈЕ Откажувањето на Ристо Пенов од трката за градоначалник на Скопје е нужен чин, кој произлезе од политичкото соочување со јавноста и со реалноста, рече независниот кандидат за градоначалник за Скопје, Трифун Костовски.

Изненаден сум!

Вечер Прес - 31.03.2005

Трифун Костовски го поздрави откажувањето на Ристо Пенов од трката за градоначалник на град Скопје, оценувајќи го како "нужен чин на политичко соочување со јавноста и стварноста". Тој е изненаден од постапката на противкандидатот, и таа допрва ќе биде предмет на толкување на неговиот изборен штаб.

Повлекувањето е политичка зрелост

Вечер Прес - 31.03.2005

"Ристо Пенов ме информираше за повлекувањето на кандидатурата за градоначалник. Ние ја прифаќаме неговата одлука. Тоа е показател дека ништо не може да го помати позитивното мислење за изборите во Македонија. Одлуката на Пенов ја искажа разликата за политичката зрелост меѓу нас и опозицијата", ни ...

Пенов мора да истрча до крај

Вечер Прес - 31.03.2005

Законот не му дозволува на Ристо Пенов да се повлече од кандидатурата за градоначалник на Град Скопје, потврди портпаролот на Државната изборна комисија, Зоран Таневски. Тој се повика на член 26 од Законот за локални избори, според кој, за секоја кандидатура е потребна писмена согласност од ...

Скопјани бараат повеќе

Вечер Прес - 31.03.2005

Ристо Пенов вчера се повлече од кандидатурата за градоначалник на Скопје во вториот круг на гласање. "Ја разбрав пораката од граѓаните и нивната одлука ќе ја почитувам. Не сакам Скопје и Македонија да биде заложник на ваквата состојба. Одлучив да ја повлечам својата кандидатура за градоначалник.

Костовски ја поздравува одлуката на Пенов

А1 - 30.03.2005

Кандидатот за градоначалник на Скопје Трифун Костовски и партиите од Здружената опозиција внимателни и умерени со своите реакции околу најавата на Пенов за повлекување од изборите. Костовски, иако изненаден, го поздрави потегот на Пенов, како нужен чин на политичко соочување со волјата на граѓаните.

Ќе има втор круг во Скопје и покрај повлекувањето на Пенов

А1 - 30.03.2005

Вториот круг од изборот за градоначалник на Скопје ќе се одржи за две недели, и покрај одлуката на Пенов да се повлече од градоначалничката трка, велат во Државната изборна комисија. Тие се повикуваат на членот 26 од законот за локални избори, кој не дозволува кандидатите да се повлечат од ...

Пенов се повлече од трката за градоначалник

А1 - 30.03.2005

Пенов се повлече од трката за градоначалник откако во првиот круг неговиот противкандидат Костовски успеа да обезбеди значителна предност од 40.000 гласови. Ја разбрав пораката на граѓаните кои сакаат промени, вели Пенов. „И затоа што ја почитувам таа одлука на Скопјани, јас се одлучив да ја ...

СДСМ ја поддржува одлуката на Пенов да си оди

А1 - 30.03.2005

Опозицијата го издејствува откажувањето на Пенов од борбата со Костовски создавајќи атмосфера на страв од фалсификат секаде каде што нема изгледи да победи. Пенов се откажа во име на демократијата, велат во владата, бидејќи евентуалниот негов успех би бил прогласен за фалсификат.

Скопје и Тетово одат во вториот круг

Време - 29.03.2005

ПО НЕДЕЛНОТО ПРЕГЛАСУВАЊЕ Независниот кандидат за градоначалник на Скопје Трифун Костовски ја зголеми предноста во однос на неговиот противкандидат од владејачката коалиција и актуелен градоначалник Ристо Пенов, на завчерашното прегласување за првиот круг.

Костовски и Пенов ќе се соочат на 10 април

Утрински - 29.03.2005

По две недели, втор круг за градоначалник во осум општини и во главниот град На Трифун Костовски му недостигаа 2.480 гласа за победа во прв круг Скопјани ќе избираат градоначалник на главниот град на 10 април, кога ќе се соочат Трифун Костовски и Ристо Пенов.

Очекувам подобра атмосфера во овој круг

Утрински - 28.03.2005

Ристо Пенов Претседателот на ЛДП, Ристо Пенов, очекува дека гласањето ќе помине во подобра атмосфера од првиот круг. "Очекувам дека ќе ги нема оние инциденти што фрлија дамка на првиот круг од изборите, дека ќе се оневозможи да се создава таква атмосфера каква што видовме во изминативе 14 дена, ...